Како човек кој преживеал силување, можам да ви кажам дека ова што го зборуваше е точно она што психологијата го вика 'двојна виктимизација'. Буквално ме врати во моментот кога бев силувана. Не смее да се простува на вакви луѓе.
Девојката е глупаа ако во ниедно време дојде кај тебе во стан??? Значи девојка со која веќе 1 година и повеќе сте заедно таа пак е глупа шо ти доаѓа во станот??? Ја се згрозив од ова Значи ковекот слободно си кажа "девојки не ми приоѓајте" не верувам дека после емисијата некоја девојка ке сака да биде со него... Знам дека постојат гадови но не знаев дека тие јавно си кажуваат какви гадови се....
За жал има девојки кои се воспитувани со вакви мислења, па и они испаѓаат дебили како дебилов, со исти ставови и мислења, криви им се за се жените, а мажулињава се душички испровоцирани.
И не само што 'има така воспитани', има и такви кои се палат на вакви ко овој. Тед Банди откако почна судењето, дури не умри имаше 'следбенички' кои ќе се испотепаат за неговото внимание. И не само тој, туку и еден куп други осудени убијци. Групис - ко за музички икони шо има групис, така и за вакви будали има групис.
типот е болен сто посто,и нема оправдание ако викнам не е не и во библија го има ова ,а не таму да ми кажува не влегувај у колата ова она ,врска со врска нема во пракса единствено болен ум напаѓа а не личност здраворазумна .да се натрупа некоја девојка ,жена комплекси и да се осети виновна ако некој ја удрил или недај боже силувал,а водителките требаше да го исклучат не да си заминат ,уште и вика на едната ја спозна вистината и се врати цц страшна работа
Не, значи не. Не е проблем дали некоја поминала провокативно облечена на улица, проблем е што на улицата има будала шо треба да е у болница. За секоја осуда се вакви понашања, али на крај, пак, памет у глава довојки пошо очигледно добар дел од популацијата има исти ставови како никса, не за друго туку да си се заштитите. Неможе доверба у секој... Незнаеш кој е болен
тој е за лечење не за друго ,жално за некоја ако си фати дечко како него со такви ставови има да пропати но подобро да се искажат таквите кои се што се барем јавно да се знаат
Мене многу ми смета кога во контекст на силување секогаш се спомнува провокативна облека и одење сама по улица.Не знам, како си замислувате дека е силувањето?Оди некоја по пешачки и некој од страна доаѓа, ја силува на сред улица додека од страна си поминуваат луѓе, завршува работа и си оди?На улица најчесто се случува сексуално вознемирување, што е мноогу почест проблем од што се мисли, ама тука зборуваме за силување. Најголем дел од силувањата се извршени од оние што жените ги познаваат или што скоро ги запознале и немаат апсолутно никаква врска со облека и такви работи.
Го гледаше видеото? Какви ставови има оној Никса? И по социјалните мрежи уште колку многу мажи го поддржаа дека е у право се што кажа? Епа поентата ми е дека ова е доказ дека има многу вакви луѓе, и незнаеш на кого ќе налеташ. Од таквите да се пази
Ете, баш така. И јас го знаев и сите за кои знам дека биле силувани, ги знаеле силувачите. Сто пати го имам пишано ова... ама, ај пак... Фармерки, кошула од татко ми (Бог да го прости), пупштена преку фармерките, патики, косата во решче и ни грам шминка. Ама 'му влегов в кола'. Се осеќав крива долго време, ама одамна не. Не сум јас крива оти тој е сексуален предатор што ужива во демонстрација на моќ и контрола врз луѓето.
Не мојш да се допазиш. Треба ич да не остануваш со никој на само, оти секој може да е потенцијален силувач. Едит: Овај Никса сега го знајме, од него би се пазела. Ама не зборуваат сите силувачи јавно за своите 'подвизи'
Овој Ниска вика маж секогаш и секоја жена ја гледал како сексуален објект. Значи тој или баба му и мајка ми ги гледа како сексуални објекти, или не ги смета за жени. Толку едноставно е. Веројатно има некоја идеја кај што се што не му е привлечно сексуално - не е жена. Јбг, секој со своето пореметување.
Најодвратното нешто не се изјавите на примерокот од видеото, туку фактот што водителките се отпуштени затоа што не сакаат да слушаат како девојките се криви што се силувани. Убаво покажува колку сексуалното вознемирување е скроз нормализирано на овие простори. Голем дел од популацијата размислува како него, само имаат поголем IQ да го кажат тоа во позавиена форма, скоцкано како грижливост. @Ajronmen На секоја девојка уште од најмала возраст и се трубат работи за тоа како да се заштитува, да не влегува во коли со непознати, да не шета сама навечер и така натаму. Зошто види, истото го кажува и он во видеото и ти викаш дека не е во ред, ама пак го кажуваш истото ко него со "Девојки, памет во глава". Значи проблемот е во што? Речникот негов? Тоа "Девојки памет во глава" толку боде очи од неколку причини: 1. Кажува дека девојките не се заштитуваат доволно. Да, секогаш можеме да се заштитиме повеќе. Можеме да пазиме на облека, можеме да пазиме на однесување, можеме да земаме часови по самоодбрана. И покрај тоа пак може да сме силувани. И цел живот да се пазиш и да живееш на штрек, тоа е лекот против силување. 2. Го игнорира вистинскиот проблем. А тоа е...well..мажите што силуваат. Не, не може да се каже силувачите се сите луѓе што треба да се во болница. Не е толку едноставно. Се игнорира фактот што воспитувањето има огромно влијание. Да се потсетиме пак на Јавна соба? Колку илјадници броеше/брои? Сите се за во болница? Толку имаме болна популација? Или сепак проблемот е во воспитувањето и во тоа што никој не им го објаснил значењето на поимот согласност? 3. Вакви изјави нормализираат сексуално вознемирување. Имаше некоја тема се разви за случки во ЈСП после едно видео. И девојки споделуваа слични ситуации што им се случиле. Скоро секоја заврши со тоа што се здрвиле, не знаеле како да реагираат и се симнале на следната станица. Со чудење зошто на никоја не и текнало да се раздере на глас. Мислам дека потсвесно мислиме никој нема да ни верува, ќе не гледаат само ко будали што се дерат. Немам друго објаснување за тоа видео, во сред полн автобус да го извадиш и да си го маваш, а никој да не реагира. 4. Се дефокусира од подобри решенија. А тоа би биле прво да се учат сите деца, без разлика на пол, да разликуваат токсично однесување и црвени знаменца. Затоа што често силувањето е од познати луѓе, а има и силување во врска и брак. Дури и тогаш не е гаранција, ама јасно укажува дека вината не е во неа (облека, влегување во кола), туку во него (токсичност). Наместо да се набива грижа на совест зошто не се заштитиле доволно, да се осеќаат виновни, треба да им се даде поддршка на жените и девојките за да пријават. Потоа треба да бараме сите заедно да се казнат силувачите. Значи совет до сите (најчесто мажи) на темава, помислете се малку пред да пишете нешто ради реда. Во најмала рака делувате како крајно игнорантни.
Многу ми го искомплицира моето памет у глава и пазете. Реков и претходно, секакви болесници го газат светов. И зборам за заштита од вакви луѓе, болни. Кога имав 10 години ме нападна мањак сред бел ден, одеше по мене и ми збореше и на крај се обиде да ме внесе у неговото возило. Среќа се појавија неколку луѓе им објаснив и ме прибраа а будалата избега. После пријавувања у полиции, не сум бил единствениот, некои и полошо си поминале. И јас ретко ама се случува на моменти да сум на штрек во некои ситуации валда останато као последица од тогаш иако сега нема потреба, така да знам како е. @WildMk убаво рече, поголем бр од случувањата е од некој што го познаваат. Се согласувам. Тука сакам да разграничам, зборев за оној тип на силувања што се дешаваат на девојка од рандом човек на улица автобус или било каде.
И како да се заштитат овде ако за несреќа нема луѓе околу нив? Освен тоа зошто би се фокусирал на тие ретки случаи кога најчестите се сепак од познати луѓе?
Не. Не може игнорантни мислења на вакви осетливи теми. Зошто да се секирам за егото на некој маж, кога он не се секира за чувствата на силувани жени? Можеше комотно да го скокне и игнорира моето мислење, ама мораше да се правда и докажува. Буквално 2-3 мислења над постот со видеото имаш споделено какви трауми имаат членките од обид за силување. И сега таман да дојдат да прочитаат дека нека немале памет во глава.
Не, не е за егото. Ако само ги бркаме и вреѓаме, а не им објаснуваме, никогаш нема да научат како им е на жените. И 'Јавна соба' сметам дека е проблем поради недостаток на едукација. Сексуалното образование подразбира и разликување сексуално вознемирување и сексуален напад, од консензулна сексуална активност. Рачунај, илијадници мажи има на тие групите на Телеграм. Тоа се наши деца, браќа, сопрузи, татковци. Не се сите силувачи, само се тиквари, кои немаат почит кон жените. Се учи то сето... само кој ќе ги научи кај нас? Дома не се збора за тоа, на школо уште помалку... и ете ти еден куп леви луѓе во општеството и милион различни проблеми на тема сексуалност.