Остави ја членката.Таа греши,не ти.Добро постапуваш што споделуваш овде.Имаш морална поддршка и совети од многу членки,а можеби ќе најдеш некој кој ќе ти помогне и на друг начин.
И пред се спроведување и почитување на законите. Душо, на никого и за ништо не треба да се извинуваш. Јас ти благодарам што беше храбра да споделиш, сигурна сум дека има и многу други жени како тебе, кои немаат храброст јавно да зборуваат и да бараат помош. Утре, задутре, а може веќе и денес, некоја од нив ќе укуца на гугл Силување во брак, ќе и се појават постовите на овој форум и ќе види дека и на други им се случило, не е крива, не е сама и има начин да се помогне. Барајќи помош за себе, јавно, споделувајќи, им помагаш и на други. Јас ќе те замолам уште еднаш, да отидеш повторно на психијатар и ништо да не премолчиш, ниту силување, ниту обиди за самоубиство. Исто така, те молам да се јавиш на СОС телефон или да пишеш на мејл: СОС линија 02/ 15 - 315 Телефон: +389 2 3173 – 424 Факс: +389 2 3175 – 516 Е-mail: info@krizencentar.org.mk sovet@krizencentar.org Занемари ги сите негативни коментари и во врска со силувањето и во врска со обидите за самоубиство. Не има многу повеќе кои те разбираме и ти даваме поддршка. Не си слаба, не си крива, жртва си на насилство и тешки животни околности. Имаш сила во себе да ја победиш оваа ситуација и состојба, ти треба само стручна помош за да можеш да ја пронајдеш истата во себе. Ги замолувам исто така сите што коментираат во врска со самоубиство да престанат. Има доста примери на силни личности, со многу победени премрежја во животот кои во еден момент се обиделе да се самоубијат или пак се самоубиле. Некои имале несреќа да ја допрат онаа точка на која сите би се скршиле, некои имаат среќа тоа да не им се случи. Некои преживеале тешки трауми, некои имаат тешки болести. Само една болест, една пореметена рамнотежа во мозокот и целата храброст и животна волја може да падне во вода. Не судете и не осудувајте. Не знаме што не чека во животот. Да не даде Господ. Помогнете ако можете, ако не премолчете.
Пфф таа не му е играчка со која ке си игра ако има психички проблеми и трауми и неа ли да ја разболе господе боже. Мпжеби во тој момент не и било до секс била уморна од обврски надвор од дома или дома и јас имам дечко па немам секогаш секс кога ке му се присака кога сум емоционално спремна и секако јас одлучувам и доста со вакви мисли само ги напалувате манијаците дека нема да бидат криви и масовно уште толку ке има силување..
Сум видел се и сешто....... силување во брак едноставно го сваќам она, мажот насилно превзема дејствие со „ќотек“ и нанесувајќи видливи повреди на жената или обратно... А за секоја акција има и контра реакција! Прво која е причината што мажот/жената се крунисани со „брак“ па да има сексуална апстинација кај еден од партнерите? а воедно тоа да трае долго... 1-во Си најдов љубовница/љубовник, па не сакам да го/ја изневерувам љубовникот/љубовницата?! 2-ро На почетоток да, имавме секс, но сега сваќам дека сето тоа на почетокот било „занес“ па ми се гади сега од партнерот?! Сите овие работи, водат до контра реакција, секој нормален ке свати дека еве период од недела/две стварно не му се сака и во ред е тоа, ама месеци?! е тука произлегува таа агресија, што ја нарекувате силување, а пак љубовниците, немаат ташаци да ве избават од „измачувањето“ бидејќи нив им е занес, ситуацијата со вас. Може некој салам ке го пецне муабетот, ке се контра до бескрај, ама реалноста е таа 3-тото нешто е сосема разбирливо, а тоа е апстинација поради, здравствен проблем.. разно разен и може долго да трае.... едноставно, и нај тешиот „ментален“ случај не би се обидел насилно да постапи спрема партрнерот, кога му го знае „здравствениот“ проблем. И еве четврто, да застанам позади оние кои стварно имаат вистински проблем околу тоа „силување“ Да има со исклучок парови, кои со тек на време еден од партнерите, сватил дека направил голема грешка, пробува да се одтргне, децата го кочат.. не спијаат заедно, не делат соба, не делат ни куќа/стан заедно, или слично, но се сеуште во брак.... па партнерот, не се согласува со одлуката на другиот партнер и пробува нормално, насилно да го врати тоа што било порано.. (нормално во вакви случаеви, не често не се работи за 3та личност) и затоа, на почеток е потребна, психолошка помош и за 2цата партнери, бидејќи како што одминува времето, луѓето се менуваме, избива љубомората, зависта, грубоста, упорноста, расте агресијата.. Сепак психолошката помош е неопходна, за да не дојде веќе до психијатриска помош, добар психолог може да им помогне и на 2 те страни, пример, (не пиеше, па се распи и почна да ме малтретира, бидејќи после малтретирањето психички и физички нормално дека сексот би му дошол како силување) но тука е психолохот да утврди и помогне како и зошто се распил, која е причината и зошто доаѓа до агресија и малтретирање? имам еден чист пример за ваква особа, која енормно многу пиеше, си ги фрли децата во КОНТЕЊЕР- замислете КОНТЕЊЕР, и човекот скапа Демир Хисар од лежење.. но касно е веќе.. Се надевам дека никој не навредив.. но таа е реалната вистина.
Па братче сигурно многу ти се големи мудата ова да го пишуваш како машко да оправдуваш од некои страни па ако му е толку до секс ја да сум машко и да немам секс со парнерката со месеци ке разговарам дали сум направил грешка за да ја поправам а не да ја врзам пред децата и да ја силувам и после тие деца како ке живеат слободно без страв? Јас да сум на местото на членката не да се жалам по форуми до сега ке го пикнев во затвор. Или ке го фрлам од прозор ке го опијам како да се самоубил. Сељак.. На вас мажите ви се сака секс а не ја питувате партнерката дали е добро да и помогнете со обврските да не се спротиставете ако излегува итд.
Воу, ме нападна, да си ми жена изгледа нема да имам „ташаци“ да те силувам, има да пеглам, да перам, да мијам садови, да спружирам алишта и слично... и ако ме силоваш, нема да се жалам по интернети и не те пикам во затвор И пошо си лоша, кога ке ме прашаш културно зошто апстинирам, нормално од страв нема да ти кажам дека имам швалерка Па ако има ташаци, таа нека ме спасува од тебе.
@MkdBoy абе ти можеш да си најдеш женичка по твоја мерка, ке ти слугува по дома и ке те праша какво го сакаш кафето. Само не знам дали ти е јасно дека у нормален свет, секој има право да одбие секс, а ако другиот се обиде на сила да добие секс, овај следувањето, тогаш правиме муабет за силување.
За мене тој маж што оправдува силување и др насилство врз било што дури и насилство врз маче е еден обичен шизофреник. Толку несакам со такви да правам маабет. За тебе е муда да силуваш некој? Воу Оди во Авганистан со тој акл ке се вратиш ист нема шанси да имаш депресии итд бидејки тоа е за емпатични луге а насилници се увек насилници јас ви кажам уште кога беше темата отворена.
Јао! Типично машко размислување. Ако не милом, ондак силом пошто што мајка барам јас со тебе во врска/брак ако не ми даваш. Ќе седиме заедно за инает и ќе се караме и тепаме секој ден. Раскини или разведи се бе брат! Ем ќе си најдеш нова девојка за секс, ем ќе си се ослободите со партнерката од патетики или не дај Боже од вакви насилства. На членкава што јавно се пожали за проблемов и ја сподели со сите ситуацијата, прво браво за храброста, а второ радувај се што имаш можност да ги промениш работите. А имаш, верувај! Живеам во конзервативна средина и верувајте дека не се сите среќнички кои што имаат можност да го сменат животот на подобро. Не сакам да навредам и деградирам никого но морам да го споменам ова. Верувајте дека постојат безброј вакви случаеви и во муслиманските семејства (особено турските кои се за степен поконзервативни, иако верувам дека и многу македонски семејства живеат по таков терк) каде што жената е крајно изолирана од светот, без никакви права, потчинета, трпи и голта се што и се сервира од мажот и семејството и најжално од се - нема излез од таквата ситуација. Во комшии ми се, ги гледам како живеат а и самите знаат понекогаш да се пожалат. Имав случај каде една од нив ми раскажуваше баш за ова, дека маж и еден период ја принудувал на секс иако веќе била бремена и го одбивала. Премногу ми е тешко што немам начин како да им помогнам на таквите, а верувајте дека никој непознат од страна не би се ни осмелил да се вмеша во таква приватна ситуација. Мислите дека имаат пристап до интернет за да се жалат по форуми? Мислите дека имаат храброст да кренат глас на сопругот? Да свртат на некој број за помош или да се обратат на некој близок за да ги заштити? Или дека може туку така да избегаат од домот и да се вратат од кај што дошле и да ги усрамат родителите кои утре ќе треба да се караат кога ќе дојдат овие од кај мажот да ја земат назад? Па прво домашните би ја убиле. Таквите жени се робови и не се ни трудат да побараат помош туку се помируваат со судбината и си го прифаќаат животот како таков. Одење на работа во повеќето случаеви не им е дозволено, седат дома, гледаат куќа и деца и немаат право на глас, апсолутно зависни. Мажите си тераат нормален живот, со излегувања со швалерки, со сите благодети што им се нудат а тие подалеку од куќа и двор не се движат. Жално е. Не знам во каква розева средина живеат оние што не веруваат дека вакви работи постојат, сигурно се во среќни врски и бракови па си прават споредба и не им е јасно, ама еве да се потрудиме да им ја доловиме вистината дека не сме предалеку од земјиве што беа спомнати погоре.
Се развила добра дискусија од последниот пат кога читав на темава Прочитав некаде сопруг ѝ бил тој, татко на децата, има трауми бидејќи бил на такво место, за да донесе пари за дома за сите бла бла и коментари од типот не видол полов орган со месеци wtf.. Сѐ ова првично од жени, прекрасно. И уште капак на то обвинувања на жртвата и оправдување дека типот имал тежок период, душичка. Ајде аку не сите ко ќе имет тежок период нека силувет наоколу, или пак не знам, стварно немам коментар. Многу е лесно да коментираме овде, посебно лоши и негативни работи, ние што фала му на Бога не сме искусиле такви работи. Не е фер да се напаѓат некој зошто на форум споделил нешто лично, па женава сама си кажа дека од дома првично немала поддршка, дури и да кренала раце од сѐ сепак е човечко суштество и само сакат да споделит со некој, да бидит слушната во најмала рака еве анонимно, да ѝ олеснит. Штом било пред две години и сеуште будит вакви чувства во неа и тоа како е траума. Од друга страна искрено кога би се зела во предвид ситуацијава децата не требит воопшто да претставувет проблем за развод. Пубо да растат со еден родител или со двајца ама разделени отколку да се сведоци на такви работи, можда не на силувањето ама сигурно после то атмосферата дома не била најхармонична зошто следело труење и сл. Земајќи предвид дека децава најчесто си го копирет профилот од родителите најмалку шо сакаме е од такво семејство да излезит машко дете шо сметат дека нормално е да се вршит насилство од секаков облик врз жената, а девојчето гледајќи дека мајката трпит да мислит дека така е правилно зошто мајка ѝ трпела. Настрана од темава моја роднина која има работено во институт за вакви работи ми има кажано дека најчесто ваквите семејства се како синџир поврзани во иднина кога ќе стапат во брак и голем процент се татко- насилник->син-насилник, мајка жртва на семејно насилство->ќерка жртва на насилство. Многу од коментариве се така нафрлани без да се размислит како би се чувствувале ако ова би ни се случело на нас или на блиска личност. Не оправдувам насилство од никаков облик. Силувањето само по себе е одвратна работа, а сигурно кога се доживува од некој кој е постојано во близина и жртвата е осудена секој ден лице в лице да е со сторителот е многу понеподнослива. Не го оправдувам фактот што посегнала по сопствениот живот наместо да го пријавит случајот ама од друга страна читајќи ги коментариве на некои членки до некаде и ја разбирам зошто не го пријавила. Жално шо во нашава држава, т.е. многу убо имаше некоја членка спомнато МЕНТАЛИТЕТОВ ВО НАШАВА ДРЖАВА, во поќе случаеви со прст се покажвит на жртвата наместо на сторителот. Спомнав еднаш и пак ќе кажам жално е што налетав на коментари од жени кај шо жртвата е многу обесправена и на нејзината мака уште толку е нападната и на некој начин исмеана. Наместо да бидат поддршка ко да се исмевет и да уживет во туѓата несреќа правејќи заебанција на многу чувствителна и сериозна тема
Шт! Не туку ја подвиткувај опашката оти некоја кокона рекла дека ти не чиниш. Стално ќе има такви кои ќе вперат прст. Главата горе! Ти не си виновна за тоа што ти се случило и точка! Добро ти, мислиш шо збораш, или така само лупаш, колку да се кажи нешто? Како бе, ако немал секс со месеци, ти е логично да фати и да те силува???? И не е силувањето со ќотек секогаш. Силување е кога јас ќе речам НЕ , а ти продолжуваш!!! Ама за да го разбереш тоа, треба како прво да имаш почит кон туѓата слобода, кон туѓата личност. А ти немаш почит! Ела ваму, јас да ти го шибнам дилдово во твоите дупки, па да прајме муабет после, дали треба ќотек за да се нарече силување, или не!
Абе, коа ке фатиш муабет со жена да правиш.....особено за нешто што нејзе ја засега?! Златно, зошто мислиш дека ако си најдеш „женичка“ по своја мера треба да ти слугува по дома, па башка и не гледам проблем во тоа „да те праша какво кафе сакаш“ ?! не можам да ве разберам дел од жените.. а па и не ми е јасно, зошо се палиш на тоа, дека „У“ нормалниов свет, било нормално да одбие секс некој? п.с и мене често ми се случувало, и никогаш на сила не сум се ни обидел, па ни се обидела и да се обиде џабе е, коа не станува Каде виде и ти златно, дека одобрувам јас силување?! абе многу од „Авганистанците“ можат по глава да не тепаат со култура и меѓусебно разбирање во браковите „У“ нормален свет тоа се вика „отворена врска или отворен брак“ ем заендо живеат, ем заедно спијаат, а се пукаат со разни на секој чекор.
Тебе не ти станува, нејзе не и се влажни, ама сеедно можеш да и го ставиш, нели? Шо се правите ко силување да е измислен концепт, стварно не ми е јасно.
ахаххаха е тоа ти е, коа ке влезе во дискусија машко.... само финтава е, шо ич не е логично „зошто одбивноста со месеци“ а не логичноста ако немал со месеци, па зел да ја силува. A за тоа со дилдото тоа можеби би било некоја класична секс игра де за стимулирање на простата. само не фала ... Ај како можеш да и го ставиш кога не ти е станат, и кога не е влажна жити се?! барем јас сум таков осетлив, кога и да заприметам дека „не е влажна“ колку и да е станат... џглуп ке падни и толку од сексот.
Ако си го познаваш добро сопственото тело, нема потреба да пробаш за да знаеш A за другото да, сум осетил дека не е влажна, бидејќи најверојатно не може да се опушти доволно а сака... и нормало дека и мене ми се загуби вољата
А ако е влажна, а не сака? Тогаш ти се губи волјата? Знаеш дека може да е и најопуштена на свет и пак да не е влажна?
Нормално де, и мене ми се случило да сум АП целосно... па да не сакам п.с нормално дека и јас сум бил пре пре пре опуштен, па не сакал да стани п.п.с во тој момент ти доаѓа, со брусалица да го исечиш
Услуга ќе си направел на светот. Само тоа е лек за мажи што мислат дека ако партнерката не ти дава подолг период, во ред е сам да си го "земеш".
@MkdBoy не е темата и дискусијата зошто жената не сакала секс, значи не е воопшто битно дали имала 5 швалери, дали го мрази сопругот, дали е болна, фригидна, било што..ако рече не сакам секс значи туку треба да прекине се. Ако на сопругот тоа не му одговара и трае со месеци, може да седнат да разговааат, можат да одат на психолог, брачен советник, може да се фати швалерка, може да се разведе, што сака може да прави освен да има секс со сопругата и покрај тоа што таа рекла дека не сака. Едноставно е!