@Korija Едно ме интересира само. Дали проба да побегнеш од автомобилот, дали проба да се одбраниш некако, да го удриш, изгребеш?
Јас разбирам дека можеби најтежок момент е прифаќањето што се има десено. Никоја од нас не мисли дека токму нам ќе ни се деси, неретко и погрешни процени на личности може да се направат како и на ситуации, не можеш да предвидиш што и како е следно. Сето ова говори, дека ти не си виновна у никој случај. Секој човек со здрав разум, ќе ти го каже истото и ќе ти даде поддршка. Ако некој треба да се срами и да се гади од себе си, тоа е тој психопат, не му прави задоволство да те гледа потчинета низ град. Зашто не почнеш прво со најблиските, какви се твоите родители, би можела ли да очекуваш поддршка од нив, потоа најблиските другарки? Нема да си сама у сето ова.
Будала некоја бе еј, не е злочин пијачата туку силувачот зошто се обвинуваш? Јас искрено да сум на твое место ке го викнам да излеземе и ке му истурам киселина на половиот орган. Пред некоја година во Штип имаше случај се расчу и во мојот град Кочани, дрогирана девојка снимана и сите неа ја обвинуваа.. Зошто? Некој и ставил дрога во пијачката и ја снимал како ја е... после тоа девојката од срам мислам дека се преселила јас сметам дека таа не е крива секој има право што сака да пие и да е дрогиран никој нема право да праве криминално дело врз него силување, крадење и слично..
Ве молам бидете повнимателни со зборовите. Сите различно реагираме во некои ситуации, некој ќе се одбрани друг може да е во шок, а и различно не удираат емоции. Сите викаме прво во полиција, ама недај боже вас да ви се случи, сигурни сте тоа ќе ви е прво на памет? Само понежен тон, пак е доста ранлива тема.
Криминално дело е и да му истури киселина врз полов орган Инаку некој претходно праша дали изреагирала, пробала да избега или го нападнала. Јас ја разбрав дека повеќе пати му рекла не, но има ситуации кога од голем шок и претрпен страв се смрзнува силуваната личност и не дава никаков отпор. @Korija нема од што да се срамиш и да се себе обвинуваш. Алкохолот и тоа што си влегла со него во кола не се причина тој да направи тоа што ти направил, плус си рекла гласно и јасно НЕ. И претходно те посоветуваа мора да поразговараш со стручни лица, никако да ќутиш и си го носиш товарот од тоа што се случило сама. Мора да споделиш, да се растеретиш. Прво почни со прифаќање и прекинување на обвинувачки мисли дека ти си крива. Не си!
Неможам да кажам никому немам храбост.. Сакам да ви кажам..Добивам пораки подршка,љубов,совети.Сфаќам дека не сум сама дека има луѓе(душа луѓе) кои го прочитале мојот текст се соживуваат со мене и ми дават утеха и совет.Многу сум среќна што имам такви пораки.ФАЛА од дното на душата.Знам не сум.сама.Ќе.одам.на психолг ќе разговарам и ќе се сносам храборо со ова.Не смеј да влијае врз мене...Неможам да го напаѓам или во полција тоа немма храброст..Важное моето ментално здравје пред се....Фала ви што постоите и што одвоивте време за мене.Бакнежи!!!!
Прашањето ми беше поставено за девојката. Одбранбена реакција. Кога ќе те нападне некој нормално е да сакаш да се одбраниш. Да му прснеш некој спреј од чанта, да му брцнеш со пенкало, клуч во око, уво. Не ја слушајте Вајлд. Подобро да изедеш ќотек и да знаеш дека барем си се потрудил да се одбраниш отколку да легнеш и да молчиш. Секој може да се најде во таква ситуација. Оставете белег на борба. Како и да е некој нешто ќе примети и ќе се најде во ваша полза ако се одлучите да пријавите.
Се е тоа во ред што си напишала, ама има одредена група жени кои од страв се замрзнуваат во моментот. Толку се шокирани од тоа што им се случува што ништо не преземаат од ова што си напишала. А девојката убаво е да не ја потсетуваме на сите детали од тој гнасен чин, ете се заблагодари за поддршката и рече ќе побара стручна помош.
Можеби и те следи ! Внимавај , може да се обиде да го повтори делото ! Не сакам да те плашам , но те молам не оди никаде сама . Ако повторно го забележиш во твоја близина , веднаш кажи дека се сомневаш дека те следи . Барем на некоја од твоите пријателки полицајки што ги имаш , да го имаат на око . Мораш да се довериш на некој , не може вака сама да минуваш низ таа тешка траума . Посети и психолог , во најмала рака разговорот ќе ти олесни . И никако , ама никако не се обвинувај себе си . За малку и јас ќе бев жртва на силување . Мене бивш дечко ме викна да разговараме нешто пред кафичот каде бев излезена , а беше и тој во моментот иако не бевме од исто место на живеење . Проба да има сексуални односи со мене , иако јас во моментот не чувствував ништо кон него , дури имав и дечко друг . Му кажав не , имам дечко и него го сакам , не сакам секс со тебе , заврши нашето . Сепак продолжи со намерата . Само Бог ми даде сила да го турнам од себе и да избегам . Мислам нозе ќе искршев бегајќи . Се каам што не го пријавив во тој момент , бидејќи оттогаш јас не сум истата особа . Поминаа 7 години оттогаш . До денес во сон ми доаѓа денот кога тоа се случи . Јас споделив со мојата другарка уште истата ноќ ( таа ме барала пред кафичот , и прво на неа налетав бегајќи ) , кога и раскажав што се случи таа ми рече да го пријавам , но не ја послушав . И жал ми е што не ја послушав . Те молам , немој да го оставиш така случајот , пријави , раскажи , немој да се каеш после години како мене . Јас сега и да пријавам , немам докази никакви , плус и тој веќе има свое семејство , а и јас имам мое . Како што ја погодува ? Идиотот ја силувал девојката , нормално е да ја погодува ! И не е важно дали е втор или 202 , важно е дека и го уништил животот , дека таа има трауми за цел живот , дека можеби никогаш нема психички да се оправи од ова .
Мене ми е многу жал за се што и се случило на девојката. Едно “не” е знак дека не се согласува. Но, ние овде ако не пишуваме не значи дека нејзе ќе и биде полесно, ниту пак ќе сменам нешто во ситуацијава. Поента е за секоја она што ќе се најде во таква ситуација дека е подобро да превземе нешто отколку ништо.
Не си во право. Не се сите исто силни, ниту реагираат исто во дадена ситуација. Не е ова совет, ако се изгорите на рингла или пегла, ставете рака под млаз студена вода. Многу е покомплексно од тоа и дури и јас, која лично сум врескала гласно на манијак во автобус, не можам да речам-аха, за недајбоже, ќе знам да пружам отпор. Мислам озбилно?Јас лично , во слична ситуација на безизлезност, почнав да се тресам од паничен напад, среќа моја ништо не се деси. А се сметам за прилично силна особа. @Korija можам само да ти кажам дека никаква вина немаш и ништо погрешно немаш направено. Другите ти дале добри совети, сега е важно да ја совладаш ситуацијата психички и да го пренасочиш самообвинувањето во обвинување кон вистинскиот злосторник, макар и само во твојата глава. Пишувај овде се што ти лежи на срце, ако ти е така полесно за пребродување.
Јас добро ти ја сфатив поентата, ама ти не ја сфаќаш онаа поента која еве неколку членки упорно ти ја предочуваме, а таа е дека сите жени не реагираат исто во ситуација на силување, некои жени ''замрзнуваат'' во моментот и тогаш најмалку им текнува да покажат отпор. А за преземање нешто за последиците од силувањето, прв чекор и е што се отворила и пишала, а пиша и дека ќе побара стручна помош.
Срам да ти е. Дали знајш ова твое мислење каква вина можи да набие на жртва на силување? Зато не секој треба да збора на темава, некои треба да ќутиТЕ. Многу луѓе се здрвуваат при стресна ситуација. И твоето мислење можи да ги натера да мислат дека се виновни. А, не се. --- Одличен прв чекор е да кажи некому дека се случи. И девојко навистина ми е жал. Тоа дека се грижиш за ментално здравје и ќе одиш на психолог е одличен прв чекор. Прегратки.
Не знам за други, ама мене на примет при силен наплив на емоции, и убави( силно смеење) и неубави (екстремен страв) ми се олабавуваат мускулите до степен да не можам на една скала да се качам, а не некој од 70 кила да го отргнам. Не можеш да знаеш како ќе реагираш ни за себе, не па за друг.
Не мора да речиш. Самото мислење имплицира. Ако нешто не кажиш не значи дека не можи да се сфати грешно и зато неќам ни јас на секоја трета страна криви дрини да исправам со некој шо не мисли пред да кажи на толку деликатна тема. Сфаќам дека имаш добра намера, не излегва како така. Не мора да кажиш директно (АмА сЕ сПрОтИсТаВи?! - и како ќе се осеќа ако не се спротистави??).