1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    @kravce ,сосема си грешка во однос на нашите пораки до помладите девојки. Сакаме да кажеме дека ни една девојка не заслужува силување и секако треба да го пријават силувањето, ама за жал многу од тие девојки го кријат тоа затоа што чувствуваат дека сами на некој начин придонеле да се случи тоа, а не ние така сме им кажале. Значи овде не зборувам за силувања од типот манијаци во заседа па која девојка налета ја силуваат нити зборувам за бабата што на 70 год и влегле да ја ограбат и патем ја силувале. Жал ми е што не сакате да сфатите, ама ние ви кажуваме како да се заштитите. Дали на некоја што е силувана повеќе и значи што силувачот ќе одлежи некоја година во затвор, или повеќе сака никогаш да не се случело тоа. Ако некој сака да се заштити ќе превземе се што е во негова моќ на било каков начин да го избегне тоа. Јас немам ќерка, ама син ми ги советувам да се држи подалеку од конфликти, тепачки, да не предизвикува кавги ако не сака да си дојде дома со скршена вилица.Зашто џабе е после ако некој одговара за делото што го направил ако те остави емотивен инвалид за цел живот, те уништи и психички а неретко и физички.Значи ова беше само совет, не осудување, ако сакате да сфатите.
     
    На eloves и referentka им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.750
    Пол:
    Женски
    Советите треба да се однесуваат на оние што силуваат т.е треба мажите да се научат да не силуваат.
    Не ми е јасно како упорно одите со глава во зид, и советувате некоја да не се облекува вака, да не се облекува онака, советувате како да се понаша, а не сте свесни дека болен ум си е болен и ништо не го спречува.
     
    На Hipica, tessie, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Душо во право си.Реков дека нема да пишувам повеке ама ова ме бендиса.
    Зад секој се крие по еден болен ум.Во такво време живееме.
    И во право си-болен си е болен ништо нема да го спречи.
    Кога ке дојде лошото веке е доцна за нас жените
     
    На Daleron, okcenzi, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Мажите се во ген агресивни и не знам како ќе ги научиш да не силуваат, впрочем која е втората по распространетост активност во војна после убивањето?

    Тоа што би можело да се направи е да се заострат законите за силување (многу да се зголемат казните), да се подобри едукацијата на целата популација почнувајќи од основно училиште, да се детабуизира сексот, децата и тинејџерите да се образуваат за проблематиката и се разбира секоја жена и девојче од најмали да поминат обавезен тренинг по самоодбрана.

    Тешка и непријатна тема но за жал секогаш актуелна.
     
    На Hipica, tessie, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Уф ми се слоши од твојот пост. Како да ти е мило бар малку некој што ја “опаметил“ другарка ти и што ја “подвиткала“ опашката. Не, таа не извлекла наравоучение, туку траума за цел живот и стрес кој може да има многу големи последици и да предизвика опасна болест.
    Свесни сте ли дека во муслиманскиве земји има поголема стапка на силувања за 30 % од кај нас? Погледнете статистика. Многу случаи од нив не се ни пријавуваат, зошто секако жената е секогаш крива иако може да биде во бурка- прекриена со црна вреќа од глава до пете.

    И се додека си премолчуваме овие работи, се до тогаш мажите ќе го прават ова. Се додека ние се обвинуваме, до тогаш нема ни да добиеме помош.

    ЖЕНИ престанете тоа да го поврзувате со облекувањето, шминката и пијанството. И гола да сум и пијана да сум, ако сакам да се мувам со некој, а кажам не на сексот, тогаш до тука и треба да биде границата. Како е јас да го прашам него, “ ај после мувавње да ти го исечам пенисот“, тој ќе рече НЕ и јас ке кажам ок. А не да му го исечам зошто тој ме испровоцирал, бидејки не несол боксерки и му бил лабав во панталони.

    Сум помислила на ваква сцена и да ви кажам, мислам дека не би се одбранила освен ако ми се врзани и раце и нозе. На секој друг начин би му го осакатила за навек.
     
    На hermosa, eloves, Daleron и 11 други им се допаѓа ова.
  6. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    И да се надоврзам само, не се работи за сите мажи, туку само за одредени лица, психопати кои за жал нити сум била во можност да ги советувам нити, сигурна сум, би прифатиле совет. Добро кажа, болен ум си е болен ум, затоа ние здравите да се заштитиме на секаков можен начин.

     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Секој има различен став.
    Не ми е мило што тоа и се случи, напротив жално е....но секој ден сите и зборевме дека однесувањето не и е на место...
    Муслиманските земји не не интересираат , не ги спомнувај.
    Работите знаеш зошто се премолчуваат ? Бидејки кога ке отиде на сослушување во полиција таа мора да каже дека НИКОЈ НЕ ЈА НАТЕРАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КОЛА !!!
    Не е кажано да не се носат мини и деколтеа, но кажано е да се промени ОДНЕСУВАЊЕТО...ПОВЕДЕНИЕТО..
    Еве покажете го мојот пост на родителите ваши и бидете искрени што ке кажат.
    Значи не сакам да Ве убавдувам во ништо, напротив го почитувам Вашето мислење, НО ако малку барем се замислите што сум напишала, ке видите дека не зборам на памет.
    Пола живот го поминав со вакви случаеви и Ве молам прифатете се што сум напишала за НАШЕ ДОБРО.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Најмногу што сакам е да не постои оваа тема овде и да нема жалби од тој тип.
    Но се додека одиш на сред булевар на црвено и очекуваш некој идиот да не те згази оти тоа е нехомано и незаконски и за тоа се лежи затвор , дотогаш ке има дискусии на форумов.
    Извинете сите ТИЕ кои мислите поинаку, но кога ке поминете дел од живото во вакви проблеми, ке согледате некои работи.
    И јас на мала возраст се противев на вакви тврдења, но соочувањето со настани ме смени преку ноќ.
    Поздрав од мене и толку
     
    На anel, sajonaramucaca и veren им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ти ова сериозно?
    Баш муслиманските земји каде има и смртна казна се најдобар пример дека и да си од глава до пета прекриен, манијакот останува манијак и треба да се уништи исто како заразна бактерија. Без милост, без сожалување, без трепнување.

    И како тоа сакаш да ми кажеш дека ако се промени однесувањето и облекувањето, ние ќе бидеме заштитени од вакви чудовишта?
    Колешка моја од работа едвај спаси жива глава. Се обиде манијак да ја силува додека таа беше сама во канцеларија, облечена во војнички широки панталони, црна ролка и волнена капа. Среќа што дојде газдата од локалот на време, па чудовиштето избега, но сепак го пријавија во полиција. Девојката тој ден средуваше изнајмени компјутери за интернет кафе. Ноември месец во 18 часот, во приватен локал. Значи немаше ни провокација, ни шминка, ни минич. Среќа па за неа што вујко и беше командир на полициската станица.

    Може да се заштитиме, само доколку пријавуваме, доколку се поддржуваме и доколку бараме високи казни за овие монструми. И кога јас би слушнала дека некоја силувана девојка бара висока казна за овој грозоморен чин, а законот тоа не го дава, еве јас ќе организирам протести, но знам дека останатите девојки нема да ми се придружат, зошто ќе излезат со ставот дека сама си го барала. Исто како што читам во постовиве.

    Освестете се, не е облеката и шминката во прашање.

    Според овие работи што ги читам, тогаш ние жените да се затвориме дома и да не помислуваме на плажа и костими за капење. Пошто ако сме разголени на плажа, голема е веројатноста да им даваме зелено светло на било кои мажи да не силуваат. Ако во мојот двор излезам во шорц за да ги навадам цвеќињата, тоа значи дека мојот комшија монструм има право да ме силува. А што е со малите деца? Како тие испровоцирале? Сигурно со пијанство и шмекање нели? Ако некој маж не може да се воздржи од овие луди нагони и задоволства, тогаш тој и не заслужува да има полов орган, бидејки тој му служи само за нанесување на нечива болка. Овие личности се рак за опшертството и тие не се потребни на овој свет, барем не слободни.
    Значи девојки седете дома на компјутер, не излегувајте надор и надевајте се дека на поштарот нема да го фати лудило и додека сте сами дома, разбушавени и во трењерки, нема да му се присака.

    ДОСТА Е СО ОВИЕ РАЗМИСЛУВАЊА. Дајте поддршка а не осуда.
     
    На НаталиЛили, barbiegirl.24, Jordanovska-K и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Девојки јас искрено ве советувам сите да си купите солзавец и да си го чувате секогаш во ташна.
    Евентуално исто така би можеле да земете некаков курс по самоодбарана.
    Ако имате некој нејасности можете слободно да ми се обратите по пп.
     
    На okcenzi и referentka им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    99.994
    Пол:
    Женски
    Темава е навистина тешка но...
    Јас како жена или девојка небитно во која категорија сум,имам право да се облекувам во мини сукњи,деколтеа,да трепкам,флертувам,да се смувам со кој сакам(секако ако и тој сака),да одам по темни улици и шуми и не знам какви се не места.Значи имам право. (стилот на облекување и однесување не се тема на оваа тема)
    И не ,никој нема право да ме пикне во кола,па дури и ако доброволно сум се качила,да ме одведе некаде и да ме тепа и да ме силува.Значи никој,под никакво оправдување,било да се искаже дека бил провоциран,напиен,фрустриран.
    Проблемот е тоа што кај болните мозоци,се од ова горенаведено може да го предизвика да изврши силување.И тоа наводно да е негово оправдување.Но на таквите како што велите и бушавата коса или должината на маицата им е доволно да направат нешто толку одвратно.Значи проблемот е до нив а не до облекувањето или однесувањето.Силувањата се случуваат насекаде,не мора да има темни шуми или улици.Силувач може да се крие позади секое лице.
     
    На Strumka22, Annath, barbiegirl.24 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    32.934
    Пол:
    Женски
    @okcenzi е ова беше тоа што и јас го мислам, само што неможев да пишам многу од телефон.
    НИКОЈА ДЕВОЈКА, АМА БАШ НИКОЈА, НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ СИЛУВАНА, ПА И ДА ШЕТА ГОЛА!
     
    На eloves, MaryAntoaneta, Valerin и 6 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Темава не ни сакав да ја отворам, зашто е болна и тешка, ама гледам дека е активна и се развила некаква дискусија последниве денови, па дојдов да прочитам што имате да кажете.
    До оние кои викаат дека „девојката сама си го барала“ и не знам ти што, ќе кажам само едно - на психички болен човек не му значи физичкиот изглед, доволно е што гледа девојка/жена пред него. Не знам како да ви објаснам, ама тоа деколте, минич и слично, нема никаква улога. Таквите болни умови ги „пали“ насилството врз некој што е беспомошен и тука никаква пристојност не ви помага.
    Кога ги читав постовите на референтка во темава, ми текна на една слика што ми остана во глава од SlutWalk.
    [​IMG]
    А ако ве интересира целосната приказна на оваа девојка, можете да ја прочитате тука.
     
    На sparklie, Hipica, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Не знам дали сте свесни,ама секој што оправдува насилство oд било каков тип или не покажува емпатија кон нападнат се класифицира како психопат.
     
    На sparklie, MarchelineAmaru, barbiegirl.24 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас не знам, не се читаме или не сакаме да се разбереме? Дали некој во нашите постови прочита оправдување за силувачот, дали некој прочита обвинување на жртвата, премолчување на делото или нешто сл. Сите рековме дека ни една девојка не заслужува да буде силувана, нити сама си го барала. Работата е што некои болни умови тоа така го сфаќаат, зборувам за силување на девојки со послободно однесување, инаку има секакви случаеви.
    Некој погоре напиша и го спореди тоа со дали го оправдува крадецот отворена врата. Јас велам НЕ. Ама јас подобро се чувствувам ако ја заклучам, зашто ми е полесно да мислам дека крадецот не може да влезе, отколку да се справувам со нередот што ќе ми го направи и да се тешам со неговата затворска казна.
    Инаку нити едно општество не умее да се справи со психопати, дури ни најразвиените. Дури мислам во развиените земји почесно е присуството на психопати, случаи на силување, педофилија, насилство. И не силуваат само психопати, силувач може да биде секој од твоето опкружување кој во даден момент го исклучил прекинувачот во мозокот. Луѓе кои не можат да се препознаат, зашто живеат сосем нормален живот се до дадениот момент. Кој се занимава со психологија би требало да знае дека и еден пад на глава како дете, после 30-40 год. може да доведе до исклучување на прекинувачот на дотичната особа Ете моите постови беа во насока да не се доведете во можност да бидете во негова близина кога се случи тоа, секако ако може да се препознае. Инаку пак ќе повторам, не зборувам за оние "случајни" силувања кои потврдено ги прават психопати. Толку имав, кој сака ќе разбере што сакам да кажам.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    NE znaci NE. Pa duri I koga si vo brak. Nikoj nema pravo na sila da te zeme. Tolku od mene.
     
    На tessie, veren, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.750
    Пол:
    Женски
    Да, прочитав оправдување за силувачот - бил под фрустрации и испровоциран (не од тебе ама не знам зошто ги браниш), прочитав обвинување на жртвата - провокативно била облечена, прочитав дека сама си го барала па си го свиткала опашот. И значи пак и во истиов пост, ги оправдуваш на некој начин постапките на силувачите со тоа што "зборуваш за оние послободни девојки".
    Епа дај одлучете се!
     
    На Sanjichka007, crimson и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Ако не си прочитала од мене, не ме цитирај мене тогаш. И за девојките со послободно однесување прочитај точно што напишав, дали напишав дека ги оправдувам силувачот? На крај на краиштата не знам колку му значат на некој сите казни и обвинувања за силувачот кога ќе го доживее силувањето. Ете можеби ние грешиме со нашите совети, ама па никоја од вас не даде конкретен предлог како да се заштити девојка од силување освен што го повторувате тоа Не значи Не. И јас го велам тоа, не значи не, ама и размислувам како би можела да се заштити девојка од тоа, се разбира колку може.
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @Prijatelot даде совет. Јас дадов предлог за казни и предходно имам дадено совет за самоодбрана, а и друга феминка даде дури со цртеж
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    Nema konkretni odgovori za toa Kako moze nekoj da go spreci siluvanjeto. Ako veruvame deka devojkata moze da spreci da bide siluvana, znaci veruvame deka taa e kriva sto se slucilo. Vo nikoj moment ne e kriva licnosta sto e siluvana tuku siluvacot.
    Edinstveno sto mozeme da napravime e da vnimavame Kako gi vospituvame nasite maski deca I kako treba da gi percipiraat devojkite. Ako nie Kako opstestvo gi naucime nasite deca deka devojkite treba da gi pocituvaat, a ne omalovazuvaat, mozebi ke mozeme da gi promenime rabotite.
    So samoto toa sto vikame, pazete kako se oblekuvate, pazete kade se dvizete, pazete ne odete vo temni ulicki, ne smekajte, ne provocirajte, ne se muvajte......gi pravime devojkite krivi sto bile siluvani. Znaci Ako se sluci devojkata da bide siluvana vo edna od gorenavedenive situacii, sigurno ne se pridrzuvala do pravilata, I avtomatski krivicata e nejzina.
    Zatoa velime Ne znaci Ne, pa koja I da bila situacijata. Znaete li deka siluvanja se slucuvaat I vo vrski, I vo brakovi? Kakvi konkretni primeri ke dades tie zeni da se zastitat?
     
    На Sanjichka007 и crimson им се допаѓа ова.