Точно. Често пати силувачите се фамилијарни луѓе, со деца, навидум угледни во општеството, добро ситуирани. Водат некој вид на двоен живот.
Не едуцирани се оние како тебе што извртуваат туѓи мислења а не оној кој има поразлично мислење. Јас никаде не реков дека силувачите не се виновни. Јас дури и смртна казна реков за такви ама сепак бев нападнат и такви како тебе ќе ми велат дека во нивна одбрана стојам. Ја 1000 патив вела да се казнат таквите, да се затворат или да се експериментира на нив наместо врз невини животни пошто само така би бил силувач од корист а ти ми велиш каде е насилникот во целиов муабет. Веројатно селектираш и читаш само она што тебе ти одговара и на таа основа правиш провокација. Јас реков дека не би требало да се облекуваат девојките така вулгарно за да не испровоцираат некој со неразвиен мозок. Бидејќи ако самите не си мислите никој нема да ви мисли и да ве заштити па ниту е должен, бидејќи такво општество бирате. Казни ви сметаат силувачи ви сметаат, епа или едно или друго, и јаре и паре нема викаат србите.
На секој треба силувачи да му сметаат Моето облекување не треба никого да провоцира до степен да сака да ме силува. Ако има такви нагони има си установи.
Па треба ја не реков дека не треба. Паметен човек секако дека не би требало да го провоцира твоето облекување макар и гола да шеташ. Такви се ретки затоа секад ке добиваш коментари доколку се облекуваш вулгарно. Тие ако имаат такви нагони сигурно нема сами да си се пријават во установа нели, а и на чело не им пишува дека се такви така? Тие секогаш се откриваат после сторено дело силување. Така да жабе е да ги казниш после стореното дело, веже жртва има. А да е како на блискиот исток, да погубат еден двајца не би рекол дека силувањето би било така чест случај, само со тоа би имало помалце жртви.. А и незнам зошто сте против зошто би поштедиле живот на таков човек тоест нечовек. Или добра опција би било да се ескпериментира врз нив наместо над невини животни.
Потврдив уште еднаш дека си провокатор. Живеете во бајка. Очекувате голи да шетате и да не ве напаѓаат манијаци. Извини душо ама размислуваш ко дете од 10 години и не разбираш дека тие не размислуваат така и дека тоа право да шеташ гола и да не те нападне некој таков празноглав никој неможе да ти го овозможи. Или сама ќе се заштитиш или друго чаре нема.
Ако ние не се чувствуваме безбедни за да искочиме од дома, било како облечени тогаш ова е многу поголем проблем. Значи дека немаме доверба во институциите и тие кој треба да одржуваат ред и мир како полиција, ако младите девојки стигнат до степен да носат нож да лична заштита тогаш некој негде потфрлил во однос на безбедноста.
Никој не врши експерименти како тестирање на лекови или вакцини врз жени туку врз невини животни. Наместо за тоа да се користат педофилите и манјаците.
Да претпоставиме вака. Жешко е, си ја соблекол маицата и те ти текнало да отидеш до маалската продавница да купиш млеко. Ситен си пример и те среќава жена "со нагони", некоја со над 200 кг. Ќе те однесе некаде, ќе те силува и крај. Ќе пишуваш после "дечки си го барав. Во право беше жената што ме силуваше. Не носев маица, и го поттикнав нагонот". Истото сценарио, ама те среќава маж те пика во кола те носи, те силува и те враќа. Пак вака ќе пишуваш? Или жените се глуп пол, нека си носат фераџе, најубаво ќе е?
Не, ти живееш во бајка дечко. Прво, апсолутно очекувам да не сум нападната ако шетам било како облечена, зошто според твоите постови ако носам тесни фармерки ќе предизвикам некој неарен, зошто и така ми се оцртува телото. Да не треба да се забулиме случајно? Споредбава ти е иста ко да речеш не возете зошто ги предизвикувате тие од спротивната лента да влезат во вашата. Второ, можеш до утре сабајле да се обидуваш одговорноста да ја префрлиш на страна на жртвата, ама никад нема да ти успее да убедиш никој разумен човек дека си во право. Трето, жртви на силување се и деца под 10 години што не се голи соблечени. Тие како да се заштитат м? Оти проблемот го гледаш само во голотијата. И за крај, ако ти е гадна и простачка девојка што облекла пократко од твоите стандарди, не гледај ја бе. Сврти си се на друга страна и гледај си во облечените луѓе.
Ова е многу редок случај, практички и невозможен, додека истиот случај само со спротивниот пол е секојдневие, дури и почесто е насилник маж да нападне друг маж.. Никогаш не сум одел гол, обично пристојно облечен одам каде и да било. Како прво пристојно облечен одам бидејќи така доликува на нормален човек а со тоа и спречувам несакани погледи од страна, озборувања, па и такви случки како напад од некој на пример.. Јас стварно не ја разбирам која е потребата полугола една девојка да шета. Тоа има само една цел а тоа е некој да привлече а наместо тоа таа привлекува манијаци и насилници. На тој начин со полуголи гради и задник можеш само такви луѓе да привлечеш и друго ништо. Па ти очекувај колку сакаш ама залудно очекуваш. Јас не реков да се забулите, јас сум за тоа да се носи пристојна облека. Јас сварно не разбирам која е потребата така вулгарно да се облекува некој. Извини ама не сум лудак да се ставам на страна на насилници цилувачи и да обвинувам жртви, можеш да ми ги читаш предходните мислежа. Баш погоре пишувам дека сум за смртна казна за таквите и пак некој вака како тебе ќе ми труби дека жртвите сум ги обвинувал.. Ќе те заолам да прочиташ убаво пред да ме цитираш. Деца се силувани од страна на болни луѓе кои се наречени педофили, тука воопшто не зборувавме за тоа туку зборувавме за девојки кои се облекуваат вулгарно. Јас никаде не кажав дека гледам такви девојки не пробувај да испаднеш кул со вакви мислења. Јас дискутирав за тоа што би придонело да се намалат ваквите случки.
Na siluvachot, seksualniot predator i sl najmalku mu e bitno kako e oblechena zhrtvata. Nego najbitno mu e da si go zadovoli nagonot bez ogled na oblekatA
Пристојно е дискутабилно. За тебе е едно, за мене друго, за трет трето. И сериозно, да испаднеш кул бе?!
А ние упорно ти кажуваме дека на силувачот не му е битна облеката, полот, годините. Битно му е да се испразни.
Сум бил во секакво друштво. Никој досега не искоментирал пристојно облечена девојка.. Тоа точно дека на силувачот тоа не му е битно но таквиот начин на облекување е дополнителна причина за некој насилник да посегне да направи такво нешто. Во вакво нездраво општество се е дискутабилно, дури и полот на луѓето а притоа нив биолошки од раѓање им е одреден пол. Зборувам за нормално општество.. Тоа со стотици години што било и се нарекувало пристојно неможе да се оспори за така кратко време. Тоа ми е јасно. Ама тука дискутиравме за девојки кои се непристојно облечени и околу тоа а не општо за силувачи.
Again,и целосно покриени девојки/жени/мажи биле силувани.Аман веќе од victim-blaming-от. Не е до облеката на жртвата,туку е до размислувањето на силувачот. Нормален човек не силува ни облечен,ни гол човек.
Па пред пеесет до сто години пристојно било жените шамија да носат, сега тебе ако ти е непристојно жена да носи откриена глава, тоа е друго веќе, ама факт е дека "пристојно" ќе еволуира со тек на време, не може во 12ти век да останеме, мислам, сулудо е
Целиот разговор дефинитивно не е за тука. @Vitaly океј. Ама, не може да очекуваш пример да одам на работа на 40 степени во фармерки и ролка блуза. Едноставно, неизводливо е. Секое тело е убаво и луѓето се експресираат преку облеката. Се носам како што сакам за мене. Ако некој има "нагони" од моето облекување нека го сврти погледот. Инаку има и доста силувања и на мажи. Може не е толку тема на тапет. Ама, често е. Така да и двата пола не се исклучени.