1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Стварно ти @Zeynep не сакаш по другите теми кога се офтопици сега што ти стана|(:Dcanim
    А за @aleksandra4444 немам зборови значи,не дај боже да облечеме ние женските фустан по ова жешко време,сами си бараме
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На ku4ence и Semih-Al им се допаѓа ова.
  2. Semih-Al

    Semih-Al Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Срамота,ти самата женско така за женски зборуваш.
     
    На piksooki, Mrs.Styels, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    21.323
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    И малите деца, и стариците по 70 и кусур години се облекуваат перверзно со цицки и газ на изволте?
    Јас не знам што бараме поддршка и разбирање од машките, кога самите женски си се осудуваме и плукаме.
     
    На piksooki, QweenSM, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.583
    Допаѓања:
    79.044
    Пол:
    Женски
    Силувачите се само луѓе со болни умови, и да е некоја провокативно облечена, колку треба да си пореметен за да и се нафрлиш? И јас порано мислев дека некои си го бараат ама ако си го бараат ќе си го добијат по желба а ова е насила. И нема оправдување. Што да речеме за оние што деца силувале? Не можам да си поверувам и не сакам ни да замислам кога ќе слушнам таква грозотија... или па жени во години. Болест...
     
    На hermosa, Indiegurl, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Периoдoв зaбележa декa ДЕЦА се силувaни? Сo кoи цицки испрoвoцирaлo НЕДOРАЗВИЕНO девoјче???

    И нaвистинa не знaм зoштo oчекувaме дa гo пoчитувaaт женскиoт пoл кoгa ние не се пoчитувaме меѓу себе, или пoлoшo СЕБЕ.
     
    На Mrs.Styels, QweenSM, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.607
    a71bf720ea050f5ddbc7a247bc12249f.jpg
     
    На Mrs.Styels, CrazyGirl15, QweenSM и 12 други им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Е како очекуваш никој ништо да не ти пререче кога даваш вакво мислење? Како може сама на себе шамари да си удараш не те сфаќам, освен ако не си добра нешто...
    Знам девојки шо биле нападнати сред зима, период кога само очите им се гладаат на сите од шо е ладно, шо тогаш го напалило силувачот? Како сама си го барала?! Знам девојка шо е силувана после школо, облечена во школска униформа, како сама си го барала?! Знам жена шо мажот и ја силува, како таа сама си го барала?! Знам мало дете шо е силувано, како тоа девојче само си го барало?! Знам маж шо е силуван, како тој маж сам си го барал?! Знам девојка шо е силувана после диско, како таа девојка сама си го барала?! Баба стара 70 и кусур години е нападната и силувана во нејзината куќа, како таа сама си го барала?!
    Малце чукни се во таа главата и пази шо пишеш, дека на ваква болна тема секое мислење не е во ред, ок?!
    Дека утре и на тебе или на твое дете истото може да ти се десе па после кога ќе читаш/слушаш вакви мислења од жени премногу ќе те боле! Срам да ти е! :clap:(facepalm)

    И само едно запомни слободниот карактер на жената и нејзината облека не дават заелено светло дека таа жена сака да има секс!! Јас можам и гола да шетам, ама никој не смее да ме чепне без моја дозвола!!
     
    На Mrs.Styels, shekerna, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ilina-m

    ilina-m Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право, јас мислам дека сум мочала во нокширот на 2 години -пред братучед ми кога решил да ми ја уништи психата и текот на животот... го испровоцирав и 32 години подоцна уште му дозволувам да живее добро, незнам зошто... а ме провоцира да го одерам не пропушта прилика да фрли коментар - ќе биде оправдано ако му се напијам од крвта зошто ме провоцира?
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    ФАКТ е декa жртвaтa никoгaш не е винoвнa. Сo тoa штo плукaш пo жртвaтa (кoјa вo хипoтетичкaвa ситуaцијa е женa), плукaш пo тебе, мaјкa ти и сите жени нa светoв, рaзбирaш сегa?
     
    На piksooki, Mrs.Styels, QweenSM и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Не бе, тоа е доброволен секс, какво силување богдачува
     
    На joy1, ku4ence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    "...секој си има различно мислење и тоа е тоа" - оваа реченица секогаш се користи кога човек не знае да си го одбрани својот став.
    Ајде образложи зошто мислиш дека разголена девојка бара да биде силувана.
    Додека таа УСНО не каже ДА за секс, се' друго си е наша сопствена перцепција на нештата, како на пример заклучокот, штом е разголена, сигурно сака секс.
    И девојката не е крива за тој твој, или на некој потенцијален силувач, заклучок.
    И самото име ти кажува, СИЛУвање - на сила.

    Го почнуваш постот со "мислам дека и девојката има улога во силувањето ако е гол газ и со испрчени гради", а го завршуваш со "не ме осудувајте, ве молам".
    А што сакаш, да ти аплаудираат?

    Ти посакувам никогаш да не поминеш низ ова, да не мора на потешкиот начин да научиш дека жртвата НИКОГАШ не е крива.
     
    На Mrs.Styels, shekerna, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ако си го бара сама, ваљда ќе биде консезуален секс, а не силување???

    Жртвата не е никогаш крива, крив е сторителот и точка.
    И криви се институциите што не обраќаат внимание за превенција на такви случки, а и казните се преблаги.
    Јас сум среќна што имав безгрижно детство, но во последно време гледам по ТВ дека многу дечиња се жртви на педофили. Страшно.
    Дали порано немаше вакви грозотии или едноставно не не' информираа?
    Ми се чини дека секој ден по некој нов случај има сега.

    Меѓу другото, во ова лудо време, не е лошо ние како жени/девојки да си носиме заштита.
    На пример, јас во чантата секогаш носам ноже.
    Не би сакала никогаш да го употребам, и искрено не ни знам дали во таква ситуација би била доволно храбра да го употребам, сепак, подобро се чувствувам кога знам дека ми е в чанта.
     
    На Mrs.Styels, QweenSM, shekerna и 10 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    ЗНачи сама си свесна дека глупости си пишала, штом на крај викаш без осуди.
    Машките лошо сфаќале? Што има некој рандом непознат дечко по улица да сфати јас како сум облечена? Јас ако сакам гола ќе одам, ако сакам бунда ќе носам, не смее никој ништо да сфати пошто јас сум јас, ете така сум решила да се облакам а не непознати луѓе да ги привлекувам за секс.
    Значи во твојов случак женските се ко животни и ко предмети, па треба да пазат како се облечени, како се движат, пошто МАШКИТЕ можеле поинаку да сфатат (facepalm) и ќе ја грабне по улица да ја силува пошто поинаку сфатил...ЕЈ извини што те силував, абе гледам си облекла фустанче па поинаку сфатив, мислев индиректно ми кажуваш дека сакаш секс (facepalm)(facepalm)
    И ти си женско, како можеш вакво нешто да пишеш?
    Поддржуваш силувачи ејјјј. Значи бетер од силувачите си.
    А децата мали што се силувани? И тие со цицките однадвор се рашетуваат? Или мало машко дете кога ќе силуваат, со што го провоцирал силувачот? Што сфатил силувачот погрешно па да силува 8 год. момче? И детето имало цицки? Газ? Кратко фустанче? Што, ајде?
    Женските претеруваат со своето слободно понашање? Епа од денес сите со наведнати глави да ве видам, вие ќе ми се рашетувате со цицките однадвор, ма ајде бегај таму. Има само очите да ви се гледаат по улица и тоа не смеете да трепкате пошто и така може погрешно да сфатат машките. Може да трепнете само кога нема МАЖ во близина.
    Која глупост човече си ја пишала...која глупост....само човечката глупост е бесконечна.
    По муабетот ко и ти да си силувач ми изгледа...
     
    На sj *O*, joy1, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    25.314
    Пол:
    Женски
    @aleksandra4444 молам ? Мислам дека до сега ова го немам пишано во темава , но ти ме принуди .

    Идев со еден една година . После тоа раскинавме . Една од причините - настојуваше да имаме односи , јас не сакав , се чувствував мала и неспремна . Згора на тоа , дознав дека излегувал паралелно во неколкуте последни месеци со друго девојче . После една година од раскинувањето , дојде во кафиќот каде излегував со друштвото , за да " разговараме " . Излегов пред кафичот , бев НОРМАЛНО облечена , фармерки и најобична блуза ( не со цицките однадвор ) , и болниов почна да ме влечка у темни и малку позапуштени места :| . Се обидував да му избегам , дечково беше најмалку два пати посилен од мене , две глави повисок и покрупен . Ме одвлечка до една нива , и почна да ми зборува како згрешил , сеуште мене ме сакал , да ме моли да се смириме . Во меѓувреме , јас се имав скарано со сегашниот сопруг ( тогаш дечко ) . Му објаснив дека си го сакам дечко ми и дека тој е веќе минато за мене :| ете тогаш навистина полуде и почна да ме притиска до себе , и да ме соблекува :worried: . Незнам од каде ми дојде сила , имало Господ , го оттурнав силно од мене , му реков да не му се повтори тоа уште еднаш и дека во истиот момент сум спремна да се јавам во полиција , и почнав да трчам силно колку не ме држеа нозе . Среќа моја налетав на другарка ми која ме барала цело време . И раскажав што се случило и почнав многу да плачам и да се тресам . Мислам дека доживеав нервен слом ;( . Тогаш другаркава ми кажа дека дечко ми дошол и ме барал му рекла дека сум до дома и ќе дојдам да ме чека во школскиот двор . Тој ме чекал . Не сакав ништо да му кажам бидејќи несакав таа неубава случка да биде повод за смирување , но неможев да го излажам ( многу лош глумец сум :@ ) .
    И сега , по твое , со што го провоцирав човечето , м ? Со фармерките кои ми беа доволно комотни , или со блузичката која беше онака спортска , пристојна и секојдневна ? :| немој вака . Женско си . Не се знае што може да ти се случи во следните 5 секунди , минути се многу :| . Јас успеав да избегам , некои за жал , ја немаат таа среќа ;(
     
    На piksooki, sj *O*, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.458
    Еднаш кога бев на одмор, другарка ми предложи вечерта да одиме таму кај што се сместени дечко и и' другар му, ќе имало и други луѓе, да се дружиме, да пиеме. Имав некое лошо претчуство, плус не пиев алкохол и ми се виде ко лоша идеја тоа, ама сепак отидовме. Се запија сите, потфатени беа, друштвото се разбега по некои журки, останавме јас, дечкото на другарка ми и неговиот другар (за кој пет пати ја препрашав каков е, што е и таа ми тврдеше дека е ептен мирно дете, уста не отвара, на мравка не гази.. и стварно така изгледаше). Имаше пуштено гласна музика, другарка ми отиде на тераса со дечко и, јас останав сама со овој. Наеднаш почна чудно да ме гледа, да ме гушка, да ми се пушта. Отворено му кажав ако има било каков план да прави нешто со мене, да си се повлече зошто ништо не сакам. Почна да навалува, ајде бе што има врска, бар едно лапање, што ти менува тоа. Јас упорно го тргам, уште па и се објаснувам со него, и ај се смири малку дечково. Во меѓувреме, влегува дечкото на другарка ми и поднапиен ни вика што правите вие двајца, и буквално не бутна на кревет кретенот... И си излезе. Е тука следеа моменти во кои никогаш не сум се почувствувала така во мојот живот. Дур да се освестам, дечково скокна врз мене, ми ги фати рацете и ми седна врз нозете, проба да ме смува, јас како што се тргав ми се крена блузата (која инаку до врат ми беше, а долу фармерки си носев ;) ) ,во еден момент се ослободив, го изгребав или го гризнав и уште глупаков ми вика а така ли, грубо сакаш?! :o Ко што бев откриена, ми ја стави раката на половина, ми ги рашири нозете, тргна нагоре и јас во тие моменти на страв, паника и неверување таква сила добив го турнав од мене, и го удрив, истрчав до вратата, од стрес ми се вртеше буквално, одвај погодив да отклучам. Инаку викав јас да се тргне додека се ова се случуваше, ама од музиката никој не ме ни слушна.
    Кога се симнав од зградата доле, кретенов се појавува на тераса и ми вика уште што ќе правам сега јас сам?! Со цел памет тргна по мене да ме врати назад, демек да ми се извини, тоа беше буквално тегнење на сред паркинг, вриштење, проба во раце да ме крене, една девојка помина, и се уплаши пошто хистерично вриштев да ме остави. На крај му удрив еден бокс и си се врати, ги нашол другарка ми и дечкото, и уште се пожалил колку јако сум го удрила. Море, мамето требаше да му го ебам!
    Последователната реакција на дечкото на другарка ми откако дозна за ситуацијава беше ужасна, се прашувам како може некој да размислува така, ако е барем малку човечен. И другарка ми богами не ја сфати толку озбилно работата, он мене не сакал фала богу да ме силува, туку само да ме смува. Е многу ми олесна! И после две години сум сеуште исфрустрирана од ситуацијава, и се прашувам што ќе беше ако се случеше уште нешто повеќе... И ајде, со што го предизвикав јас тоа? Гола се шетав, го изгребав и според тоа сакав грубо?! Моето не секогаш ќе значи НЕ, без оглед на ситуацијата!
     
    На piksooki, Mrs.Styels, shekerna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Се разбравме:)
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    32.963
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав ова, веднаш се сетив за да го поставам тука.
    Прочитајте девојки. :)
    http://www.inovativnost.mk/?p=23897
     
    На theowndemon и tteea55 им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @QweenSM Цел живот ќе ги учиме девојките и жените на самоодбрана и сл, наместо всушност, мажите да се превоспитаат. Барем ајде, лакот е од некоја помош, кога општеството е искривено.
    :d::drunk:
     
    На QweenSM, Gosh, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ти сериозно мислиш дека машките силуваат поради воспитувањето?
    Ако така функционираат работите ајде да ги воспитаме луѓето да не ги прават и остататите кривични дела во КЗ.
     
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Anon Ох, извини лорду на грешката.
    [​IMG]
    Да, сериозно мислам. Ти сериозно мислиш дека не е така? Како знаеш всушност дека тука не лежи грешката, кога впрочем никогаш не е ни направен таков чекор за едукација на мажите, туку цело време нас жените не "образуваат" како да се заштитиме. И според твоето мислење, сакаш да кажеш дека вон можностите на еден маж е да може да се контролира? Човек е, не е амеба! А проблемите се решаваат од нивниот извор!
    Соу гив ми а брејк, плис! |-)
    :d::drunk:
     
    Последна измена: 8 декември 2016
    На galapce, Nausicaa, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.