Немаш ти никаква грешка, немој така да велиш. Жртвата никогаш не си го бара! Те молам пријави. Копилето треба да си го добие заслуженото. Ти не го заслужуваш ова воопшто.
Силување е силување без разлика дали си била поднапиена или не, а многу од жртвите се решаваат да пријават баш месеци после настанот. Збори со некого, не си дозволувај сама да минуваш низ ова.
И јас мислам да разговараш со твоите или со некој близок и да го пријавиш. Тој треба да се плаши од тебе а не обратно, не се обвинувај. Тоа што си била во таква состојба и тој го направил тоа докажува колкаво ѓубре е. Сè што ти треба во моментов е храброст и поддршка од блиските за да ги надминеш овие мисли, и секако да не дозволиш да помине така.
Нез како да.кажам за тоа тука дојдов.Да се искажам да ми олесно можи и ќе ме критикувате ама ако барем знам сум кажала.Душава ќе ми препукне.Во фебруари сега вкафич со другарки излезена бев и се сретнав и фати до нашата маса со другарите и ме посматра не се вртев сок веќе пијам.одиме во клуб на шанк го гледам два чекори до мене со другарите стој нз дали случајно или не не се ни свртив кон него се гадам!!Испадна ко да ме следи
@Korija Колку повеќе чекаш, колку повеќе време помине, толку потешко ќе биде за докажување и поголеми се шансите да помине неказнето... Ако се плашиш или срамиш да пријавиш во полиција, тука се разни женски здруженија или невладини, кај што може да добиеш вистински насоки и соодветна помош... Ако го оставиш така, утре пак ќе собере храброст и ќе го повтори делото... ако не тебе, на некој друг.
Девојче НЕ значи НЕ.Ако си отишла во кола не си рекла ДА.Не си ти виновна дебилот е силувач видел напиено девојче и ајде радуј се к.. на пијана жена. Ми се гади од овие животни. Мислам и да го пријавиш не знам како би докажала премногу време поминало.Оди на психолог за да поразговараш и да ти помогне да го пребродиш истово
Нормалнп нејќев не мие дечко немам чуства не ми значи..Мене чинот секс ми значи за тоа никому не му сум се допуштила цели 4год Оти нејќам механиччки не сум ни мифка ни крува Бог е сведоок.Немам излезено со никој поќе не ни сакам
Нормално бе душо не можат сите секс за една ноќ да имаат.Еве и јас не можам морам да сум заљубена во дечкото за да сум со него.За мене секс значи љубов.Знам дека ти е тешко .Знае ли некој друг за злосторството?
Никој невервам тој да има.кажано да се фали вака.и напрајв.За тоа тука дојдов кога да го сретнам низ град.дишењето ми се запира.....А тој занесен гла крената гајле.муе ккао немам грижа на совест ех......
ти си нормално девојче ,ти кажав веќе остави ги тие мисли и да не било да си отишла во колата он ако бил решен ќе ти посегнел
Се мразам себеси телото ко.ќе се погледнам во огледало.Ми зујат.зборовите негови те боли а втор ти сум.јас хахах....вака ми зујјјаааатттт
Ако ги имаш пораките уште во телефон каде што се договарате за средбата може да ти послужат како доказ дека стварно сте се виделе таа вечер. Мораш да се соочиш со ова инаку цел живот ќе си имаш последици. Којзнае уште на колку истото им го има направено и им го има уништено животот. Собери храброст да ги изговориш истиве зборови на глас, ем ќе го уништиш говедово, ем ќе спасиш многу други девојки. Многу ми е жал вака кога гледам девојки како се плашат дека ќе бидат критикувани за нешто што воопшто не се криви. И да не си била пијана и да си се видела со него истото ќе ти го направел! @Korija
Мене мие неубо сама на себе да си го кажам не некому друг толку многу штом се мразам себеси од тогаш клетва дадов и ете алкохол голтка немам пробано алкохолт ме потсеќа на та ноќ.Немам ништо се избришав го болкирав ама за жал.го среќаавам.и мие страв срцето не ми чука дишењето.ми се запира одма..
Подобро мие сега кога кажав и гледам луѓе кои прочитале и ми давате мислења.Ми значи..Среќна сум.што.можам тука да си кажам и да ми падни каменот
Доста се обвинуваш самата! Не си крива ти во ниту еден случај!!! На секој може истото да му се случи, и на улица може некој да те нападне ако има така решено. Извади ги овие мисли од глава, ти не знаеш колку всушност си јака што минуваш низ овој тунел. Ти си ЖЕНИШТЕ! Тој има некакво психичко пореметување чим ти го направил тоа. Мораш да се довериш некому и тие ќе дејствуваат понатаму, нема да бидеш сама. Ако ќутиш само верувај ми дека ќе биде потешко, нема туку така избледи.
Неможам вполиција имам еден куп другари другарки полицајци шо се знајме.Јас сум.од Бт не е метропола секој со.секоого се знае нејќам да се рашири па да мие срам од домаa да излезам САКАММ ДА ЗАБОРАВАМ
Од што срам? Тој нека се срами за постапката. Уште подобро, сите ќе го дознаат. Прво со твоите дома, после в полиција.