1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    Сите оние кои сметаат дека девојка не може да облече нешто пократно и поразголено, за да не биде силувана...само трошат време на форумов.
    Да не може да се облече посекси, (не зборам за екстремни случаи), да покаже кожа, шорц, маица со прерамки, само поради болните умови што постојат :puke:...нема смисла
    Треба да има право како да се облекува, а притоа ни да му текне на дотичниот за поимот - силување!!!
     
    На Ekstaza, sugarlips, mimi**** и 3 други им се допаѓа ова.
  2. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Знам јас многу добро што е само не знам дали ќе има нешто добро ако го пријавам...
     
  3. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    10.354
    Пол:
    Женски
    Девојче се што не е консенсуално се смета за силување.Посебно преку уцена и покрај давање отпор и тоа како се смета за насилна пенетрација!Ти се има случено на тебе тоа, така?
    Мислам дека треба да кажеш на родителите, па пријавете го во полиција.Со среќа и биди силна!
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и marijaz им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Нa вaс нoрмaлните ви е смешнo? ;)
    Еве јaс oд ненoрмaлните ќе кaжaм декa И ПOКРАЈ ТOА ШТO ЖРТВАТА некoгaш е предизвикувaч, oвa е клaсичен пример нa силувaње вo врскa.
    Девoјкaтa не гo предизвикaлa, си билa сo дечкoтo и билa силувaнa
    - дa се сoблече и
    - принуденa нa сексуaлен чин
    Акo гo пријaвиш, кaкo ќе дoкaжеш? Дaли мoжеби беше нa лек.преглед? Сo твoјoт прoтив негoвиoт збoр ќе биде тешкo дa дoкaжеш.
    Рaзгoвaрaј сo твoите. Oвa е тежoк терет зa сaмa дa гo носиш.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.275
    Пол:
    Женски
    Ептен.... смешно ми е кога некој мисли дека жртвите се криви. Трагикомично е!!!
     
    На piksooki, Bender Rodriguez, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    @123.Maki-first ,

    Ако си малолетна кажи им на твоите родители,во секој случај кажи на некој близок,ќе ти треба целата подршка што можеш да ја добиеш. Потоа одете на гинеколошки преглед,иако се поминати веројатно неколку дена,микроповреди се сеуште присутни од насилната пенетрација. После тоа оди во полиција,пријави го насилникот. Најверојатно ќе треба да одиш и на разговор со психијатар,затоа што ако нема гинеколошки доказ за силувањето,во твое име ќе треба како сведок да се појави психијатар,којшто по вештачењето ќе треба да потврди дека навистина си била силувана.
    Процесот ќе биде мачен и тежок,ама немој да се обесхрабруваш.

    Инаку,во секој случај оди на разговор со стручно лице,за да полесно го пребродиш овој период и да ги намалиш траумите од чинот.
     
  7. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Фала за советите ама најпрво - полнолетна сум; второ - јас знаев каков е овој, а сепак му се вратив, го засакав, не знаев дека ќе се снајде за да ми го стори ова; трето - на моите најбитно им е да студирам, а моментално ги пропуштив испитите поради повеќе работи и сите ми се случија последнава недела, а треба да запишам и семестар, и за тоа треба да плаќам така што немам пари за психијатри, гинеколошки прегледи, и четврто - моментално немам здравствено осигурување така што нема шанси да се снајдам за сите тие прегледи. Не е процесот мачен и тежок, ама чини... Фала ви сепак, но најдобро ќе биде да му простам на овој, и онака ми се извинува, добар е во се друго спрема мене само во тие моменти е друг, за сакање, ме сака долго време, а мене па само ми е познат... А можно е и да сум трудна... Се надевам не сум. Сакав да знам како да гледам на ова, ме потресе, а не знаев зошто, не бев ни свесна како се се случи... Сепак ме утешивте колку толку, фала ви :l:
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Оди во Хера, имаш бесплатни прегледи и можност да зборуваш со некој стручен за ова што ќе ти помогне.
    Адреса:

    ул.Дебарца 56/4, 1000 Скопје, Македонија

    Телефон: 02/3290-395

    Факс: 02/2556-002

    е-пошта: hera@hera.org.mk
     
    На Nausicaa, kjukli и 123.Maki-first им се допаѓа ова.
  9. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ова многу ми значи :l:
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @jacqueline.s Drug pat koga ke uocis deka e siluvanje pak smajli da stavis...iako go nemase vo citatot go ima vo tvoeto org.mislenje. Nevkusno!!!!
    Vo nekoi slucai = se slucuva, postoi, ne e nevozmozno
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    Те сака?
    Молам?
    Дали се читаш ти девојко?
    Е за ова јас мислам дека сте си виновни. Не за друго. Не си виновна што се случило тоа што се случило ама си виновна што ПОМИСЛУВАШ ВООПШТО да останиш со таков човек. Не да се извинува, не да моли, да се обеси пред тебе заминувај!!
    Човек што те сака нормално со здрав разум нема никогаш да те присили на ништо, а најмалку на секс. Има дечковци што чекале месеци и години додека е спремна девојката. Немој да те лажи умот да останеш со него. Од кај знаеш дека чим еднаш го направил тоа утре други ден нема пак да го направи? Кога ти не си расположена за секс, а тој е... Што ќе се силуваме????
    Едно е да не сакаш да го пријавиш, ама со него да останеш н и к а к о!!!
     
    На teressa, macka5, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.061
    Допаѓања:
    257.943
    Пол:
    Женски
    siluvanje.png
     
    На Capricorn96, Victorian, sugarlips и 15 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Како може да помислиш да останеш со таков? (facepalm)(facepalm):x Ако си подготвена секоја вечер да бидеш присилувана да имаш секс, оди слободно со него.
    Се извинувал еј :drunk: Ајде и јас ќе ограбам банка и ќе се извинам...
    Не биди глупа само толку ќе ти кажам. Ете погоре ти оставиле контакт од Хера, појди и зборувај ако можеш, ако не, бегај од него и секако не можеш да докажеш дека тоа се случило.
     
    На cresa-jagoda, maca cvet, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Боже прости ми ако грешам, но по овдешниот пост и однос на девојката јас не можев ниту во еден збор да проценам каде таа тоа е силувана?!
    Не дај боже, овој потег, оваа подлост, оваа паранормалност не остава никого рамнодушен а најмалку засегната девојка што искажува и опишува овде на сосема спротивен начин од истата.
    Па згора на се може и бремена била ама не дај боже да не е.
    (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и blueberry93 им се допаѓа ова.
  15. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Особено интересен ми е делот
    Замисли одиш на суд и го парафразираш делов,
    легнавме со дечко ми во кревет, се соблековме голи, немав намера да имаме секс чисто анатомијата си ја истражувавме.
    Мислам, јебе луд збуњеног или што е работава?

    Бонус постов
    http://forum.femina.mk/threads/Што-планира-во-моментов-со-мене.5615/#post-2687534


    http://forum.femina.mk/threads/Крајно-време-е.3027/page-45#post-2689169


    Фали драматична слика од турска серија после трауматичниве настани на темава, али ме мрзи да барам :D

    п.с не се секирајте, постојат медицински/гинеколошки наоди што докажуваат секс под присила. Во случај некој патолошки случај лажно да пријави силување (ги имаше последниве две-три години случајот во Штип и уште еден со вклучена изнуда), па некој ни крив ни должен да го јаде. :)
     
    На sugarlips, cresa-jagoda, maca cvet и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство околу ова и морам женички да ви кажам-никогаш не кријте олеснете си ја душата некому.
    Имав 16 години, нормално повлечено девојче си бев. Долг период од три години се допишував со дечко постар од мене 5-6 години. И ајде се убедивме некако да се запознаеме. Отидов кај него дома, немаше никој. И муабет ова она се беше убаво, преминавме на бакнување и тоа ок ајде не бев ептен мала ама си знаев до тука одам не сакам ништо друго. Ме одвлече насила во друга соба, ме соблече и знаете што следи потоа. Ма се обидов со гребење, мавање, бегање, заклучени врати што можеш ти си велам со твојта сила. Најтрагично од се, прв пат ми беше. Почна да ме теши да ме гушка демек незнае, јас плачев ли плачев. Неможев да кажам на моите од проста причина што јас отидов таму, со кој мозок ама едноставно незнаеш што те чека мислиш има луѓе а не стока со нагон за задоволување. Посетив психолог, ме ислуша и ми рече-Добро што дојде, девојките како тебе може да имат големи последици понатаму. Кај некои траумата се манифестирала како нимфомнија, кај некои одбивност од интимни односи, а оние секојдневно со семејно насилство од блага депресија о шизофренија.
    Олеснете си ја душата некому, и ако добиете понуда за состанок секогаш пазете на местото и времето.
    Доколку е непознат некаде на улица или недостапно место, вадете солзавец никаде без тоа.
     
    На macka5, Rose96, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  17. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Мислам дека донекаде си во право. Тој ја силувал штом се осмелил на тоа утреден може да направи нешто многу полошо не дај боже. Тогаш ќе биде доцна за да се извинува. Мислам дека ќе биде добро да го пријави и да си ја научи лекцијата но сепак тоа е нејзина одлука. Но доколку би била на нејзино место недај боже веднаш би го тужила.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Ти завидувам на храброста тоа е ептен тешка одлука секоја чест за стореното.
     
  19. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Сите кои ме осудувавте што му простив на тој што ме силуваше, би сакала да ви кажам, доколку можете, и вие сторете го истото. Знам дека е потресно, знам е неправедно, ама поради вас самите, простете! Не дозволувајте нечии ненаситности вас да ве направат гневни. Еден ден пак ќе имате секс, прв пат си е прв пат, не правете го тоа како нешто толку посебно, лошите животни искуства не треба да ги правите како нешто посебно, гледајте само на доброто. Тој нека се јаде, вие немојте. Еден ден ќе најдете некој кој ќе ви ги исполни сите празнини што ви ги создале други.
    Да, му простив. Бараше да му простам, а што да правам, таква сум, едно кинење не можам да го наречам нешто толку злобно, ми се случиле полоши работи, единствено лажење, мајтапење и бивши не можам да простам. Ова беше нешто меѓу нас двајца, затоа му простив. Не целосно, секојпат кога ќе се видиме, му го зборувам тоа. Не одрекува, за жал не се ни кае, ама барем е подобар со мене за разлика од другите. Не е како порано нападен, не ни имаме секс, ништо такво дури, ама ми угодува како и порано што ми угодуваше. Секојпат кога ќе му се налутам за глупост, ме моли да се одлутам. Што да правам, сакам некој да ме моли! Два пати ме виде изненадно кај него на работа, два пати од занес ќе го скршеше стаклото. Или е на работа, или со мене. Набрзина се зближив со неговата фамилија, порано пушташе музика дур пробуваше да ме легне, сега ја пушта за да ми пее, ме силуваше од љубомора, сега ако му спомнам некој, само ќе си ја мава главата од ѕид или стакло. Има селски, застарени мислења, мисли дека сексот со девојка или жена не може да биде силување, барем сега знае дека не е така, но ми одговара и што е таков, застарен, донекаде. Сега машките се како жени, не те запознаваат со неговите, немаат пари за да искочите, при најмала караница ги снемува, буквално за се мора да им одиш по кејфот. Знам дека не се сите такви, ама што да правам, нормални па не ми се интересни, а и многу ми е важен физичкиот изглед.
    Знам дека одлуката ми беше премногу глупава, ама си реков дека можеби треба да направам исклучок. Знаев дека е нестабилен во тој поглед малку, и мајка ми знае дури, се запрепасти кога дозна дека јас бев таа што го побара да се смириме (пред да ме силува), затоа му простив, знам каков е. Ако и вие се најдете во исклучок, простете, па и да не бидете заедно, подобро да простите отколку да мразите, тој самиот себе нека се мрази, полошо е самиот ти да се гадиш од себеси отколку од некој друг секогаш. Знам дека многу сметаат дека ова што го направив е погрешно, дека другата личност не го заслужува тоа, но ако имам сила, зошто да не? Освен тоа, јас заслужувам мир... А и тоа беше единствениот начин за сите што он ги познава, да дознаат каков е, немав многу шанси за тужби, судења, а и онака поважно ми беше другите да знаат. Не знам колку знае неговата фамилија, ама населбата ќе му дознае наскоро. Мајка му самата кажа дека он е дивјак така што ќе веруваат, не ми е гајле како ќе го вадат пред комшиите, ама сите ќе знаат сега. Дали ќе останам со него, тоа од него зависи. Најлошото му го простив, сега ќе мора ама баш во се да биде ок за да останам со него.
    Како и да е, после вакво нешто мора да останете силни, мојата сила е откако ќе простам, можеби кај некого ќе биде на друг начин, сепак останете силни и секогаш донесувајте одлука сами
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    И ти воопшто не си свесна дека тоа кога-тогаш повторно ќе ти се случи, па колку сака он нека крши стакла???? Девојко стварно нешто многу не е во ред со тебе.....
     
    На piksooki, teressa, VivienLeigh и 4 други им се допаѓа ова.