1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Жално...силување е девојче и да постои силување во врска и во брак, не си е НЕ без разлика. Ако можеш кажи на твоите родители.
     
    На Mrs.Styels, Alisa22, Lolo5 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Чисто силување!
    Па уште се смеел. И ти најде со кого да се мажиш и дете да му родиш.
     
    На samovila.red., Alisa22, Lolo5 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    123.977
    Пол:
    Женски
    И надвор од брак и во брак,силување е.Кажи на твоите родители и замоли ги да се вратиш кај нив.Размисли што ќе биде со твоето дете кога ќе се роди.Што ако и на него нешто му направи,не дај Боже ?
    Остави го тој болесник(да тоа е тој,нормален дечко/маж не ја силува девојката/жената) !
     
    На Lolo5, theowndemon, makedonkamak и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Страшно, и јас се потресов :x
    Не чекај (не дај Боже) трет пат, расчисти веднаш и што подалеку од него. Кажи им на родителите да се вратиш кај нив.
    Подобро сама да го растеш детето, отколку со таков насилник што си ја силува вереницата и тоа бремена!
     
    На Alisa22, Lolo5, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.748
    Допаѓања:
    324.132
    Пол:
    Женски
    кретен!!
    Силувал трудна жена!!
    Зошто си уште со него?
    Животно е демек па неможе да си контролира нагоните.
     
    На Alisa22, Lolo5, theowndemon и 21 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Јас се испотресов кога го прочитав ова... Страшно, СТРАШНО. Точно ти кажаа девојките пред мене, ова е полов напад и мора нешто да превземеш околу тоа. Прво, мисли на плодот што го носиш, ова е стресна ситуација, секој стрес што ти го преживуваш, се одразува директно на детето. Ако живеете заедно три месеци, би требало отприлика толку време и да си трудна, овие месеци се најкритични за формирањето на едно дете, мораш максимално да пазиш.

    Мораш да им кажеш на родителите, на неговите родители, твоите нека пробаат да те заштитат некако, ваква работа не смееш да трпиш. Само вереник ти е, не сте венчани, тоа е единствената олеснителна работа. Крајна опција е да се отиде на судска, со преглед може да се докаже дека постои полов напад, па да го пријавиш во полиција. Мораш да превземеш нешто.

    Не знам друго што паметно да напишам, ми се темне пред очи кога ќе прочитам вакво нешто.
     
    На Lolo5, theowndemon, makedonkamak и 14 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    @kittyKAT23 Страшно е па макар било еднаш, а не па како што читам тоа ти се случува по втор пат :x
    Беше ли на лекар, на гинеколог? Си прокрварила, а тоа не е шега.
    И што подалеку од тој идиот, таквиот може тоа да му го направи и на сопственото дете, не дај боже.
    Под итно да им кажеш на родителите и да се вратиш кај нив, да одиш на преглед и да го пријавиш тоа ѓубре.
     
    На Lolo5, theowndemon, makedonkamak и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Она што јас би те прашала е како остана трудна? Дали тоа го планиравте зедно? Дали и ти сакаше или само тој? Или тој само си заврши работа во тебе без да те праша дали и ти сакаш?
    Следно што би те прашала е - во однос на она што го напиша во првата реченица - дека „како што е редот ваште ве верија“. Дали ти сакаше да се вериш? Дали ти сакаш да живееш со тој човек?

    Ти не сакаш секс тој иниситира и си тера... Дали навистина знаеш да кажеш вистинко НЕ? Си можела да станеш, да се тргнеш, да избегаш и еден куп други дејства за да се заштитиш дури и пред да почне со актот. ОК, можеби и е насиелн па и не си можела да избегаш. Но не почитувањето НЕ е чин на силување.

    Друго дали те праша дали ќе се согласисш да заврши во тебе?

    Еден куп прашања каде што ти како што ми изгледа не се согласуваш, но продолжуваш понатаму... Зошто? Зошто?
    Зарем не се сакаш самата себе? Зарем не знаеш да кажеш јасно и гласно НЕ? И не е битно дали си бремена или не, и дали ти е мачно наутро или не, единствено битно е дека не сакаш! толку! Ти си најбитна и твојата желба.
    „Втор пат му е“... ова најмонгу ме шокира - а ти само му се закани со тепање и толку, и дека ќе кажеш на родителите... и што очекуваш? Дека ќе те заштитат родителите ?
    Не, нема никој да те заштити ако ти самата не се заштитш.
    Не знам колку години имаш(мислам дека си многу млада), но тоа и не е битно.
    Искрено јас да сум на твое место би си заминала од таков човек... запрашај се како во иднина ќе чувате дете зедно, како ќе ностите битни одлуки... како ??? ако тој твоето „Не“ не го почитува.
    И не е крај на светот и да го оставиш, и да го родиш детето и сама да го чуваш, па дури имаш опција да ја прекинеш бременоста ако го сакаш тоа. Се е подобро отколку да имаш не почитување од партнерот.
    Ако сама не можеш да се справиш со ситуацијава итно побарај стурчна помош, разговарај со психолог. Појди кај матичен лекар, објасни без да се срамиш што ти се случува, ќе те упати каде да се обратиш понатаму.
    Многу е добро што си пишала тука на форумов, барем ќе прочиташ и други мислења.
    И едно знај, ти си најбитна сега. Ти и твоите желби.
     
    На Lolo5, forumka, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. kittyKAT23

    kittyKAT23 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Imam 18 god a on 20
    Imavme nezastiten odnos i togas se sluci "nezgodata" sakav da ispijam nekoe apce kako sto go vikaat "za den potoa" no toj samiot ne mi dozvoli mi vikase ako ostanes bremena ke se zememe ostavi na boga itn. Koga mi docnese napraviv test i doznav deka sum bremena. Se bese vo red nasite ne verija i potoa pocna psihickoto maltertiranje i prvoto siluvanje. Imav razgovarano so majka mi da go ostavam i da go odgledam deteto sama no tatko mi e takov covek sto se grizi samo sto ke recat drugite. Po poslednoto sto se sluci ke razgovaram so moite i so negovite roditeli zaedno i najverojatno ke se razdelime.
    Sega veke nemam opcija da go abortiram deteto no i da imam poprvo sama bi go odgledala
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Озбилно?
    Значи му дала на човекот со кој е верена во доверба да ја прегрне и да ја милува. Зарем треба претпазлив околу вереникот да си?
    Срамота е тоа што го пишуваш.

    И да го оставиш. Татко ти мора да застане зад тебе. Речи му дека ако се противи на тоа да го оставиш, на сите ќе им кажуваш дека те силувал ама не го оставаш оти татко ти не ти дава. Што ќе кажат луѓето тогаш?
     
    Последна измена од модератор: 19 јули 2018
    На Lolo5, aleksandra4444, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Вереникот кој вторпат ја силува! Не, не му „дала“. Таа не се сакала да има секс.
    А ако тебе ти е срам - не читај, прескокни ме!
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    На девојката не и треба попување и предавања. И треба реална помош, а не приказни од типот "што би било кога би било". Не е не, како и да е кажано. Зарем тоа што плачела не е доволна негација за него? Си го истресол тој битно.
     
    На Ана на мама, WildMk и dayla им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.172
    Пол:
    Женски
    Колку време си трудна?
    Крварењето запре?
     
  14. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав моето мислење, а ти го доживеа како попување. Тоа е твое видување, а не нејзино. Како знеш што и треба на девојката а што не? Освен ако не ти пишала во порака.
    Јас и понатаму ќе го пишувам она што го мислам, а ти слободно не ме читај.
     
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Ќе го седнеш татко ти и ќе му кажеш дека дете негово трпи физичка и психичка тортура, внучето уште неродено веќе има претрпено трауми покрај мајка си. Ниеден родител нема да премолчи на полов напад на сопствено дете, па кој сака што сака нека зборува. Крај краева, нека си зборуваат, тебе ич кур да не те боли, кога немаат попаметна работа нека се занимаваат со туѓи животи. Ќе си зборуваат, ќе се најде некој нов што ќе го оговараат, толку им сече на тие што преокупација им се други луѓе.

    А ако веќе се отвора уста, тогаш нека се впери прстот кон вереникот твој, тој е тој кој треба да е срамен во целава ситуација, а не ти. Тој е силувач. Не дека должиш некому објаснување за тоа која е причината за разделбата. Никому не си должна да му се објаснуваш, твој живот, што сакаш ќе си правиш.

    Те молам само немој да седиш без ништо да направиш, мисли и на себеси и на детето кое е на пат.
     
    На Lolo5, WildMk, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Значи свесна си дека било силување, сега преостанува да го пријавиш фино лепо во полиција.
     
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Па кога постојат кретени кои сметаат дека жената е нивна сопственост и треба да прави како ќе и кажат. Тој не ја почитува неа, а изгледа дека кретенот има дупка во главата. Пријави го во полиција ич око да не ти трепне. Само не знам колку полицијата е способна да го реши случајов.
     
    На Lolo5, joy1, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Не знам како може некој да напише вакво нешто. Не значи не. Какво е тоа вистинско и невистинско не побогу? Зар треба со секирче под перница да спие за тој до неа да сфати кое е вистинско а кое невистинско не? :x

    Стварно се непотребни вакви коментари. Цревата ми се превртеа кога го читав девојчето, дека во мачнини и болка, бремена требала да се бори со вереникот со туркање и викање. И а да, не почитувањето на НЕ, дури и да не го туркала физички, под секој параметар Е чин на силување.

    Секој сексуален акт без согласност на жртвата Е силување.

    Не седи до тоа животно ни минута повеќе. И самата знаеш. Не ти треба во животот. Куферот под рака и кај твоите. Објасни, ќе разберат, и нема што да дискутираат твоите со неговите за твојата иднина. Во краен случај, има центри за заштита на жени жртви на домашно насилство кои можеш да ги контактираш. Пиши ми ако ти требаат повеќе информации. @kittyKAT23
     
    На Lolo5, Ingvild, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    @dayla ова е Форум. Јас ќе го пишувам она што го мислам, како што и пред малку направив. Јас имам различно мислење од тебе. Тое е. Толку е едноставно.
    А ченката има право да чита кого сака, да слуша кога сака и да прави што сака. Исто како и ти. Имаш апсолутно право да не ти биде јасно она што го пишувам. И сосема во ред е тоа.
    На @kittyKAT23 останува да одлучи што ќе прави понатаму. Мојот совет е еден од многуте тука.
    И ти и таа можете да ме игнорирате, да не ме разберете, да ме прашате да ви објаснам... или што и да си одлучите... тоа си е само ваша одлука.
     
  20. RayOfSunshine

    RayOfSunshine Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @kittyKAT23 сите што пишаа мислење убаво те посоветуваа без разлика на некои ситници сите ти рекоа да побараш помош од некој бидејќи тој на твоите закани нема никогаш да реагира! Мораш да сфатиш дека тој мисли дека ти си негова сопственост и кога ќе бидете во брак ќе биде уште полошо т.е ќе те зема кога и да си сака бидејќи според него силување во брак и врска не постои.
    Кажи на татко ти, да видиме дали ќе му биде сеедно кога ќе дознае дека неговата бремена ќерка е силувана бидејќи ова е силување. Не знам само како можеш да го погледнеш после ова...ако подобро комуницираш со мајка ти кажи и прво на неа па таа нека му каже.

    Морам да признаам дека ми беше ептен мачно да го читам мислењето на членката од причина што почетниот дел ми се случил многу пати...Со дечко ми сме заедно 3 години и од пред година време почнавме да живееме заедно. На почетокот му кажав дека ми треба време да се привикнам на новата ситуација и дека имаме различни желби и потреби за секс. Тој никогаш не го сфати ова, никогаш не ми даде простор јас да иницирам или време да посакам секс. Дури и проба да ми наметне еден вид на договор, да имаме односи 3-4 пати неделно, а останатите денови јас да го задоволувам него ако не ми е до секс. Оттогаш за мене сексот стана задача, броев колку дена поминале и кога ќе сфатам дека поминале 5 дена се терам за да имаме односи. Избегнував да носам тесна облека, на сред лето по дома бев по широки маици долги панталони и прслук. Избегнував да се пресоблекувам пред него бидејќи цело време ми велеше дека сум згодна, дека би можел да има односи секој ден, на некој начин мислев дека јас сум таа што провоцира. Вечер кога ќе си легневме одма се преправав дека спијам бидејќи знам дека пак ќе иницира и ќе морам да го одбијам бидејќи не сакам, а ако иницира и го одбијам наредниот ден е пак иста приказна, пак ќе иницира.
    Ситуацијата се влоши во последните неколку месеци. Ако јас кажам дека сакам само да се гушкам тој ќе почне да ме допира, ако кажам дека не сакам или му ја тргнам раката - ќе продолжи да допира се додека не се тргнам и заплачам. После тоа ќе ми рече дека мислел дека јас сум го заведувала него, а не сум. Или ако јас му кажам дека секое гушкање тој го претворал во иницирање секс, ќе ми рече дека не е така. Многу пати се случило да почне да ме допира, а јас да се тргнам и тој да си продолжува и на крајот ме обвинува дека не сум сакала да ме допира, и тоа е точно, имам денови кога не сакам! Веќе некое време ми е страв да се гушкам и бакнувам бидејќи најобично гушкање тој поинаку го сфаќа. Неколку пати кога јас ќе речам не ми е до тоа, тој ќе рече "дали си сигурна" и ќе продолжи со неговото, што многу ме потсети на шепотењето "нема да се тргнам" на вереникот на членката.
    Исто така има проблеми со спиењето, некогаш во сон знае да ме допира ама знам дека не е свесен и тоа не ми сметаше се до една вечер кога мислам дека беше буден и ме допираше, јас ќе му ја тргнев раката а тој продолжуваше и на крајот отидов да спијам во друга соба.
    Не знам што да правам, само се надевам дека ќе се смени и нема да биде вака, иако му имам кажано многу пати...можеби не е соодветно за темава ама сакав да се искажам некаде. Дали ова однесување е нормално?
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.