@hermosa, ти имаш сериозна траума која целосно те променила и на многу погрешен начин се справуваш со неа. Навистина ми е жал за тоа што ти се случило и добронамерно ти го пишувам ова. Пријави го тој психопат и посети психолог за траумата, стравот, проблемите со самодовербата. Од затварање и ограничување на себеси во прескромни, репресивни, тешки религиозни гледишта - ништо добро нема да добиеш.
Ви благодарам на сите но јас излегов посилна од тоа и го надминав инаку нејќев да пријавувам од страв моите беа против врската со тој дечко па малку се заплетени работите ќе бидат и мои блиски засегнати од други причини само им кажав дека он психички не е во ред и така.Верата моја и гледиштата кон истата си немаат врска со случајот ,како и да е се разбира дека сум разговарала со психолози ,и не е во тој контекст моето сфаќање туку ги прифаќам тие работи во светото писмо како факт а тогаш не ни бев девица повеќе кога прочитав само сакав да коментирам во темата секс пред брак оти таква беше темата а за грешници сите сме кој кој помалку кој повеќе а дека се затворив повлеков е дел од траумата која ја имав оти неочекувано ме нападна дечко кој го сакав тогаш и му верував мислев дека добро го познавам ,инаку јас мислам дека секој различно се справува со траумата и факт е дека после тоа не бев истата.А за верата,веројатно сексот пред брак се смета за грев оти има негативни последици ,несакана бременост ,партнерот да се разочара да се сомнева во нашата верност итн.А за угодување како жената така и мажот сакаат квалитетна врска ,брак на тоа сум мислела
Лоша тема за коментирање, многу лоша...но, сепак морам да искоментирам...силувачите треба да посетат душевна болница, затоа што се манијаци..За малку и јас ќе осетев на своја кожа што е силување ама сепак се спасив од такво срање, имаше малку крв зашто нејќам некој со сила нешто да ми прави ако јас не сакам нешто со таа личност, па затоа човекот си доби влаша виски од глава..не му е ништо сигурно..затоа девојки немора да одите на секакви места, со секакви али и будали..пошто сите не ве гледаат онаа као девојче е, мала е оваа онаа, поготово силувачите бараат само едно нешто а тоа е да се иживуваат со вашите пи*ки, гзот итд итд...пазете се
-Сакав во делот со литаратура да го објавам ова ама мислев дека не е фер да истрауматизирам некое можно дете што чита таму. па еве фрагмент од мојот дневник: 16.6.2019 - Само шо ми текна дека он му викаше на татко ми и жената, дека може да имам дечко ако сакам и дека не е важно каков ќе биде, не било битно...и дека ми намигна кога го кажа тоа, пред нив. Ми текна на снегот во Т****...он кога збореше со ромите и албанците по пат...зборења за дрога и за мафии...ми текнува на гласот, ќе збореше ќе збореше и ќе му снемаше воздух на крај и ќе му се напнеа вените на вратот. Откако дојде Снежана(жена на татко ми) ми се вратија апсолутно најболните работи од таа година ипол. Дури и чувството на допирите и "сексот". И шамарите на татко ми кога дозна дека "сум го завела". На едвај 13 години. И на неверувачките погледи од сите во социјално ми текна, на освежителната, ладна трпеливост на Елена од социјално. Бев уште неколку пати во социјално само, и не повеќе. Мислам дека вујче беше таму и тетка ми Л првиот пат. Сево ова го имав заборавено на некој начин. Заборавив како да живеам вусшност цели три години потоа, и најискрено не знаев тогаш зошто "кога јас бев крива" . Но сега се сеќавам полека, и сакам да си го испржам умот. Да не е веќе тука тој глас негов. *** Ова го објавувам ради што морам повеќе да го изнесам од себе, каде што никој не ме знае, за да не тргам во кујна пак...Се осеќам веќе подобро многу малце.
Пред се жал ми е што си го поминала тој пекол. Сакав да те прашам, дали имаш разговарано со психолог на темава? Ако не тогаш од срце ти препорачувам. Товарот што го носиш во себе- полека да го поделиш со некого.
не ни бев свесна дека е товар до лани. ми требаше време да се сетам, и да се убедам дека на 13 години си дете. 7 години не се ни сеќавав скоро на ништо. Планирам да одам утре на психолог. Иако "утре" велам цела година...
Еј. Се' е во ред Нема да заборавиш, ама со време станува полесно Обиди се да се натераш да одиш побрзо на психолог, ќе ти го убрза и олесни процесот на соочување и преболување.
Не си заборавила- си ги потиснала тие сеќавања. Тоа е заштитен механизам. Пак ќе кажам јас како психолог сум гледала колку стручна помош е неопходна, како што ќе извираат сеќавањата- така ќе бидат пропратени со цел спектар на емоции. Ако некогаш ти треба помош за било што или едноставно сакаш да кажеш некому нешто, пиши ми ако не сакаш да биде јавно.
Ослободи се . За тоа е форумот . Но , што поскоро појди на психолог , направи една сеанса , раскажи и олесни си ја душата . Викај , плачи , фрли го товарот од себе . Нема да заборавиш , но ќе ти олесни . Нема да заборавиш , но ќе го намалиш товарот кој си го носела со години . Ќе стоиш поисправено . Ти посакувам да ја имаш сета љубов и среќа на светот .
Враќањето на сеќавањата е болно, но емоциите што доаѓаат со тоа се неподносливи. Фала инаку, веќе имам закажано за утре на психијатар, така што ќе одам конечно...
Навистина жал ми е што читам колку многу се соочиле со ваков гаден чин. Тешко е и болно. остава траги, но траги кои можеш да ги свртиш во твоја корист и да си помогнеш. Мојот прв сексуален однос беше гаден, со човек постар од мене 11 години, тогаш имав 18. Никогаш не сум зборела за тоа. Завршив психологија и во посетувам психотерапевтска група веќе шест години. Во група почнав да споделувам за тој момент и навистина тоа беше добро за мене. Да расказажам на кратко ...се имавме видено околу 4 пати, ме носеше или кај него или некаде во кола седевме, сите мои другарки на 18 години имаа веќе сексуален партнер, некои и по двајца, освен јас. Една вечер имав испиено нешто повеќе одколку што можам да поднесам и пишав порака на типот. Дојде, ме зема и отидовме надвор од градот, почнавме да се бакнуваме, ПРЕГРУБО за мој вкус дури почна да ме облива страв. Излезе и дојде од мојата страна, ја отвори вратата и ме крена, беше ТРИ ПАТИ ПОКРУПЕН ОД МЕНЕ. Ме стави позади и ме наведна да го задоволувам, се противев, но изглеа го возбудуваше тоа. Ме сврте и ми ги заврза рацете, кажа дека спицијално го купил тоа за мене, му кажував не не страв ми е чекај..не сакам, пушти ме мислам дека не сум спремна. Кажа дека нормално били да боли за прв пат и продолжи, СТРАШНО МЕ БОЛЕШЕ, НЕ БЕВ ОПУШТЕНА, СЕ ПРОТИВЕВ НО НЕМАВ СИЛА, КАЖА ДЕКА БАШШ ВАКОВ СЕКСУАЛЕН ОДНОС ГО ПРИВЛЕКУВАЛО, КОГА ДЕВОКАТА ГЛУМИ ДЕКА НЕ САКА А САКА У СУШТИНА.... Сега кога пишувам ми навираат солзи, имав уште неколку партнери после него, не уживав во сексот, се чудев како сите зборуваат за сексот како да е УАУ. Дефинитивно, групата и индивидуалните сеанси ми помогнаа многу. Имам дечко сега и уживам во сексот. Проблемоит е што ваквата траума влијае и на други сегменти од нашата личност. Но верувам дека е нешто што се памти но сепак се надминува. Глава горе, сакајте се повеќе и правите работи што се добри за вас. Се извинувам за долгата објава.
Sakam da ti pisham ama ne gledam takva opcija bidejki profilot ti e ogranicen pa ako moze ti pishi mi
За силувачи и манијаци знам само едно решение: Вжештена маша и директ меѓу нозе, штица со шајки и мавај додека можиш. АБЕ за овие гадови КАСТРАЦИЈА И ДИРЕКТНО НА БЕСИЛКА! АЛОО, СО КОЈ ПАМЕТ СЕ ТОЛЕРИРААТ? До модеаротите: Извинете ми за речникот, ама кога че слушнам силувач од дното на душата ми разгорува оган.
Браво з апишаново, до збор те подржувам За среќа немам положено кола,ама и како и да е ќе се одмаздам за се на ѓубрето и не ми е ни страв ни срам да кажам...
Имам идеа. Собирање потписи за промена на законот. Да се вметне со закон, опција СМРТНА КАЗНА за силувачи. Подобро да се плашат од смртна казна отколку жртвите да живеат како казнети до смрт. Време е и тоа да се донесе во уставот.
Затворска казна од 15 години е сосема доволно. Силувачите и педофилите најлошо поминуваат во затвор. Ама кај нас не знам дали воопшто завршуваат во затвор.
Нагонот за силување можеби нема да исчезне после служење петнаесетгодишната затворска казна. Идентитетот и мајндсетот на силувачот потполно ќе се променат, и од моментот на излез од затвор тој повеќе нема да биде истиот човек кој влегол пред петнаесет години, но психичката дисторзија/болест/општествена осуда ќе останат до крајот на животот. Нешто со кое нема да може да се носи зошто тоа е негов белег - запечатен идентитет. Затоа смртната казна е најдобро решение, зошто не повлекува морални импликации или консеквенции за сторителот на делото.