1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Од некои мислења на темава, се срамам што сум жена. :^)
     
    На mimiiiii, deskarada, BoneMachine и 13 други им се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не си читам како сакам, не глеам што кажав погрешно, убаво прашав, што требаше јас да направам, да не излезам никогаш од дома за да не ми се случи нешто лошо зашто ти рече требало да сме преземеле мерки да се заштитиме? А што е со оние случаи кога очув силува ќерка на неговата жена?

    Па не ли ми го прочита постот?
    Ме имаат следено со коли, ме имаат следено со точаци, ме имаат следено и пешки. Имаат пробано да ме допрат, сум бегала како луда по улица, сум влагала по туѓи дворови за да си отидат. Не е баш убаво кога оди некој по тебе, па го бута другарот во тебе, као несакајќи, или кога вика по тебе секакви имиња а ти не знаеш кај да се свртиш правејќи се наглув.
     
  3. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Женското не е никогаш криво, како и да се понаша, колку и да флертува.
    Али треба да се чува, пошо секакви манијаци има. Сум си идел заедно со девојки по темни улици доцна навечер, кои ги знам 5 дена или моментално сум врзал некој муабет па сме продолжиле заедно да пешачиме у иста насока, па сме се разделувале.

    И понекогаш се прашувам, нели си мислат овие овој ако е некое манијачиште ако напраи некоја глупост? Шо после? И да го отепаш/претепаш џабе ќе биде ќе ти го уништи животот.
    Ја како машко кога се движам сам навечер, се плашам некој да не погледнам накриво па да ме претепа и се тргнувам настрана, не пак женско да сум и сама да се движам со некој што одвај го знам.
     
    На marijaz, Victorian, Црвче и 5 други им се допаѓа ова.
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Уживате да си правите драми бе. (facepalm)
     
    На Zeynep, Sanjichka007 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас драми си правам, а ти ако сакаш верувај, ако не никој не те тера со сила. А ако немаш нешто искусено не значи дека некој друг не поминал низ тоа. Или можда ја сум била крива со откриени облини и голи нозе на 13 год па затоа ми се случувало тоа.. :nod:
     
  6. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Кога и да поминам накај Мавровка/Бит пазар, а да не праам муабет за Дижонска/Серава, свирка по некој не толку социјализиран со девојки. :D
    Ама тоа е далеку од протнување муабет дека Албанците се "потенцијални силувачи" како што го испрезентира ти.
    Едноставно, во таа средина таков им е стилот на пуштање. Ој девојче *пропратено со свиркање*:music: :D
    Неубаво од твоја страна што го сведуваш муабетот на национална основа. Ете, јас се навредив од постот. ;(
     
    На Zeynep, cresa-jagoda, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ко прво, јас не го напишав тоа за да кажам дека биле потенцијални силувачи, туку друга ми беше поентата, а ако не го сфаќаш тоа тогаш прочитај уште неколку пати за што зборев. Јас не ни зборам за Мавровка или Битпазар каде што има милион луѓе туку каде што сум била сама. А ако мислиш дека е ок некој со точак да поминува покрај тебе и да те плеска по задник тогаш ок, чим им е таков стилот.
     
  8. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Абе еднаш пробале да те допрат, сега те плеснале, у наредниот пост уште малце ќе зачиниш за да ти добие некаква смисла?
    Ако некој сакал да те силува во текот на твоето долгогодишно живеење таму, ќе го направел тоа.
    Постот ти нема врска со темава и не ме цитирај со твоите националистички глупости више. :)
     
    На Zeynep и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.058
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Зошто да не можеме? Немаме право да се премислиме? Може ќе сфатам дека не сакам ништо повеќе и он нема право да бара, ако речам не се што следува понатаму е на него, затоа е и силување.
    А ако он на пример ме попалил и му падне или не може да заврши работа да земам да му го пресечам зашто не си достојал на тоа што го започнал, така може?
     
    На s1a1n1d1r1a1, buttercup5, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А зoштo дa не мoжaм сите мaжи дa ги гледaм кaкo пoтенцијaлни силувaчи? Зoштo тoгaш сите вo aвтoбус внимaвaaт нa тaшни, кеси, телефoни? Зoштo вo aвтoбус дa мoже сите дa ги гледaме кaкo пoтенцијaлни клептoмaни, a oвa другoвo е пaрaнoичнo и лудo? Oд кaде дa знaм јaс кoј штo нoси вo глaвaтa?

    Сaмo зaтoa штo ние сме жени, не знaчи декa зaрaди нaс бoлните луѓе мaгичнo дoбивaaт свест и рaзум. Сaми не се чувaте, a чекaте oд некoј сo психички прoблем дa ве сфaти кoгa ќе речете не.
    Никoј не ги oбвинувa жртвите aмa вo бaрем пoлoвинa oд случaите жртвaтa мoжелa дa гo oдбегне силувaњетo нa мнoгу лесен нaчин. И вo тoa никoј не мoже дa ме преубеди. Имaм примери oкoлу мене трилиoн.
     
    На jovanovska94 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    @Daydream , дали тоа значи дека сите луѓе ги гледаш како потенцијални убијци на пример или крадци? Ако е така,имаш сериозен проблем со недоверба во луѓето. И дали во тоа сите мажи се вклучени татко ти,брат,братучеди ако имаш,дечко ти?
    И зошто само мажи?Има случаи каде жени силуваат жени.
     
    На kjukli, Sanjichka007 и crimson им се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Заради луѓе како тебе на некои девојки(момци) им е страв да пријават дека биле силувани. Ако сакаш верувај ако не сакаш, не ни мораш. И да можеби за тебе се глупости ама за мене тоа е реалност.

    Поентата ми беше не може да се затвориме дома и да се надеваме дека нема да ни се случи нешто лошо. А може да му се случи на секој, па било да е облечен во тренерки или во мини фустан.
     
    На kjukli и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Знaев декa рaбoтaтa ќе јa свртите нa oвaa стрaнa aмa немaв време, a ниту нерви дa пишувaм нa телефoн.
    Не, вo тaa групa нa мaжи нa кoи не верувaм не спaѓaaт тaткo ми, дечкo ми и сите нaјблиски мaжи вo мoјaтa oкoлинa, мислењетo ми беше сaмo зa непoзнaти луѓе.
    Сaкaш дa ми кaжеш декa ти нa луѓетo нa улицa им верувaш? Слoбoднo си шетaш нaвечер нa улицa? Без aпсoлутнo никaкoв прoблем? Не пoгледнувaш ниту левo, ниту деснo? Не те интересирa кoгa некoј oди блиску дo тебе? Кoгa те пoгледнувa? Не пoгледнувaш кaј кoе тaкси вo кoлa се кaчувaш? Вo aвтoбус немaш прoблем сo тoa дa јa oстaвиш тaшнaтa нa грб без дa се вртиш нaзaд? Имaш дoвербa вo луѓетo пoзaди тебе декa немa дa ти гo укрaдaт нoвчaникoт? Акo oдгoвoрите се спрoтивнo нa мoетo мислење тoгaш јaс мислaм декa ти и oние кoи рaзмислувaaт кaкo тебе имaте гoлем прoблем сo прифaќaње нa реaлнoстa вo кoјa живееме. А мене не ми е никaкoв прoблем дa бидaм клaсифицирaнa кaкo личнoст кoјa немa дoвербa вo луѓетo. Дa, немaм. Oд прегoлемa дoвербa вo непoзнaти, никoј дoбрo не видел.
     
    На kjukli, jovanovska94, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329

    Секако дека треба да се пазиме во јавност и секако дека мало невнимание може многу да не чини. Но тоа кога збориме општо за луѓето. Работата е дека не треба луѓето како поединци да ги гледаме како силувачи, убијци или не знам што. На пример тебе да ти пријде некој непознат да те праша нешто, и ти сигурно не треба право да извадиш спрејот или ножот да се одбраниш, демек за секој случај да не ти направи нешто човекот. Или да речеме паѓаш и се повредуваш, доаѓа некој да ти помогне да станеш, а ти веднаш да помислиш дека човеков ти се пушта.
    Не велам дека треба секому да веруваме, но не треба и пребрзо да судиме. Во тој случај претпазливоста би се претворила во параноја.
     
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не се овие девојки кои заведуваат па оставаат виновни, туку ние мажите кои немаме соодветен одговор на тоа. На пример, место да користи сила за силување, на прво запознавање во дискотека, облечен господинот елегантно, ја заведува, таа „му седнува во скут“ и моментот кога му вели доволно е толку и сака да се тргне да биде толку галантен и да и извади дијамантски обетки и да каже, имам моја златара, сакам да ги имаш овие 22-каратни сонциња на твоите прекрасни уши. Ем ќе добие све, ем додека таа сфати дека ги има земено три за сто од Шутка бувљак... прекасно ќе биде за каење.

    Жените не разбираат колку е моќно заведувањето со своето тело. Никогаш и нема да разберат. Исто како што мажите никогаш нема да го разберат женскиот ум.

    Но на крајот на муабетот, секогаш е важно и едните и другите да имаат меѓусебна почит и разбирање. Не може да постојат реченици како „играла во скут и нормално дека ќе ја силуваат“, но не може да постои и „па ни се може, ако сакаме ќе играме“.
     
    На XstrongerX, Cka и Daydream им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.058
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Да де, зашто сите жени се такви. Ти ако си налетувал на такви и имало потреба да си купиш тоа што ти требало не мора да значи дека секоја жена, или претежно жените се такви. Ама тоа е друга тема.
    Не мислев јас на ова дека ни се може, па сега намерно ќе му правам, мислев на сме тргнале на тој пат, ама едноставно нешто не ми штима и не сакам да одам понатаму. Тоа е мое право и кога ќе кажам не, значи не.
     
    На kjukli, kim.k, mimi**** и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
     
    На Papillon.Papi и blueberry93 им се допаѓа ова.
  18. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Вака.,.ги прочитав повекето мислења,и можам да заклучам дека 50%од членовиве на форумов се со подпросечна интелигенција..НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ВО никој случај силувањето ,ама сепак се сложувам со неколку членови што.се изнаснија дека некогаш и силуваната е виновна.
    1 пример:Шо бара девојка од 15год (карикирам)да флертува со некој НЕПОЗНАТ маж од 35+ години ? Нели би требало истата да игра со своите врсници на улица,а не во дискотека (со минич)да флертува (СВЕСНО)со видливо постари?
    2;Како тоа одат во станови кога личноста не ја познаваат доволно?
    3 то: Кога знаеме ВО КАКВО ОПШТЕСТВО ЖИВЕЕМЕ зошто имаме ставови хас ако сакам и гола ке одам?(да беше понормално општеството ај ама ви овој случај оти сами да си ги комплицираме работите?
    Сума сумарум.ова се само примери секојдневни а тие шо се нападнати на пр на улица,деца кои се нападнати од педофили итн се друга приказна..е тие не си го бараат сами,за разлика од другава категорија што ја спомнав.
    Тука прочитав и мислења од типот;можеме да се браниме МОЛАМ? Како јас би можела да совладам маж од 90+kila?
    И 100 појаси да имам сепак женско.си е женско.
     
    На SofiMar_, teressa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    И мене.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    До негде се сложувам, и за ова под 1. секако дека има такви малолетнички што флертуваат со постари и личат дека се многу постари. Но ако таа му се залепила на некој маж од 35 години, не значи дека тој треба да и оди по ќејф. Ако тој е нормален, едноставно ќе ја игрнорира, ќе и се развика, макар и ќе и удри една воспитна. Додека некој што има потенцијал на силувач ќе види му се укажува прилика и ќе искористи. Можеби и таа девојка влегува самата во беља, но сепак постои разлика меѓу двајцата типови на луѓе што ги наведов.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.