Ти го разбирам импулсот. Верувај... и мене ми е тоа прва мисла. Но не е паметно за никој... Само тоа сакав да речам.
Тотално не е нормално. Три години се ништо. Само нека ти бидат искуство и лекција. Зар би сакала цел живот да трпиш таква тортура? Па и 1 година си го издржала тоа. Штознам јас еден таков момент и мислам таа особа за цел живот ќе ми се згрози, не па цела година да ја трпам... Страшно, ваквите не се мажи за мене, срамота. А за тој другиот што трудна со негово дете си ја силувал девојката. Глава ме заболе што прочитав. @kittyKAT23 пред се мисли на бебето, зар би сакала да живее во таква средина со таков татко? Тебе таков стрес сега не ти треба, на време додека сте верени и е олеснителна околност спаси се. Плус премногу си млада, животот е пред тебе, не си го уништувај со таков насилник и неразбран што не разбира не. Сигурно пред се твоите сакаат добро, не би сакале ќерката и внучето да им растат во таква околина со таков човек.
Пред година дена ми се случи сличма случка со еден типец по зборувањето можев да познаам и дека не е наш може беше албанец незнам, пред мојата куќа стоеше автомобил ме праша дали знам да му кажам каде се наоѓа брза помош објасну ајќи не приметив дека позади во ко колата има некој и дека позади мене стој типец. Објаснувајќи му како да стаса до брза помош вратата се отвори а дечкото позади мене ме пикна веднаш во кола и почна да вози бев преплашена клоцав мавав додека можев ме однесоа во парк и почнаа да ме тегнат за раце и да ме пофаќаат бев брза и почнав да ги мавам по јајца и успеав да избегам криво ми е што не ги пријавив.. Но за таквите бесење среде центар и дерење кожата..
Мило ми е што си спасила жива глава не секој ја има таа среќа.Друг пат и на грбот отварај очи.Секакви гадови и опиноци шетаат.Тоа е нешто најгрозно што може да и се случи на една девојка/жена..и искрено тоа треба да се спречи.Треба да се поддигне свеста меѓу младите и постарите.Кога ќе се деси не дај Боже вакво нешто треба одма да се пушти пријава.Само со брза интервенцијае се намали бројот на силувачи.Голем дел од девојките/жените нажалост не пријавуваат од страв/срам што е до негдека сфатливо ама и е голема грешка.Прекривајќи го гадот му даваат нови шанси да уништи уште нечие тело.А зашто?Бидејќи е болен гад кој не може да си го лечи нагонот за секс?Нека се пријави во Зоолошка.Човекот и по тоа се разликува од животните тие не можат и не знаат да се контролираат.Ама очигледно не се луѓе-СВИЊИ се.Да имам прилика да начекам таков некој ауу векот ќе му го скратам.
Бев во врска со болно љубоморна личност. На почетокот од врската се беше во ред, детето добро цакум пакум, но како вели мајка ми секој си ги покажува роговите од после. Наеднаш дечкото почна да е многу љубоморен, постар беше од мене 4 години. Јас сеуште имав 16 и тогаш требаше да почнам да живеам, најубавите години, излегувања и слично, а тој од што беше психопатско љубоморен не бев мрдната никаде, од дома во школо, од школо дома и со него. Толерирав доодека можев, си велев ајде трпев, што знаев јас на 16 години и што за еден ден тој со сила да почне да ме бакнува, да ме соблекува, ама фала му на Бога избегав. Другиот ден па и шамар јадов. Страв не страв му кажав на татко ми и отиде разговара со дечкото и ме остави на мира на крајот. Ама траума ми беше тоа, ми се скратија најубавите години, страв ми се влеа во коските, неможев да поверувам на ниедно машко мислев сите такви се. Нема нешто полошо од тоа да бидеш силуван. За таквите само златен Хитлер..
Jas od moite 14 god do sega 3 pati sum zrtva na siluvanje, iskreno koga kje gi zatvoram ocite se me vrakja nazad, pa zatoa povremeno vo slobodno vreme posetuvam psihijatar
Налетав на објавата на фејсбук и се испотресов. Гадни, гадни луѓе. Зарем е возможно никој да не реагира туку само немо да гледаат? https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1450775168358258&id=424334707668981
Во коментарите на објавата има многу victim blaming кои се избришани. Зошот не реагирала девојката поинаку, зошто не го удрила, зошто не врискала (нема е снимката), сигурно го познава (85-90% од силуваните жени ги знаат лично напаѓачите). Девојчето е 12 години, сигурно е цела испотресена. И сигурно реагирала отпосле штом дошле до сликата. Има еде добар коментар: "Бабиве во Лидл знаат за пилиња да се тепаат, а вака само вртат глава." Зошто возачот не реагирал? Никој, апсолутно никој. Пред нивни очи се случува.
Знаат твоите родители за ова? Имаш пријавено некаде? За вакви работи НЕМА СРАМ. Отворено треба да се збори. Прво, ради себе, за да се соочиш со тоа што ти се случило.Несмееш да молчиш.Ако ти е незгодно со други, барем со родители и психијатар мораш. Второ, мора за ова полиција да биде известена, зашто силувачите остануваат силувачи цел живот.Покрај ти, ќе настрада и некое друго душиче.Дај придонес во фаќањето на силувачите !
Не требало да ги бришат. Нека стојат како реален показател за тоа дното од менталитет кој е својствен за овие простори. И кај е исто. Иста дупка. ' Ti penzioneri gledaju Parove, Farmu i ostale rijaliti programe, tako da im je ova vrsta nasilja postala sasvim normalna u realnosti... ' Одамна, пред мои очи еден идиот грабна новчаниче на помало девојченце па трчав по него со сета сила. Виде дека го стасувам и го фрли на земја. Не можам да замислам вакво нешто да се одвива пред мои очи и лагано да свртам глава и низ прозорец да си гледам. Дно, срамота.
Бурен живот девојкава. 3 пати силувана, на 14 години изгубила невиност, на 18 оперирана од рак на грло на матка, имала лезбејски врски, со дечко и сакаат тројка, на почеток на врска се варале и двајцата и сака груб секс. Некако да сакаш груб секс и да си силуван 3 пати не ми одат во иста равенка. Навистина се надевам дека не трола девојката, навистина. За сите озбилни теми се фати Ах, заборавив, дечко ѝ има пенис од 23-23 цм.
Јас сум против то работите да се решавет со насилство ама во вакви случаи и тоа како би направила исклучок. Така би го натепала типов, фацата би му ја видоизменала, ако не друго нокти имам, па на бабетинине по еден жежок шамар да го памтат. Одвратно е то шо луѓево без никаква реакција ладнокрвно си седат, да беа нивни блиски во прашање сигурно немаше така да изреагирет. Жално за девојчето шо ќе си имат трауми.. Според мене тие шо на ваков чин останват ладнокрвни се поболни од самите сторители, да имаш прилика да спречиш нешто гадно шо би сменало нечиј живот, а ти да си чилаш...одвратно.. А општо на тема силување, многу ми е криво што во најголемиот број случаи жртвата е крива, "си го барала". НЕ, никој не си го барат...нејзино тело ќе прајт со него шо сакат, аку била малку разголена то не му дават право на никој насила да општит со неа. Ете мажи во секојдневниов живот нон стоп ги гледаме слечени нагоре, аку некој хомосексуалец му го набиет од нигде никаде никој немат да речит...абе си го бараше, не носеше маица... Глупи примери ама и глупо ни е општествово шо наместо да се поддржит жртвата одма се етикетират, па голем дел од нив си молчат за да не бидат посрамени, а сторителот пак ќе си ја пробат среќата зошто поминал неказнат. Уште во основно мислам дека треба да се разговара со децата на овие теми, јасно да им се даде до знаење дека никој нема право без нивна дозвола да прави нешто на нив или нивните тела и без разлика на исходот дека тоа треба да се пријави. За џабе им се психолози и сл работи ко ништо од то шо требит да го завршат не го прат. Многу е лошо што секојдневно се соочуваме со стереотипи за женскиот пол и девојките уште од млада возраст си врежуваат погрешна слика за себе во главата дека треба да молчат, дека е срамота, дека си го барала, никој немало да ја сакат аку кажит (ок сериозно?, па зошто ми е таква личност во животот), сите ќе ја гледале ко к*рва, а уште пожално шо голем дел од овие работи ги слушет дома.
@Mrs.Styels @lovestoneddd еве ви, чист доказ дека сите порадо би осудиле жртва, наместо да реагираат насилство е тоа што повеќе луѓе реагираа на тоа што напишав дека се надевам дека не лаже девојката погоре, од што реагираа на снимката со нападот. Чист доказ ви е, тука пред нос, на форумот.
Znaes sto ?? Mnogu sakav zensko,ali koa ke vidam ova nesakam... Do dusa manjacite i maski fakaat ,ali toa malki e poretko... Ali nejkam ni da pomislam zs ke go ubijam so moj 2race
Snimano e od sigurnosna kamera. Ova sto se slusa e koga ja pregleduvaat kamerata i komentiraat deka ne reagira nikoj od tie babetinite tamu. Uzas!! Edit: Go uapsile govedovo https://www.blic.rs/vesti/hronika/u...-tinejdzerku-putnici-gledali-i-cutali/slg7vr0
Од безбедносната камера е Енџо. Ироничен називот на истата патем.. Балкан ли е, Саудиска Арабија ли е. Како жена не си безбедна никаде. Затвори се дома и трај. Ако случајно излезеш и предизвикаш побуда кај животинскиот род од мажите, па сама си крива, кој те терал да излегуваш од дома. Напаствувано девојче во трамвај, жени допирани во ЈСП, јас напаствувана во воз од страна на кондуктерот, безброј другарки загрозени во такси возило. И .. Н И К О М Е Н И Ш Т О.