1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Причината што не може да се даде совет е што единствениот причинител за силување е силувачот.

    И јас порадо би одела по осветлени улици, би заклучувала дома и не би одела со непознати на места кај што нема многу луѓе, ама тоа не значи дека сум сто посто сигурна.
     
    На Dream-Girl, WarriorAngel и ArmaniCode им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    LADIES: See 8 Steps To Defense


    Ladies, it's time to defend yourselves against unwanted sexual advances. No girl or lady should get raped again if you know how to defend yourself against such an attack. Don't say you can't find yourself in such situation. What about the lady or girl next door? Every female needs to be alerted first, on how to defend herself before getting external help. Here are 9 pictorial tips to employ.

    Step 1: As a rapist reaches for you
    Step 2: Duck under his hands to avoid him grabbing you
    Step 3: Apply what Nigerians call 'Head-boot' (hit him hard on the chest or face with your head) Step 4: Hit him hard on the crotch with your knee
    Step 5: As he holds on to his crotch in pain, punch him hard on the back
    Step 6: He still groans with pain then, hit him on the face with your knee
    Step 7: He falls to the ground in pain. Then either jump on him by lifting your whole body and slamming on him like in wrestling, or use just one leg to hit while he still rolls on the



    rape.png











     
    На eloves, MarchelineAmaru, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Море луѓе, некна минев кај подвожњакот кај Мавровка што е, овој што се прави сега. Сред бел ден, пукаше сонце, светло, јас сама, жив човек немаше. И нели сега е заградено, мора да се качи човек по скалите, фактички преку дел од Стара чаршија да испадне на другата страна.

    Како одам, абе ко да го сетив зад мене дебил еден, не знам како да ви опишам, ужасно чувство. Крвта ми замрзна да ви кажам право. Едноставно го сетив зад мене се лепеше, одеше, јас брзам, он брза, јас бавно он бавно... А мало едно пижлаче, слабичко... Ама салам ме дандалоса. Патот е таков, или по скалите ќе одиш или назад ќе се враќаш, од тротоарот не можеш на улица да рипнеш. Кога требаше да се качам накај скалите, си викам еве те овој сега ако не ме грабне, а од таму ништо не се гледа, просторот е пуст... викам готово, или ташната или ја, епа во живот мислам дека побрзо не сум ги качила скалите.

    Работава беше што одвнатре така неубаво се почувствував, оноа гат филинг ми дојде толку силно, во уста скоро го осетив.

    Фала Богу еден човек помина горе, дали се сецна детево, не знам што беше, ама ме изгледа во фаца и ме одмина. Може и не било ништо, може и ја сум фобична, може па само сакал стотчиња неколку од новчаник да ми земе, како и тоа да не е доволна траума, ама ајде.

    А еве дење беше, јас бев со чизми и со јакничка, не бев дури ни нашминкана. Ова како повратен муабет на муабетот да пазиме кај се движиме, како се движиме, кога се движиме... Ете ако сакаше батето можеше и да ме ограби и да ме силува, море страв ми е да речам, ама да минеше таму некое момиче помало од мене, некое тинејџерче, епа не знам дали ќе си поминеше како јас.... Ете јас од таму одам на факултет, преку центар ми е далеку, што да правам сега?

    Море само ќотек за вакви стоки, и да им го крцнат, па да видиме што ќе им текне да прават после.
     
    На Hipster, tessie, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    32.878
    Пол:
    Женски
    • Rape is never your fault. It doesn’t matter how you dress, how you act, if you’ve had sex before, who your rapist is, what you said to them, how much you had to drink, where you were, or anything else: you getting raped is never your fault. It is the fault of your rapist. They made that decision. Even if you follow none of the advice below, your rape is not your fault and you are not required to take any of these measures. Don’t ever blame yourself. ;)
     
    На Salome, tessie, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ке ми извините девојки за повеќето постови, но над 5 видеа не дозволува





    11111.jpg

    22222.jpg
    33333.jpg

    3та и 4та слика- тој удар знајте дека е и смртоносен со малку поголема сила.
    44444.jpg

    55555.jpg

    66666.jpg
    777777.jpg

    Последниот многу ќе го онеспособи.
     
    На Hipica и Salome им се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Имаше една фраза што ја прочитав одамна:
    Rape is not about sex,its about power.
    Тоа се луѓе кои не знаат да си ги скротат животинските нагони и сакаат да доминираат над други,демонстрирајќи сила.
    А тотално ги разбирам сите девојки кои кријат за самиот чин,бидејќи општеството ни е толку извитоперено и заостанато,на крај можат тебе да те затворат за лажно клеветење и провокација.
    Јас искрено,не знам како би изреагирала во таква ситуација,но знам дека копилето би платило,на еден начин или друг.
    Секоја чест на храброста на девојките кои ги претрпеле траумите од силување.
    Овие часовите за самоодбрана се одлична идеја,јас ги имам вежбано,но работата е за време на таков чин,поголема е шансата да преовладат стравот и паниката,отколку силата.
    Уште полошо ако си пијана или без свест.
     
    На Hipster, galapce, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Кога бев 6то-7мо одделение шетав со мајка ми низ ГТЦ и јадев пица, таа сакаше да влезе во некоја продавница, па јас затоа што имав храна во мене ја почекав надвор. Беше околу пладне, лето, 40 степени. Носев кратко фустанче, и да, по вашите стандарди беше пократко од што треба, дури и горе беше разголено. Јас дете, не ни изгледав женствено на таа возраст, не може да се каже дека сум имала деколте, затоа што немав ни гради. Плус слабички нозе, тесни колкови, цело време ме мешаа со дете од 4то одделение. :D

    Стојам така пред продавницата, поминува еден човек и со цела сила ме удри по задник, и уште почна да се дере по мене, да ме пцуе затоа што носам кратко и сум го испровоцирала па морал тоа да го направи. Мајка ми не виде, никогаш не и кажав, затоа што ми беше срам, ама фустанот никогаш повеќе не го облеков. Видоа неколку луѓе во околина, место да го критикуваат психопатот што ме удри, слушнав коментар: кај ја пуштиле од дома така да излезе, на што личи тоа. Да повторам, дете бев, фустанчето иако кратко беше подолго од шорцеви што носат некои девојки, плус сериозно не мислам дека треба да се правдам на никого за тоа што го носам, а не па што сум носела на 11 години.

    Денес пак си носам кратко, нормално кога е прикладна ситуацијата. Ич не ми е гајле дали е некој испровоциран, затоа што јас облеката не ја носам за да привлекувам внимание или да провоцирам некого, туку затоа што јас лично се чувствувам убаво во неа. Висока сум, па што и да облечам секогаш изгледа пократко на мене. Мајка ми мене ме научи да внимавам на себе, ама да не се менувам заради никого, освен ако не ми мисли добро. А некој психопатски силувач, што обвинува девојчиња затоа што сака да си ги оправда постапките, сигурно нема да ме натера да се срамам од своето тело.

    Баш пред некој ден се запознав со еден дечко во дискотека. Почна да ми зборува, беше прилично фин, имавме некои заеднички теми, и затоа што беше бучно во дискотеката ми понуди да излеземе надвор. Надвор имаше куп луѓе, а и се знам со вработените на влез, па излегов со него. И одеднаш дечково скроз се менува, пробува да ми ја крене маицата, ме бутка, станува агресивен. Е во оваа ситуација не бев воопшто провокативно облечена, закопчана до грло, со панталони и сако, дури ни штикли не носев. Не изгледам многу физички силна, а и прилично сум фина со непознати луѓе, па изгледа им личам како лесна мета на секакви кретени. Го бутнав од мене, и тргнав да си одам, и дечково ми вика: па мислев дека има некаква привлечност, зошто воопшто се симна, да не мислиш да си ја чуваш невиноста до брак?

    Ми се згади. Јас да бев мајка на таков дечко, ќе се срамев од себе и од начинот на кој сум го воспитала.
    Како прво, сосема е нормално некој да те запознае и да сака да прави муабет со тебе. Особено ако те запознал пред 20 минути. Мене ми е гадно тоа мување, секс или што и да е со некој со кој не си склопил ниту еден муабет, а дечково заклучил дека јас го посакувам него од 20 минути зборење за факултет.

    Најчесто сум добивала закани или ме следеле луѓе преку ден, кога се шетам во фармерки и маичка. Сама сум шетала навечер низ чаршија, сама сум се враќала пешки накај дома и никогаш ништо не ми се случило. Ако некој е толку решен да силува некого, би силувал било кој што му изгледа поранливо. Кратка сукња или не, се додека не почнат построго да се казнуваат, се додека не почнат повеќе да бидат осудувани и се додека девојките не престанат да се плашат, кријат и срамат од себе, тоа ќе се случува.

    Инаку, мојот совет е секогаш да целите кон нежните делови од телото, ако некој ве нападне. Удрете го во око, клоцнете меѓу нозе, навечер по темна улична носете клучеви во рака и секогаш наполнет телефон.
     
    На eloves, calliope, Hija.de.la.luna и 14 други им се допаѓа ова.
  8. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Фала богу нешто конкретно, инаку го видов тоа и претходно. Еве предлог за еден колективен форумски курс по самоодбрана. Озбилна сум, не се зезам.
    Ако ги читавте внимателно моите постови ќе сфатевте дека се работи само за една категорија на жртви, кои за жал ги имам во мојата околина, кои по некои статистики се најмногубројни, а за жал со најмалку пријавени и уште пострашно осудени силувачи. Која е причината за тоа, не сум сосема сигурна.
    Ова е форум и јасно ми е дека секој нема да сфати што сакаш да кажеш, ама не правете од еден добронамерен совет дека некој подржува силување. И незнам од кога совет за добро пристојно однесување може да штети на било кој. Инаку имам син Армани и така го воспитувам, ама ја советувам и внука ми како да се однесува во случај да налета на некој невоспитан.
    Ете и во однос на облеката ќе додадам и јас сум носела кратко до г'з и длабоко деколте и не сметам дека тоа треба да е повод за силување, кога мислев послободни девојки мислев на севкупно однесување на девојката.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви ги сфатам глупите размислувања. Ако жените провоцираат со облеката да бидат силувани, објаснете ми како едно дете може да испровоцира за да биде силувано?
    Никој не си го бара, самиот збор СИЛУВАЊЕ укажува на насилство. Никој не сака да биде силуван, колку и да е провокативно облечена, со 1 000 да има спиено, НЕ значи НЕ!!!
    Во никој случај вината не е на жртвата! Како што кажавте погоре, логично е жртвата да пружа отпор, но неретко се случува да не е во можност да се одбрани, односно, да е спречена од напаѓачот. Единствениот кривец е силувачот и единствената причина е неговата болна психа, а не деколтето или миничот.
    И престанете со тие непромислени коментари дека ако одела по темни улички, незнам што ако правела демек си заслужила. Во такви услови е само поголема опасноста дека може да се случи, се согласувам со тоа дека треба да се внимава и да се избегнуваат такви места, да носите спреј или нешто за самоодбрана
    , ама никој никогаш не може да знае кога, каде и што ќе го снајде и ќе повторам СИЛУВАЊЕ НИКОЈ ЖИВ НЕ ЗАСЛУЖИЛ И ЗА ТАКОВ ЗЛОЧИН НЕ ПОСТОИ НИКАКВО ОПРАВДУВАЊЕ!
     
    На tessie, Sky-butterfly, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека ти си го напишала тоа, ама ти беше таа што велеше дека никаде немало оправдување, дека никаде немало осудување и јас само ти кажав дека има бидејќи очигледно имаше невистина во твојот пост.
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас сум за

    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека било кој член на форумот оправдува или подржува силување. Не лепете етикети ако некој прави анализи на можните причини што би придонеле на некој начин до силување.
     
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Единствената причина која придонела до силување е тоа што патиштата на жртвата во еден момент се вкрстиле со патиштата на силувачот, толку! Се останато се само оправдувања на силувачот и обид да се префрли дел од одговорноста за гнасниот чин врз самата жртвата.
     
    На hermosa, Hipica, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Нема потреба од обвинувања дали е девојката (жртвата) крива што не внимавала или била „провокативно“ облечена, се разбира дека нема никакво оправдување за таков чин на насилство, но бидејќи држам тренинзи и курсеви по самоодбрана за деца, жени и возрасни добивам впечаток дека одредени појави посебно што се однесуваат на размислувањето на еден рандом маж или уште поекстремно на еден потенцијален силувач (се разбира не се сите мажи потенцијални силувачи) не ви се на повеќето (се однесува на женскиот пол и го кажувам најдобронамерно) до крај јасни.

    Имам впечаток дека повеќето девојки/жени не се свесни какви процеси се случуваат во главата на просечен маж кога ќе види привлечна девојка. Исто имам впечаток дека уште помалку сте свесни колку е силна желбата за секс со таква привлечна девојка. Солидна респектабилна бројка на мажи (не шпекулирам колкава но не е мала) би примениле сила за да добијат секс кога би знаеле дека нема да имаат никакви последици по сопствената безбедност или уште „подобро“ (условно „добро“ само за насилникот) кога никој не би дознал за тој чин, примерот со воените конфликти го спомнав да не го повторувам. Сите силувања во воени зони ги прават претходно нечии, синови, дечковци и сопрузи, факт што не е пријатен но за кој треба да сме свесни. Затоа и е многу важно да има соодветен казнен систем кој ќе се спроведува но се разбира мора да се работи и на воспитување на децата за улогата на жената како равноправна а не помалку вредна од еден маж.

    Беше спомнато дали е жртвата крива што го предизвикала, се разбира дека не е но минимум здрав разум и соодветна превентива никому нема да наштетат. Тука би го спомнал примерот со велосипедот, дали е виновен тој што го оставил велосипедот незаклучен една недела на улица или крадецот што го украл. Јас сум за големи казни за кражби и други видови криминал и за општество каде велосипедот секој ќе смее да го остави со месеци и никој да не му го украде ама реалноста ни кажува дека е поумно да го заклучуваме и да го ставаме во гаража/подрум ако имаме услови.

    Се разбира дека секоја жена има право да се облака како сака и да оди каде сака но исто така секоја жена би требало да биде запознаена со ризиците од одредени постапки а за жал посебно на девојчињата и тинејџерките никој не им ги кажува потенцијалните ризици.Тука ќе потенцирам дека без разлика што се спомнуваат можните ризици од одредени постапки жената никогаш не може да е крива што некој не знаел или не сакал да си ги контролира нагоните.

    Мене на тренинг девојчињата често пати ме прашуваат зашто машките се тепаат (и како да им кажам дека тоа е во генот на машките и дека природната агресија кај повеќето машки деца мора да се канализира уште од мали и правилно да се насочи за да не дојде еден ден некој да трпи последици). Светот на мажите е свет на моќ (и често пати сила) и една девојка треба да е свесна за тие состојби кај спротивниот пол. Да не бидам разбран погрешно дека сите деца се такви има и „бубачиња“ ама се малцинство.

    Што и како треба да се работи со машките деца не би дискутирал во оваа прилика но со девојчињата и жените треба да се работи на превентива а тоа значи да им се објасни како да минимизираат евентуални конфликтни и опасни ситуации, како да развијат способност и евентуално интуиција да ги избегнат, кои работи не треба да ги прават (типичен пример е објавување разголени фотографии на малолетни девојчиња на социјални мрежи) и се разбира ако веќе дојде до опасна ситуација кои методи постојат за минимизирање на опасноста или за избегнување од таква ситуација (бегство или онеспособување на насилникот).

    За последново се секако важни неколкумесечен реален тренинг по самоодбрана, ако тоа не е можно тогаш курс по самоодбрана проследен со обука за користење на пепер спреј и евентуално предмети што можат да се користат за самоодбрана (молив, пенкало, клучеви итн).

    @okcenzi првите 4 видеа не се реални односно вистински напад изгледа доста поразлично и повеќето од техниките не би имале посакуван ефект. Уште помал ефект ќе имаат и ако девојката не е тренирана каков што е случајот со повеќето жени :).

    Вистинско силување е често проследено со ненаден напад и удар заради онеспособување на жртвата што значи тупаница во лице или силен зашеметувачки шамар, нож заради заплашување или брзо заробување на рацете на жртвата што значи време за реакција многу и нема.

    Кој го гледал „Irreversible“ со Моника Белучи знае за што зборам, од оправдани причини не го ставам линкот.

    Ако некого го интересира како се користи пепер спрејот:
    http://www.samoodbrana.mk/naucete-da-go-koristite-peper-sprejot/
     
    На Annath, Sky-butterfly, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  16. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Ете, се она што јас се трудам да го објаснам цел ден @XMaN ви го објасни од машка гледна точка. Девојките како потенцијални жртви на силување, секогаш треба да се запрашаат што можат да сторат во своја одбрана и колку е можно да се заштитат. Тоа "не значи не,",ништо нема да ви значи кога се случи чинот.
     
    Последна измена: 2 април 2015
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за ваквиот проблем треба да се зборува и во училиштата,на часовите по физичко да им се покажат на девојките барем основните можни зафати за самоодбрана.
    Не значи не,важи само до чинот на силување,кога ќе почне малтретирањето треба да се мисли со трезвена глава и да се извлече со најмало можно да кажам оштетување.
    Со еден дел од изложувањето на @XMaN се сложувам со одбраната но не и со објаснувањето како размислува машкиот мозок.
    Па нели и тоа што сме луѓе треба да знаеме да си ги контролираме нагоните,ако така се размислува ,како што објасни тој,тогаш длабоко сме/сте заглавени во онаа другата страна.
    Нормален маж ќе знае да си го контролира нагонот без разлика во каква ситуација и положба се нашол.И тука барем јас не гледам оправдување.И се согласувам дека во услови на војна или слични ситуации мажите доминираат и ја покажуваат својата „сила“.
    За самоодбраната секоја чест @XMaN ,само што е тажно што не сите можат да си дозволат да посетуваат такви курсеви.Затоа спомнав дека училиштата се најдоброто место од каде може да се почне со учење за самоодбрана.На проблемот треба да се пристапи од друг агол.
     
    На Hipica, bittersweet, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @XMaN морам да се спротиставам на дел од мислењето кое го цитираше @lunicka
    Не можам да се сложам дека мажите се поагресивни од жените, единствено можам да се сложам дека проблемите почесто ги решаваат со примена на физичка сила, но далеку е вистината од тврдењето дека мажите „би примениле сила за да добијат секс кога би знаеле дека нема да имаат никакви последици“.

    Како што напиша Луничка, се работи за тоа дали некој има разум или нема и тоа е тоа. Да беше точно, ќе гледавме силувања на секој чекор, зашто јас кај мене пред зграда можам да се симнам во 1 по полноќ и можам буквално да силувам девојки на секои 15 минути. Си одат пеш дома сами, а обично ставање на рака врз нивната уста да не можат да врескаат е доволно да ги одвлечкам во подрум каде никој нема ни да ги види, ни да ги чуе. Таква ситуација имаат илјадници други мажи.

    Сепак, 99% од мажите кои една жена ќе ги види на улица, не се потенцијални силувачи и не треба да се плашат. Вистина е дека провокативно облечена згодна девојка инстантно им провоцира лачење на адреналин на исто толкав процент стрејт мажи, но далеку од тоа дека сите се подготвени да ја силуваат ако им се даде можност.

    Но, и 1% можност е голема можност, тоа морам да се сложам и добро е девојките да знаат дека во таква ситуација мора да се чувствуваат спремни да дадат отпор.
     
    На Hipica, Hipster, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @lunicka со најголем дел од твоето размислување се согласувам би проширил дека не само женските туку сите деца треба да имаат тренинг по самоодбрана како дел од образованието, но за поимот нормален маж не се согласуваме. Мислам дека ти имаш многу повисоко мислење за поимот „нормален“ додека според мене тоа е нешто сосема друго и не е баш за гордеење.

    @Captain-Omni треба прво да дефинираме што е поимот агресија, очигледно збориме за различни работи. Не знам колку имале прилика да видат како се однесуваат деца во група кога не ги гледа наставник/учителка или родител. Колку различно се однесуваат машките од женските деца. Не би сакал да спомнувам примери но моите сфаќања за човечката психологија се изменија кога видов однесувања кои претходно не ми биле познати и кои претходно никаде не сум ги прочитал. И пак ќе потенцирам има огромна разлика во однесување на машките од женските деца и на еден начин се однесува машко дете со посилни од него а на сосема друг кога има послаби од него. Детали нема да напишам од разбирливи причини но да се тврди дека се мажите и жените исто агресивни е благо речено неточно. Сите воени конфликти и поствоени статистики кажуваат „интересни“ бројки за силувани жени, бројки што на просечен човек незапознаен со проблематиката му се чинат сосема нереални.

    Не сакам да спомнувам скорешни примери на ганг рејп од Идија каде сосема „случајно“ на 15 мажи им „кликнува“ истовремено во глава и решаваат да силуваат една девојка а потоа сосема „случајно“ им кликнува да ја запалат за да не ги идентификува.

    Силувања во цивилизација има релативно малку (спомна бројка од 1% потенцијални насилници) затоа што дел од луѓето се образовани (образованието е секако многу важно) и посебно затоа што има закони. Како било без закони имаме доволно примери од минатото или од денешницата каде законите слабо или воопшто не се спроведуваат.

    Дури и нашите народни песни имаат раскажано колку „цивилизирано“ се однесувале беговите кога ќе им се допаднела некоја девојка и секако мирно и покорно се повлекувале ако ги одбие (иронијата е намерна).

    Нема да се убедуваме, во секој случај we agree to disagree.
     
    На Annath, Captain-Omni и lunicka им се допаѓа ова.
  20. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас си ветив дека нема повеќе да коментирам на темата ама уште ова морам да го кажам. Се согласувам дека нормален маж треба да си ги контролира нагоните, ама силувачите не се вбројиваат во никој случај во нормални мажи, туку психопати, дали претходно потврдени или откриени во моментот на силување. И не мора да се ни 1%, нека се 0,1%, сепак претставуваат опасност. Think like a man или во случај на силување како психопат, за да си на иста стартна позиција со силувачот во даден момент. Силувачите не размислуваат разумно, ама размислуваат, сексуалниот нагон не е само физичка реакција.Во тој момент треба да утврдиш кои се причините што него го навеле да го стори делото.,потенцирам НЕГО,не секој маж и дали постои начин да се избегне таа ситуација, да се заштитиш, или во краен случај одбраниш. Секако ако си во можност, често пати и не си во можност да се одбраниш. Зашто ние можеме овде да збориме се и сешто, ама кога се најдеш очи во очи со силувачот нема да размислуваш дали општеството доволно направило за заштита, дали казните се премали или превисоки, дали тој ќе скапе во затвор и ќе го е**т во г*з, туку размислуваш како да го избегнеш и да се заштитиш од силување.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.