Мене тоа за малце ке ми се случење на само 11 години... Еднаш ме пратија моите да и однесам едни документи на баба ми... Незнам и јас што беа, но ми беа во ташничка... И прво поминав одкај собиралиштето каде имав другари и другарки... и таму еден повозрасен почна да ми прави нешто муабет, но јас не заприметив баш кој е... После откако заминав од таму да продолжам ме викна на страна... и јас бидејки имав 11 години, отидов, мислев нешто има проблем, и ми ја зеде ташната, мислев дека е за пари но таму за пусто имав документи... И почна да ме уценува и се тоа, ме бакнуваше ме допираше, и тоа не само 1 ден... Ми ги врати уште тогаш но бидејки му реков дека имам документи рече дека видел што има во нив и дека на сите ке кажел ако не го слушам.. Еднаш ме однесе и кај него дома, и мислев дека тоа ке е тоа дека ке ме обљуби, но срека си дојде сестра му, и јас некако другарски ја викнав да одиме до продавничката да земеме нешто за грицкање па излегов и и побегнав, па еден здрав период не излегов од дома, додека еден ден не слушнав дека го пикнале в затвор бидејки исто и направил и на уште едно девојче но таа била поголема и го пријавила на итар начин.. Дури после години кога минаа јас се осмелив да му кажам на сегашниот дечко за ова... И кога ке ме праша некој со кој ти беше првиот бакнеж и кога Срека што не бидна ништо повеке, да не го имам истиот муабет и за првиот секс..
Јас пред 4 години кога имав 15 ипол години мојот ,,другар‘‘ ме силуваше го пријавив,но тој рече дека ние сме биле во врска дека он не ме принудил на ништо ова она и го пуштија од затвор си шеташе он слободен,а јас тогаш морав да одам на психијатар,неможев да спијам,се повлеков од се, не излегував надвор,пробав да се самоубијам,но мојот сегашен дечко ми помогна да го пребродам тоа,ако не беше тој јас сега сигурно ќе бев закопана во Бутел.Позз и многу сум среќна што има многу девојки што го преброделе ова.
Мислам дека за таквите не треба 1 година затвор!Кога ќе излезат исто ќе прават Треба на плоштад да се стават и кој како помине да го тепа се дур не умре
Здраво мои феминки. Пред извесно време влегов во дискусија со девојка (сега веќе омажена) за нејзино одамнешно не толку розево искуство со бившиот дечко. Наводно се расположил со неколку чаши вино и ја наговорил и неа да пивне, девојкава тогаш имала само 17 год. па веднаш ја кутнало тоа виното. Потоа следувал неговиот обид за прв секс (за неа) и додека девојчево да трепне тој веќе бил над неа. Со плачење и замаглено уверување дека така треба да биде биднало и набргу му раскинала.Таа има трауми и ден денешен. Ваше мислење?
^ Мислам дека од правен аспект не е силување. За да се дефинира еден чин како силување мора жртвата да пружала отпор се‘ до крајот на чинот
Девојки немојте да пријавувате во полиција Подобро додека ве држат рацете туркајте мавајте и пробајте да го убиете тоа животно што ве нападнало. Многу жалам што бев толку немоќна, и слаба да направам нешто повеќе. Случајот го прават циркус во судница,..малолетно девојче силувано од 2ца дебили од по 100кг (од кои едниот роднина) ги наместило??? Значи полицајците што дознаа за случајот им кажале дома а потоа и цел град знаеше. Тоа што мене ми се случи на никој не му посакувам,..(раскажав на др тема што беше)како било пријавив во полиција,.цел град дозна,..каде и да поминев ме гледаа како Силованата,..едниот беше во затвор 2-3год колку да се рече,..а другиот замислете и на телевизија беше,..како неправедно го осудиле,..го цитирам новинарот **иако е во бегство и се крие хх дава изјава**,..замислете како ми беше мене кога го гледав тоа на телевизија,..истата таа гнасна фаца,..тоа гнасно животно објаснува како малечко девојче го "наместило",..како било,..беше некое време (не знам точно колку ама не многу 2-3 месеци) и оттогаш не е ни отиден во затвор ни пак ке оди,..Се шета слободно,..Слободно,..Цел град знае и тој се шета слободно,..Ете толку закон имаме,..Оставете ги озборувањата настрана и што да речам сум обележана за цел живот,..Што направија дека пријавив во полиција??? НИШТО Замислете и гинекологот беше толку преплашен што не ни знаеше што зборува и 5 пати ја повторуваше истата работа на суд. Мислев дека сум силна ама откако ги прочитав сите постови ми се врати целата слика што мене ми се случи. И после 10 години не можам да се помирам со тоа што се случи. Се согласувам со една работа,..на тие животни да им се врати и преплати тоа што го направија,.а се додека е вака во оваа држава,..ќе си шетаат слободно тие одвратни створења.Сега имам повеќе да изгубам ама да немав, наместо да кревам рака на мојот живот (како што правев во минатото), би посегнала на нивниот. Многу се вознемирив и некои работи можеби не се добро поврзани,.
Штета што кај нас нема закон за ваквите монструми кои се тие да обележат нечиј сон,нечиј младешки живот? кога би имала моќ би ги мачела до смрт таквите луге кои за свој кеиф предизвикуваат трауми на девојчињата...Мој совет до таквите случаи,знам дека на збор е лесно да ви се каже бидете силни,ама морате да бидете,не се срамете не сте вие виновни,шетајте со крената глава пред опшеството а не како обележани девојки
Така е. Прашањето е неговата возраст во случајот, бидејќи таа е малолетник. Доколку тој бил полнолетен, сепак ќе имаме казнено дело.
Читајќи ја темава ме запрепасти висината на процентот на кои силувањето им се има случено. Жени, тоа не смее да остане неказнето! И никоја жена не смее во ниеден момент да помисли дека таа на некој начин го иницирала тоа, или пак дека е виновна самата. Ниедна силувана жена не е виновна! Не значи не и точка! Морате да му вратите на тој неранимајко кој и да е и на каков да е начин, зошто ако не преземете нешто во врска со тоа, немој да мислите дека ќе заборавите. Ако замижите пред нештото, не значи дека тоа не постои. Мораме да се бориме сите заедно и да им дадеме поддршка на жртвите. Не ми се верува какви гнаси уште постојат. Па уште напаѓаат и деца!
еден мој професор викаше дека со првото влегување е веќе силување, бидејќи за некој првото влегување е свршување. Кривичар кој цела кариера ја посвети на крвичното право. Иначе, ако ја онесвести и продолжи да ја силува, она нема да дава понатаму отпор. Сепак е силување. Затоа, и еднаш да речете не, и тој продолжи, тоа е секс без ваша согласност, односно силување. Жал ми е што има вакви работи, а посебно што тие идиоти не се свесни дека оставаат трага и болка засекогаш
тие лишинари не размислуваат на болката на жената на нејзините солзи и на страдањето тоа се случува и при самиот акт тааа да вика да моли и да пружа отпор тие се болни луѓе кој тој отпор уште повеќе ги возбудува во тоа е проблемот...
Кога бев помала често ни се случуваше со тогашната моја најдобра другарка да не следат манијаци. Ама јас конкретно, сама, сум се нашла два пати во навистина лоша ситуација. Се тоа се случи кога имав неполни 16 години, бев на одмор со мајка ми два пати летото. Првиот пат кога се вратив истиот ден не ми се спиеше иако рано стигнавме и излегов да си прошетам низ маало со слушалки на уши, како што си имав навика. Без да сфатам си продолжив накај плоштад низ центар и ѝ се јавив на една другарка си правев муабет, кога приметив дека еден оди паралелно со мене и кога го погледнав почна да ме прашува дали сакам да се запознаеме. Прво го игнорирав, но кога видов дека тоа не помага му кажав дека не сакам и дека е подобро да ме остави на мир. Секако тој не се откажа, одеше по цел пат по мене а јас цел пат правев муабет на телефон, така се осеќав демек побезбедно. Кога се приближив блиску до дома ме фати уште повеќе страв дека ќе дознае каде живеам. Бидејќи мајка ми дома спиеше не сакав да ја будам и да ја плашам, а татко ми беше на работа, ѝ се јавив на една нејзина другарка што живееше во близина и му кажав дека сум го викнала татко ми. Ни тоа не ми успеа, почна да ми вика дека не му било гајле, баш супер ќе го запознаел. Ми рече или да го бацам или да му дадам број или нема да си оди. Тогаш за среќа пристигна другарката на мајка ми и без разлика на толкавото "јунаштво" него веднаш го снема. Бев многу потресена. Вториот пат на одмор во Турција еден турчин од речиси 40 години кој му беше пријател на газдата на хотелот, додека бев во кујната од лобито, ме праша дали смеел да ме баци. Истиот момент побегнав од кујната и се вратив каде што седеа сите, ама ќутев цела вечер како трауматизирана, додека не и кажав на мајка ми што се случило. Навистина има толку одвратни луѓе да му е гнасно на човек што го дели истиот воздух со нив. П.С. Знам дека ова нема врска со силување, ама видов во постарите мислења сте споделувале и слични искуства, па затоа го напишав и јас ова.
Ме трогнаа многу приказни од тука,посебно оние на кои има се случило силување.Па тоа е повеќе психичко малтретирање отколку физичко.Раните,модринките ке заздравот но споменот,верувам,никогаш.Ти можеш да продолжиш со животот,можеш да бидеш радосна,насмеана но тоа незначи дека никогаш нема повторно да се врати споменот.И најтрагично од се е што ке нема правдина.Ке немаш подршка од никого,сите ке те гледаат со чуден поглед во очите,едноставно животот ке ти биде уништен засекогаш.Немојте да велите дека сум нешто проста,ова,она со труските серии ама Судбината на Фатмаѓул е чиста вистина,нема правдина,нема.Можеби и полошо е во реалноста ( сигурно е полошо).Мене ме боли и со самото читање на некои трагедии овде а неможам да замислам како се чувствуваат жртвите.
Се согласувам со Stefani999..тешко тоа девојче кое ќе биде силувано..секој ден се повеќе и повеќе вакви злосторства има ..грев е но дали на тој човек му е гајле ..за ваквите луѓе не е доволен затвор..