Еве како да се спасите од силувачите. Јас не сум искусила такво нешто зошто и кога видам дека некој ме следи, одам во гужва.
За жал и мене ми се има случено вакво нешто пред 5години....И сеуште кога ке се присетам на тоа солзи ми течат и голем гнев и нервоза излегува од мене.....но немав сила немав храброст да се спротиставам....надвор бев од државава сама....работев таму немав на кого да кажам кој ке ме заштити...иако и тој е македонец....се обидував на различни начини да го избегнам тоа што тој ми го навестуваше дека ке се случи народно кажано ИЛИ МИЛУМ ИЛИ СИЛУМ. Секакви изговори наоѓав два месеци но третиот месец не успеав. Самата размислував ако кажам дома што ке се случи ке дознаат сите ке ме гледаат со прст ке ме кажуваат ЕВЕ ЈА ОВАА ШТО ЈА СИЛУВАА Не сакав така да ја разболам и мојата мајка да се разочара и мојот сегашен сопруг со кој имав долга врска тоа време а и ако му кажев него знам дека ке избиесе голем скандал не сакам ни да размислувам но за некој ке беше кобно време. Затоа остана голема тајна грозна тајна која ке ја однесам со мене А никогаш во животот не сум проколнувала никој но овај скотов морон не знам ни како да го наречам Господ ке му наплати со голема казна а секогаш патат најмилите што не го посакувам на неговата 18год керка таа за ништо не е виновна но така следат работите/ :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'(
Јас бев присилувана од еден да имам секс со него. Секој ден ме малтретираше ме вреѓаше ме скубеше.. Јас бев само 16 години и бев исплашена да пријавам во полиција несакав да имам повеќе проблеми. А и никако несакав да ја изгубам невиноста со него после цел живот ќе жалев да го направев тоа. Го издржав тоа 6 месечно мачење иако имав проблеми попуштив со успехот, не јадев, ослабев многу, а од моите никој дома незнаеше.
Сеуште се секавам на тој ден Толку болка ми создаде тој ден . Тоа беше со еден дечко-наркоман кој многу го сакав ,постојано ми велеше да имаме секс но јас одбивав и ете така еден ден после училиште отидов кај него дома пиевме кафе, се скикоткавме . Си направи џоинт и го испуши пред мои очи , потоа почна да ме задева да бара секс јас секако одбивав , пушти порно филм на телевизија се обидував да се отргнам не неможев ме соблече , па потоа си го извади и почна сексот . Не дека не ми се допадна сексот ама ако ова може да се каже силување тоа е мојата случка.
А зошто не го пријавиш? Па фала богу дека е силување,те принудил да имате односи.За таквите само отсекување на неговиот полов орган,па да видеме дали некогаш ќе погледне женско газе,не па да силува!
Пусто бев само дете од 16 години, се осуди и да ме удри да ме нуди со марихуана . Многу го сакав и продолжив да се гледам со него уште месец два. Секогаш кога ке се видевме ме присилуваше на секс. А кажев имам менструација го немаше 1 недела да се јави се на раб беше(раб на кожув). Ова е прв пат да си ја олеснам душава
Измислува. Трол некој. Гледајте и го речникот прво, второ видете од каков карактер и се мислењата што ги оставила за нецел час откако е член.
Навистина ми се случи ова кој како сака нека го свати. Незнам дали беше силување но бев чин на ова случка.
Уф господ да ги казни таквите говеда па што им е убаво така бе леле целата се ежам кога зборам за ова,и мене ми се има случено слична случка,имав едно друштво во прилеп и ме викнаа на гости и отидов и требаше да преспијам таму и тоа демек најдобрите другари и другарки и вечерта во 10 саат ми викаат ќе сме имале гости дома не можеш да останеш кај нас и јас шо да праам возот беше сабајле во 5 а автобус немаше останав сама сред прилеп и без пари,и се јавив од ск на еден добар другар да дојде да ме земе а он не можел и викнал некој си негов познаник и тој дојде и на полат пат од ск почна да ме допира јас готово мислев ќе умрам не сакав тоа на тој начин да се случи му реков демек имам менструација ова она измислував 300 глупости и ми вика сеа ќе те соблечам па ќе видам дали имаш менструација и му викам ајде утре ќе се видиме утре ти ветувам сега остави ме и однеси ме дома и среќа го убедив некако дома немав ни сила да и раскажам на мајка ми и тоа тој другарот ми пратил шиптар и утредента шиптаропт го дознал мојот бр и ми рече знам и кај живееш или симни се пред зграда или на мајка ти ќе и направам нешто и јас тѕолку многуу ја сакам мајка ми што си викам боље јас ќе трпам него ли на мајка ми да и се случи нешто..нон стоп со закани а ми беше страв да пријавам во полиција зошто овој дознал сите информации за нас само ако го пријавев ќе пратеше други луѓе кај нас дома,со шиптари ќе си имаш работа тоа нема никогаш да го заборавам иако сега имам и маж и дете,не посакувам такво нешто ни на непријателот,а за таквите сред плоштад да им ги дерат кожите полека споро да умираат и да трпат болки
Темава е значи да не посакаш да имаш женско дете! Страшно! Нема да солам памет никому дека требало да пријави во полиција бидејќи сите знаеме колку ригорозни се мерките од страна на судството кон ваквите кривични дела. Попрво вие ќе испаднете криви што сте биле силовани отколку монструмите кои го сториле тоа. Мене да ми се случи нешто вакво, пу пу скраја да е, и познавајќи се себе си, само ќе сакам да го убијам оној кој се дрзнал да ме обечести! И само таа мисла ќе ми биде основен двигател во животот без оглед на консеквенциите.
МЕне ФАЛА БОГУ не ми се случи такво нешто но за малку ке ми се случеше... Пред 2 месеца од прилика се мував да речам со едно дете и требаше да се видиме и кај ке одиме он вика ајде накај мене ке одиме. и ја као ок ајде (немав никаква лоша намера или нешто друго БОГ ми е сведок) и стигаме кај него и тој одма почна да ме бацува..али некако ме легна на кревет и почна секаде да ме фаќа и ја сватив колку е саат и му реков ако планираш нешто да знаеш дека нема да ти успее и тој кретенот ми вика абе знаеш што работата е во тоа што ја не планирам нешто, ја плановите ги смислувам во моментот. И мене тука паника ме фати само нејкев да му покажам тоа и станав демек да сменам песна за да се тргнам али тој пак ми се залепи и почна да ме фаќа сегде ... После тоа се соблече по боксерки зашто беше по фармерки јас верувале или не пребледев . ама среќа облече тренерки..и па ми се нафрли, ми идеше да плачам во тој момент.. неговите дома беа али вика он не зборел со нив веќе 2-3 години само онака службено и дека не му влегувале никад у соба. леле ја тука уште толку се исплашив. Се навлажни жими се видов точка на тренерките во пределот кај пенисот, и после отиде во ве-це демек му течел носот ..како не бе... и после почна некои муабети да ми врти дека многу болело коа ке се напалел коа ке му се дигнел а немало да сврши па незнам уште што... и ја ништо не му реков а коа бевме легнати на кревет коа се мувавме покушаваше да ми ги рашири нозете но цело време му пружав отпор.. После среќа сестра ми ми се јави кога ке си дојдам дома да ме праша а него го излажав демек сум морала дома да си идам..Викнав такси, си отидов и од тогаш го немам видено прекинав секаков контакт со него..од тогаш ми стана одбивен ми се гадеше од него а многу ми се свиѓаше на почетокот.. кога си дојдов дома во кревет плачев цела вечер неможев да се соземам се кошмари имав Како поминуваше времето полека заборавав на тоа али и ден денес кога ке се сетам на тоа ми се плаче, јас од тоа се преплашив а камоли да ме силуваше...мислам дека да беше сам дома дефинитивно ке ме силуваше.. За ова знаат само сестра ми и најдобрата другарка... Знам дека ви личи на измислица ама само ја знам како поминав таа вечер. да бог да никад не се вратила...
затоа не се оди по туѓи куќи,поготово ако не го познаваш повеќе од доволно тој што те поканил кај него.
100 % се согласувам со болдираното! Пред некое време девојче беше силувано, пријавиле нејзините во полиција, тој го притворија на испрашување и толку, испадна таа самата си го барала, била курва, итн. , а девојчето мирно ни на мравка не гази! Пред некој ден со татко и шеташе, со наведната глава и двајцата! Нема правда! И после некој ќе ми рече: "Ajде кога ќерка?", Јас: "Не сакам ќерка". E како така женско дете не сакаш, епа така не сакам
Значи,ги прочитав сите постови и разбирам дека темава е отворена одамна, но сакав да коментирам. Мене ми се нема ништо такво случено за среќа,но најискрено мислам дека со тоа што ќе пријавите во полиција во Македонија,никој ништо нема да превземи. Најмногу ми се допадна идејата да си носите џебно ноже зошто според мене во некои моменти ќе ви притреба. Знам и дека е илегално ама на денешницава... Јас не сум давала многу совети,па само сакав да ви речам: Само гледајте напред и со крената глава и ако некој ви пријде, само вади го ножето и цврсто оти поинаку неможи. Со среќа,се надевам дека на сите што ви се случило ова ќе пребродите и поздрав. П.С. And don't worry,because you are awesome as you are!
Леле пρемногу ми жал, ме ρасплаκа . Κаκо не му било жал на тој гад да ти го напρави тоа κаκо!? Господ да ти е напомош и да даде господ да бидеш најсρеќна и да најдеш неκој што ќе те саκа и ниκогаш да не ти се случи тоа повеќе, κаκва тρаума е тоа! Κаκо, κаκо можел, навистина пρемногу ми е жал. Ајде се ќе биде во ρед ти си била силна девојκа штом си го доживеала тоа, ти си силна девојκа запамти го тоа. И не губи надеж во животот, чеκоρи со испρавена глава. После дожд доаѓа сонце.
Никогаш не сум била во некоја таква ситуација,туку ми се има случено некој простак само да ми дофрли нешто. Ги читам вашите мислења и се нервирам дека такви идиоти поминуваат толку лесно. Најмногу се нервирам кога некој ќе рече дека женските се криви,сами си го барале,вака нака била облечена,што барала на тоа место во толку саат...Добро де,кој сака да биде силуван?А тие што имаат по 4-5 години,што се силувание,тие сами да не си го бараат?Пред неколку години на телевизија слушнав дека било силувано некое седумгодишно момче мислам од некој 10 години постар(не се сеќавам дали баш беше десет години постар или повеќе).Случајно да не се облекувало провокативно?Знам за еден професор(нема да кажам од кој град е ниту по што предава) кој беше обвинет поради тоа што се обидел да силува некоја ученичка.На крај никаква казна не доби,а ми имаат кажувано дека многу малку фалело да оди во затвор.И знам за една жена која била силувана кога имала десет години и сега има некој дефект,мислам дека нешто и било на нозете,не знам точно(лично не ја познавам жената).Друго некоја ромка била силувана од неколку машки,не знам на која возраст биле.Ама нема врска од која вера или нација е.Жално е. Тоа е траума.Па,и пед некој месец на телевизија слушам дека некое девојче(не памтам колку години) била силувана од полицаец. Не треба да му се верува на никој. Да ти е страв да излезеш.Жал ми е многу и за децата ,како можат да му го направат тоа на дете??? Болни.Имам прочитано дека повеќето од силувачите веќе се познавале со жртвит,затоа што на тој начин можат да ја искористат нивната доверба.Најмладата жртва 4 годишна возраст. Па нека зборуваат после кој е виновен,дали сами си го барат. Кога ќе слушнам некој да го рече тоа,излегува како жртвите да се виновни. Треба да има построги казни.
Тие силувачите кога ќе ги фатат треба прво да ги стават на плоштад како во некои муслимански земји и сите да ги каменуваат. Прво здрав ќотек цели да ги испокршат и после да ги кастрираат. И така цел живот да бидат инвалиди со сите екстремитети. Па другите да размислат малку пред да направат нешто. Жал ми е за сите што им се има случено да бидат жртви на силување, и за тоа девојки пазете каде се движите и со кого.
Стварно ми е жал за сите вас кои сте биле жртви на силување. На мене никогаш ми се нема случено такво нешто, само еден простак ме фати за задник кога се враќав од трчање. Колку само бев исплашена тогаш, прво се исплашив, па одеднаш добив храброст и му се вратив да го "истепам" ,а он па ми вели нормална ли сум била, па она, па ова. Ама после го спомнував со најблиските другарки некако како од шала. Мислам бев преплашена тогаш, а камоли да сум била силувана. Него, повеќе би требало да ни е страв од постарите педофили, него од младите, тие се плашат од затвор.Но да ви кажам за оние девојчиња од арабските земји, јадни ти се мажат со старци од по 40 год. ,а она дете од 7-12 години. Слушнав една приказна од другарка ми дека некое девојче од околу 8 год. било одадено со 40 годишен и имало секс со него. За жал, при сексот многу прокрварело и девојчето починало, поточно ДЕТЕТО. Колку несовесен човек, а уште непосовесни родители.Како можел да помисли дека може да го задоволи едно мало 8-годишно ДЕТЕ БУКВАЛНО ДЕТЕ. Без гради, без никаква привлечност, освен невиноста што ја крие во себе, значи стварно не можам да ги поднесам таквите ПЕДОФИЛИ. А, пак родителите, ма какви родители они се буквални МОНСТРУМИ. Женско дете било, па не е човек. Би се побуниле многу христијани, многу други луѓе, него НЕ ТОА БИЛО НИВЕН ОБИЧАЈ, ТРАДИЦИЈА, до толку без осет. Па, сум чула дури дека малите деца во арапските земји ги фрлале во канта, БЕБИЊА САМО ШТО ИЗЛЕГЛЕ ОД СТОМАК. БУКВАЛНИ МОНТРУМИ !!!!!!!!!