1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^
    да се согласувам со тебе, не е само кај нас тоа, но сепак сакам да кажам дека ние не сме во Африка некоја земја, каде за жал развојот е на мн ниско ниво. На само 500 километри од Соловенија-Европа ние се однасуваме како на близок исток. Мора да се применат драстични мерки, ова излегува од сите граници |(
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    со провокативна облека може дополнително да го предизвикаме некој манијак да не` нападне. затоа гледајте посебно за вечерно излегување, не шетајте се со миничи сами по темни улици и сокаци. кога знаеме дека има секакви манијаци, мора самите да се заштитуваме некако!!!!
    иначе ако е некој манијак, и ако има намера да и` се нафрли на некоја , ќе и се нафрли на првата жртва, не му е битно дали е во тренерки или фармерки...
    ИАКО облеката, и било што друго не се оправдание за силување!!!

    НЕМА ниту една оправдана причина за силување!!!

    И кај нас мора да има закони!!! Строги закони за силувачите!!! Брза, испланирана полициска постапка (еве еден случај, едно девојче пријавило напад истата вечер, и од полиција и` направиле само записник, не ја ни пуштиле на лекар, и на крајот рекле дека немале докази).

    До кај сме стигнати ние луѓето??? Па ни животните меѓу нив не се силуваат!!!!
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Проблемот е во тоа што силувањето е тешко да се докаже доколку жртвата имала претходно сексуално искуство. Има случај само кога ќе се утврдат знаци на физичко насилство т.е. скршеници или други траги од удари како отоци, изгребано, модринки и така натаму. Само врз база на пенетрација и ејакулат нема цврст доказ за случај, а често овие немили настани се вршат без присуство на сведоци секако, што го сведува случајот на нејзиниот збор против неговиот. Навистина е страшно кога личноста е совладана од толку физички моќен маж што нема никакви изгледи да го избегне чинот. А тој не вреди ни како маж да се класифицира тој е дно на дното на еволуциската скала и изрод од најдолна класа. И овој чин нема и нема ни да има оправдување за сопственото постоење макар жртвата била и најнеморалната жена во дијаметар од 20 км, макар и гола да му мешала во скут има право на избор и право нејзиното одбивање да биде испочитувано.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Проблемот не е во ништо друго туку во корумпираното судство а делумно и во законите... Не зборувам само за кај нас... А во врска со провокативноста, да можеби така полесно ќе ти се закачи некој манијак, но не мора да значи, всушност во поголем дел од случаите тоа нема никаква врска... Но сепак, јас не би шетала сама ноќе по сокаци облечена во минич, ризикот е поголем, а и јасно е дека силување потешко може да се изврши доколку потенцијалната жртва носи панталони а напаѓачот е еден... А што се однесува до оние групни силувања, тоа е нешто најодвратно, тие најмногу ги мразам, ајде да е еден гнасата, полесно можеш да се одбраниш, ќе го удриш некако, ќе избегаш, или спреј ако носиш, солзавец, нешто, ама ако се повеќе црвите во чопор, а се повеќе случаи сега се такви... Се нервирам само кога пишувам за ова, јас овие би ги сецкала на парчиња и тоа со ноктарче... Гниди
     
    На koritsaki и Meggy им се допаѓа ова.
  5. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    луѓе многу ме заентирисира sweeteva што направи? ја снема во дискусијата? или јас не прочитав. и мене ме имаат нападната ме исфаќа детето околу 16 -20 год. секаде се укопав сета, на сред бел ден, и сите ми се смееја зошто не сум го удрила и не сум трчала по него. ама кога отидов дома и кажав на татко ми веднаш во полиција ама нашата полиција е тапа ...и пријавувајте сите НЕ МОЛЧЕТЕ! жал ми падна за сите ваши лоши такви моменти...тоа не се заборава
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Леле девојки се наежив целата кога прочитав што ви се има случено :o
    Не молчете туку веднаш пријавете го тој ИДИОТ!
    За ваквите само кастрација :|
    Мене ми се нема случено вакво нешто сеуште и се надевам дека нема :|
    Се согласувам со Hipster и гола да шеташ по улица не значи дека некој треба да те силува...Ако некој е БОЛЕН во мозокот ќе те силува и да си закопчана до врат :swear:
    Инаку жал ми е за вас кои сте доживеале такво нешто :(
     
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Во Шпанија е многу заштитена жената. Таму маж ти да те удри, имаш право да го вкараш во затвор до 10 години. Да не прајме муабет за силување. Таму казната е доживотен затвор :!:

    Треба да се подобрат нашиве закони. Треба да се создадат такви оргаизации, да не се плашат жените да споделат со обштеството. Не треба жената да се срами, треба насилникот да се закопа во земјата од срам :!: Светот е многу страшен. Таквите ги има секаде. Може и секој ден да се гледаме со нив, да ги познаваме, али накрај памет да ни е, дека е таков човек... И все пак...треба да се погледне и другата страна (не оправдувам насилници). Видете ги повекето жени. По дискотеките, вечерните кафани, баровете е полн разврат. Полуголи жени си го барат точно това. Кога гледам 15-16 годишно девојче на касна дискотека, епа што да и праам, што бара таму? Шминкат се да личат на 20-30, високи кондури, мини фистанчета, епа ќе течат лигите на насилниците, нормално. Такви болни мозаци само си плакнат очите на такви места и охохо мераци...после оди во паркот, кајто има по малку луѓе, напаѓа да речеме некоја девоја, која џогира и ја силува...и ? Кај е изводат??? :emo:
     
  8. Kataleya

    Kataleya Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    и јас сум во слична ситуација за тоа дека немав кажано на никого 10 години....имам 21 година а тоа се случи на мои тогаш 10 години.татко ми ме прати во продавница па за да не одам сама оти ми беше страв од темница пријателот на татко ми дојде со мене...кога одевме не се случи ништо но кога се вракавме бидејки одевме по тесен и темен сокак тој ми рече застани ме боли ногата и секако јас го почитував и застанав да му помогнам и тој тогаш ме прегрна почна да ме допира и се обиде да ме баци во уста јас така мала и исплашена се тргнав инстиктивно само и некако почнав да трчам до дома, ми беше страв да кажам на некого дома бидејки бев мала и самата не можев да си разјаснам што се се случи или можело да се случи...подоцна како минеа годините и како растев мојот татко имаше здраствени проблеми и не сакав да го нервирам а сега и да сакам да му кажам неможам бидејки тој почина ;( а знам дека би имала потполна подршка од него ;( пријателот на татко ми се прави како никогаш ништо да не се случило...и неможам да опишам како се чуствувам кога ке помислам на тоа....пред некое време му раскажав на мојот дечко што се случи и тој ме разбра и тешеше дури и заплака со мене така се почуствував сигурна и успеав не да заборавам но на некој начин да го препродам тоа покрај него...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    епа таков манијак треба да се пријави , а не да се крие
    се зголемува бројот на таквите чудовишта, ама никој не превзема ништо
    балканштина
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се секавам кога бев средно школо во автобус на ЈСП, кога од позади ме зграпчи еден тип, ама јас се тргнав,а да ми е сега тој памет има да го турнам нема гајле да ми биде

    а на факултет приватен во друг град каде студирав, се погоди еден од професорите да ми понуди превоз до дома(секако го одбив) ме спаси една колешка
    набрзо потоа , се дозна дека типот малтретирал студентки, и го отпуштија
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    За такви луѓе, што тој збор е многу за нив, тие се животни, треба да има најголема казна! Со тоа што го прават тие животни, упорпастуваат нечиј живот, а добиваат само неколку години затвор, а понекогаш ни тоа не. Секако ќе бидат казнети од Господ, но не знам дали тоа ќе биде доволно. :) Не сум била во таква ситуација(фала Богу) и се надевам дека нема ни да бидам. Секој ден се случуваат такви случаеви, бидејќи живееме во толку незаштитен град, држава, што секој може што сака да ти направи. :fubar: Една моја другарка беше во таква ситуација, но за среќа ништо лошо не и се случи. Одејќи си накај дома(нели има улични на сите улици и не е темно воопшто) некој човек ја следел. Се повеќе и повеќе и се приближувал и наеднаш ја фатил за раката. Таа почнала да вреска и успеала да ја тргне неговата рака и почнала да трча. За среќа му избегала. Не можам ни да помислам што би можело да се случи да не избегала. :worried:
    Жално е што сме опкружени со луѓе кои со еден чекор ќе ти го уништат животот. :x
     
  12. pocahontass

    pocahontass Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Не ме силувале, ама блиску беше. Ме нападна, инсистираше, насилен беше и дури ме убедуваше дека со него сум требала да ја изгубам невиноста !!!! Манјак ! Но уште повеќе ме боли тоа што дозволив да бидам сработена. Со точно одммерени муабети ( сфати што ме интересира што не ) кажани лажни зборови во точно време за да јас потпаднам под негово влијание да стекнам негова доверба... за на крај да ја изигра и да ме обвини мене што сум го предизвикувала !!! Не знам како може едно 17 девојче да предизвикува 37 годишен маж (со фамилија деца )?! како сум можела да му верувам ... ама па со таква состојба вработен жена деца па на крај памет не би ми текнало дека тоа ќе го стори на крај.
    Нај жално е што работи со деца млади ...
     
  13. Ananaska

    Ananaska Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Професор

    Не сум многу добра по математика па затоа тој ден решив да останав на дополнителен час. Професорот има 30 години млад значи убав и згоден секоја би се заљубила во него но имаше и лоши страни пиеше многу често пати и на работа па сите колеги го знаеја а и прилично многу се загледуваше во девојките посебно оние на моја возраст тогаш бев околу 16-17 години. Овој настан морам да го раскажа оти бев сведок на едно грозоморно дело- силување. Немам храброст да го кажам ова на друг во живо па затоа решив овде. Професорот силуваше девојка од околу 17 години. таа вечер имавме 6 часа сакав да го прашам професорот за задачите па се упатив кон кабинетот на професорот. Кога се наближував до вратата слушав пискотници, застанав и помислив дека тоа е професорот и дека му теба помош. Но кога влегов што да видам мојата соученичка лежеше врз работната маса а тој... беше над неа и ја допираше.
    но не ме видоа а јас спрема соученичката не знаев дали да чувствувам сочувство или одвратност иако не беше виновна. Тоа беше одамна н о дури до денес сеуште ме мачи совеста затоа дека не кажав никому и не ја открив вистината за тој никаквец. Дајте ми совет дали да е правилно да кажам некому или не бидејќи не можам веке да кријам.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Професор

    Да сум се нашла на твое место, како што велиш дека не те виделе, дефинитивно би отрчала и би го пријавила, кај друг прв професор што ќе наиде,дирктор..., доколку тој истиот сеуште предава би требало да кажеш,но незнам колку време поминало од тогаш и дали веќе имаш сведок,дали го познаваш девојчето од тогаш.Незнам колку би ти верувале.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Ако силуваната признае и ти и бидеш како сведок, ќе мора да се покрене дисциплинска против професорот, и целата работа оди во рацете на надлежност. Битен фактор е дали имало пенетрација или не. Ако немало тогаш ќе помине со блага казна за вознемирување или нешто такво слично, а ако имало и полицијата ќе вмеша прсти.
    Споре мене, треба да кажеш, утре може тоа и на друга девојка да и се случи.
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Си требало уште тогаш да кажиш нешто! Во најмала рака да се развикаш во моментот кога го виде тоа, па да запри силувањето. Сигурно некој ќе те слушнеше во училиштето.
    Тогаш била таа девојка, потоа можеби друга, а утре некој трета, а може да биде и твоја братучедка.

    Додека се молчи, таквите ќе се шетаат по слобода и ќе им ги уништуваат животите на невините деца и ќе ги трауматизираат и повредат за цел живот. :x :x :x
     
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    И? Зошто никому ништо не си ни спомнала?
    Ако воопшто е вистина ова (а не знам зошто, но имам чувство дека не е)
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    уф уф уф се наежив од темавааа, не сум имала вакво искуство, бог да чува да не ме ни снајде, жал ми е за сите што им се случило, се надевам дека со текот на времето ќе им помине внатрешната болка, но треба да се каже и да се пријави силување и кога некој е само случаен сведок на делото. а за грозните мажи со мислат само со к.... и што уништуваат животи се надевам дека еден ден за таквите ќе се врати смртната казна, но пред да умрат да им стават игли во ноктите и од оние големите за плетење на алатот и тоа убаво да му го набодат, и да ги делкаат со тап нож почнувајќи од средината на телото, да не знаат од кај им дува, се заслужуваат се најлошо... и да ги стигне мојата мојата клетва... :devil:
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Колку глупава реакција.
    Па јас да видам такво нешто има одма да се пуштам, како прво од нервоза кога ќе видам што и прави абе со заби ќе го искасам!!
    И ич не се плашам тогаш, пошто сепак сме две и подруго е. Доволно е да се распиштиш и да викаш и некој ќе дојде. Абе да го удриш со нешто од назад.
    Ајде бе само ќе си погледнам и ќе си заминам, и после цел живот да не спијам мирно. |(
     
    На Magnolija и slavica999 им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    И ти молчеше ????? Се згрозив кога го прочитав ова :@ , ми го уништи денот, ја незнам како си можела да гледаш на некој тоа да му се случува пред твоите очи и сеуште не си проговорила, дали знаеш дека тоа може на секој да му се случе ако не се затворат таквите лудаци, тебе па дури и на твое дете :puke: , ми се згади аман :envy:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.