1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Значи пак дојдовме до тоа што ти порадо би реагирала за оргазмот отколку за тоа што девојката мисли дека жената треба да му служи на мажот и да го усреќува?
    Како не е глупост дека не ужива никој во силување? Како и да реагира, зарем тоа е од тоа што вистински ужива или затоа што е изгубена во тој момент?
     
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Значи луѓе оргазмот претставува сексуален климакс кој е резултат на психофизичко задоволство кај мажи и кај жени.

    Кога има полов напад телото со сите свои отпорни механизми се пробува да се адаптира, се пробува тој напад 'да се ублажи'. Значи екстремно ретко се случува лубрикација и мускулни контракции како резултат на шокот на нервниот систем исто како што жртви на премрзнување се соблекуваат голи, хистерично смеење на тажна вест како смртен случај и слични ситуации.

    Тоа не е оргазам како резултат на добар секс и максимално психофизичко уживње на жената, тоа е шокова реакција на организмот во која жената не ужива.

    Исклучоци нормално дека има кај пијани, дрогирани, жртви со попреченост, како и кај жени кај кои нема свест.

    Различни работи се, не ги мешајте.
     
    На Rama, Nausicaa, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Добро, кој рече дека оргазам при силување е од уживање?

    Кај е пишано тоа?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Знаете ли колку се мразат себеси тие жени жртви, ако се случи оргазам за време на силувањето.
    Да им се препишува чувството на уживање во еден таков одвратен чин, е ептен ниско. Оргазмот во таков случај е само реакција на телото на настанатион шок, ништо повеќе, ништо помалце.
     
    На Lolo5, Rama, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Кој рече дека е уживање???

    Добро, шо сте? Дронови?
     
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Да појасниме Вајлд.
    Првичниот пост од @hermosa беше дециден - жената може да доживее оргазам при силување.
    Кажи ми ти како ќе го сфати тоа, некој изопачен ум, што баш сега можеби ја листа темава ?
    Што има лошо во објаснување ?
     
    На Lolo5, Rama, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Така како што е напишано:
    Жената може да доживее оргазам при силување.
    Факт.

    Физичка реакција е возбудата... не се должи секогаш на задоволство.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека сите тоа го знаат ?
    Има мажи кои веруваат дека ако само го стават еднаш, готово, жената на облаци е.
    Има мажи кои коментираат под статии за силување, што се буни, зарем и е било лошо ?
    Е таквите да прочитаат дека можен е и оргазам, иди па сопри ги.
     
    На bibiiii, Lolo5, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Може требаше да нагласи дека е физичка реакција, за оние кои не знаат дека е физичка реакција.
    Заборавив на момент дека мнозинството не знаат.
     
    На Lolo5 и hermosa им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    остави Wилд ,не се замарај,јас не реков дека оргазмот при силуваната личност значи телесно задоволство ,туку сигурно е реакција на телото и не по своја воља и жртвата може да се осеќа и повиновна ако се случи тоа дури и да е уште по шокирана,кај најдоа да спомнав задоволство,реков ако се случи оргазам фактот дека личноста е земена на сила,силувана во превод не се менува и баш е на место кажано не тропаме глупости ниту Wилд ниту јас ,јас учев многу психологија и знам што кажувам,требаше да нагласам можеби дека е резултат на физичка реакција а не уживање со сите сетила значи и на сред секс да речете, не доста тоа треба да се почитува во друг случај е злоупотреба на слободната волја
     
    Последна измена: 5 ноември 2018
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    А какво е вашето мислење за случајот со Роналдо?
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    не Дангел,едноставно последиците од траумата се толку големи ,што личноста после и да сака груб секс е само последица а не дека и влијаело убаво силувањето ,исто важи и за оргазам и за едно не пред секс доволно е да се пријави случај како силување,тоа е одвратен монструозен чин за кој оправдување нема
     
    На Lolo5, Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Дали ти пријави?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    јас лично не,оти тогашниот ми беше дечко и си помислив кој ќе ми верува ,почнувајќи од тоа дека отидов кај него дома лежевме на кревет и кога он тргна насилно кон мене и се случи се по ред,немам оправдание само тоа дека многу бев засрамена и шокирана и ден денес имам стравови посебно кога одам сама некаде било дење или ноќе
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Треба да пријавиш и уште можеш да го направиш тоа.
    Самата си свесна дека е ужасен чин и имаш можност да спречиш да го направи истото и на друга девојка. Не ти треба оправдание и не ти е должност да прифатиш секс секогаш кога ќе му се присака.
     
    На Rama, lovestoneddd, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    да свесна сум но има многу причини заради кои несакам ни името да му го слушнам он е психопат и тоа е голем проблем
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Ама не е оргазам бе луѓе. Оргазам претставува физичко и ПСИХИЧКО задоволство, споено во едно. За да има оргазам мора да се овие две компоненти присутни, мора да се излачат хормони 'на среќа' и тоа да е консензуално.

    За ваква мускулна контракција проследена со questionable задоволство како резултат на шокова реакција треба нов термин да се воведе. Исто како што соблекување кога ни е топло е едно, а hide and seek феноменот при смрзнатини кога жртвата се соблака и крие е друго.
     
    На Rama, Nausicaa, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Сите што силуваат се психопати. Никоја не сака да го слушне името на својот силувач. Што би се случило ако никоја никогаш не пријавува?
     
    На bravemum, Ицолгудбејбе, bibiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ако се има во предвид по колку ги казнуваат силувачите, мислам дека би одбрала јас да лежам за убиство отколку тој за силување. За жал повеќе од 4 год. казна затвор нема за силувачи, ќе излезе за 2 год максимум и тоа само ако имаш цврсти докази, сперма, вагинална траума , инт. Се ставам на местото на жртвата...да минуваш низ целата полициска и судска процедура, и на крај да го осудата кретенот пример 2-3 години.
    Не велам да не се пријавува, туку дека судските казни не се соодветни за делото и делуваат демотивирачки .
     
    На bravemum, Lolo5, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    @violetblue кај @hermosa за жал се приметува огромна промена на психичко ниво. Нејзе и треба помош, таа е уништена психички, а верувам дека не побарала. Наместо тоа се повлекува уште повеќе и си става во глава дека актот е нејзина вика затоа што отишла кај него, затоа што имала секс пред брак, затоа што тоа е нормално. Затоа веќе не сака секс пред брак на пример, оти така не би излегло дека и таа го сакала тоа (што е апсурд), затоа и вика дека жената треба да му служи на мажот за да го усреќува, а не сака да се помири дека и сопругот не смее да ја "земе" без нејзино одобрување.
    Затоа се повлекува во религијата и во себе, се обвинува дека е грешничка и нечиста наместо да отиде на психолог на пример, да се бори и да се труди да биде силна.
     
    На Lolo5, Rama, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.