Утре ќе контактирам со едно другарче од една невладина и претпоставувам ќе треба да се собираат потписи (над 10.000 за одреден временски период) за предлог-законот да се стави на дневен ред во собранието. Доколку биде отфрлена идеата за смртна казна-егзекуција на педофил или силувач, ќе се бараат други средства за тој закон да пројде, ако волјата прво на жртвите а потоа и на мнозинството е да пројде. Егзекуција на такви престапници пред сѐ не е одмазда (ќе се толкува како одмазда од душегрижници) туку е спас за идни жртви и спас на самиот престапник од трајно страдање за грозоморието кое го направил. Ова не е заебанција, на широко треба да се разгледа и да стане реалност.
Знам дека нема да се променат во поглед на тоа, ама кај нас ни казна за убиство не е доживотен. Јас сум против смртна казна затоа што многу често доказите лажат и во затвор одат невини луѓе. А секогаш има начин после некоја година вистината да излезе на виделина.
Абе овде ако некој е пријател силувач со Заев задржат го 2 недели у затвор и го пуштат а не па смртна казна.
Во случај на недоволно цврсти докази може да помине месеци или години во затвор. После утврдување на повеќе и силни докази, егзекуција.
Пропушташ важна поента во случајов. Одговорноста тука паѓа на грб на истражниот суд на чело со крим - техниката кои придонеле да се достават нелигитимни докази, не на смртната казна како средство за елиминација на субјектот кој извршил кривично дело.
Само хемиска кастрација за таквите, смртна казна е хуман чин. Вака стај му го на трупче, нека страда говедото.
Не смртна казна, тоа ко награда ќе му дојде. Вака нека живее у агонија до крај на мизерниот му живот.
Говедана од ЕУ не поддржуваат смртна казна. Се согласувам.Тоа би било милост.Треба да патат како жртвите.
Силувачот нема да го изгуби својот нагон преку хемиска кастрација. Можеби алатот за силување ќе го нема, но што правиме со психолошкиот механизам, drive-от за таков акт? Не заборавај дека иако нема да има полов орган, ќе има раце и нозе, и нив може да ги користи како помошно средство за полов допир или пенетрација.
Не подржуваше и еден од Бундестагот сѐ додека имигранти не се обиделе да му ја силуваат ќерката пред неколку години во Минхен. Утре ќе барам линк.
Доживотен затвор цуци фала богу, еднаш силувач- секогаш силувач. Поентата ми беше дека смртна казна е "блага" ригорозна мерка, треба да страдаат копилињата.
Инстантната смртна казна е лоша бидејќи подоцно може да се покаже и докаже дека егзекутираниот бил невин. Во една емисија која ја гледав пред неколку години,правни експерти од САД рекоа дека во САД се погубени над 80 невини луѓе. Ако нема непобитни докази на виделина,не треба егзекуција,а и да има,бар прво да пропати.
На 9 години ме имат силувано ,еден манијак ми излезее гол ги соблекол гаките и го извадил ја ја чекав другарката од школо и позади школо ме силувашее сакаше да му го фатам ама ја нејкев само толку и после си отиде.
Страшна работа додека ги читав имав некое многу не убаво чувство , не ни сакам да замислам како им е на жртвите ,жално ќе си имаат трауми цел живот ,самата помисла дека тие силувачи се на слобода ми ствара бес .
Глупости... И гола да шета жената,таа не си го бара. Силување е и кога дечкото/мажот го прави тоа. Ама,кој да сфати... Страшно!