1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Ја видов темава, па се посомневав дали да ја отворам. Случката што ми се случи, никогаш не излегла од мојата уста, па одлучив да си го симнам каменот од срце и да пишам тука.
    Имав 7 години, и моите идеа у Грчка па останав со тетка ми кај нејзе у стан за викендот. Она имаше нов дечко тогаш и сакаше да ме запознае, па го викна на ручек. Типот беше 46 години. Цел викенд ме гледаше многу чудно и искрено бев мн исплашена. Вечерта се разбудив и видов дека он спие до мене. И ни на крај краева не ми текна на нешто перверзно. Само си продолзив да спијам. Се разбудив со негови допири. И добро се сеќавам, ми беше страв да го тргнам пошо мислев ќе ме удри или нешто. И почнав да врискам на цел глас, а он избега у вецето. И тетка ми стана и ми вика што ти е иии бев толку исплашена, и едноставно неможев да и кажам. Таака помнинуваа години и години а они се земаа, и еве ден денеска се у брак. А јас ова го немам кажано на никој, и секогаш коа ќе отидев кај нив. Он се понашаше како да не е ништо. Толку ми е тешко, али бев многу мала. Не бев толку смела и мислев дека нема да ми веруваат...
    Дури коа ќе помислам на тоа, трепкам онака цела и си викам да не мислам на тоа....
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Леле Салти :o се чудам како си молчела за ова толку долго време...
    Не дека те обвинувам меѓутоа да бев на твое место (се надевам дека си сега повозрасна) би и кажала на тетка ми. Или пак би разговарала со мајка ми за предупреда, сигурно нема да те игнорира...Ужасно, болно, перверзно. Какви се луѓе нема на земјава... :x
     
    На salty.dreams му/ѝ се допаѓа ова.
  3. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Можеби едноставно несакам да се помирам со фактот дека мене ми се случило. Незнам стварно. Али многу тешко ми е коа мислам на тоа, а не па да почнам да зборам. Како и дае фала :) Иначе сеа иам 18 години.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    И јас имав еден, ако можам да кажам, обид за силување. Не бев којзнае колку мала, можеби прва година средно, не се сеќавам баш најдобро кога беше, за такви случки губам временска ориентација. Мајка ми и татко ми работеа надвор од нашиот град, за да се вратат дома од работа поминуваа некаде 20ти минути возење без мрежно покривање, па и тогаш мрежите беа послаби... На врата дојде да ги бара еден човек со кој имаа некој деловен договор, рече дека не можел да ги добие по мобилен. Јас му реков дека ќе го земам мобилниот да се јавам. Кога се качив по мобилниот тој веќе беше во дневната, рече дека ќе ги почекал. Се понудив да му сварам кафе. Не му обраќав многу внимание, си седев на компјутерот, а и немаше многу што муабет да му правам, го знаев само од видување. Ме викна да седнам до него, да сме поразговарале. не седнав до него, седнав на фотелјата и му реков дека ми е добро таму. По некое време му текна дека нема да ги чека. Ми рече да му го дадам бројот ако случајно не може да ги добие пак. Му подадов рака да се поздравам, а тој ме прегрна. Ме стискаше силно и почна да ме бакнува во образ. Ми рече да не сум се плашела, дека многу сакал малечки девојчиња, тоа било само негов начин да покаже милост. бев преплашена, а не можев да прозборам ни збор. Некако ги свиткав рацете и во тој момент ми паднаа наочарите од очите, брзо се наведнав нив да си ги земам. Веќе беше свесен дека не може ништо да направи. Ми рече да не му замерувам и тргна да си оди. Јас ништо не кажав никому. Наредниот ден, кога идевме на гости кај тетка ми, поминавме и откај него да се договорат нешто. Сите отидоа, дури и сестра ми, јас ги чекав во кола. Денот после тоа беше кај нас, јас не излегов од соба. Постојано прашувал за мене, барал да ме види, ме поздравувал. м се јавуваше еднаш, кога му го слушнав гласот веднаш му спуштив... Мајка ми постојано кажуваше како ги пречекал на викендица, колку добар човек е. Се чувствував глупо, само јас знаев каков е тој всушност...
     
  5. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    За ваквите само куршум во чело..не треба да живеат..само да научам дека нешто вакво и се има случено на сестра ми или некоја од братучедките..ко убивам на лице место..
    Случка од сестра ми..ја гледав чудна неколку дена,не збори,како за плачење беше,а 5-6 одделение беше..и зборам,ја прашувам,молчи..и вкам кажи ми нема на никого да кажам,ако некој ти направил нешто ке идам кај него да се разберам..и ми кажува дете една година поголем од мене ја факал за гз..можете да ми ја замислите фацата во тој момент :@ ..ми кажа како изгледа,а јас многу добро го знаев,телефонот во рака и му се јавувам на домашен..ми треба тој и тој не е тука излезен е ..ако може негов мобилен да го побарам итно е ..татко му мислеше дека некоја е*ачица негова сум и ми даде...му се јавив го најдов партали го сторив,неможеше да се соземи,го дрецкав од сите можни агли на тоа оградата..иде сега со искривен нос..тој ке ја чепка на сестра ми.. :@ уфф само чекам некој да ми кажи дека ја чепнал..ке го убијам не ссамо на сестра ми и на сите околу мене..и на нејзини другарки им имам кажано,ако ги чепка мобилниот и да ми вртат..многу сакам да ги тепам на ваквите :devil: море ке ги рушам од ќотек ..пи*ка им матер нивна..дебили !!!
     
    На citiesinflames, parfemlilav, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Досега сум немала некоја ваква страшна случка за среќа и се ежам додека ве читам.Навистина ми е жал.
    Ама девојки, како некои над мене, не смеете да ќутите за вакви работи.Буквално не смеете.Треба да кажете веднаш некпому во кој имате најголема доверба-брат, сестра, родител, тетка...Вам ќе ви биде полесно и нема повеќе да се ставате во ситуација да сте во негова близина и да се сеќавате на нешто така грозно.
    Солти, твојата ситуација е комплицирана, човекот веќе 10години е во брак со тетка ти, како се однесува сега кога ќе се сретнете?
     
  7. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Не сакам да се сеќавам на тој ден... отидов само на увид да видам зошто дотичниот професор ме бутка 2-3 сесии по ред. Подобро да не влезев никад во неговиот кабинет. Ме заклучи внатре и ме прегрна на сила... Ме понуди со виски, му реков не, фала.. ме понуди со цигара, му реков, не пушам, а на тоа следеше "јас ќе те научам"... кога сакав да избегам застана на вратата и ... ужас, го удрив и успеав да отклучам и да избегам ама затоа и морав да се отпишам од факултет, дотичниот професор рекол дека сум го удрила затоа што не ме пуштал да положам, а мене "се ми било грешно напишано"... KAKO DA NE!!!
    никогаш немаше да ме пушти иако ме бива за тој предмет. Сега сум на друг факултет и истиот предмет го положив со 10ка... но времето изгубено не се враќа...
     
  8. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Девојки, ви се восхитувам на храброста!
    Верувам дека е тоа нешто црно во вашето сеќавање, но ние жените сме силни. Такви сме створени.
    Солзи ми дојдоа кога читав што ви се случувало.
    За вакви манијаци, треба кастрирање, и потоа цел живот во затвор каде него ќе го силуваат.

    како може казната да биде една година? ЕДНА ГОДИНА?! :swear:
    :@

    Срамота за нашата држава. Толку.
     
    На paulina2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Сите давате совети да се каже на некој, на мајка, татко, брат, сестра, тетка, стрина... Но, верувајте не е така лесно.
    Еве ќе си тргнам од мене.
    Јас не кажав бидејќи цело време во глава ми се вртеше дека јас сум си виновна за тоа.Да не бев таму на тоа место во тоа време не ќе ми се случеше тоа. Плус и да кажев не знаев како ќе го прифатеа тоа моите. И ако дознаеше околината (а ќе дознаеше ако пријавев во полиција) веднаш цел град ќе знаеше за тој настан (а бев многу мала за да се соочам со такви муабети и настрани погледи).

    Сега... Сега што го имам паметот тогаш да сум го имала знам што да направам.. Ама тоа е, останува само да го проколнувам секогаш кога ќе ми текне, да му даде Господ женско чедо па така да му направат, да осети што е болка, тага, да се осети немоќен...
     
    На srcekrsacka и LGBT им се допаѓа ова.
  10. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    мислам дека е многу болно некој да расказува за тоа и ке му се вратат спомените така да...
    ја не сум имала несто такво и не дај бозе да имам...!! и сакас да прокоментирам за гадовите мада за нив само пистол да му распрсне мозокот!!! ја да сум,да имам некаква титула парце по парце би го секла пред ситеееее!!!! затоа сто за нив нема ни 1 секунда зивот!!!
    ШТЕТА Е ШТО ГАЗАТ ПО ЗЕМЈАВА!!! МИ СЕ ГАДИ ОД НИВ!!! :@ :puke: :swear: :envy:
     
  11. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    најстрога казна треба за таквите гнаси
     
  12. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    леле луге не можам да повервам шо прочитав,колку е само одвратно сето ова,болни луге господе боже.Мене ми се нема ништо приближно случено,ама ако ми се случи жими се ке го убијам не знам шо ке му направам.
    Не знам дали знаеет за приказната шо се случи сега брзо некој тинејџер пробал да ја силува својата 60 или70 годишна баба мислам дека кочани беше одвратно болни луге леле ми се гади :puke: :puke: :puke:
     
  13. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено нешто вакво... Бев малечка, сега не се сеќавам колку точно, околу 5-6 години и отидовме задно со мајка ми кај моите кумови... Таа остана да седи со моите кумови, а јас бидејќи сум малечка и за да не ми биде досадно отидов во собата на синот на моите кумови, кој што беше постар од мене едно 10-15 години ( а можеби и повеќе ) :devil: И јас си седев кога он ме одвлечка во неговата соба, се соблече и ме тераше да го фаќам по интимните делови.. :devil: :| Знаете на што мислам ;( Јас не сакав, сакам да избегам, али не можев, бев ептен мала и не можев да се одбранам.. И наеднаш го слушнав гласот на мајка ми и она почна да вика ајде ќе си одиме, и јас успеав да излезам и се спасив.. А да не се појави мајка ми во тој момент кој знае што се ќе се случеше ;( :devil: После тоа и кажав на мајка ми се, и од тогаш немам веќе отидено таму... А сега имам 16 години и сеуште го памтам тоа, иако не сакам многу да се присетувам на тоа, али ова е доказ дека има многу болни луѓе на овој свет :devil:
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    -Правдата можеби е бавна, ама на крајот ќе си дојде. можат да бидат на слобода, ама од Господовата казна нема бегање. Ќе платат мнооогу дупло за тоа што го направиле.
    -На сите девојки кои биле во таква ситуација им советувам да се трудат да го пребродат тоа и да продолжат со својот живот, да не дозволуваат нерво да се поболат заради некој гад!
    -И впрочем, за сите, да одбегнуваме сомнителни места, локации, ситуации, колку може да си се заштитиме самите.
     
  15. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    најтешко е што секоја девојка после тоа мисли дека тоа е нејзина вина.....многу жално ...манијаците терба најстрого да се казнат....девојки а вас ...ви се восхитувам на храброста....што ли се може да чува и да собере женската душа....во тајност....се сетив.....и ми дојдоа солзи на очите
    те молам девојко....биди разумна не прави ја истат грешка како останатите...од тогаш сигурно поминаа веќе неколку месеци и не знам што биднало ама те молам пријави го...знам не е лесно,лесно е само на муабет...
    видете девојки мојот кум...значи близок човек работи во полиција инспектор е ......се надевам и би сакала на некои од вас да ви помогнам...ако ви затреба нешто некогаш или ако сакате некого да пријавите би била среќна кога би ви помогнала....секако тоа да се држи во тајност.....
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Епа вака...за ова му немам на никој кажано...Еднаш спиев кај мојата најверна другарка...татко и и мајка и беа на свадба и ние заспавме пред да си дојдат....подоцна како што спиев осетив како некој ме допира...тоа бил татко и на мојата другарка...ме фаќаше насекаде...не можам сега да допишам можеби нареден пат бидејќи не сакам да се потсеќам на тоа ;( ;(
     
  17. Lumos

    Lumos Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Фала богу ми се нема случено такво нешто, но на почетокот на летово бев блиску, може да се каже.
    Беше некаде 10 часот навечер, значи не беше ни којзнае колку доцна, јас излегував но со друштвото се наоѓаме на друго место, така да бев сама, како и скоро секогаш, поминував по патот на кој сум навикната и по кој поминувам речиси цел живот, одејќи на училиште, излегувајќи... сакам да кажам, не беше ни доцна а и не се наоѓав на некое така скриено, зафрлено место. Само што бев сама (а тоа ни другпат не ми пречело баш), и иако има куќи од двете страни на улицата, баш тоа време некако сите беа прибрани дома или како и да е, немаше никој друг наоколу.
    Освен овој. Одеше зад мене, не се ни свртив да видам кој е, ви кажувам си се чувствував релативно удобно поминувајќи оттаму. А и да го видев, воопшто немаше да се посомневам. ОК, речиси. Беше ром, а такви ги има многу во нашата населба, и навикнати сме на нив, али ги има голем број што задолжително 'завиваат' кога ќе помине девојка, дофрлаат непристојни коментари и сл. али обично на тоа останува, па сите сме некако имуни да речам. Дури ги има и такви помалечки, ќе му текне ќе те фатат за задник и ќе избегаат. Се случило 2-3 пати. Ајде јебига ќе речеш не знаат поарно.
    И онака си одам значи, и слушам некој како се движи за мене, и само онака добивам чувство како некој одназад нагло ми се доближува и оп! ме фаќа за задникот. И избега, се затрча напред. Јас само промрморив нешто, го ставив во категоријата на таквите што ги спомнав погоре и си продолжувам по патот. ОК овој не беше баш толку мал, ама се познаваше дека едвај е колку мене.
    Кога го гледам потаму, застанува и се врти накај мене. Јас си продолжувам по патот онака како ноншалантно, а овој ми се приближува и повторно го прави истото. Овојпат не бега. Ми вели: Ај да те е**м. Мене не ми се верува што слушам, а овај не се премислува, зема да ме тргачи, почнува да ме фаќа насекаде, да се трие од мене скоро и ги повторува тие зборови. Јас се тргам, мавам кај ќе стигнам, ама за невоља носев високи потпетици, а патот беше калдрма па не можев лесно да избегам. Не беше посилен од мене, во никој случај, ама ради штиклите не можев да направам многу. Ништо тој продолжува со еден гнасен решителен, поглед јас мавам, тргачам и се што ќе ми текне, и само се развикав на цел глас 'Тргни ми се гнасо една!' или така некако, па по 2-3 секунди му ја спрашти и избега. Кога стигна до еден ќош пак подзастана и се сврти, ама сепак продолжи да бега и изчезна зад ќошот после тоа.
    Се разбира мило ми е што ништо повеќе не се случи, ама не знам што го премисли тогаш. Дали кога свикав му текна дека се наоѓаме на место што не е толку изолирано па ќе се најде некој кој ќе не слушне или види, или пак сфати дека не е многу посилен и нема да стигне којзнае каде (се колнам да ги немав штиклите на мене ќе го прекршев од ќотек... не зборувам напразно, удирам и клоцам многу силно, си имаат настрадано од мене :P ). Не знам стварно што си мислеше, се гледаше дека е и помал, беше и понизок (имам 19 години инаку).
    И така. Знам дека се изначитавте, вајверојатно за џабе, ама така се изразувам јас, со еден куп детали.
    Не би го познала кога би го видела пак, има многу роми што поминуваат тука секојдевно, а и да го познаам, нема баш за што да го пријавам, за среќа не си ја оствари намерата. Инаку воопшто не би се плашела да го сторам тоа, си заслужуваат и полошо таквите, тоа се знае, немаше да му ја мислам воопшто. Другиот ден им кажав на родителите, ми беше малку незгодно, ама сметав дека морам да го направам тоа. Исто така им кажав на неколку поблиски другарки, онака ем да си симнам одреден товар, а и како еден вид предупредување.
    Ајде тука запирам оти знам дека изнапишав мнооооооооооооогу повеќе од доволно :lol:
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Пред неколку дена беше пак на гости кај нас. Случајно го видов кога влегуваше во ходникот и ми се пресекое нозете. Мајка ми ме викаше да се поздравам со него, јас само превтев очи и и кажав дека нема шанси. Вечерта си разговаравме нешто со неа и таа спомна нешто за син му, што студирал, нешто такво. Јас почнав да и вика да не ми го спомнува, дека не ми е воопшто гајле за него. Таа почна да и збори да ги оставам предрасудите на страна, затоа што човекот не е Македонец, дека ги поканил на гости кога идат нареден пат во Скопје и дека планирале да идат. Јас им реков да одат кај сакаат, само мене да не ме водат со нив. Мајка ми мислеше дека сето тоа го зборувам за националноста на човекот, најверојатно се разочара што одгледала дете полно со предрасуди, ама иако тука не се случи ништо, јас едноставно не можам да и кажам зошто имам такво негативно мислење за тој човек. Тешко ми е, секогаш кога ќе прозбори за него, јас избувнувам, а никако не можам, да и кажам на што се должи тоа мое однесување.
     
  19. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Ова последново повеке ми личи на драматургија,или извадок од роман отколку некаква случка.
    Ако така размислувате било кој што би ве прегрнал, па макар и роднина вие би помислиле дека сака да ве е** второ зарем на 20 години одиш сеуште со родителите па во еден дел велиш “каде сакате одете само мене не ме носете“ но толку за тоа.
    Што се однесува до темата општо мислем дека понекогаш и нашето провокативно однесување може да им даде повод на лугето да помислат дека може да не имаат. Затоа треба секогаш да бидеме јасни и недвосмислени во нашиот однос кон лугето и добро да го контролираме, говорот на телото бидејки тоа може понекогаш да упати погрешна порака.
    Тука не зборувам за разни кретени кои решиле онака те гледаат на улица си викаат ај оваа ке ја е*** значи зборувам, за лугето што ги познаваме другари, дечко и останати.
    Ако вие имате секогаш јасен став и им дадете до знаење дека сте сериозни тогаш верувајте ми никој нема да се реши на таков чекор, но ако вие перверзно флертувате со нив а на некој начин ги држите на дистанца, народски речено ги палите па потоа им мавате ладен туш, е тогаш веруваје ми еден ден ке ви се удри од глава и ке настрадате.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Како прво, ситуацијата беше многу поразлична од тоа што го опишав тука. Да те прегрне некој и да почне диво, т.е. страсно да те пакнува по образите и по вратот сигурно не е затоа што те смета за пријател или роднина. Второ, поканата се однесуваше на фамилијарна посета, а каде одам јас со родителите, каде без нив, некако не ми изгледа како причина за осудување.
    Трето!!!
    Некоја девојка не бара да биде силувана според начинот на облекување!!!
    Најголем број од силувањата се случуваат од луѓе кои ги познаваш.

    И уште нешто. На форумот има побизарни и побесмислени проблеми од тоа што ти го нарекуваш драматургија. Мислешето не ти е на место. Јас самата си кажав дека не се работи за силување, ама сепак е случка која што на некој начин ме погоди. Не бев мала, знам дека да не беше толку опасно да дојде некој сигурно ќе се случеше, така што немаш право да ми судиш. Секој си има свои проблеми и се бори против нив. Не е твое да осудуваш што се проблеми, а што не
     
    На Kenny, MilaP, Gmai и 3 други им се допаѓа ова.