1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Мојот татко умре кога бев многу мала..Имав т.н очув,но не за постојано..Тој имаше друга жена и две големи ќерќи надвор од Скопје..Доаѓаше кај нас,мајка ми највероватно и го сакаше..Една вечер си легнав до него,бидејќи го гледав како близок човек,не како татко меѓутоа го сакав и ми беше на некој начин како замена за татко која не ја барав,и задремав..На сл што се сеќавам мајка ми беше на врата со комшиката под нас и правеше муабет а он,т.н очув ме фаќаше по газето и тоа на голо..Не можев да сфатам што се случува..За огромна среќа влезе мајка ми и јас тргнав да станам и он ми рече зашто си одиш не ти е убаво?? :devil: Поминаа години оддтогаш,имаше уште една не мн сл ситуација: ме прашуваше за тогашниот дечко што правиме кога сме заедно(што јас го сфатив како грижа бидејќи и мајка ми знае такво нешто да ме праша) и му реков ништо си се бакнуваме и ми рече како,ај покажи ми..Се заклучив во собата додека да дојде мајка ми од работа и од тој мом го замразев од дното на душата..По некое време собрав храброст и и кажав на мајка ми дека ме фатил за задник и она ми рече ама тоа што те сака,не дека сакал да те удри или да те истепа(она всушност помислила како уз поминување,мислам..и на т.н. очувска линија)..Видов дека не иде,он уште доаѓаше,а мене ми пукна веќе филмот..Една вечер додека седев во мојата соба ги слушнав како се закараа за неко пари излегов и го избркав..Почна да ми вика ама сине немој-му реков дека не сум му ќерка да ми се обраќа така,дека иако не е меѓу нас,јас си го сакам и почитувам мојот татко и дека никој нема да ми го замени..Го избркав таа вечер,спиеше во хотел и се врати во својот град..Сега е во Италија со семејството се јавува за Нова година и сл. празници а мајка ми упорно му исклучува..


    За маоја среќа немаше силување,а и сега немам никакви трауми,но ме повреди,ме повреди премногу..Воопшто не се покајав што го избркав,мислам дека мојот татко кој е на небото и ме гледа,беше горд во тој момент што успеав да се одбранам себе а и мојата мајка..
    Девојки да ми се случи сега тоа има жив да го запалам,верувајте,не молчете и не потиснувајте го тоа во себе..И кажав само на една другарка со која повеќе не сме во добар однос,но мислам дека ќе молчи..Не дозволувајте некој да ви одземе нешто што е само ваше на сила.. :)
     
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    676
    Вчера накај 2и15 се разделиме со другарката а само 2 минути ми беше од дома...чекорев сама може 30секунди и слушам како некој оди позади мене брзо, се завртев да видам кој е, беше некој понизок од мене викам добро е нема од што да се плашам, дадов неколку чекора и го слушавм се повече забразуваше а и јас истои ме фати за глава најверојатно сакаше очите да ми ги прифати се завртев сакаше да ме баци, го бутав од мене и почнав да викам на цел глас по другарка ми (бидејки патиштата од каде что се разделивме се спојуваат а јас бев блиску) дали тој ме бутна незнам важно паднав и пак викав по другарка ми, тој се стрца од каде што дојде значи избега, а јас целата потресена трчав нагоре накај дома мислев во секој момент ќе паднам , нозе ми се пресечеа... Другарката викаше по мене чекај, ме стаса некако и и реков трчај оди си одма молам ти се сретна ме некој.... јас бев блиску до дома... и така успеав да избегам, најверојатно тој бил сам таму во темното патче само не ми е јасно што правел таму сам во 2и 15..... многу сум исплашена.......
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Јоана ,има секакви манијаци кои би нападнале девојче среде бел ден,а камоли ноќе.
    Нека те пречекува некој ако не се чувствуваш безбедно.Биди среќна што најлошото не ти се случило.
    А за темата што да кажам,згрозена сум какви зверови постојат,просто ужасно се почувствував кога прочитав како вие феминки сте биле жртви на сексуално насилство :x ,навистина сочувствувам со вас,да ви даде Бог мир а на тие што ве нападнале да ги снајде тројно поголема несреќа :devil: .
    За среќа,ми се нема случено такво нешто,и недај Боже на најголемите душмани не би посакала такво нешто да им се случи.
    Каква е оваа држава ,да не одредува соодветна казна,ццц во кој свет живееме :fubar:
    Што друго да кажам,ужасната сум,Бог нека не штити сите од вакво зло девојки :!:
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    па јас реков со овие темни улици, бог да чува, страв да му е на човек да излезе :x . во 8 часот кај нас се е темно до продавница да не отидеш
    пред месец дена (кога паѓаше снег уште) јас изегов кучето да го прошетам да моча.
    и имаме еден манијак (ма само еден да беше еден куп се кај мене во маало).
    и го гледам помина.. Oк, јас си стојам со кучето. и се вртам застанал и ме гледа :o , ама одма кидна
    уффф да дојдеше, може кучето ми е 4 кила, ама ]:) како каса, имаше во фаца да му ја пуштам, ќе го изедеше на лице место. Hенормален е тој бре, кога бев мала скроз се соблакаше така си седеше на тераса :x
    Cекакви има луѓе страв да го фати човек, манијак до манијак, сама не се излегува, поготово не сега, низ темнициве
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    676
    Да има секакви манијаци но не може мене на 19год секоја вечер да ме пречекуваат моите во 2-3, сепак тоа е моја одговорност... денес поминав по тој пат срд бел ден :) се вознемирив , морам да бидам силна ... само ми е чудно ТОЈ :devil: не ни прозборе, тоа ме мачи што не го видов....
     
  6. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Доживеав една непосакувана случка на 11-12 години.Значи се сеќавам како вчера да беше.Одев накај школо,бев тргната 30 минути порано и немаше никој по тие уличките.Тој ден правев тест и си повторував додека одев си читав од едни ливчиња.Слушнав чекори позади мене и некој ме помина.Така занесена,после 2 мин. слушам глас „Види ме!“ . Беше маж,отприлика 30годишен,соблечен гол скроз,значи му се гледаше пе**сот и беше многу многу близу до мене со ТОА.Во тој период имаше гласини за некон таков манијак,ама не бев сигурна дека се точни.Одма почнав да пискам,и како што држев чадор во едната рака го мавнав силно по фацата,а после и по ногата за да избега.Незнам ни самата од каде таа сила да го удрам,ама верувајте,11 годишна бев,не бев уште запознаена со такви работи.Сепак беше стрес за мене.Срамота,колку ми е жал,на колку им се има случено ова! :x :x :(
     
  7. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Ова како јас да сум го пишувала.Исто,ама потполно исто ми се има случено,само со другарката се разделивме по две различни улици,па немаше шанси да ме слушне,но кога почнав да викам излегоа моите родители,бидејќи бев на 10 метри од дома,а овој избега.Тогаш имав 13 години и беше околу 20 часот,значи прилично рано,но беше темно дека зимно време.Ден денес се сеќавам на тоа како вчера да се случило,а не сакам да мислам што се можеше да ми се случи.
     
  8. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Вашиве приказни стварно ме потресоа.
    Чудо е колку ненормални луѓе постојат, па очув?? Очув да сака да те допре :o Некој кој мајка ти му ја отворила вратата од дома.... :o
    Кога живеев во Америка, запознав МНОГУ такви девојки, најчесто беа силувани од нивниот очув, имаше многу и кои останале трудни... Страшно!!! Едно од девојчињата дури и константно била дрогирана од него.

    Инаку... Имам читано некаде дека случајно ако некоја девојка е силувана, не треба да моча после актот, бидејќи мокрачата била еден доказ + за силувањето...
     
  9. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    За жал, за разлика од времето на нашите родители, сега не си безбеден ни пред сопствената куќа. Други времиња биле тоа, немало толкав криминал, а и порано се прибирале дома. Ова нашево е некако претерано.

    Кривичното дело силување е најтешко за докажување, затоа што обично злосторниците тврдат дека имало согласнот. Многу често се случува и да биле блиски другари, партнери а сепак да постоело силување, кое пак е уште потешко за да се докаже.

    Единстевно што ни останова е да знаеме да се заштитиме, колку можеме, еве неколку совети до девојчињава на форумот:
    - Ако се враќате касно навечер, враќајте се со такси, нека ве остави до пред влез, не се обедувајте да заштедите 20 денари симнувајќи се порано, за сметка на вашата безбедност.
    -Не се враќајте сами пешки кога е касно и темно, нека ве испрати некој, нека ве земат од дома и слично..
    -Ако приметите дека некој ве следи, упатете се кон најблиската зграда, куќа, демек вие живеете таму, тропнете на било која врата, сигурно ќе ве примат ако кажете дека некој ве следи, а и веројатно манијакот ќе се исплаши и ќе отиде.
    -Не кратете пат, меѓу згради, одете по главни улици, по прометни улици, каде има движење на луѓе, ако писнете да ве чуе некој.
    -Не влегувајте во кола со луѓе кои не ви се блиски, не познаници, туку блиски.
    -Ако веќе сте нападнати, удирајте по тестици и брцајте во очи(ма извадете му го ако треба), нема милост за такви говеда.
     
    На ennas, sweet-star, Meggy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Хајди, потполно се согласувам со тебе. А тоа со таксите некако немам доверба во таксистите некако ми делуват :geek: вака кога ќе помине некоја девојка.
     
  11. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Некои работи кои треба да ги знаете СИТЕ жени за да не дојде до забуна. Силувањето е кривично дело ке се гони по службена должност, (тоа значи дека тоа се поренува со кривична пријава а гонењето на сторителот го врши јавниот обвинител ). Тоа е дејствие во кое половиот орган НАСИЛНО влага во женскиот полов орган при тоа жртвата МОРА цело време да пружа отпор ( освен ако се онесвести). Постојат и посебни видови ама ај да не замарам со тоа. Ако просветен работник стори такво дело тој ја губи и дозволта за работа .Ако жртвата освен силувањето е нападната и и се нанесени други повреди со удра или на друг начин кон пријавата за силување треба да поднесе и кривична пријава за нанесување телесна повреда или напад. Силувањето не се докажува тешко ако се направат следниве работи :
    Прво што жртвата треба да направи е да го пријави случајот во полиција
    Второ од таму ке ја упатат на преглед како за доказ дека е извршено делото и како превенција за несакана бременост. Некогаш прегледот не ги дава потребните резултати ама тука е и днк методот кој мислам се спроведува кај нас. Друг доказ може да се модриците на телото на жртвта ,искината облека.
    Трето откако ке се пријави во полиција доколку сторителот е познатат тогаш се покренува кривична пријава против него и се приведува зависно од околностите му се одредува мерка притвор. Ако на пример жртвата му нанела видни повреди при процесот на бранењето тоа треба да го наведе во пријавта и тоа е еден вид доказ. . Ако сторителот е полнолетен а жртвата малолетна казните се уште поголеми.Судењата се многу понижувачки се слагам жртвата е секогаш виновна ( лугето па дури и жените ке речата сама си го барала , или добровоно била со него ја оставил и сега му се свети ,таа била промискутетна лесна жена, ако се дознае јавно сите ке ја покажувата со прст и тнн и тнн, не ке може понатака да формира семејство)Сите добро знаеме дека нашиов сутски систем не е баш како треба , ама охрабрува фактот што повеке од судите се жени и тие на силувачите гледата како на нај лоши сорители на кривични дела.МЕГУТОА МОРА ДА СЕ ПРИЈАВИ СИЛУВАЊЕТО НЕКА ОВА НЕ ВЕ ПЛАШИ ТАКА САМО ГИ ОХРАБРУВАТАЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ТАКА.Паралелно со кривичната постапка може да се води и постапка за надомест на штета која ја покренува жртвата.Под претпоставка да жртвата нема пари за правна помош адвокат ке и биде доделен по службена должност и ако се докаже дело трошците ке бидат наплатени од извршителот на кривичното дело . Јас нема искуство со полов напат нити обид за силување , ама имам искуство со физички напатад на 14 годино од полнолетно лице затоа што нејкам да му бидам девојка ( наивно се најдов на погрешно место во погрешно време) го мавнав по нога и избегав срека моја што одма во близината имаше такси. Одма го пријавив го приведоа и отогаш не ми се појави. Ако не го пријавев кујзнае што ке се случеше.Освен тоа судот гарантира и тајност на судењата и идентитетот на жртвите. Некои земји го имат воведено кастрирањето како казна ( мегутоа неможе секаде ова да се воведе ДЕМЕК ГИ КРШЕЛО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА). Во некои земји и жената односно девојката може да го тужи својот дечко и сопруг за силување иако нема докази за тоа и да го добие спорот ( европски земји но ние сме далеку од тоа) Казната за сулување е од мислам од 5 до 10 години затвор што е многу малце ама да се надеваме дека ке бидат повеке некогаш. ЈАС ЛИЧНО ЈА ОХРАБРУВАМ СЕКОЈА ЖЕНА ДА ПРИЈАВИ СИЛУВАЊЕ СО ТОА ШТО НЕ ПРИЈАВУВА КРИЕ КРИВИЧНО ДЕЛО.Малце долг е коментаров ама се надевам дека ке го прчитате ако ви треба некаква помош ви стојам на располагање може и со лични пораки. Заборавив да кажам дека силувањето како кривично дело не застарува.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас за ваква работа палам живи 'луѓе'.
     
    На hrcace и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  13. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Во право си, но мора да стигнеме дома некако, нели? Затоа убаво анализирање на таксистите пред да влезете и секако возење само со проверени такси компании.
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Леле се наежив од сите приказни што ги прочитав. За овие гнаси само бесилка и тоа на сред плоштад сите да ги гледаат :@ . Уффффф женски треба да се пазиме, никој не е сигурен. Во никој не треба да имаме доверба, АМА БАШ ВО НИКОЈ!!!
     
  15. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    за ваквите ГАДОВИ да им се исечат па тоа таквото да им се напика во га*от па живи да се закопааааат :@ :@
     
    На hrcace и TeaB им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    А за девојчето Оксана од Украина?
    што ја силувале тие 3цата ретарди, па и жива ја запалиле :x :x :x ...Јас би смртна казна за сите 3ца, тоа нормален мозок не го прави
     
    На Alesii и blond им се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    За нив само ножот и крц вратот. :devil: Или пак на бесилка како што некој предложи.Најстрогата казна.Уфф ми се гади од дното на душата од овие психопати.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    И уште фали да им одредат мала казна и да ги пуштат бргу. Уште тоа фали да се случи и веќе од утре носам нож со себе
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    И јас имав една непријатна ситуација, која за среќа не заврши трагично. Кога бев втора година на факултет, запознав еден дечко, ми се допаѓаше, и јас него, па така почнавме да се гледаме. По неколку дена откако се "фативме", ја начекал цимерката моја која беше излезена, и така разбрал дека сум сама дома. Јас се туширав, и до ден денес не знам како влегол во станот, пошто јас немам навика да оставам отклучено. Се си мислам дека влегол преку терасата, оти живеевме на први. Кога излегов од купатило, го гледам во дневната, и многу се зачудив. Му реков да ме почека да се облечам и дека ќе пиеме кафе. Кога се вратив почна да ме бакнува (што не беше чудно, оти нели се "фативме" пред неколку дена), и почна да настојува за секс. Мене некако ми се гледаше рано за секс. Сакав прво да го запознаам малку подобро. И покрај моето одбивање, тој продолжи, и стана многу груб. Ми ги држеше рацете цврсто што не можев да мрднам, и со сила сакаше да ми ги соблече алиштата. Почна дури грубо да ми гризе на вратот. Ама ете, пусто женско може да биде десет пати посилно од машко, ако треба да се одбрани, иако сум доста ситна и слабичка, ми дојде една сила и го исфрлив од мене, го зедов мобилниот од масата и истрчав во купатилото. Се се случи многу брзо, како на филм. Му се заканив дека ќе се јавам во полиција ако не си замине. Среќа замина. По некое време ми се јави да ми се извинува, ама јас не сакав да чујам, па фино лепо го отерав у три лепе..... Од тогаш се осеќам многу посигурна и посилна, и бев горда на себе и на тоа што успеав да се изборам. За среќа, немав некои повреди, иако малку ме болеше каде што ме имаше гризено. Од тогаш фала Богу, не сум имала лоши искуства, и не дај Боже да се деси на некој такво нешто!!!
     
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    буквално се згрозив од ова што го прочитав на темава,навистина ми е жал за девојките кои го доживеале ова,и се надевам на оние кои ги правеле силувањата да им биде вратено,не на нивни деца туку нанив самите,они да бидат жртви нив да ги силуваат :puke: :puke: :puke:

    незнам што да кажам зашто вистина е страшно и треба сите да бидеме предпазливи ,навистина страшно