1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    :o :o :o

    Очигледно, мадам Лазања, целта ви е да провоцирате. На една тема, на друга... Се обидувам да преќутам, знам какви размислувања имаат луѓето во овие простори, знам дека сме малку заостанатко општество. Ама е за ова, извини, нема да ти преќутам. Очигледно е дека обожуваш да судиш и да премеруваш и таму каде што нема што да се премерува. Не заборавај дека кога покажуваш со некого со прст, другите три прста покажуваат кон тебе.

    Ако ти досега не си одела на фамилијарна посета, не значи дека и други не одат. Знаеш, има луѓе кои се почитуваат меѓусебно, има т.н. семејни пријатели. Па и моите имаат семејни пријатели, и мене ме канеле на ручеци, на вечери. Што е трагичново и страшново овде, објасни ми те молам. За мене, потрагично е да се оттуѓиш од сите и секого, ама ајде нели, секој со својот живот.

    Друга работа е тоа дека всушност, ти и велиш на Ејнџел дека провоцирала со тоа што се понудила да му свари кафе, била домаќински учтива и си седнала на компјутер ?! Извини, ама и овде не те сфаќам. Да, го провоцирала таа и потоа седнала тука и го напишала постов. Да, така е, во право си. |(

    Ти го ставам знакчево |( за да го сфатиш сарказмот во последната реченица.

    Не знам колку си запознаена, ама има една работа што се вика КУЛТУРА и ЉУБЕЗНОСТ. Не може спрема секого да се однесуваме дивјачки и да те цитирам ,, да му ставиме до знаење дека сме сериозни ,,. Многу посериозно и личи на една девојка да биде културна, фина и љубезна, отколку да биде груба. Ако со тоа што си љубезен кон некого, го наведуваш да те силува, чувај Боже од сиот свет, досега стопати ќе сум била силувана.

    Не бе не, значи пишувам и се нервирам. :D Ладни тушеви, палење и гасење... читам и се смеам. Пак ќе ти речам, немој да осудуваш кога НЕ ЗНАЕШ како е и кога не си била во таа ситуација.

    п.с. Молчењето е злато. ;)
     
    На Kenny, Gmai, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    е ова не ти е на место.....колку и да е провокативно нашето однесување тоа може на некого да му даде право да ти се пушта и да проба нешто ама ако не сакаш ти на никој тоа не му дава право да те силува ...а ако некој намислил ....
     
    На Inolvidable му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Ц ц ц! Денес се изначитав на неаргументирани и глупи постови од страна на одредена персона. Се гледа дека нема попаметна работа, освен по цел ден да седи на компјутер и да провоцира од тема во тема.
    Туку, друго ми беше муабетот. Мене не ми се случило ништо вакво до сега, се надевам и нема! Но, на сите оние девојки кои пишале во темава, им давам поддршка да бидат силни, и покрај стравот и срамот, да пријават таму каде што треба. Ако не во полиција, барем на домашните да кажат, ќе им олесни.
     
    На Inolvidable, Meggy, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Искрено читам и се стресувам и гнасам од секоја случка , и ме потсеќа на една моја случка кога бев мала некаде 8/9 години така играјќи си во маалото ми текна дома да си идам арно ама по мене идеше тип еден и ај ок не обрнував внимание си мислев има некого во зградава па си се качува нагоре кога одеднаш оп ме фати за рака и ме сврте накај него ... А тоа копилето со раскопчан шлиц ми понуди цело купче пари да земам, ама среќа на неколку скали бев од кај мене и се развикав и истрчав дома ... (Пошто мајка ми - Господ да ми ја благослови, одувек ми велела да и кажувам се за вакви работи со непознати дури и најобичен муабет да е ) И и кажав што како и истрча таа доле по него ама копилено у подрум да се скрие а мајка ми бараше некого од маживе у зградава ама за несреќа никој немаше а копилено за тоа време истрча накај влезот мајка ми по него и со камења мавање :lol: ...

    Ох само кога ке помислам на какви се не опасности е изложено едно женско па стварно се каам што сум женско :doh:

    Блонд и на сите други сакам да ви кажам дека сте појаки и од 100 најјаки мажи на светов што некогаш постоеле сите заедно ... Жално е што таква дамка не се трга никад и не следи ко сенка ама сепак мора да научиме да живееме и со неа ...
    Од се срце ви посакувам само среќа и мир да ве прати и да добивате љубов само од највредните личности на планетава .

    И патем да се надоврзам на последните постови за кој мисламдека Сања тотално не е во право ... значи тоа се такви луѓе што не гледаат дали си и колку си љубезна туку едноставно гледаат да си го остварат тоа што го имаат замислено у психопатските глави ... Друго стварно немаш право да судиш и трето такви ствари и те како се осеќаат кога ке дојдат и те како се знае за што всушност станува збор ... Благодарение на наша интуиција ....

    Девојки и за крај бидете храбри и да пробаме, барем колку толку ние сме повозрасни, ама барем да ги учиме помалите од нас без разлика што ни се ваквите работи да не ги кријат затоа што првин никој нема да ги суди друго треба да се КАЗНИ чинителот . ЗНачи под никаков услов не треба да се премолчуваат вакви работи не постои причина која би можела да го затскрие ова ...

    Поздрав и ве сакам најмногу :* Само јако, Хард ту д кор
     
    На viki.b му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Вака да почнам од почеток не ми е целта да провоцирам туку, да го кажам мојот став по одредени теми, а тоа што некој не спомнат ке се најде за испровоциран тоа е негов проблем.
    Второ не беше целиот пост посветен на неа и нејзиниот случај и тој дел што го споменувате вие не се однесува на неа туку тоа е кажано во општа смисла дека понекогаш и ние девојките знаеме да испратиме погрешна порака дали со начинот на изразување, или пак со говорот на телото, небитно само кога сме кај ова некоја од вас спомна дека тоа го сватила дека се однесувало на носење на миничи, не тотално погрешно носење мини е една работа а говор на тело е друга, толку за тоа.
    Да продолзам со одговорот на вашиот пост драга doozy во ред е да се оди фамилијарно на гости но исто така ако толку се сакате и почитувате внатре во фамилијата, нели е ред прво и основно да бидете искрени едни со други? Зошто тогаш не кажала на нејзините што се случило, ке кажеш се плашела дека нема да ја разберат па ако има толкаво почитување меѓу нив никогаш нејзините родители не би се посомневале дека нивното дете лаже. А и нели е малку глупо да одиш на 20 години со твоите родители на викендичка кај нивен, пријател, јас свакам да е тоа некоја свадба слава ок но обичен викенд и ти ајде со родителите на викендичка мисла мене ми делува глупо, како она кога ке оди со свое друштво и да ги викне родителите со нејзе на излет или на журка. Неколку пати беше споменат синот на тој (потенцијалниот силувач) од нејзината мајка наводно го фалела итн ми остави впечаток како да мајкаи и вршела притисок да биде со него, можеби грешам тоа е само мој впечаток, и второ што ми беше чудно вели често се распрашувал за неа? кој тоа и го пренесувал бидејки она бегала од него, доагала мајкаи и кажувала дека чичкоти тој и тој се распрашува за тебе? мене ми е малку несватливо. Значи да се разбереме уште еднаш за провоцирањето не се однесува на неа туку тоа беше една моја општа, дискусија кои се причините што некогаш не доведуваат да такви, непријатни ситуации.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Порадите таквите како тебе многу жени не ни пријавуваат случај на силување. Си мислат сироти дека во нив била вината. Ако му се насмееш на некој значи дека тоа му е знак, еј види ја оваа ми се смее, си го бара самата. :puke: Кога тебе ќе те задеси нешто такво тогаш да пишуваш тука кој е крив и кој си го барал. Цццц :fubar:
     
    На Kenny, CoverGirl10, Idonea и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Уф,страшно е чувството кога една жена е силувана и малтретирана!
    Поддршка до сите кои им се случило вакво нешто,нешто потпрочитав и сакам да ве поддржам да останете силни и да не го губите идентитетот-тоа поминало,одиме напред.
    Мене пред извесен период ме нападнаа група од 5 души со нож,ме ограбија се што носев златото на мене,за срека не ме повредија,една жена ме спаси кога извика и тоа во сред бел ден насабајле во 08 часот кога си одев на работа-знам дека ова не е тема за силување само сакам да кажам дека последиците се тешки,сеуште се будам во сон,бегам од луѓето,недоверлива сум,често плачам и на работ со живци сум-АКАМО ЛИ ТИЕ ШТО БИЛЕ СИЛУВНИ,УЖАСНО
    ДЕВОЈКИ,САМО НАПРЕД,пријавете на надлежните,и не го губите духот!
    максималана поддршка од мене

    Аууууууууу,море да не те задеси само,па кој е крив-некојпат едноставно така се случува-неможете да барате виновници тука
    САМО КАЖИ СКРАЈА ДА Е И ДА НЕ МЕ НАМЕРАЧИ НЕКОЈ
     
  8. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Што си се фатила ти за мене на секоја тема ја почнуваш со зборот таквите како тебе, и те молам не ги харикирај моите зборови кажи си го твојот став а не да се занимаваш со мене и да ги харикираш моите зборови.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми забраниш да ти реплицирам? Кога пишуваш мислења има и да добиваш реплики. И доколку имаш нешто да ми кажеш кажи, ако немаш да си ќутиш и да не ми реплицираш без причина и оф топик.

    Моето мислење на темава сум си го кажала, еден најодвратен чин што може да постои. И уште да се бара вината во жената е страшно. Траума е тоа. Траума за цел живот.
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Добро бе Сања, не дај Боже тоа тебе да ти случи или на твоите деца,како ќе реагираш?
    Барам одговор од тебе како ќе реагираш ако истото ова се случи тебе. Ќе велиш дека ти си виновна? Ајде одговори.


    Барам одговор Сања,не го прескокнувај моето прашање. Или одговорот е јасен.
     
  11. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Секако дека можеш да ми реплицираш јас сум за тоа дека секој, може да си го каже своето мислење и да се спротистави на туѓото, но ти не реплицираш ти веднаш почнуваш да навредуваш, и почнуваш со истите зборови, инаку немам ништо против да реплицираш бидејки, тоа е форум судир на различни мислења, и секој да си донесе свој заклучок со чие мислење се согласува а со кое не.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Прво прочитај ги твоите одговори, пред да се фатиш за другите. И одговори и на старбакс, што ќе правиш ако твоето дете е силувано? Ќе и речеш, епа ќерко, ти реков да не се смешкаш, главата доле, ама ете ти сама си го барала, па трпи сега? Тоа ќе и го речеш?
     
  13. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Не реков дека за конкретниот случај дека е она виновна, туку наведов ситуации каде и ние сакајки малку да ги (палиме) машките а потоа да им маваме ладен туш се доведуваме во таква ситуација.
    А што би направила јас? секако доколу е нешто повеке отколку мое сомневање деканекој нешто сака да ми направи само затоа што ме погледнал чудно нормално дека ке пријавам во полиција, без многу драматургија, како во случајот кој го коментирав, као таа бега цел живот од него, он ја бара се распрашува, никој ништо не свака права Шпанска(турска) серија.
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не ми одговори конкретно.Значи вака силувана си, што ќе правеш? Или ако дознаеш дека твоето дете е силувано што ќе направиш?
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Ти одговорив дека без размислување ке пријавам во полиција, и ке одам до крај со барање на оштета за нанесена душевна и физичка болка, и нарушен углед.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Па нели девојката си е крива? Тој тебе треба да те тужи за нарушување углед значи, ти си го испровоцирала.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    А бе што се нафрливте на Сања за неа може е пријатно некој деген да ја гушка, да не заборавиме понапредна е од нас.

    Имав една непријатна ситуација со таксист во Скопје. Седнав одзади а он ја пушти ногата да ме фаќа по глуждот, демек лечел од нешто. Место на една почна на друга страна да вози и јас на првите семафори отворив вратата и да ме нема.После слушнав дека и на други така правел.

    Имав уште една ситуација бев средно дојдов во ск, и пак таксист почна да ми прави никакви муабети и сакав да излезам централно заклучил. Имаше човек на тротоарот кај шо подзастана овој малку и јас викнав ЧИЧко томе Чичко Томе и човекот забележа мавна рака и ја виде регистрацијата. Таксисот застана отклучи а јас ни пари ништо одма излетав да се заблагодарам на човекот и на Бога што ми текна што да направам.
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па зошто ќе одиш во полиција? Може девојчето само си го барало :wasntme: Или тоа не важи бидејќи ќе ти биде ќерка и ќе биде невина? Ццц, Небулози само, ништо друго.

    Ова без размислување се пријавува. Тој некој може да силува друга некоја понатаму. Нема срам за вакви работи.
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Колку си контрадикторна само.
    Што ако само си барало девојчето? Што ако било облечело во минич до пич и привлекувало погледи?
     
  20. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Одговорив што би правела ако мене ми се случи а не за дете кое уште не е ни во план да се роди, но еве ке ти одговорам доколку се работи за силување со видливи траги(бидејки зависи на која возраст е детето) без размислување ке пријавам во полиција а доколку се работи само за индиции ке се обидам да дојдам до вистината и секако да заврши со сутска постапка, бидејки јас сум легалистка и сакам секој случај да се заврши по легален пат, и секој да одговара за својата постапка.