1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    @jovanovska94 , ете во едно ќе се сложам со тебе: точно затоа и доби толкава осуда!! Затоа што јасно и гласно си кажа што мислиш. Точно те сватија скоро сите тука на темава што сакаш да предочиш, а тоа е секако: неспособните и непараноичните не си реагирале и си го окркале !?!?
    Колку повеќе пишуваш, толку појасна си што кажуваш !!! СТРАШНО !!!
    @Daydream , очигледно не си упатена во психологијата на психотати или силувачи. Веруј голотијата е последна работа по која ја бираат жртвата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    ^ исто, мислам дека голотијата нема ама баш никаква врска. Ако човекот е ненормален и е силувач, не му е важно и ако жртвата е во ролка и во капут и во тринаесет облеки облечена.

    На повеќето мажи, барем на оние кои ние ги сакаме, вулгарноста и е одбивна. Така што, никој нормален маж нема да силува девојка која е повеќе разголена, освен ако го нема тоа во себе.
     
    На Lolo5, crimson, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.197
    Пол:
    Женски
    А да прашам вака, обратно, не сакам да се расправам, туку чисто да направиме споредба. Ако излезе маж по боксерки и без маица, сам си го бара да биде силуван??? Чисто ме интересира, оти мажите често си шетаат по боксерици, па тоа не е тема на разговор дали тој провоцира или сам си го бара. Значи ако видиме маж по боксерици, да навалиме на силување.

    Можеби девојката си провоцира, можеби си е таква по природа, зарем му дава тоа право на некој да ја силува? Ако таа си е по спортот, можеби самата ќе ги покани на една партија, тоа не е тема на дискусија. На плажа сите одат по купачи... провоцираат? Треба да бидат силувани? Не ми одат заедно муабетите - провокативна девојка и силување.

    А за јовановска, нека не се правда сега дека сме и ги извртувале муабетите. Јасно ја навреди една девојка дека џабе имала син појас, била аматер и рекреативец, штом не успеала да го посере од ќотек тој што ја удрил по задникот. И нели, навреди кон девојката што го примила кумот на гости, итн итн. Ајде нема врска. Се јасно си беше кажано и беше доста невкусно!
     
    На Lolo5, eloves, mynameislove и 7 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Секој (без разлика дали е жена или маж) кој тренира било каква ОДБРАНБЕНА вештина (на пример карате) треба да биде оспособен во било каква ситуација да се ОДБРАНИ од напаѓачот, затоа и тие што тренираат таква вештина, тренираат за не дај боже, ако бидат нападнати, да можат да се одбранат. И да секоја жена која тренира некоја ОДБРАНБЕНА вештина, треба да биде способна во секој случај да се заштити, зашто ако не знае да се заштити и одбрани во некој таков момент, стварно за џабе тренирала ОДБРАНБЕНА вештина, без разлика што е жена и што напаѓачот е маж.

    А додека оние жени кои НЕ тренирале некоја ОДБРАНБЕНА вештина, нормално е дека се послаби (бидејќи се жени) од напаѓачот кој е маж и во такви ситуации нормално е да не можат да се одбранат.
    И Господ нека не' чува сите девојки/жени од манијаци и силувачи.
     
    На candy.cane, Lolo5, Mia.MGK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.197
    Пол:
    Женски
    Само Чак Норис може да се одбрани во секој случај. Ние останатите случаи сме само луѓе и правилото дека ако си тренирал одбрамбена вештина никој ништо не ти може не може да се аплицира. Секогаш постојат различни ситуации и моменти (на пример кажа девојката, кај што се лизнала и паднала... други кажуваат примери за удари по глава од позади), и не може некој да каже дека ако тренира одбрамбена вештина е 100% безбеден. Кога веќе одите до крајности... што ако и силувачот тренирал ОДБРАМБЕНА вештина? Ајде ви се молам....
    Ако сте доктори не значи дека сите животи ќе ги спасите, така ако сте каратисти, не значи дека секого ќе можете да го претепате. Се разбира тие што знаат боречки вештини се во предност, во однос на другите, ама ако не успеат да се одбранат да ги нарекувате аматери и неспособни.... и што беше друго... а да, рекреативци... срамота е.
     
    На Lolo5, eloves, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    17.539
    Најчесто тие вака што се удираат у груди дека се неуништливи во текот на животот се уверуваат во спротивното. Јас не знам како не се плашите толку цврсто да стоите позади тие тврдења, кога непишано правило е за се што ќе речеш „нема шанси“ најчесто и се случува.
    Нека не чува Господ сите, па и вас од рацете на силувачите затоа што некогаш сами не можеме да се дочуваме. Јас разбирам дека секој треба да си превземе мерки за препазливост и тоа треба да им се пренесе на девојчињата (па и на момчињата) уште од најмала возраст, меѓутоа некогаш едноставно животот знае да изненади многу помукло. Сетете се само на случајот со Тијана во Србија.
    Ќе ги запрашам дотичните што било тоа девојче виновно? Што се враќало од кај другарка кај што идела секој ден по ист пат? Или можела да го гризе штипе и да му избега на човек цели 90 кг потежок од неа? Ви се молам. Сум се нашла 2 пати во опасност(за среќа добро се заврши) и сама знам како во моментот се здрвувам цела и не знам како да изреагирам. После војна сите сме генерали, ама ретки се тие што можат да останат трезвени во опасност,
     
    На Lolo5, mynameislove, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.939
    Допаѓања:
    158.579
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda нема врска. При напад жртвата можи да се парализира и не е во способност да искористи било каква вештина па ако сака нека има црн појас во сите боречки вештини.
    И друга страна на приказната, ако е доволно свесна да искористи некоја техника не значи дека ќе има доволно физичка сила ако напаѓачот е далеку поголем од неа.
     
    На Lolo5, crimson, ku4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Еве кај и да е 30 ќе направам, сама со две деца плус трудна шетам на нормално места во градов, по булевар, до чаршија и покрај езеро, во нормално време, и пак имам уплав од секој сомнителен минувач. Имам трауми од детството, кога живеев на другиот крај, во не толку запуштено маало со сокачиња темни, туку баш на булевар но во населба со мешано население и неколку пати околу зградата се појавуваше манијак на точак ккј се соблекуваше пред нас и често знаеше да ни се вдаде со трчање кога сами сме се враќале од училиште. Друг пат кога сама си доаѓав зимно време кун 7 а имав 14тина години таман ми олесна дека има од спротива човек да не сум самс, кога чим се приближи почна да ми свирка и да ме брка и едвај без здив се прибрав до дома пешки по скали највисоко во зградата.
    А најтрагично од се е што не се силувачи тие сомнителните по улица, најчесто тие се нашите најблиски-другар од школо, факултет, познаник од маало, колега од работа, сосед, роднина дури за жал и старател/ родител, и старистички гледано мета им се деца и млади беспомошни наивни..... Секако има секакви болни умови, силувале и старци и се што се движи :x и од сите случки кои може еден човек да ги преживее и за кои важи она " што не те убива - те прави посилно", само силувањето по мое мислење е исклучок, ја уништува жртвата толку многу психички што никаков суд, макар и смртна пресуда за силувачот нема да и олеснат. Често кога ќе се навратам на мојата младост и сите тие трауми кои сум ги преживеала, си велам фала богу што пораснав, што остана тоа зад мене и благодарна сум што не ми се случило нешто полошо, но толку сум загрижена за децата, после случката од пред три години во нашиов град со објавувањето јавно со слика и име и презиме на овдешните педофили, кога неколку деца од основно уличиште беа киднапирани од такви луѓе, преплашена сум и ужасната, често во дислусија познаниците ми се смеат во лице и ми велат дека премногу филмови сум гледала |(
     
    На okcenzi и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Прво не сакам да се правам госпоѓица паметна, силна и снаодлива ама искрено и пред се не дајбоже јас да се најдам во ваква ситуација ќе реагирам некако иако немам представа како ама ќе направам нешто.

    Како што на силувачот не може така случајно да му текне (можеби има исклучоци) ама не може он прв пат те гледа на улица и се изживува.Се тоа е плански, викате во подрум од зграда? Кај нас подрумите се под клуч, воторо од каде тој знае дека подрумот е празен? Не верувам во случајности бидејќи како што не може да има случајно некој во подрумот да те спаси така и на говедото не му текнало случајно да те малтретира.

    Додека ние си шетаме безгрижно на улица каде што има многу луѓе од каде да знаеме дека говедото со денови не следи и набљудува кроејќи план кога, каде и како да го направи грозниот чин.

    На паркинг? Да можно е, на улица да и таму е можно и на дрво е можно и на кров и секаде е можно. Но ние не сме криви, ние не можеме да знаеме кој што планира, ние не можеме да знаеме дека кумот што дошол на кафе имал план да прави грозни работи, исто и за комшијата што доаѓа на помош да смени сијалица. Ние колку и да внимаваме друг не внимава, тоа да ви е јасно, а тоа што има минимална можност за одбрана има, колку толку труди се, постои солзавец али не солзавецот бутнат у ташна па додека се свестиш кај си брцај и барај го, кога шеташ у рака солзавецот ич око да не ти трепне.

    Јас искрено ви кажувам кога ќе го видам комшијата пред врата (низ тоа душчето од вратата) пред да отворам земам нож итоа бајаги голем и остар, си го чувам позади грб и кога отварам само главата ја вадам, колку толку се чуствувам посигурна, скраја да е ако сака насила да влезе можеби нема да можам да го убиам ама некако ќе се одбранам, ќе го исечам ќе му направам нешто.
     
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    17.539
    А што комшијата сумљив тие или за сите така чуваш нож позади?
     
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во стан и он живее лепенка до нас али многу е морничав и чуден, како мротвец е.Остај тоа што е таков (не е моја работа) но да живееш кај мене ќе помисиш со мајка му се колат дома :x.Колку само се распараат, лумпуваат, кршат, лупаат врати, еднаш ги пријавиме за вознмирување ама џабе се по старо.И човекот на секое второ кај нас на врата -Дома е татко ти?, е да бе ене го лежи на кауч :@.Ама буквално секој ден на ѕвонче ми е, и така ја со ножот у рака и само главата си ја вадам, став ми е шо да праам, сама дома 14 години иам :worried:
     
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Еее најглупите морав вака да ги здебелам. А уште поглупите морав и да ги закосам! Дете ти дали воопшто си запознаена со чинот силување? Не, не, убаво си кажа најнапред, не се прави паметна, силна и снаодлива... Госпоѓица!:!:
    Значи толку плитко да размислуваш како може? Ти знаеш каков стрес е некој кога ќе те погали по дел од телото, дали било рака или грб или нога и тоа шо никогаш го немаш видено, а не па некој да те следи по некоја улица, или да проба да ти направе нешто лошо!(facepalm)

    Викаш “планот е искројан, некој цело време те следи сигурно за да ти направи нешто!“ да има и такви психопатски случки, ама болен ум си е болен. Него не го интересира дали имало некој у гаража или у подрум! Еве едно девојче од мојот град го силувале кај осветлена улица, близу едно школо! Значи има и камери и светла и све, па пак се десило тоа! Малце стави прст во главата и размисли дека има луѓе шо и да видат дека некој те малтретира од страв и тие да не настрадаат ќе побегнат! После шо ќе правеш?! Или па ја ние на сред ладно, -10 надвор, ќе ни текне да слеземе до подрум, те некој да има нели.
    А ти колку “пери-мозок“ филмови гледаш месечно?8-|
    И ми пишеш за солзавец, чекај шо? Од каде да знам дека точно на таа улица, точно во тоа време ќе се погоди некој болен ум за да го носам солзавецот во рака? Ај молим те, размисли малце шо пишеш, не е филм ова! Сите пари немаат за солзавец да купат. И знаеш дека има луѓе шо од страв се парализираат? Да, да од страв се парализираат буквално и не само ножеви,и касапи нека носат ништо нема да им помогне!
    И исто пишеш за твојот комшија, шо си му излегувала со нож од зад грб... Јас на пример да ти бев комшика и да го дознаев ова, уште истиот ден ќе се иселевме од тоа место, не на друга улица, во друг град ќе побегневме! Кој може да остане рамнодушен на таа комшика шо искача шо ножот скриен зад грб?! Побарај психолог, ќе ти заврше работа! Прај муабет за тај страв, дека некој да видам со нож дека ми искача, па и го крие, многу нормално ќе го помислам за ментално болна личност (не сфаќај сериозно, ама прави муабет со психолог или било кој, сериозна сум за ова)


    А јас да ви кажам, синоќа во 3 саат си се прибирам дома од диско и нели најнормално со такси со дојдов, далеку ми е и тивко е тоа време и се осеќа многу кога поминува кола, а јас имам една таква стара комшика шо и мува да помине, одма се појавува од џамот од кујната да види шо како... Џам од кујната, јас во штикили, слегувам од такси, комшиката ме зјапа од кујната, во кујната има ножеви,... Мале, дали и јас да фатам да сумљам у комшиката или? Шо ако и таа имала скриено нож зад грб?! :bandit::worried::o
     
    На okcenzi, fairy88 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    17.539
    Абе ја сфакам препазливост, ама девојчево ептен е параноична. Да седам дома со нож до мене и на секој што ќе ми заѕвони да му се појавувам со нож на врата ми е премногу. Не дај боже може да збрца некого на грешка вака.
     
    На Lolo5, jacqueline.s, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Те де, и затоа и викам да разговара со психолог или со некој шо многу добро го познава, шо може да и помогне. На 14 години ова да и се дешава, а уште да нема кажано на низјзините или да немат забележано дека е толку параноична, чудно ми е...
     
  15. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Девојче ако си сама дома подобро на тој комшија не му ни отварај. Некогаш татко ти ако не е дома и ти му кажеш, од кај да знаеш скраја да е каков е.
    Луѓе не мислам дека девојчево е многу параноично, и самата вика од станот какви не работи слуша, којзнае што им се случува на тие дома.
     
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    17.539
    Подобро ич нека не отвора, отколку да отвори со нож позади грб.
     
    На Lolo5, deskarada и kim.k им се допаѓа ова.
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Погледнете го видеово:
    И кој е сега поплиток во размислување, овие на видеово што прифаќаат состанок со непозант човек или јас што се пазам од човекот чија фаца да му ја видите и вие ќе се пазите + како ме гледа мене и другарка ми, морничаво и страшно ми е :puke:
    Па боље ќе седам со нож зад врата отколку да му речам -Тато ќе си дојде уште малку, ако сакаш влези почекај го, а јас во меѓу врме кафе ќе ти сварам.
    И не вадам нож на секој кој ќе стигнам, туку тоа ми е само кога ќе го видам него пред врата.Моите дома знаат дека не го обожавам и дека си се пазам од него и што да ми речат -Тебе на психолог ќе те носиме?Ми рекоа дека не е убаво така, ама јас си сум јас, не дај боже, а и не сакам да си имам последици од никого и од ништо :)
     
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Imate li na vrata spiunka? Ako imas resen problem za komsijata. Ke vidis deka e on, i ne mu otvaraj voopsto. Podobro taka otkolku da se setkas so nozevi, ne za drugo ke se isposecs sama po greska.
     
    На Lolo5, ku4ence, srhsejbsk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    17.539
    Не му отворај и решен проблем. Ама одиш во крајности ти. Едно е да не се качиш во кола со некој непознат и да не угостиш на кафе некоја сомнителна фаца, а друго е да се шеткаш по дома со нож како сериски убица излезен од акционен филм.
     
    На Lolo5, ku4ence, Butterfly-Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    А кажи ни ти нас зошто воопшто му отвараш врата?
    Најголема заштита ти е воопшто да не отвориш врата.
     
    На hermosa, Lolo5, eloves и 3 други им се допаѓа ова.