Ја обрнав цела тема за секс и не го најдов ова никаде. Дали некогаш на сила сте имале секс? Дали сте се нашле во ситуација "за малку му избегав на манијакот"? Ве терал дечкото на сила? Ајде очекувам секакви коментари поврзани со оваа тема....
Па зошто да не пише? Форумот е анонимен. Како што многу досега пишуваат во Брачни неверства така и овде.
Тоа е најодвратниот чин што може да постои и те обележува за цел живот. После тој гнасен чин тешко да останеш истата. Јас еднаш се најдов во таква ситуација на 14 години. Еден човек кого го гледав како татко сакаше да ме однесе во соба и почна да ме тегне, ама среќа успеав да побегнам. После тоа ми беше страв да кажам на некој, зашто мислев дека никој нема да ми верува, бидејќи он беше, наводно, среќно оженет, сериозен човек. Ама јас во животов толку не сум се тресела како тогаш. За таквите луѓе најстрашни казни треба да има.
Се согласувам со Виножитка дека треба најригорозни мерки за луѓето кои прават нешто вакво!!! Цел живот девојките, жените се истрауматизирани заради некој болен идиот. Гнасно! Сум била во ситуација “за малку му избегав на манијакот„. Овој боелн човек ме селдел до пред влезот, цел пат и ме зграпчи за рака. Почна да ме влече, да ми зборува триста чуда со таков налудничав поглед... Не сакав одма да избегам и да влезам во влезот, зошто претпоставував дека ќе ме следи. Му кажав тивко дека ако не ме пушти ќе се развикам и ќе ги разбудам сите комшии, и тие ќе викнат полиција. Веројатно се уплаши и ме пушти. Ама срцето како ми лупаше тогаш...на најлошто помислив. Се и сешто има низ градов, ама тие најподлите и најзабеганите не е лесно да се приметат.
Мислам дека тие луѓе треба да ги обесат јавно на плоштад без никаква грижа на совест...Казна не постои за такви идиоти,морони,педофили,болни во главата...
Баш ми е драго што вие што сте имале такво искуство, сте успеале да извлечете (народски кажано) жива глава... За разлика од некои други....
Имав само 14 години и имав дечко поголем од мене 3 години,го сакав и тој знаење,ама не сакав да имам односи со него,мислам се допиравме и се триевме ама не сакав да имаме секс затоа што сметав дека сум многу мала,една вечер додека се триевме наеднаш ме тргна накај себе и со сила ми го пикна Уште истата вечер му реков да не ме бара повеќе од тогаш 2 години не оставав никој ниту да ме допри меѓу нозете.На 16 години да речам "ја изгубив невиноста" ама многу ми беше страв и се беше полека и нежно и ми течеше многу крв за разлика од тогаш.
Ред, и јас имав нешто слично искуство, на неполни 15, но не ми беше тој дечко туку само познаник...Познаник кој ми го уништи животот тогаш! Тоа се случи на први мај.Отидовме заедно до блиската продавница по вода.На враќање накај местото каде што бевме, ме завлече на една височинка, јас врискав, се дерев, плачев, го молев да престане, го преколнував...Но ми велеше ќе ми поминало се, ќе сум уживала...Аххххх солзи ми идат кога помислам на тој гнасен ден !!!!ПРОКЛЕТ ДА СИ ! ГО колнам да му даде Господ женски деца и на неговите деца така да направи некој како што стори тој на мене. Аххххххх се каам само што не го пријавив во полиција...Но за среќа, со помош на една другарка која е единствената која тогаш знаеше за тоа, ми помогна многу... Конечно можев без кошмари да спијам, да се опуштам со дечко ми, по цели 4 години !
blond milo mi e so si go nadminala toa, sega i jas imam normalen sekusalen zivot pozz [mod-kirilica:ly5l2zjl][/mod-kirilica:ly5l2zjl]
Блонд и мене ми е мило што си успеала да го надминеш тоа. И честито на храброста што проговори јавно за ова. Знај дека не си ни прва ни последна на која и се случило ова, само треба да се има сила да се продолжи понатаму. Верувам дека ти било многу тешко. Само не знам зошто не си го пријавила! Или барем да си кажала дома, таков со голи раце треба да се задави И темава баш е ОК, верувам дека многу ќе се препознаат во неа, само што нема да сакаат да проговорат за тоа.
Гнаса една! Убава клетва си му фрлила, само да го стигне. Ух значи косата ми се крева... Блонд мило ми е што сепак си успеала дапоминеш преку тоа.Треба храброст и се надевам дека понатаму во животот ќе те прати среќа
Не можев да кажам дома бидејќи тогаш со мајка ми не бевме во најдобри односи ( ниту со било кој член од поблиското семејство ), немавме никаква близина... А да отидев во полиција сама, немаше шанси!Ќе дознаеја сите, а не го сакав тоа! Со мала помош на една другарка, со моја голема упорност- успеав, не знам како но успеав ! Еј уште се чудам како постојат такви гнаси на овој свет!!! Ни на најголемата душманка не и го посакувам тоа ! П.С Глупчото кога го правеше тоа се дереше : Треба да добиеш менструација, па сега ти протече?!?! Ееееееееееј што си мислел појма немам цццццццц!!! БОЛЕН! А за совети сум отворена во секој момент...
Со еден дечко одев 9 месеци. По 9 месеци се случи мојот прв пат, но не ми беше убаво, нормално за прв. Но и после неколку неможев и му кажав да не пробува ништо дури не посакам јас, се согласи. По некое време почна да напиња, но јас не попуштав. Еден ден ми се јави да одам кај него мајка му и сестра му многу сакале да ме видат. Отидов, немаше никој освен него. Го прашав каде се и ми рече ќе дојдат за 5 мин, но ја заклучи вратата. Почна на сила, да ме бакнува , соблака, се боревме, тепавме, викав јас, викаше и тој уште колку треба да ме чека. На крај го удрив по интимниот дел и полусоблечена ја отклучив вратата и излегов. Трчав накај автобуската, трчаше и тој. Среќа одма ми дојде автобус. Го одбегнував долго време, бевме заедно пред другите, но меѓу нас немаше ништо. Криво ми е што после тоа бев со него уште долго иако не смееше да ме допре. Знам дека се каеше за тоа што го направи, но неможе ништо да го избрише тој спомен.
Мене ме престрашува фактот што многу девојки се злоупотребувани од дечковците. Се повеќе и повеќе се сретнувам со некои случки кога девојка е силувана од дечко и!! Одвратно, и загрижувачко.
Да точно !!! Тоа е нешто најодвратно ! Штета што многу од девојките немаат храброст да го пријават во полиција случајот...Не се плашите, никој нема да ве осудува, само оној што ве повредил ќе си го добие она што го заслужува.. Не дозволувајте цел живот да се каете како мене што не сте го пријавиле и не сте го сместиле таму каде што треба !
Силувањето е нешто навистина одвратно, заедно со педофилијата (која исто е еден вид на силување, со таа разлика што децата најчесто и не се свесни што им се прави). Одвратно е тоа што некој ја користи сопствената сила да се изживува и силум да го добие она што сака. А најлошо од се е тоа што обично жените премолчуваат, не од друго, туку поради мислата дека ќе бидат осудени од околината. Демек, сама си го барала. Како да не?! Ако некоја облекла сукња или деколтирана маичка, не значи дека си го бара. Ме нервираат таквите предрасуди. Ако некому му се дига само што ќе види женско, таа и да е во бурка облечена, тоа нема да го спречи да ја силува (секако, ако се работи за таков човек). А жалосно е што во склоп на семејното насилство, силувањето е доста често и жените немаат храброст да го пријават насилникот - заради тоа што мислат дека ги сака, па затоа го прави тоа
За таквите електрична столица и крај!Во мојот крај кој што е патем мал па се се дознава,и да се случи нешто такво жртвата нема да го пријави.А доколку некогаш стане збор за мене јас прво би платила да го претепаат,да му го уништам животот а после затвор!ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ,нема пододбра правда од која ние самитѕе им ја даваме на тие што не повредиле и го заслужуваат тоа.