1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.607
    Знаеш, после толку време ( кхм, векови ), можеби само мал процент од нив сеуште не еволуирале од амеби... (facepalm)
     
    На Mrs.Styels, kim.k, shekerna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ги знаеш оние луѓе што ги фрлат најлоните со ѓубре од балкон или од пенџер? Или што фрлаат ѓубре по улица? Тоа е невоспитање.

    Не е потребна кампања за образование на мажите зошто тоа што го збориш за воспитување нас не тера да НЕ силуваме. Од мали се учи што е прифатливо однесување во општеството, а што не и многу јасно им е на сите машки дека не е прифатливо такво однсување.

    Оттука, секој што ќе го прекрши моралот на општеството, а плус и законот, јас го ставам во иста група со крадците и убијците и сличните ним. Затоа ти викам, ако е до воспитание, дај да ги востпитаме луѓево да не прекршуваат ниеден закон.
    И впрочем, се трудиме. Децата ги учиме како да се однесуваат, ама не секогаш тоа успева.

    И затоа вниманието треба да биде насочено кон тоа што вие можете да го направите да се заштите.

    Ако ти речев пази ноќе низ град секакви фаци се мотаат, може некој да те ограби, немаше да ми речеш ајде да ги научиме луѓето да не ограбуваат.
     
    На theowndemon и Jas! им се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Еден мнoгу дoбaр текст. Нa Berlin ArtParasites беше пoстирaнo.
     
    На sweet-cherry и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    се пронајдов во ова тема...конкретно во за малку му избегав на манијако....ко бев тинејџерка се соочував со манијаЧКА....ми се заканваше секој ден дека ќе ме тепа, ме понижваше пред сите, имаше и обид да ме истепа иако не и успеа. сепак имаше!!! и не само ова. мислам дека ова ќе ми остај последици на мене;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Еве одлични прости примери за сите да разберат. Посебно последното.
     
    На crimson, Papillon.Papi, Bender Rodriguez и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Triksy27

    Triksy27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Јас бев натерана со закани да имам секс со еден дечко и уште еден негов другар што е познат меѓу женските на 15-17 годишна возраст, бар тогаш кога ме силуваше, беше, ама сега од кога не користам Fb веќе 4 години појма неам, дали е уште позната фаца на fb. Иако само уште до ден денес паметам колку само не сакав да бидам таму на тоа место со тие луѓе, ужасно се чувствувам поради тоа и би сакала да можам да го вратам времето и да сменам некои работи. :/ остави една голема траума и рана во мене, што иако толку долго време помина, а јас уште не сум вратена во нормала. Затоа пазете женски со кого праите муабет на fb и кого го прифаќате.
     
    На parksey, MG3, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
  8. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Socustvo. Slobodno kazi gi so ime i prezime da se znaat.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Triksy27

    Triksy27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    да ти кажам право, дечкото имаше пишано некое име друго на fb, и сите по тоа име го викаа, а сигурна сум дека не се вика така реално, а за презимето и тоа го излажа, зошто го барав во средното кај што рече дека учи, со тоа надимакот и презимето и рекоа дека нема ниедно дете со такво презиме, ни со такво име... Дечкото манипулатор 1000000%... И цело време лажеше колку години има и кога му е роденден... Мизерија права е, не дај боже некој да се најде со него да биде. Најискрено не сакам лошо да мислам на луѓе, ама за овој најлошото го мислам.
     
  10. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Dobro slika, bilo kakva licna informacija, javno ili anonimno prosiri ja informacijava, ne samo na femina tuku sekade kade sto si vo moznost. Koga policijata vo vakvi situacii ne moze nisto da napravi, barem neka si se siri glasot.
    Ova e moe mislenje za takvite, sepak tvoja e odlukata.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не знам како може да постојат личности кои уживаат во тоа да присилат некој на нешто против волјата. За среќа јас немам лично искуство но моја другарка има, беше силувана во влез од зграда... До ден денес девојчето има трауми, иако тоа се случи пред повеќе години. А што е најстрашно, казните за ваквите психопати понекогаш се прениски за она што го сториле. Најдобро човек да ги превзме работите во свои раце и да им врати на начин на кој заслужуваат. :@
     
    На teteks и Gosh им се допаѓа ова.
  12. Гејј

    Гејј Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Не мислев дека ќе коментирам на некои вакви теми, но ете веќе кога е се анонимно, да ви претставам случај од друга перспектива, силување на маж врз маж.
    Се случи пред 5 години, кога наполнив 18 години и конечно ја остварив желбата да влезам во Геј Дискотека. Таму еден тип ми пристапи, постар, 30-35 години. Не сакам да навлегувам во детали, се случи што се случи, не ми беше тешко толку што настана чин на силување како што ми беше криво што ми е срам да пријавам поради дискриминација кон нас хомосексуалците.
    Нејсе, сакам да кажам, после ваков чин, разговарање одма со барем стручно лице. Јас касно го сфатив тоа и буквално се затворив во себе. Бев и истепан и силуван и тоа беше енормна траума.
    Туку, после неколку години, го најдов типот. И тоа сосем случајно. Има жена и две деца и перфектна слика на фамилија. Го следев на социјални мрежи одредено време и еднаш му пишав. Се договоривме да се видиме, типот беше истресиран, ожалостен, не му е јасно како може тоа да се случило. Да, тој беше пијан и тоа бааѓи и пијанството го тера на агресија. Испадна дека е бисексуалец, ми понуди пари дури тоа и голема сума. Му реков да ги уплати на име на Домот за сираци, и лично ќе проверам дали има донација од лице внатре. После два дена добив инфо за донација од 3000 евра.
    Изгледа како шпанска сапуница, и дури јас не би верувал кога би си го прочитал тоа, но така е . Го заборавив јас типот,ете не можам сега да се сетам ниту како изгледаше ниту име и презиме.
     
  13. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Навистина ми е жал за тебе..добро тој се покајал ама тебе ќе ти се врати ли мирот бе мило,ќе заборавиш ли некогаш тоа што се случило...за мене тоа не му е оправдување сепак секој знае што прави јас мислам сите пиеме знаеме и да претераме нормално и зарем секој викенд треба да силуваме некого и да се изживуваме врз некој...сепак мило ми е што се средило се :l:
     
    На Gosh и Гејј им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.968
    Пол:
    Женски
    @Гејј Се некако ми се чини дека си играш со нас малку,еве и од кои причини.
    Како прво ова е доста сериозна и болна тема за личности кои биле подложени на ваков грозен чин-силување.
    Ако стварно тебе те силувал некој маж,немаше така лесно да го заборавиш и изглед негов и име и се,а пред тоа викаш си го нашол на социјалните мрежи,ти уплатил пари и одеднаш го "забораваш".
    Не мило мое дете,да би било ова вистина ти тој човек никогаш немаше да го заборавиш,затоа не прави шпански сапуници како и сам што си кажа,бидејќи може да повредиш нечии чувства и да вратиш несакани грозни спомени на луѓе кои стварно минале низ тоа.
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
    Овој е некој болен психопат
     
    На David.wp17, joy1 и Luna91 им се допаѓа ова.
  16. Гејј

    Гејј Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Рама, душо, ако си осетлива на тоа некој да си игра со тебе не сум јас виновен, доволно ли ќе биде да кажам дека бев на многу сеанси кај психолог што ми помогна ? Јас навистина многу ретко се присетувам на таа тема, посебно после средбата со него. Плус, се исселив во друга земја, нов живот нова средина.
    Плус, мене никој ништо не ми уплатил, читај подобро.

    @sagittarius989
    Ако мислиш на мене, чекај да се фатам за к*р, уфф, ич не ме боли.
     
  17. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Таа бивша ми другарка имаше еден мувач до пред некое време а можи уште и е не знам,помал од неа 6 години,значи дете.таа 26 има,цел град го знае дека се мува со постари,се се вежба детево на нив,и пошто бевме премногу блиски кога зборевме за интимните односи и сл.во многу прилики не директно ама индиректно сакаше да каже како бил премногу насилен,како сакал нешто што таа не сакала,како не можела да му се тргне оти имал многу голема сила,како почнала да плаче и тој и рекол ''aj не туку ми цмиздри за глупости '',како бил премногу насилен во сексот и ред други работи.Кога ми го кажа ова нормално и дадов совет да заврши со него,ем е помал од неа,ем ја користи,ем нека никаква иднина со него,ем накрај испадна силувана.Отогаш некое време не спомна дека и правел пак така.Секако го нарекуваше,насилно детиште,лајно,ѓубре,дека никогаш пак нема со него да биде,дека таа никогаш не го сакала,ама ете не можела да се одвикне.Дојдовме по некое време за истава тема да прајме муабет и женскава пак истово ми го кажа дека и го правел. Што бараш тогаш уште со него бре девојко кога е така насилен? Си продолжи да си се гледа со него,одеше секогаш кога ке ја побараше тој а ем се жали.Е за таа истата другарка имав проблем напишано во некоја од темите како мене ми се лутеше оти ми се насмевнувал.А за мене својствено не беше и нема да е да се сплеткам со мали деца,и плус со такво насилничко однесување.Поентата на муабетов ми е дека тој тоа нејзи што и го правел е еден вид силување,ама таа си продолжи да се гледа со него,и покрај тоа што во јавност едно здраво не и вели бидејќи е освоен терен за него па пробува кај секоја друга.Искрено сочуство за сите со овој проблем,ама оваков настан од другарка ми бивша не толерирам и никогаш нема.Барем чути не се жали.
     
    Последна измена: 11 април 2017
    На hermosa, Dadusicka, ian somerhalder и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AleksandraH

    AleksandraH Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, имало многу случаеви каде што жртвата која била силована не ни пуштила звук. Зошто? Страв? Блокирање на мозокот? Не ми е јасно, но можеби бидејки не сум била во таква ситуација.
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.012
    Пол:
    Женски
    Извини Александра,не е лично кон тебе но се е зависно од ситуација ,некој да ми се пушта затоа го викаат културно ми се пуштал го одбив ,значи Не е не,никако поинаку!И баш буквално гола да одам или разголена на никој не му дава право да ме допира ,или силува недај боже!!!Женско си ,незнам како не сфаќаш дека болен во ум само тоа може да го стори,посебно си давам право да зборувам на оваа тешка и болна тема зошто ми се има десено обиди двапати досега,првиот пат одвај се спасив ,во автомобил јас другарка дечко и,и не зема дечко и да не враќа дома од семинар,со другар албанец и за жал албанецот се обиде да ме натера на секс со закани и ми впери пиштол,останав во шок без глас,за среќа другарка ми сфати одоколу она седеше назад со дечко и ,ќе приумрев мислев ги кажав сите молитви во себе ,важно се спасив траума ќе остане засекогаш,а вториот пат беше во странство ,среде бел ден ме заследи еден тип и трчајќи му бегав и накрај успеав стасав во еден парк.Не е ништо виновна жртвата ,пак ќе кажам ништо не може да оправда ваков чин ,сексот треба да е по желба на двата партнера,никако на сила .Ниту маж на маж,ниту маж на жена,ниту насилство врз деца ,стари и немоќни луѓе,тоа е жално навистина.Кое е задоволството на тој што би те добил сосила,абе и во брак да сум ако речам не значи не сакам ништо и тоа треба да се почитува,тоа е основно човеково право.Не те осудувам луѓе сме ќе се разбереме,но провокативно девојката ако се облекла сака да оди во диско и тогаш и нафрли некој,не е крива ,се дотерала може има дечко или удобно и е така ,сигурно не сака да е жртва ,силувањето е чин на насилство покажување надмоќ врз другата особа,не сексуално задоволство честопати имам слушано и читано на таа тема ,мн е болно и нечовечки ваков чин и заслужува најстрога осуда.Само тие кои преживеале такво нешто си знаат како е,недај боже никому.Ти некогаш не си облекла деколте нешто или мини сукња ,извини ?И некпј да те нападне и да рече абе Александра си беше провокативна си го бараше,претстави си само како би изгледало.На силувач не му е гајле каква си што си верувај,и те молам од почит кон оние кои стварно им се десило и немале среќа да се спасат,не коментирај вака.
     
    На teressa, Indiegurl, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Да имаш право згрешив малце не знам кај ми бил паметот што сум го напишала тоа тогаш(facepalm)
    Инаку не сум толку лоша не ме мислете,немам појма зошто така напишав,не мислам ич така...
    Бев 17 години,имав дечко,одевме 1 година,сеуште немавме односи бев невина тогаш.Тој во последно време упорно зборуваше уште колку ќе ме чекал...Кај ми бил паметот не знам сега да сум со таков човек нема шанси...Една вечер излеговме,одалечени од градот малце,и кога се бакнувавме нели нормално тој проба да ме соблече јас му реков не сакам ама тој не ме слушаше,јас се срушив во тој момент не знаев што да правам и кога ме налегна го удрив кај што не треба и избегав...Од тогаш раскинав на никој не сум кажала ама до ден денес кога ќе го видам му посакувам смрт...Не треба ама сакам да умри.И пак си останав силна,фала му на Господ што ме исчувал и што се спасив од тој идиот.Кога спијам до ден денес имам кошмари ама со тек на времето ми престануваат.:)
     
    На Angie24, hermosa и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.