1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. IvanaDzubre

    IvanaDzubre Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    @Purelove92 kako tvojot slicen slucaj bese moja drugarka od maalo. Za zal imam vo maaloto dom za deca bez roditeli, koi ne po nivna krivica imaat se sto netreba osem normalen koncept za zivot i vrednosti.
    Se simnala od avtobus da si odi doma, 10-11 navecer. Od avtobuskata do doma ima 500metra. Koga gi videla 10 dusi zad nea se obidela da gi ignorira na dofrlanja i nevkusen recnik, zabrzala od. Potrcale, na sto nemozela da pobegne ja fatile na nekoja kola na vlez an nejzinata ulicka. Pocnale da i kinat obleka sreka se izmolknala da moze da vristi kolku sto ja drzi glas i da izlezat komsii. Normalno decata ne se najdeni, kon maloletni lica i beztoa postapka ne se potegnuva, poloso od toa mesto kade veke ziveat i nema. Ona sto e loso e sto bese dosta vreme etiketirana, eve ja ovaa sto i se sluci...... ja pokazuvaa. Nie sme gubre narod ogovarame se i za se. Fala bogu denes e mazena ima edno simce preubav brak i seto toa e nadminato
     
    На okcenzi и Purelove92 им се допаѓа ова.
  2. IvanaDzubre

    IvanaDzubre Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Vo UK se pimenuva i kastracija za tuzba obid za siluvanje i za pedofilite. Kade sme nie daleku od ova ehe....
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ја читам темата и оно што ми падна во очи е дека иако е 21 век, иако живееме во т.н цивилизирано општество скоро сите девојки или знаат некоја што била силувана или самите биле или нападнати или силувано, жалосно.

    И јас спаѓам во тие што познаваат девојка што била силувана, таа на жалост не можеше се справи со тоа и покрај подршката од семејството и терапијата на крај се самоуби.
    Ја познавав и девојката ама го познавав и силувачот, девојката беше сестра на најдобрата моја другарка а силувачот пријател на татко им.
    Тој ја гледал како расте, ја познаваше од мала, не делуваше како да е таков ненормален човек, делуваше како нормален семеен човек, девојката беше мирна, повлечена ете што пишуваат некои демек провоцирале со облека, оваа никогаш не сум ја видела во провокативна облека.
    Денот кога беше силувана беше како и секој друг ден, дошол пријателот кога немало никој дома и го поканила девојката да го почека татко и како и секој друг пат само овој пат место да си го чека пријателот тој му ја силуваше ќерката.
    Таа не ни знаела дека може да биде во опасност од човекот, не ни била спремна да се одбрани кога ја нападнал.

    Беше осуден монструмот на 12 години затвор, ете уште некоја година и ќе излезе ама девојката никогаш нема да се врати, целото семејство им се уништи после силувањето, таткото се разболе и почина бидејќи се чувствувал виновен за тоа што бил пријател со таков монструм, мајката пропадна после смртта на ќерката и другарка ми никогаш веќе не беше истата после се што се случи на нејзиното семејство.

    И јас ја подржувам смртната казна за силување, силувањето не е само што ја уништува жртвата туку и сите кои ја сакаат се погодени од тој монструозен чин а силувачот ќе отиде во затвор ќе излезе и ќе си го продолжи животот како ништо да не било.
     
    На sparklie, Nausicaa, ku4ence и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    @bittersweet Ме полазија морници кога прочитав, прв пат да останам без зборови кога прочитав дека монструмот ќе излезе за некоја година само огромен гнев....Македонија...ништо не слушаме, ништо не гледаме, ништо не зборуваме.Ма каква цивилизација далеку сме од тоа..
     
    На joy1 и blond.bunny им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    И за силувачите треба да се спроведе истиот Закон како за педофилите.
     
    На okcenzi, tessie и joy1 им се допаѓа ова.
  6. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
  7. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Последна измена: 8 април 2015
    На eloves, kjukli, bad girl18 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Ниту една девојка не верувам дека си го бара сама. Виновна е затоа што носи деколте? Ако тоа е лошо тогаш зошто и обрнуваш внимание и симнуваш ѕвезди а девојката што е пристојно облчена ти изгледа како заостаната? Глупо но вистина. Не сум за тоа градите да се вадат на јаска алии секој имаа право на свој избор мене не ме интересира што правиш ти зашто ти живееш за тебе а јас за себе. Нејсе излетав од темата. Што е јас сум машко имам нешто во панталоните и можам да правам што сакам нели? Ти си го бараше беше разголена така? А што правиме со тоа што 34 годишни им се пуштаат на 14 годишни девојчиња кои си се облекуваат сосем нормално ? Ти женска, жена немаш? Што не ја легнеш нејзе бе туку му одиш на некое девојче што родителите од дома го пуштиле по леб? Значи сакам да кажам девојките не се криви како и да се облекуваат неможат да те исровоцираат до толку ако размислуваш здраво. Девојките манипулирале само да добијат нешто па оваа па онаа а од каде знаете дека машките не манипулираат само да си ги исполнат болните фантазии ? Чувајте се.... лесно е да се каже но, денес незнаеш на кого да му веруваш
     
    На bravemum, eloves, nat17 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    На kim.k, joy1, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. pepeturka123

    pepeturka123 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Ja poglednav temava slucajno i me potseti na edna moja slucka na 15 godini :) Imav mnogu dobar drugar skoro kako brat sto duri i moite i negovite se druzea fakticki se druzevme uste od ragjanje... Eden den bese kaj mene doma, gledavme film gusnati (sekako kako bratce i sestrice bevme) i naednas ja zaprimetiv negovata raka na mojata grada. Vednas ja trgnav i pocnav da mu vikam on mi vikase deka nema za sto da se voznemiruvam deka toa e sosema normalno i pocna da me dopira sekade a jas go butkav i vriskav. Mi mavna samar i me legna na zemjata i proba da me siluva no jas go udriv tolku silno sto vednas se zasemuti hh.. Mu rekov da si odi doma vednas i da ne ni pomisli na mene zatoa sto ke kazam na majka mu i na majka mi. Od togas si nemame nitu zbor kazano, se gledame na ulica i ne se poznavame :) Bidete vnimatelni i ne veruvajte na sekogo, sekakvi lugje postojat
     
    На ku4ence и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Уф што се изнервирав со постов. Можам да претпоставаам колку ти било тешко после да им веруваш и на другите вистински другари и оние без никаква подмолна намера. Добро си постапила, само сепак си требала да кажеш на мајка ти, зошто сигурно тој истиот вошкар,пробал и на друго девојче.
     
    На ku4ence, kjukli и pepeturka123 им се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Пред 2-3 недели случајно ја загледав емисијата на Искра. Темата беше за силувањето. Емисијата е со јавувања на гледачи кои кажуваат свое мислење или искуство во врска со темата што е поставена за тој ден (сигурно ги знаете тој тип на емисии). Покрај обичните гледачи кои гледаат телевизија дома, се јавија и двајца затвореници од Идризово. Едниот беше македонец, а другиот албанец. И двајцата го кажаа истото. Тоа што им се случувало на силувачите и педофилите во затворот било грозоморно. Самите затвореници ги казнувале таквите на тој начин што постануваат исти како нив и ги силуваат, им ставаат секакви предмети внатре, за нив немало ноќ и ден, ни спиење. Биле силувани 24/7. А па доколку убиеш некој и легнеш во затвор тогаш никој од затворениците не те гиба, демек твоја работа било тоа, си имал проблем со човекот па си го убил, ама за силувачите и педофилите било хороор. Тие затворениците што се јавија беа запрепастени и згадени, велат им било дури жал за тие луѓе.
    Е сега не му ја секирајте за силувачите, бидејќи го поминуваат истото. Поголема казна им е тоа што им го прават, отколку да ги кастрираат. И од нив голем дел не успеваат да го издржат сето тоа па се самоубиваат, а и ако издржат тие никогаш нема да можат да бидат старите. Чудна работа е кармата.
     
    На Lolo5, candy.cane, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    За се се сложувам со тебе, ама тоа дека ако имаш другар, другарка или брат до тебе дека неможе да те снајде истото-не се сложувам. Зошто? ќе ти кажам пример со другарка ми. Ќе дојде кај мене и ќе седиме до доцна и ќе ми рече испрати ме, срав ми е сама. А јас и одговарам: Зошто мислиш дека ако јас дојдам со тебе дека си сигурна на улица и дека никој ништо не може да ти направи? Јас ниту поседувам некаква си сила, или боречки вештини за да те одбранам, како прво, и како второ и двете ќе бидеме силувани. Затоа ако немаш пари за такси а планираш да се вратиш доцна, тогаш подобро или воопшто не излегувај или преспиј кај мене, ама јас нема да те испратам, оти и мене ми е страв. И да сум машко пак не сум безбедна. На дечко ми му се има пуштано геј на улица во 4 сабајле. Не е можеше тој нож да извади и да му направи нешто на дечко ми? Во друга прилика и му го имаа тоа направено. Исто во 3-4 наутро си одеше дома и двајца оделе позади него. Овој се свртил и тие почналеЌ што се вртиш, што сакаш и го прободеа во нога. Никој. ни маж ни жена, ни стар ни млад не е безбеден.
     
    На candy.cane, Luna91, Petar80 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    puls24.mk/magazin/zivot/tatkoto-dojde-doma-so-krvavi-oci-od-sobata-se-slusase-samo-nemoj-tato-me-boli/Prev?id=0
    Ете ова го прочитав пред неколку секунди, немате поим каков ужас ме обзеде.. ;(
     
  15. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Слично вакво нешто се случи во мојата зграда. На најгорниот спрат живееја татко и две ќерки. На почетокот кога сите се доселија, никој не комуницираше со никого, но овие не правеа ни муабет. Си мислевме дека не сакаат бидејќи се Роми, а татко им со моторчето понекогаш збираше нешто од улица, понекогаш и жени што просат, многу работи. Но, постепено како што минуваше времето приметивме дека човекот е ненормален, се караше за ништо со сите, се дереше во 3 сабајле пцуеше зграда комшии... Си мислевме како ли ќе се омажат неговите ќерки, ромки се, кој ќе ги земе, обично кај нив браковите и се договараат... Меѓутоа проблемот беше како живеат тие две со него. Постарата негова ќерка беше проститутка, нездрав карактер исто така, а помалата имаше пропуштено 4 години школо. Таа беше 3 години постара од мене, многу добро ведро фино преубаво девојче. Му кажала на татко и дека сум и другарка, а тој ми забрани да се дружиме.
    Да бевме и понатаму во контакт, да ми кажеше девојчето што како... Леле што ќе сум му спремела. Комшијата до него кој имаше ќерка единица, го пријави во полиција бидејќи ќерка му беше потресена од слушањето на помалата како вика за помош. На почетокот мислевме дека тој само ја тепа, но сепак го пријавивме. Меѓутоа соседот под него слушал и крцкање на креветот, сешто... Подоцна се утврди преку жените што тој ги носеше дека ги силувал и двете за да можат да бидат проститутки. Тој на таа жена што го кажа и ја скрши раката и и ја избричи главата. Новинар еден што ни е исто така во зградата, го објави тој настан во весник.
    И другава стана проститутка откако раскина со дечко и со кој мислеше ќе остане, за кој мислеше дека е со неа зошто ја сака и зошто нема проблем што е скината, а тој всушност само ја користел. Не знам колку години имаше тогаш кога овој ја силуваше 14 ли 15... Одрекоа на полицијата за силувањето, за се, рекоа дека е добар татко. Јас знам колку имаа и онака страв од него. Наместо да побараат психолог, да го сместат овој некаде дур барем едната потврди дека ја силувал... Ама џабе. Еден од зградата дури го претепа, и то инспектор што е му викна полиција да го претепа кога веќе не може поинаку, ама џабе, тој им го стори тоа што го стори, наслушувањата за помош не беа доволни, а такви се ѕидовите абе се се слуша. Кај нема ни казна за ваквиве, кај ни на девојкиве не може да им се помогне... После ова како може да им се помогне, тие сосема се имаат откажано од животот!
     
  16. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Леле ова е многу потресно. Ваква и емисија гледав на алфа мислам дека беше, семејни тајни. Како таткото си ја силува ќерката. Кога прочитам ваво нешто тоа ми е во мислите со денови, не можам јас да се помирам, а како ли им е на тие. Имав читано за татко што силувал 2 годишно детеце додека мајката го држела. Навистина има се низ светот.. Само нека чува господ од такви..
     
  17. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Леле имаше и кај нас во Мк ваков случај како дедото си ја силувал 2 годишната внука... Е за овие ваквите треба посебна казна, живи да се закопаат или на ѕверови да се фрлат да бидат живи изедени! Ова со ништо не се оправдува!
     
    На Petar80 и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Денес прочитав нешто потресно и ме потсети на темава. Прочитајте внимателно да увидите колку страшни и далекусежни последици може да произлезат од молкот за вакво страшно нешто. Никој не си го бара. Жртвата не е виновник. Имајте го тоа на ум.

    http://pix11.com/2015/06/13/mother-discovers-daughters-horrific-secret-during-anorexia-battle/
     
    На Lolo5, joy1, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  19. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Еве и јас да ви ја раскажам мојава случка. Случајно наидов на темава. Додека бев мома се допишував со едно доста симпатично момче но никако не се видовме. Арно ама имавме тема каква ти душа сака. Секоја вечер ми пишуваше кога одеше да си легне или пред да се бања . Пишуваше и си го онадуваше „господинот„. Бидејки му беше срам да се видиме дека беше доста срамежлив јас престанав да му пишувам. По кратко време се запознав со сопругот и почнав да се гледам со него ,после 2 ипол месеци врска ние си се веривме. Но настана еден проблем јас за оваа момче не му и кажав на мм дека денес тој мене ми е кум. Го закопав длабоко во себе и уста не отворив , но кумот почна повторно да ми пишува (инаку е неоженет) му враќав од почит дека ми е кум. Се додека една вечер не ме праша за моите дали се на работа уствари да не праша дирекно дали сум сама дома наутро. И кога откри дека сум сама се исклучи демек другарите го чекале. Јас наивна мислев дека и тој ја заборавил и закопал темата за „НАС„. Утредента повторно ми пишува ме прашува што правам му реков еве сега станав кафе пијам ми рече стави ми и мене јас одам до дуќан и идам. И јас ставив не ни помислив дека има во план нешто. Дојде со чоколадца демек прзен да не иди седна го испи кафето и се нормално беше. Наеднаш ја отвори темата за „нас„ мене ми стана неугодно. Му викам куме немој јас тоа веќе го заборавив го закопав во себе , ама не он продолжи и наеднаш седна до мене и почна да ме пипка . Јас незнаев како да реагирам дали да мго избркам дека е кум или да викам . Ама мало место бре сите ке ме покжуваат со прст. За среќа си дојде мм рано од работа не му било добро па кумот му вика еве јас на кафе кај вас невестат ме покани . Мм не знаеше што се десило дека никогаш не спомнав и не ни помисли дека кумот се обидел да ми стори нешто. Откао си отиде кумот јас му раскажав на мм нормално се испокравме толку време криев дека го познавав од порано кумот па и на таков начин. оттогаш кумот не е стапнал кај нас нити ние кај него. Затоа внимавајте кого пуштате дома може многу да ве кошта во животот тоа.
     
    На kLem23, referentka, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Сум прочитала многу искуства, цели приказни и детални описи на силувани девојки, сум прочитала и приказни раскажани од страна на напаѓачот. Имам прочитано и еден куп стручна литература, гледана од многу аспекти. Темата е премногу специфична и шкаклива, воопшто не е лесно да се донесе еден генерален заклочок.
    Силувачите слободно можам да ги сместам во една категорија, непресметливи личности со ментален дефект. Без разлика дали станува збор за семеен пријател кој навидум е просечен средновечен маж или лудак кој чудно ве гледа додека вие едноставно одите.

    Со моето мислење не би сакала, во ниту еден случај да навредам, ниту интиректно да посочам на оноие што го читаат мислењево.

    Наивно би било од моја страна да верувам дека доколку после диско, во високи потпетици, уморна од целовечерно играње, пешки накај дома, поминувам низ некоја непрометна, темна уличка, нема шанси да ме демне некое гладно куче кое може да ме искасапи или манијак- потенцијален силувач. Би избрала некоја побезбедна, алтернативна патека, па макар пешачела многу повеќе, или уште подобро, друштво, такси по можност, опции секогаш има.

    Често, силувач е и близок пријател, кој сосема случајно се наоѓа сам во друштво на силуваната девојка. Од моја гледна точка, оваа ситуација е премногу чудна.
    Ме интересира, зошто мене ми се нема случено да се најдам сама во друштво на некој таков пријател? Нели веќе одамна постојат телефони, па пред секое одење, од култура се јавуваш да видиш дали некој може да те угости, пред се затоа што луѓето работат, а кога не се на работа сакаат да одморат, можеби имаат некои други обврски итн.
    Нека се појави некој ненајавен, од врата ќе го испратам да се врати од кај што дошол, доколку сум сама дома, ма немам причина да го примам, што муабет ќе му правам на човекот?



    Ова е мое лично мислење и цврсто стојам зад тоа, дека силувањето е речиси невозможно да се случи така ненајдено, како гром од ведро небо. Не се останува така едноставно во празен стан со уште некој маж, не може баш така лесно некој да ве одвлече на место каде нема жив човек кој би ве слушнал, не може да ве пикне во кола без никој да не забележи дека тоа е на сила и ред други показатели...
    Ако ви е мил животот- ќе се борите со последни сили.

    Исто така, кога во прашање е еден силувач и една жртва, шансите да одбрана, како и можностите се огромни: врескање на цел глас, гребење, штипење, гризење, клоцање...
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.