Буквално објаснив во постот. Го објаснив буквално истото и ти што си го пишала сега. На тоа реплика дека многу комплицирам. Дефинитивно став што е отворен кон едуцирање.
Од такви мислења: ти си крива што си идела кај него во стан, провокативно си била облечена и сл глупости булвално ми се повраќа. И гола да шетам на улица, нема право никој ништо да ми направи под изговор дека бил испровоциран. Се надевам дека луѓето со вакви мислења ќе си идат во пештерата и нема да излезат од таму бидејќи се потенцијални силувачи!
Се извинувам ако повредив некој некако, уопште немав таква намера. Се што пишав ми беше у позитивен контекст и кон заштита на жените, ама ок, можеби моето изразување не го покажало тоа. @Bezimenka90 фала ти на твојот пост со објаснувањето. Единствена причина зашто направив риплај на него беше затоа што се почувствував ко да ме стави во ист кош со Никса.
@Bezimenka90 ,јас прочитав дека биле додатно наградени водителките во студиото што се бореле за правата на жените.Сега што е вистина ,којзнае.И колку е застапено насилство на нашите простори,факт е.Гледав видеа во кои го прозваа тој никса да дојде за да се преиспита и превоспита.Сакаа да кажат може нема девојка па така размислува.Се бранат насилниците и тоа е уште пострашно ,а овој никса на лечење кога не се спречило неговото.Тој е отиден со паметот ,и не требало да му дадат збор во емисијата на таа тема а не водителките да си заминат и секако он се охрабри вистината боли цц
Вчера или завчера, почна да кружи твит од професор на факултетот за безбедност од Белград. Твитот - доколку можам во меѓувреме повторно да го најдам ќе го објавам тука - парафразирано говореше за тоа дека: „нормалните мажи имаат нагони кон кои мора да делуваат, а жените имаат патриотска должност да им ги исполнуваат тие нагони на мажите“. Без разлика што и тој планктон, како и овој од видеото, се срби, факт е дека е ова колективен проблем на цел Балкан, и сè додека такви амеби слободно може тоа да го говорат без да се соочат со никакви последици, а особено додека се на такви високи и влијателни позиции (јавни личности, факултетски професори итн.), уште многу децении ќе минат пред да се мрдне од мртвата точка на поле сексуално образование и почит кон жените. За жал.
Овој нека види прво колку пати на вести само слушаме за девојчиња силувани од очуви или полошо од родител/роднина, после нека збори за влагање по коли и станови. Ниеден нормален човек не би уживал во секс кој не е посакуван и од другата страна. Само умствено болен и ненормален човек е способен да има секс на сила. Ми се темни пред очи од вакви.
Најтрагично е тоа што овој никса го следат премногу луѓе по социјалниве мрежи, а повекето од нив се деца кои сега оформуваат свое мислење и карактер. Водителките не се отпуштени од работа, и богами алал да им је како не му тупнаа по една наопаку. типов е его манијак си тера по тоа: и лоша реклама е реклама, дууњо моја.... и да најтрагично е тоа што има луѓе кои го подржуваат и тврдат дека да она е крива бидејки тука поминала, молим те, она е крива се облекува провокативно, ма немој. се облекла некоја провокативно, тргнала на улица за некој умоболен да ја нападне и јас со свое искуство, од за малку и којзнае што ке беше, ден денес немам доверба во машко. од кога се случија само допири ми беше срам да кажам дома бидејки знаев дека тоа не е добро но тогаш, на 9години, не знаев дека не треба јас да се срамам туку он. и тоа добро го закопав во пптсвеста дури "заборавив" дека се случило. се додека, после 16години, на сон ми се врати цела случка и изрипав ко попарена, но сеуште немам кажано на моите што ми се има случено(не сум била силувана, но ако не викнеше некој по човекот(тогаш он имаше околу 20години)незнам што ке се случеше и тоа многу ме вознемирува) и сега барем и не ми е срам да им кажам. страшно многу личности, нажалост и жени, така или слично на ова размислуваат и мислат дека еве у врската е супер да те демне он или другар некој да не случајно го лажела девојка му, тоа не е токсик него е љубов. и да децата, без разлика машко или женско уште од мали се учат да распознаваат што е добро а што лошо, и како родител ако приметиш дека нешто не е океј не е срам да побараш помош од стручно лице ако неможеш сам да се справиш. Исто и тоа јавна соба што испадна, тоа се баш плитки луѓе, несигурни во себе и желни за потврда од другите, или сакал но веќе јок нема или од инат ете сега што ке и направам. на никој не посакувам такво нешто да се случи па после кога ке се движи низ улици да е на штрек цело време. ако дојде до вакво нешто извади му тоа очите, тресни го меѓу нозе најсилно, тресни го по глава.... јбг, удри во колено за ова незнам кој како ке ме сфати но после се, јас такво нешто би направила за да не дојде до нешто повеќе.
@citiesinflames исто мислев , дека ќе реагирам како ти што имаш напишано во постот . За жал , не беше така . Сепак сум среќна што се извлеков со раскопчани панталони , извалкана и бушава . Среќна сум што Бог не ме издаде во тој момент и ми даде ненормална сила , го одгурнав од себе дечкото , иако далеку посилен од мене , толку силно што падна на земја , и во тој миг избегав . За жал , не секоја девојка ја има таа среќа . И да , силувачите најчесто се луѓе од нашето секојдневие . Во мојов случај , бивши дечко ми беше , една година постар од мене , веќе имав друг дечко тогаш кога се случи ова , и имаше минато долго време како имав завршено секаква комуникација со напаѓачот . Но , за моја несреќа , знаеше каде излегувам секој викенд , а јас не знаев дека е животно . Се случи што се случи , извлеков голема поука од тоа што се случи . Мислев дека облеката може да допринесе за таквите случаи , но ова ме освести . Бев облечена во нормална маичка на кратки ракави , панталони и патики . Не бев во минич , не бев со деколте , не бев на 20цм штикла .. маичка како за во училиште . Сосема пристојна . Научив дека не може да се верува ни на сопствената сенка .. Научив да ги слушнам сите инволвирани , па да заклучам кој повеќе погрешил . Научив и дека е добро да знаеш боречки вештини .
Луѓе, видете го ова! Имбецил, му пишува на 15 - годишно девојче што може ќерка да му биде! https://l.facebook.com/l.php?u=http...mcyCjdzpJJjGvg7fu7rjy3hkKx_R_JqQMHs91Sh_Yy3f8
А па порталиве во детали цел разговор, да му се приповрати на човек. Битно фацата заматена, да не се препознае педофилот. И така со цела фаца нели не можат да го пронајдат, ќе им треба едно 5 години да го идентификуваат.
Ма, треба со име и со презиме да го кажат! Да се знае за кој човек станува збор или како што велат некои, да го направат славен.
Фирмите ни беа едно-до друго. Заедно поминавме добар дел од 10 години. Комшија, фин чоек, со фамилија. Никогаш ништо непристојно не чув од него... да навреди некого, да се потсмева, да биде вулгарен... Пред 5 години, другарка ми кажа дека чоекот бил затвор за силување 2-3 13 годишни девојчиња. Ми се стемна пред очи. Го барав на регистрот и го најдов. Блеев во сликата и се обидував да се сетам, дали заприметив некој 'знак' дека ова е можно... Ниту еден не најдов!
Па често е случај да е некој во кој никој не се сомнева, дали во семејството, дали во околината. Дури и во животот, малку надвор од темата, искрено повеќе верувам на луѓе кои видливо имаат маани, знаат да се изнервираат на моменти, знаат да опцујат кога не им е моментот, барем знам за нив дека не го кријат свесно својот карактер и барем нивните маани лесно можеш да ги видиш. Луѓе кои се секогаш пристојни, секогаш фини и секогаш насмеани, од нив бегам.
Го пишува името во групата во која и првично е објавен постот, и сликата не е заматена. Над 50 години е сигурно според сликата. Освен притвор и осуда во затвор не знам друго што да искоментирам.Болен мозок. Ама знаејќи како кај нас се влечат постапките, а и пресудата колку години е, ќе лежи неколку години ако му пресудат секако, и ќе излезе како ништо да не било и ќе продолжи со животот, девојчето од друга страна до крајот на животот ќе влече последици.
За жал, ако не се лажам, во Македонија age of consent е 14 години. Па гадов единствено може да попие тужба за сексуално вознемирување, и да добиете забрана за приближување. Дури може и он да тужи портали за тоа што му прикажале слика. Претпоставувам баш од таа причина порталите му го маглеле лицето. За жал не го бива правниов систем. А најлудо е што пред некоја година age of consent сакаа да го намалат уште поише