Можно е. Со предмет некој. А тие двајцата можеле но не одбиле. Ама ова е небитно да се спомне затоа што нив никој не ги одбрани. Никој не рече: Е ама девојката да не ги побарала, дечкото немаше да биде силуван. Значи никој не ја префрла вината на девојката. Дискусијата падна на моментот дека девојката воопшто не е крива.
Секој сексуален чин , кој не е одобрен од двете страни е силување ! Било да се работи за маж или жена жртва ! Во случајот се работи за маж , силуван од двајца мажи , по местенка од жена ! Што и да имала жената со силуваниот , можело и требало да се реши на друг начин ! Сега што направила ? Траума на еден човек , двајца се соочуваат со казна затвор , а таа со парична казна за соучество . Што решила со овој чин ? Ништо .
Се згрозив од една книга што ја читам онлајн македонска, ауу погледнете ја реченицата извадок од македонска писателка: ЗАТОА ЗНАЕШЕ ДЕКА ТАА Е ВИНОВНА бидејки изгледало провокативно wtf
Не гледам ништо лошо бидејќи е една обична книга, а и многу девојки низ светот така и се чувствуваат, иако не е праведно. Тоа е наметнато од општеството години наназад.
Баш ми е жал за тебе што не гледаш ништо лошо. Така се чувствуваат многу девојки низ светот заради вакви мислења ко твоево што мислат дека девојката е виновна ако некој манијак ја зјапа по пат. @hellocity која писателка, која книга? Ми се повраќа од вакви.
Како лесно знаете да превртите зборови, тоа е страшно нешто. Во ниеден момент не кажав дека е океј да се чувствуваат така или го поддржувам ваквото размислување. Дај жити се не сум од тие што имаат застарени мислења, книга е слободно четиво и не секогаш ставовите на авторот се совпаѓаат со нашите. Може е баба некоја што размислува вака, може е стара книга од пред да се јави бунтот од страна на жените во однос на оваа тема. Ако во филм вака е претставена жената, одма ќе го кривиме режисерот и ќе носиме заклучоци? Не значи дека он такви ставови има, може сака да долови карактеристики на жена со погрешни, наметнати размислувања. Не рипај одма со негативата.
Не е стара во книгата, во книгата јас како што сватив силувањето е чин кое треба да се прифати а не пријави и да се казнат сторителите, а иначе такви описи по книги по учебници највеќе ме нервираат
Можно е- можно е. Во силувањето доминантен елемент е моќта која се демонстрира, а не самата сексуална активност. Исто како и со било кој друг вид на насилство.
Ако точно разбрав , членката сакаше да каже дека повеќето девојки се чувствуваат виновни што се облекле така како што се облекле , а не го согледуваат фактот дека болниот ум ќе ги " мерка " и/или нападне дури иако се закопчани до грло . Можеби и авторот на книгата сакал истото да го објасни . Не го знаеме целиот текст и неговиот целосен контекст . Членката која го постирала извадокот може да се изјасни откако ќе го прочита цел текст .
Извадокот е ваков: таа знаеше дека е виновна. Да сакал авторот да каже дека девојката се чувствува виновна, а не го согледува фактот дека болниот ум ќе ја мерка дури и да е закопчана до грло, ќе напишеше, таа мислеше дека е виновна. А не, знаеше.
Али ајде сепак тоа е книга, али и да е пораката што ја носи е многу глупава, никаде ги нема виновниците низ цела книга на крај е крива силуваната жена бидејки детето од тоа силување кое го родила го дава на посвојување а не го исчувала. Книгата се вика Неспокој
Здраво.Сакам да се искажам толку ме боли душата плачам кога ми се враќат слики.Сакам да умрам.Излеговме со другарки во ноќен клуб некоја пијачка и ме фати одма(ретко пијам а и излегвам)Се сретнав со едно машко се знаевме имавме контакт на инстаграм.и едно здр во живо..И ми се бендисваше кажам искрено ..Ми пиша порака сакаш да поседиме ќе попрајме муабет ќе се видиме.Пијана не размислув убо добро му вратив.Ак вкола оти врнеше мн..Седиме почна да ме бакнува ок ај ама почна на силно дојдее на моето седиште ме зграпчи со сета сила немој му викма несакам ништо секс(4год самасум не ме допрел никој еден дечко 3год и само тој ми беше прв*)но ништо ко што носев фустан ме истрга и го направи своето а плачев немој ме боли. Прекини.....Другот ден го блокирав на се го среќавам.понекогаш низ град и мие страв дури од целата слика....Од тој ден ноември 2019 алкохол не се напив одма ми текнува на тоа не ми сака душата.Сите минсе чудат оти не пиеш шо ти се деси ништо ми викам нејќам а јас имам пекол.Немам.мир немам сон такаааааа преееееемногууууу ми тежи на никој неможамм да кажамммммм.За тоа денес направив профил тука да си искажам.Можи згрешив шо појдов да шо не размислив и поднапијана.мене ми беше ок дете колку мене 24.годзрел.ни на крај памет дека е такво животно.4год ссма сум без дечко никој не се осудип ништо нејќиш нејќиш сум излегвала со машки ама ова нешто..Мие страв од тогаш со никоу немам излезено поќе.Тешко мие душата ме.боли.Извинете на долгиот текст.Не дај БОГ никому ни слично нешто.бидете поз
Како ?Ем месеци поминаа ем сама појдов вкола поднапиена.И јас.имам грешка тука амаа немораше така како животно да се изживува врз мене...Неможам да спијам неможам да заборавам.ни некому да кажам