1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сосема е нормално да не се согласиме, сепак на форум сме и тоа не е страшно. :)

    На темата... агресијата доаѓа во разни форми. Кај мажите најчесто е тоа физичка агресија, а кај жените има разни, но една од почестите секако е вербална, каде за навреди не се бираат зборови, а зборови неретко болат повеќе од тупаници.

    Кога се работи за силувањата, вистина е дека голема колатерална штета во една војна се силуваните жени. Примерот со Индија исто така е на место, но пропушташ еден детал во примерите, а тоа е дека сите тие случаи кои ги наведуваш не се одлика на мнозинството мажи во едно цивилизирано општество, па дури ниту во една анархична ситуација како силување на жените од некое освоено село.
    Во Индија живеат повеќе од милијарда луѓе и таму секојдневно во весниците може да се најдат приказни за родено дете-ѓавол, но не велиме дека е одлика на децата да се раѓаат со мутации, туку дека се исклучок.
    Слично е и во воената ситуација, оние најпсихопатите уживаат во силувањата, поголем дел од војниците не учествуваат во тоа, а некои од нив се дури и присилени за да не излезат „пички“ и да покажат слабост пред колегите војници. Да не зборувам што во една воена состојба менталниот склоп на учесниците се менува до крајни граници и никој не размислува нормално, но тоа дефинитивно не е ситуација која може да се нарече нормална или секојдневие.

    Деталот околу кој генерално не се сложувам со тоа дека мажите се генетски силувачи (ако смеам така да ги наречам) е на иста линија со генерализацијата „сите мажи се лажговци“ кажана од женска уста и „сите жени се курви“ кажана од машка уста, бидејќи луѓето во глобала се многу брзи да донесат заклучок базиран на малку информации.

    И уште само ова... ако се сложиме со муабетот за агресијата и агресивноста... жените и мажите чувствуваат еднакво навреда врз нив и соодветно еднакво возвраќаат на неа. Мажите почесто со тупаници, :muscle: а жените со сплетки, ширење лаги, набедување кај претпоставени, сексуални манипулации, пасивно агресивни игри, психичко малтретирање по разни основи, па дури на крајот и фрлање клетви до X колено, (wtf) кои фаќаат или не фаќаат, не знам... 8-|
     
    На Annath, tessie и Mhhm им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Би било убаво да прочиташ повоени статистики бидејќи е многу интересно како анархичната ситуација одеднаш го вади психопатското од одредена машка популација а нормална ситуација (во мир) имаме денес но пред 200 или 300 години (да не спомнувам пред 1000) години воената состојба била сосема нормална.

    Статистиките на силувани жени во Африка во подрачја на конфликт (за нив нормална состојба со децении) се поразителни. Кога мажите топтан (намерно генерализирам) се фини и мирољубиви тогаш зашто воопшто имаме закони, би требало и без закони сѐ да функционира мазно и фино и ниедна жена веќе никогаш да не е силувана но сепак реалноста е поинаква. Ние сме моментално цивилизирана земја (далеку сме пред една Африка на пример) но статистиките за семејно насилство не се баш убави а од семејно насилство до силување нема преголем бедем за поминување.

    Реалноста покажува дека каде има моќ моќта најчесто се користи за личен бенефит макар и по цена некој друг да трпи штета.

    Дека се мажите колективни генетски силувачи никој не ни тврдел така да нема зашто да не се согласиме :).
     
    На Annath, okcenzi и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  3. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Само еднаш во животов сум имала трауматично искуство поврзано со ова, не беше силување, туку обид, имав повреда и се тоа од страна на дечко ми, тоа беше добро будење и добро утро кога ќе ми текне...хаха НЕ. Еее глупа Еболо, сега кога го гледаш, мисли се што се случило и зашто. Да, не го пријавив, а можев да го пријавам копилето бидејќи сум европски државјанин и бевме во европска земја, а он беше македонец, и прилично сум сигурна дека немаше да помине најдобро да го пријавев, иако претпоставувам дека тешко се докажува тоа - обид, али кога ќе отиде девојка потресена и удрена во станица на изјава, плус со комшии што слушаа викање, што знам, мислам дека он ќе го извлечеше подебелиот крај. Сеедно, во рок од два дена по случката се прибрав во милово Скопје и по тон пораки, јавувања и муабети, по точно 25дена, конечно се ослободив од волот. Сакам да кажам, дека ако има девојка која ќе го чита ова и минува низ слично, се надевам не полошо, пријавете во полиција, кажете на некој, полесно ќе се носите со емотивната болка. Бар јас така би направила да сум со овој мозок пред 5 години.
     
    На hermosa, Lolo5, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @crimson штом тој си дозволил таква сцена во глава со дете тогаш и не си го залужува тој орган.
    Не знам дали ке се отвори сликата

    0000.jpg


    Сликата го кажува тоа што сакам да го кажам јас.

    И мене има многу фаци што ме живцираат и провоцираат по улица, па никој до сега не пострадал поради тоа. Така е исто со облеката и шминката.
     
    На Lolo5, MarchelineAmaru, Mala Hembra и 8 други им се допаѓа ова.
  5. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    На Lolo5 и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    На Lolo5, Viki693 и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Во врска со коментариве дека девојките со провокативна облека ги 'предизвикувале' болните умови на група манијаци, не би се сложила.
    Зарем машките кои се силувани, се облекле ко транвестити за да провоцираат да бидат силувани?

    Инаку, читајки по темава, ми текна на нешто што и се случи на моја подалечна пријателка многу одамна.
    Девојкава е од село, а работи во блискиот град, и секој ден патува со автобус. Една вечер враќајки се од работа, уште во автобусот се нашле двајца паметни батки од +40 , кои вербално ја 'задирале' дофрлувајќи и секакви безобразни нешта. Кога спаднала од автобусот,на станицата во селото, спаднале и двајцава, за кои таа тврди и е сигурна дека не се од нејзиното село. И едниот од нив ја фатил за косата, а другиот ја тегнел за алиштата, арно ама си ја нашле бељата. Девојкава е каратистка, има црн појас, татко и е познат каратист во тој регион, и таа по неговите стапки тргната.
    Личен опис им сменила.

    Ама ете, таа се извлекла од таква ситуација. А не сите знаеме карате..
    Многу ми се морбидни вакви работи, на никој не посакувам никогаш да му се случат.

    Во последно време, ко што информираат на вести, најголем број случаи на силување има во Источниот регион. Од градови кои важеа за најмирни за живеење, до градови со најмногу монструми...
     
    На Lolo5, joy1, pink13 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @sadgirl21 силувањата ги имало од секогаш, дури порано и повеќе, но сега жртвите пријавуваат, а до скоро не. До скоро беше табу тема. Жртвата беше обелжана и затоа многу тоа го криеа. Ех баба ми колку ми има раскажувано за вакви случки порано по селата. Но тогаш жената била крива за се.
    Не дека денес сме многу напреднати во сфакањата ( има по постовиве), но барем дел не поддржува.
     
    На Lolo5, Hipica, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    @XMaN немој да мислиш дека и ние жените не го чувтуваме тој нагон на привлечност кога ќе видиме згоден дечко.
    И те како ти проработуваат сексуалните фантазии. Ама тоа не значи дека некој на сила треба да го фатам и да го силувам зашто ете мене ми е неодолив.
    Јас сметам дека тие се психички лабилни и болни, фрустрирани и несигурни лица.
    И нема друго оправдување за силување.
    Некој начна муабет за силување во врска или во брак, don't get me started. Toa e можеби нешто најстрашно од се,кога натраникот е некој со кој го делиш животот, кога се работи за сопруг посебно. Не можам ни да замислам колку е тоа страшно,потресно трауматично и како никако не се докажува. А постои, многу повеќе од тоа што сме ние запознаени.

    Сум го гледала филмот иначе Irreversible, после тоа со саати не можев да си дојдам на себе.
     
    На hermosa, Annath, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Во право си @okcenzi.
    Само штета е навистина, еманципирани луѓе, факултетски образовани, па дури и доктори на науки, за оваа тема се толку..уназадени. И ја бараат вината во жртвата. Да, да и такви има.
    Во нашето општество, наместо поддршка да добие жртвата, наидува на негодување и не-поддршка од семејството, познаници, пријатели, роднини..иако жртвата е таа која е трауматизирана, претрпела физички повреди, апатија, не дај Боже и сексуално преносливи болести или пак бременост, чувството на ниска вредност, немање самодоверба..А честопати и поради тежината на товарот кој го носи, жртвата знае да си пресуди со самоубиство..

    Инаку, запрепастува и фактот што има многу жени кои се во брак силувани, под изговор-дека најверојатно тоа им е брачна должност, или пак не се ни свесни за тоа што претрпуваат/претрпеле.
    Ама да не пукне срам, 'Маж ми ме силуваше', ќе молчат и ќе си играат среќно семејство.

    Во последно време, ептен распространета девијантна појава. Затоа девојки, секогаш нека ви се наоѓа дезодоранс во ташна. И покрај пазењето од рандом странци, внимавајте и на мажите од околината, не се малку ни случаевите од силување од страна на членови од потесното и поширокото семејство..
     
    На AnaKarenina, ArmaniCode, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  12. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    На тема: „Сама си го барала“.
    [​IMG]
    И не, никогаш нема да ве разберам вас што делумно ги оправдувате овие зборови. Никогаш не било до жртвата. Нема ни да биде.
     
    На Lolo5, ku4ence, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @Hipster секако дека ми е познато како реагира жена на привлечен маж, но како што спомна ретко која жена ќе проба со сила да го добие посакуваното додека за многу мажи (без присуство на закони) и не би претставувал некој тежок морален проблем. Чист пример со договорените бракови од повеќето општества (во голем дел на светот и денес присатни) каде најчесто бракот е на штета на жената која е третирана како некој вид стока за продавање со одредена цена.

    Интересен податок што го прочитав во една американска студија е дека осудени силувачи од маж судија најчесто добиваат помала казна отколку кога судијата е жена што само покажува дека силувањето во очите на еден маж нема иста тежина како што има за една жена, перцепцијата за тежината на делото им е различна.

    @okcenzi спомна што и кажала баба и за во село но колку има случаи за кои не знаеме, плус силувањата во брак кои навлегуваат во сивата зона и кои во најголем број случаи не се ни пријавуваат што значи бројката е далеку над 1% или 2% така да или треба да прифатиме дека имаме респектабилна бројка на психички лабилни и болни, фрустрирани и несигурни лица (според твоја дефиниција) или донекаде нормални (агресивни) типови на кои при недостаток на можна казна им избива вистинското (насилничко) лице.

    Во секој случај жената предолго време (или отсекогаш) се сметала за помалку вредно суштество и можеби е крајно време таа предрасуда да се искорени па сѐ заедно да повлијае и оваа грозна појава на добивање секс со присила да се искорени или барем драстично да се намали.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^
    Апсурд е дека мажот само ради законите се воздржува да не силува некоја жена, психички здрав маж има морал и емпатија и тоа не би го направил па не знам каква анархија да владее, како што објаснуваш излегува дека 90 посто од машките би силувале да не беа законите и казните??!

    Дали сте сериозни сите вие кои сметате дека жената го предизвикува мажот и што барате оправдување во машката природа за таков грозен чин?! пошто мажите поагресивен пол биле :fubar: (facepalm) не дај Боже да чита силувана девојка ќе си начука уште толку комплекси у глава дека она е крива и никогаш нема да се искаже и да се ослободи емоционално од стресот а насилникот ќе си мисли дека така треба мажот со жената?! (facepalm) мислам дека има доволно објането од другите форумџики и дефинитивно треба да се воведе едукација во училиштата за тоа каков ум тоа би го направил, како да се заштитиме во таква ситуација и за тоа како да постапиме со девојка која е силувана зошто гледам овде има некои што би ја осудиле наместо вината да ја бараат во насилникот. (facepalm)
     
    Последна измена: 4 април 2015
    На Lolo5, okcenzi, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @mackica1 тебе така ти излегува, никој не спомнал 90% но бројката во услови на беззаконие (војна, нереди или недостаток на централна власт) е доволно голема за да не биде занемарена или прогласена за дејство на поединечни случаи.

    Кога ќе дефинираме што е психички здрав маж тогаш можеме да зборуваме за морал и емпатија (важи и за жените) затоа што тоа се променливи категории во зависност од условите и општеството, за емпатијата донекаде може и да спориме но моралот е секако променлива категорија.
     
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^
    Ти сам генерализираш дека мажите поинаку го перцепираат силувањето и дека му пристапуваат со доза на разбирање кон насилникот за разлика од жените, што за мене е апсурдно.

    И се разбира дека има дефиниција за психички здрава личност тоа не е релативна ствар па да нема, на прво место е емпатијата која е најтесно поврзана со моралот, само што моралот е официјализиран во точки и правила а всушност се однесува на нашата здрава свест и сочуство и тоа како функционираме меѓусебно во социјализацијата и расудувањето на тоа што е добро а што лошо и колку тоа може да и наштети на личноста, емпатијата е пресудна за психички здрава изградена личност, ако го немаш ова не си психички здрав дури потоа следат други квалификации,
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не генерализирам туку ти гарантирам дека најголем дел од мажите различно го перцепираат силувањето со самиот факт што се мажи. Како очекуваш еден маж исто да го перцепира кога и самиот чин на секс или насилство или примена на физичка сила најчесто различно се перцепира? Тука не значи дека различната перцепција мора по дифолт да е лоша или добра, исправна или неисправна туку е различна (се разбира исклучоци постојат ништо не е 100% опфатливо). Се разбира не мораш да се согласиш, апсолутно имаме право на различни мислења.

    За остатокот нема да ти реплицирам затоа што чим не се разбираме дека дефиницијата за здрава личност кај нас е една а во едно африканско племе канибали сосема друга уште помалку ќе се разбереме за другите поими.
     
  18. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Сосема друга насока фаќаш, не се збори за племиња и изолирани средини кои придонесуваат за нарушување на личноста тука збориме за цивилизирани опшества и држави и како луѓето функционираат и како треба да функционираат во нив.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    131.329
    Има хемиска кастрација, казната е зголемена дупло, со тоа што до пред година две, имаше и јавен регистрар на силувачи на деца. Уставен суд, дебелите глави, решија дека на тој начин се навредувала личноста на силувачот, и дека треба да се кријат кои се силувачите на деца.

    За жал, кога по 20 години ќе излезат од затвор, ваквите болни умови нема да си отидат дома, туку ќе демнат пред некое школо и ќе чекаат пак девојче за да го силуваат. Ама никој нема да ги знае дека се силувачи, оти нели тајна е тоа. И нема да знаат од кого да си ги заштитат децата.

    Инаку, голите нозе, задникот пола надвор, цицките цели надвор извадени, во нормалниот машки мозок значи - сакам секс, дојди имај секс со мене. И нормално, таквата жена има куп флертови, понуди за секс за една вечер, никој не ја сфаќа озбилно. Ама нормалниот машки мозок. На нормалниот машки мозок, девојка облечена ко затвореник, на ништо не им личи и не сакаат секс со неа.

    На болниот силувач, и двете му се исто провокативни и исто сака да ги легне.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Баш попладнево вртејќи по тв каналите, наидов на српска програма на која се емитуваше групна терапија на жени-жртви на сексуален напад.
    Комуницираа со психолозите за тоа како после нападот се обидувале да си го пронајдат своето место во светот, какви трауми доживеале, како гледаат на работите сега, што би промениле тогаш...
    Запрепастува фактот што една од девојките била жртва на сопствениот татко, а 'мајката' знаејќи го тоа ја замолчувала ?!

    Според податоците на социјалните работници, во 94% од случаите на силување во Србија, монструмот е близок член од фамилијата, а во фрапантни 39% биолошкиот татко..

    Инаку, на прашањето 'Како се казнети монструмите', жртвите добија одговор 'Најчесто минуваат неказнето'.
     
    На Lolo5 и okcenzi им се допаѓа ова.