Воајерка Има казна и за нејзе, не се секирајте Прво за документирање слики/видеа без дозвола Второ за соучество.Била таму, гледала а ништо не направила..освен што снимала де
Нели ти беше тој шо велеше ако на твоја блиска особа женска и се деси силување, нешо влетуваше у филм ќе се тепаш, ќе ги убиваш, ќе ги дереш живи и такве ми ти ствари. Зашо не си креативен сеа кога за шупак се работи?
Страшно какви психопати има, да гледа додека го силуваат сигурно имал доверба во неа чим го повикала и отишол... луѓе пазете со кого си имате работа само тоа можам да кажам.
Па да де, против силување сум. Туку дали и ти си против или ја поддржуваш чудовишната кумановка и тие двајца силувачи? Така ми изгледа, како да ја поддржуваш!
Ми се згради. Од коментарите. Едноставно е, таа е соучесник во силување, додека двајцата мажи се силувачи. И жена можи да силува, ама во случајов е соучесник. Целосно виновен соучесник. Силуваниот, каква и да е личност, никој, апсолутно никој, не заслужува вакво нешто. Ако се заканувал, требало девојката да оди во полиција и за тоа е жртва. Ама во оваа конкретна ситуација, нормално дека силуваниот е жртва. Знам дека е полесно да се плука по замислено другарче и претпоставка на аргумент од тоа замислено другарче само за да се докажи поента (или можеби само барате opening за кавга и/ли плукање по одредени личности кои во бел ден не ви се по ќеф?), ама ви се молам ... Од сериозна тема прајте каша.
Дали сте нормални со коментариве ? Одвратно е тоа што му го направиле и стварно се надевам дека сите тројца ќе си ја добијат секоја казна по пропис. А жртва на силување е жртва на силување, нема тука дали е машко , дали е женско , направил ова или она, особено е нефер релативизирање на случката зашто сте слушнале дека ѝ се заканувал на девојката...никој не заслужува силување со снимање и омаловажување
Сум пишала и претходно и пак ќе пишам. Нема и не треба да има оправдание за силување! Си има закони и истите треба да се почитуваат!
Баш мислев дека жените се поемпатични кога станува збор за силување. Според прочитаново, срам ми е за вас!
Ужас, што и да направи некој не заслужува вакво нешто да му се направи па дали било маж или жена.... Што е бре со луѓево????? Треба некој да ја шутне планетава и да отидеме сите у к.... Монструмиииии!!!!
Ее и вие. Еднаш лани педофилија се бранеше само зашто жртвата беше машко дете од 11 години а педофилката возрасна жена краветина од 22. Па тука одма следеа коментари дека чим му се дигнал уживал, па како не се бранел, па гарант сака да ги оцрни жените и што ти знам, па за ова не се чудам. Нели, зашто они на 11 години веќе биле едуцирани за секс, за заштита и све додека во други теми ќе ги бесат педофилите Макар што причата може беше лажна, со коментарите излегоа педофилите на форумов на виделина.
Едно живо суштество ( во случајот човек , но и животно да е ) не заслужува силување ! Како прво , зошто јас со здрав разум и бистар ум , би пратила мои голи слики на познаник ?! Второ , ајде и да пратила , постои опција да ја исечеш главата , да пратиш слики со скриен идентитет , зошто не го сторила тоа ?! Трето , ајде и на тоа ќе замижиме , зошто побогу не пријавила во полиција дека и се заканувал дечкото ?! Има опции , кои можат да бидат потенцијални решенија , зошто да дојде до вакво грозно дело . Не , не , малку ни е корона , треба и еден метеори да не удри , и едно 3-4 земјотреси и 2-3 поплави . Не знам како сеуште не трпи планетава . Па најсуровото животно не би сторило вакво нешто !
Мене секогаш мистерија ми е како на тема за силовање, се фаќате за голи слики кои се пуштени. Од едната страна како оправдување, а од другата страна кудење како смеела. Сликите се нерелевантни и кој како сака ќе ги пушти, и страната кои ги добила не смеј да ги раширва. Толку е едноставно на таа тема. Ако страната која ги добила сликите се заканва, страната која испратила слики е жртва, а не да пишиш прво оти вака, второ оти онака. Ниско е. И тука тој со заканите е предатор и треба да одговара. Поентата ми е, засебен случај иако едното иди како последица на другото. Зошто ни пуштените слики не го оправдуваат неговото однесување, ни пак нејзиното однесување не е оправдано зошто иМаЛа ПрИчИнА.
Претпоставувам (се надевам) дека сакаше да каже дека наместо да го викне за да го силуваат можела да пријави ама се занесе со самиот муабет дека се пратени слики. Иако, во ситуацијава е далеку погрозен чинот на силување. Знаеме дека да беше силувана девојка затоа што му се заканувала на дечкото за Х работи, дечкото ќе беше веќе убиен со зборови. И јас пак нема да сфатам кое е задоволството во тоа да направиш нешто толку злобно...
Се сложувам дека силувањето е погрозен чин. Ама кажи колку ја менува приказната, го викнала дома, го силувале и го снимале ИЛИ го викнала дома, го силувале и го снимале затоа што и се заканувал дека ќе објави нејзини голи слики. Не оправдувам ич. Ама ми се преполови емпатијата на пола за силуваниов
Баш ова сакав да кажам . Колку што е тој виновен , толку е и таа и тие двајцата силувачи . Можело да се реши на поинаков начин . ЧОВЕЧКИ ! Не со силување ! За малку јас ќе бев силувана еднаш одамна , колкава траума имав иако се спасив за влакно , замисли како му е на дечкото ? Или на секоја друга жртва на сексуална злоупотреба .. Јавен линч за сите што вршат вакви гадости ! Без разлика кои се и што се ! За мене како поединец тие се помали од најмалата точка на планетава !