Znam, draga. Moja poznanicka trpese nasilstvo od maz pijanica I ja zatvorase vo vece. Toa deteto se go gledase I Sega ne e dobro. Tie se razvedoa ama detenceto e isto nedobro od traumi
Џон не си во право зашто во моментот збориме за последици кај деца од такво нешто. Ок те сфаќам ама сега тоа збориме. Или треба друга тема со нагласок за со деца..
Директно не трпат насилство, ама го гледаат насилството или ако се ептен мали, чувствуваат дека нешто не е во ред. Членката пишала дека неколку пати се предозирала со апчиња, а тоа директно е поврзано со децата.
Психички здрава и среќна особа никогаш не би посегнала по сопствениот живот, првин од почит према сопствениот а после и према животот на луѓето околу неа, пошто таквиот чин има огромно влијание врз животот на тие околу нас. Членкава се гледа дека се наоѓа во лош период, кој мислам дека е подолг, и нормално дека се одразува врз нејзиното психичко здравје а од тука и нејзините размислувања, ставови и потези. Од овој аспект, не е ок да се напаѓа и да и се набива кривица, поготово не за нејзините деца, затоа што она моментално не расудува разумно. Само полошо може да биде со префрлување вина и нејзино претставување како лош и неодговорен родител. А да.. Насилникот секогаш ќе биде насилник, и силувачот секогаш ќе биде силувач. Го имаат тоа нешто во нив едноставно. Смирување периодично може да има, али секогаш ќе се јави тригер кој ќе испровоцира реакција и ќе го наведе пак на истото дејствие. Така да.. Помош му нема нему, помош и е потребна на членкава.
И тоа како си во право за ова Бубале. Палестина ни е второто име за државава. Ние и Индија, Палестина и другиве набројани сме тие кои сме назад со векови. Нас џабе ни е што сме на европскиов континент кога ни оддалеку не наликуваме на Европска земја. И да се работеше за децении ајде си викаш може има надеж, ама за векови станува збор. Инаку се согласувам дека постои силување во брак и не може да постои ниту една оправдана причина за истото. Без разлика што кажува овде “најмудрата баба“. Ако е баба уопште Друго, @LiliBoz и @John Snow и двајцата сте во право Зошто? Лили, точно е дека членката не треба да размислува само за себе туку и за децата, но Џон мислам дека не го оспори тоа туку сакаше само да ти посочи дека не може да му се помогне на жртва ако повторно ја нападнеш. И без тоа нема поддршка од блиските и ако и ние тука ја напаѓаме ништо не се решава. И уште нешто до неколку членки што имаат пишано во темава: Сериозно, ама најсериозно мислите дека не постои такво нешто како силување во брак?
Јас и Лили збориме за конкретниот проблем на членката, така се разврза дискусијата. Од силување во брак, до причина за тоа и децата кои ги трпат последиците.
И претходно сме збореле што трпат жртвите на семејно насилство и дека насилникот прво ќе проба да ја убеди дека самата не вреди, дека никогаш нема да најде друг и никој нема да ја сака и полека со години ќе и ја убива самодовербата. Нормално дека за неа децата се најбитни, туку со разнишана самодоверба, веројатно честопати не знае што да преземе, мислите дека арно и правите ако ја притискате и вие дека не е добра мајка? Жената е психички скршена, треба време да се дигне и да преземе конкретни чекори, и кога конечно почнала да прави некакви планови да се спаси, наместо совети што и како треба.. ајде ќе ја убедуваме и набедуваме колку не чини и не и е гајле за децата. Или ај по навика ќе играме на карта деца цело време и во сите теми без исклучок. Нема оправдување за силувањето. Замислете вашите сопрузи/дечковци да ве силуваат, би им простиле при здрава свест и продолжиле со нив со надеж дека еден ден ќе биде боље, и би им помагале? Ај донт тинк соу.
И што ако го правиме муабетов? Ни една институција во државава не си ја брка работата. Кога луѓе се соочуваат со опасност по живот, по дифолт треба да им се пружа психијатриска помош, дури и кога нема да претрпат никакво психичко пореметување. Во 'нормални земји', при тешки операциии и сериозни болести, веднаш те испраќаат на советување со психолог и психијатар, тука... никој не го сфаќа сериозно менталното здравје. Кога има сексуален деликт, треба позаангажирани да се МВР и ЈО. Вие немате претстава колку се нестручни сите. Ни знаат да водат случај, ни знаат како се разговара со жртва, ни прават истражување по пропис. Се' е нафрлено. Кога има жртва која е зависна финансиски од сторителот, социјалните служби треба да им обезбедат привремени живеалишта, вработување итн на жртвите. Ниту го прават тоа, ниту знаат како повеќето, ниту има услови да им обезбедат било што. Ни фали и медиумско покривање. Ако не се зборува отворено, јавно, за секој случај засебно, ни институциите, ни државата нема да чувствуваат притисок да сменат нешто. Ама па кај нас истражувачко новинарство, е мисловен поим. Во пракса, сите само копи-паст пренесуваат 'вести'. Се' е сје*ано до даске. Единствено на жртвата паѓа цел товар.... за жал...
Државата ја сочинува и менталитетот. А какви мислења добивме тука, иако тука беа 2 или 3, нацијата страда со 80% и повеќе проценти од вакви размислувања, а како човек да ги смени? Да ги искорени таквите ставови? Мислам дека едукацијата не би била доволна бидејќи ние сме таков народ што на мислењето имаме мислење и се удираме во гради, иако живееме во интелектуален мрак, па промената ми е нешто имагинарно.
А шо да и напрајт,да ја погалит?? Еј браво шо си пробала да се отруеш,ама пошто не ти успеало следниот пат земи солна напи се можда ке успејш?? Така?? Без разлика шо и се случило ако таа не мислит на децата тогаш да и се плукнам во слабоста!!!
Vakvi privatni problem, ne se spodeluvaat po forumi. Si ima Centar za Soc grizi, ima Sud, spor vo koj javnosta e isklucena da go spodeluvas kaj stignes po forumi, nemam komentar.
Побара совет де..нели гледаш дека нема храброст да мрдне со прст? Нели фатила да се самоубива со деца дома...Бар овде може да добие поддршка и реални мислења.
Vo pravo si @Vesna24 ,ovde samo ke se ukame I osuduvame,jas mn se izvinuvam,se nadevam nema da ima dr glupavi kako mene sto vaka javno ke prozborat
Смирете ја топката. Како прво, на членката и е доволно тешко и мислам дека сите сме овде доволно возрасни за да сфатиме дека нема потреба од навреди, дрскости и "поддршки" во форма на напад. @Vesna24 Не се согласувам. Сосема напротив, сметам дека покрај поддршка, за одреден проблем како овој, членката може да се едуцира и да добие и совет каде да се обрати и што да направи, што доколку не знае, тоа би и било од корист. @Nikomamin Нема потреба од извинување и воопшто не треба да мислиш дека си погрешила, со споделување на ова, се надевам дека ќе се охрабриш од нашата поддршка да го решиш проблемот и да обезбедиш на себе и на своите деца убава иднина. Од друга страна, може некој што чита, а нема храброст да сподели ако се наоѓа во иста ситуација, и тој ќе се охрабри да побара помош