1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Еве тука на вас ви кажувам си олеснувам душата:hug: (ако сметам блокче)
    Немам контакт 3пати у година се сретнувам.
     
    На *Amethyst*, Bezobrazna01 и Minnka им се допаѓа ова.
  2. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека немаш сега некои трауми од тогаш.
    Штом кажа дека барем 3 пати во год се гледаш со типот, пази се од него.
    За вакви луѓе се најлошо им мислам
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    25.313
    Пол:
    Женски
    Душо , жал ми е што и ти си поминала низ такво нешто . Одлично те разбирам , бидејќи и јас сум поминала низ истото . Само кај мене беше лошо што тој ми беше дечко еден период , дури и односи имав со него додека бевме во врска . Во моментот кога се обиде да ме присили на сексуален однос , веќе една година ми беше бивш , јас тогаш се гледав со сегашниот сопруг . Толку си се згадив сама на себе тогаш , што сум била со таква гнаса , а не сум била свесна . Подоцна протекоа информации дека го силувал и девојчето со кое ме изневери мене ( не знам колку е тоа точно , немав муабет со девојчето , само се ширеше таков муабет низ училиштето ) . Единствено не жалам што му кажав на мм ( тогаш дечко ) што ми се случило ( нешто го терало таа проклета ноќ да дојде кај мене , иако утрото се каравме и бевме лути , и воопшто не знаев дека ќе дојде ) . Кога не можел да ме најде никаде , а го нашол моето друштво , знаел дека нешто не е во ред . Ме присили да му раскажам каде и со кого бев додека ме немаше . Тогаш му кажав , иако немав намера . Се срамев од себе си поради фактот што гнидана ми беше некој и нешто во животов . А и не сакав тој настан да биде повод за да се смириме јас и мм . Единствено не жалам за тоа што му кажав на мм . Таа гнида , мртва ладна , само половина час по настанот, ми пиша порака да не кажувам на никој , тешко мене ќе било . Кога дечко ми ( сегашен сопруг ) ја прочита пораката , збесна тотално . Секако , таа гнаса доби добар ќотек ( мм тренираше кик бокс , па убаво го натепа ) , но сепак сметам дека требаше да го пријавам во полиција . Да не се размножуваат ваквите гнаси , бидејќи само вакви гадости можат да ги научат синовите .

    Од тој ден , јас веќе не сум иста . Од тој ден , почнав да се сомневам во секој другар што го имав . Почнав да носам со себе џебно ноже , иако никогаш не би сакала да повредам некого . Почнав по два пати да заклучувам врата и сто пати да проверувам . Го преиспитував мојот стил на облекување , иако никогаш не сум се облекувала провокативно , едноставно сум спортски тип на човек .
    Долго имав кошмари ноќе и не можев да спијам како човек . Ден денес имам трауми , а и кошмари понекогаш . Стравот од тоа да не ми се случи пак , си го направи своето, веќе на никој не верувам .

    За среќа , јас и гнасана сме од различно место на живеење ( јас сум во градот , тој во село ) , не излегуваме на исти места , па воопшто не го сретнувам .

    Чувај се те молам .
     
    На SandraPink, Осе, edna_malecka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не ве судам воопшто, немојте Ве молам погрешно да ме разберете. Но, сте требале да пријавите. Не знам како се чувствувате, тоа само вие го знаете и оние што минале низ истото. Само на тој начин би оставиле трага врз нивните животи. Ќе имаат досие, а можеби ќе лежат во затвор, каде и припаѓаат. Има многу жени кои се силувани и молчат. Дали од срам, дали што не сакаат да ги ,,суди" околината, дали можеби поради сомнеж, можам само претпоставки да давам. Со тоа што не се пријавува, се дава стимул да продолжат со она, што они сметаат дека е нормален сексуален однос, а всушност е силување, затоа што во нивниот мозок не постои зборот ,,НЕ", како негација. Или можеби постои, но носи возбуда.
    Не сте криви, запаметете. Ни една кратка сукња, ни една провокативна облека, ни еден флерт, ни еден поглед, едноставно вашето постоење, не е причина некој вам да ве силува. Вие ќе носите трауми цел живот, а тие ќе поминуваат неказнето. Не дека би сменило нешто, што е веќе сторено. Но, ќе ви даде closure (не ми текнува на македонски), за да продолжите да живеете, како што заслужувате, квалитетно и безбедно пред се.
    Не сте криви, нема срам, доколку зборувате за тоа, никој нема да ве суди, може само да наидете на подршка од оние на кои сте се довериле, затоа што само ВИЕ сте жртва.
    А за таквите, кастрација и затвор. Иако за првото, според човекови права, се квалификува како нехуман третман, но и траумите врз жртвата се нехуманост и оставаат трајна лузна.
    Со тоа што сте споделиле на форум, всушност е првиот чекор кон залекување на раната. Зборувајте повеќе, луѓето имаат емпатија, ќе ве разберат, некои ќе ви пружат рака, за да помогнат. Никој не може да замижи на злостор врз женското тело.
    Соберете сила, како што ја имате секој ден, да живеете со тие трауми и пријавувајте!
    Ви посакувам живот, каков што може само да си замислите, исполнет со неизмерна среќа и исполнетост:l:
     
    На mode-kristina, edna_malecka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Korija

    Korija Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Не си ти виновна што тој е ѓубре.Поминав низ патешествие и јас имам објавено тука..Кога и го сретнам низ град крвта ми се заледва,нозе ми се сечат одма слики пред очи..Не е лесно осетено е на кожа.Те разбирам ..Бакнежи мила....
     
    На mode-kristina, edna_malecka и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  6. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Нека си стои ова тука FB_IMG_1610961447788.jpg
     
    На SandraPink, Bebce1, fana и 22 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Има 10000 силувања на порно страните никој не обраќа внимание и затоа копиљиштата собираат храброст да силуваат, не ми е јасно 21 век порн хуб не ги брише видеата од силувања, ало садомазохизам е друго друго е силување.
     
    На SandraPink, Kenny, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Така е но кој да се сети.Инаку болен ум си е болен ум,ништо тука не менува но секако и мерки за претпазливост да се превземат е неопходно
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Тоа е глума , тие се порно актери , тоа го изглумиле за да изгледа така .
     
    На Milče9 и Bojana890 им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 24 март 2021
    На MarianaBT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.147
    Пол:
    Женски
    Ова што ќе те прашам, ниту е потсмев ниту зезанција.
    Ама ме интересира како може на порно страна да има силување ?
    Нели сето тоа е изрежирано ?
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Голем број од тие порно актерки, се дрогирани и пијанчени и често силувани.
    А плус сигурно имаш сретнато и аматерски прикачени видеа.

    Можеби ова кога ќе го прочиташ ќе ти стане и појасно
    https://kanal5.com.mk/video-ispoved...prisli-ja-napushti-porno-industrijata/a180178

    https://kurir.mk/scena/poznati/usht...akterka-pronajdena-mrtva-petta-za-tri-meseci/
     
    На SandraPink, Herrera, Kimberly11 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.147
    Пол:
    Женски
    Фала на објаснување, ама морам да ти признаам дека никогаш не сум гледала во мојот живот.
    Се што знам е од муабети на маса во друштво при зезање.

    Еротика имаме неколку пати пуштено со сопругот на Макс Тв, и тоа кога ќе заспијат децата :rofl:

    Затоа не ми беше јасно што се дешава. Уствари, не ми беше верно..
    Фала на објаснување.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Девојките веројатно глумат дека се силувани. Или бар се надеваме дека е така бидејќи не знаеме колку се реално заштитени од страна на порно индустриските компании, и колку се валидни по согласност договорите кои ги потпишуваат пред да се случи кастингот.

    Она што со сигурност знам е дека секоја компанија има различен arrangement кога станува збор за организација. Така да ништо не е сигурно.

    Впрочем и самата тужба кон pornhub за неовластените соддржини минатиот месец треба да биде доволна идникација за тоа колку се актерките согласни со целокупниот аранжман.
     
    На Dikinzi и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.147
    Пол:
    Женски
    Како и да е, начинот на кој што заработуваат мене можеби не ми е прифатлив..АМА ми смета начинот на кој што се однесувале кон тие девојки. Иако нејзе тоа и е работа, треба да биде заштитена, и во секој поглед да биде професионална. Верувам дека носат голем профит, па така што..силување, малтретирање, понижување не е во ред.

    Сигурно и нејзе ( било која) не ја почнала таа работа од задоволство (некои можеби) , па ова дополнително не оди во прилог.

    Ги прочитав и двете статии штоми ѓи пратија од претходно, да посегнат кон дрога мора некој да ги натера, а потоа од желба за заборав продолжуваат и се повеќе навлегуваат.

    Како и да е, пак ќе кажам..жално.
    Не бев упатена за ова, прв пат и слушам. Од секогаш верував дека се заштитени.
     
    На nevermet18 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Еднаш бев блиску до тоа да бидам силувана ,среќа не бев сама па братучеда ми спушти тој се исплаши и почна да бега.
    Замислете на тоа вриштење никој ама никој од околните куќи не излезе да види зошто вриштат две девојчиња. Помина доста време од тогаш ,но целосниот начин на живот ми се смени. Веќе не се облекував како што се облекував (иако свесно знам дека тоа нема врска ,сепак потсвеста не ми даваше мир). Се повлеков тотално ,немаше веќе шали и смеи со никој посебно не безобразно. Не флертував ,две години не погледнав машко (имав тогаш дечко кој кога му кажав што се случи не изреагира ич никако и затоа го оставив ).
     
    На SandraPink, AngIv, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Исто имам проблем да се...дотерам... мнг посамоуверено се чуствувам кога сум тотално "запуштена" бидејќи не привлекувам воопшто внимание (освен од други девојки кои критично ме гледаат, у смисла како искочила вака) Не сум на раат ич кога сум дотерана мислам дека е некаков механизам за самозаштита.. И кога ќе видам девојки провокативно облечени срце ме стега искрено
     
    На Bezobrazna01, Lavender4, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не ,јас сакам.
    И се дотерувам ,ама пример ако знам со кола сум и нема да бидам сама ич ,ниту пак во контакт со непознати. А како што сум знаела секогаш да сум скоцкана не.
    Во автобус дури и со панталони облечена ми се има случено да ме вчапи за газ... Ама сепак понепристапно е ,пример да сум носела сукња ќе ме фател директно таму...
     
    На Bezobrazna01 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  19. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    типов има потенцијал дека некој дден можда недајбоже би силувал или претепал некоја девојка па и на тв тоа јасно и гласно да го кажуваш.... мислим на тие години што ги има, во кој век живее и така размислува...мегали катастрофи. није болест све што боли:!: и уште потажно е тоа што има мнпгу кои размислуваат вака и си се горди на тој став: ти си крива бидејки помина од таму:envy: и уште неколку такви изјави што ги даде....
    е кога ке слушнете ваков став слободно ќотек.
    сум против секакво насилство али во вакви ситуации... :nod:
     
    На hermosa, Bezobrazna01, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Ццц... Имбецил!