1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Овој ако не бил во јавна соба да ме плукнете во фаца. Дувло на вакви беше, истите мубети ги вртеа. И слики од девојчиња на оваа возраст или малку повозрасни беа.

    Е арно ама тогаш македонската популација одлучи дека сами си го барале, па едуцирајте си ги ќерките, па муабети од кои до ден денес ми се сере. А денес гледам сите као изнендени, ау бау.

    Вака им правеа на сите девојчиња кои се најдоја во таа група, вакви пораки добиваа. Нека ви ѕвонат сликиве секогаш кога вакво нешто ќе се прочуе.

    А гадов што сака да им наштети на девојчиња со сила поскувам да бакнува долго време решетки од ќелија. Свиња.
     
    На Alisa22, CrazyGirl15, smooch и 16 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Прочитав.
    И нагласувам дека истото однесување е проблематично без разлика дали е 14, 15 или 20 години девојката. Тоа што има над 18 не значи автоматски дозвола за сексуално вознемирување на социјалните мрежи.
    Дека 14 како возраст на согласнот е премала - тоа, да. Прв пат слушам дека сакале да ја намалат. Тогаш би добил уште и за заведување на малолетник и шанса да лежи нешто.
    Сепак, тоа што е над 14 не значи дека автоматски има право и дозвола за сексуално вознемирување. Потребна е правна рамка која ќе ги заштити сите жени, не само оние под одредена возраст. Останатите што сме, материјал за дркање во случај на неебитис?
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Поентата ми е дека да беше возраст за согласност над 16, човеков ќе можеше законски да се гони за сексуално вознемирување на дете, да полежи во затвор и да влезе у регистар на педофили.
    Јас коментирам за овој случај. За друго не коментирав.
    Бај д веј, законите не разликуваат мажи и жени... барем не до сеа. Можда треба незнам...
     
    На mode-kristina, Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Уште стојам на тоа дека возраста за согласност треба да биде 16.
    Толку нема некоја НВО или некоја група на граѓани да се позаниваат со ова?

    Не ги рачунам тие во институциите...
     
    На SandraPink, noteforself, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Среќа пред некоја година имаше остри реакции од народот коа некои активисти збореа дека требало да биде од 12 години.
    Едино Меѓаши од невладиниве реагираа и бараа и уште бараат доживотен затвор и кастрација.
    Валда они би требало да се позанимаваат и со возраста, не сум запознаен...
     
    На mode-kristina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    ВМРОвска патка беше то.
     
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Незнам, све мислам тој шо пишуваше беше од шарена револуција. Нејсе, да не навлагам у политика...
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Аааа, за Шиндре збориш ти.
    Да, му ја осудија колумната. Ти се изрази ко да стварно решиле возраст на согласност да намалат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Да бе изгледа тој, знам чудно име имаше. Па добро многумина го толкуваа ова као најава затоа така се изразив
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не ми ни текна на то.
    Немаше никој спомнато намалување на возраста за согласност, или јас не памтам?

    Памтам ко беше муабетот дека Франција ќе носела закон за намалување на возраста на 12, шо не беше точно, туку носеа закон што по дифолт го стави во силување сексуален акт со дете до 12 години.
    Па Македонија сакала во Европа, оти имало педофили во власт, па сакале и тука да ја намалат возраста за согласност.
     
    На hermosa и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Имаше Шиндре дека деца и на 12 години знаеле што сакаат.
    И нели, ВМРО крена кампања оти се ботови, а он у шарена беше. Уште и плус геј, па им даде елан дека сакаат овие согласност да сменат, сака ЛГБТИ и П да додаде, Шиндре ко сите да ги претставува, ко да не е небитна будала.
    Најлошо, мислам дека доби поддршка од невладините наши, оти они сите се другарчиња :D и во добро и во зло.
     
    На FridaodaMk и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да... имаше голема поддршка.
    Детето мака си имаше... во динајл беше
     
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Точно,најчесто психопати се лица кои се манипулативни,поседуваат харизма,иако немаат чувства знаат одлично да изглумат.Еве пр.серискиот убиец Тед Банди ,најнов случај Крис Ватс совршенство од сопруг и татко ,уф кожа да ти се наежи,како камелеони се,не знаеме кој се а до нас се ,страшно.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Пред малку прочитав за силување на 17 годишно девојче силувачот го осудиле една година затвор,ЕДНА и после МВР да пријавувале бла бла.Послем ние сме имале држава ,правосудство нешто така се викало.Абе луѓево во САД, во други држави се преселуваат идентитети менуваатод пусти страв ,овде во нашава божем држава голема колку сокак од Истанбул ,пресудуваш 1 година затвор,на монструм,манијак ,ѓубре најдолно.... море мрш!!!:@
     
    Последна измена: 22 април 2021
    На SandraPink, PaLaVa, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Често се прашувам кој повеќе би лежел.
    Силувачот или таткото,братот на жртвата ако сами му пресудат?
    И на тоа оди.
    Правниот систем не тера да се вратиме во минатото.
    Барем ќе спаси уште многу жртви а и другите ќе се запрашаат дали би го направиле истото дело.
    Во секој поглед манијаци,педофили,криминалци се заштитени како бели мечки.
     
    На SandraPink, Alisa22, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Верувај ми и идентитет да сменат во УСА е за џабе. Доживотно се жигосани како силувачи и педофили. Каде и да одат и што и да прават се им е афектирано од изнајмување куќа/стан/соба, па се до вработување, SSN е еден и не може да се промени по легален начин, па може да менува имиња и презимиња безброј пати за џабе ќе му биде секако ако излезе воопшто жив од затвор. Затоа што не само што казните се високи туку и условите во затворот се за нив посебни не само од полицијата туку и од самите затвореници.
     
    На SandraPink, CrazyGirl15 и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Па зар се сомневаш,таткото ќе го осудат,најлесно е да делиш правда на обичен човек.Јас се чудам на смиреноста на Игор Јуриќ ,таткото на Тијана после се што му се случи,верувам се сеќавате на случајот.Човекот ја замаскира својата болка и се вдаде во мисија да спаси други девојчиња,благодарение на него се промени законот во Србија да се суди доживотен затвор.А го гледав на дебата со некој од правниот систем , каков низок удар му зададе со зборовите ,,А кај бевте вие Јуриќ кога ви го киднапираа детето,,....гадови.

    Не мислев на идентитетот на силувачите,туку на жртвите,сум гледала емисија за демнач и после 10 години одлежани пуштен на слобода, жртвата беше преплашена а не овде како што кажав една рака луѓе а судиш 1 година затвор.
     
    Последна измена од модератор: 22 април 2021
  18. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Напротив, мислам дека во УСА жртвите имаат многу повеќе права и се далеку позаштитени во споредба со нашиот систем. Имаат пристап до психолог и психијатар не само тие туку секоја личност која ќе почувствува потреба од истите, (во споредба кај нас сеуште те осудуваат дека си луд ако посетиш психолог/психијатар, а таму секој си иде на консултации еднаш неделно). Ова не е истресено од ракав бидејќи работев во делот на billing за комлекс на болници во западна УСА и ден денес соработувам хонорарно кога ќе имам потреба. И сум работела на секакви случаи во болница од refills за шеќер, преку злоставувања, киндапирања, па се до срцеви удари. Се што влегува и излегува од болница.
    Второ, секоја пријава до полиција се смета за значајна и веднаш се превземаат потребни мерки, за разлика од тука каде полицијата ќе те исмева, дали си сигурна дека си злоставувана, молам? па да не си сакала случајно. Потоа самоте тие ќе те оговараат со колегите за наредниот ден да знае цел град и да те озборува. Па да се дрзнат да коментираат каква личност си, како се облекуваш, кога, каде и колку излегуваш итн. Дека нели не е доволно голема штетата па да се додаде плус и јавна осуда, и до крајпт на животот да бидеш жигосана.

    За разлика во УСА не верувам дека се нешто поемпатични од тука, исти се само не ги интересираат другите животи и имаат степен на култура далеку повисок од кај нас во однос на вакви прашања.

    Да сумирам, болката, траумата и шокот за злоставуваната личност се еднакви без разлика на полот, возраста или националната припадност. Само во некои држави полесно е за личноста да го помине тој пострауматски период има поголема поддршка од законите и заедницата не само да го помине тој период туку и соодветно да се казне злосторникот. Додека пак во други не се осудуваат да прозборат заради јавната осуда и беззаконието.
     
    На Angie1432 и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  19. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така,таму се спроведуваат закони се пружа психолошка помош,еве одблизу ти си го доживеала,јас пренесов од документарци што сум гледала,конкретно ете за тој случај со демнач се сеќавам,па кажуваше жртвата дека имал забрана да и се доближе од не знам колку метри ,но кај нејзе стравот сеуште постоеше,тоа е, камо да можеа со со волшебна гумичка да се бришеа доживеани трауми.;(
     
    На Kanya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Стравот ќе постои секако, не сум почувствувала лично таков страв и не само за себе си, туку на никого не му посакувам. Поентата ми беше дека секој како личност би се чувствувал посилно и помотивирано да го надмине ако некој стои зад него и континуирано му пружа помош. Како biller мораш да ги прочиташ извештаите на пациентите за да ги исплати приватното осигурување, имав колешка психолог која што го проценуваше напредокот за сите видови трауми, и преку разговор ми објаснуваше како иде процесот и што "превземаат" сите инволворани институции од полиција, преку судии и адвокати па се до доктори, за да има напредок и полесно надминување на траумата.
    За разлика од тој систем кој секако не е совршен познавам случај на веќе возрасна жена од мкд која била злоставувана на 6 годишна возраст од тогаш 40 годишен злоставувач. Она никогаш не ја надмина траумата и ден денес е жигосана од околината и покажувана со прст. Додека злоставувачот бил во притвор, а потоа ослободен, никогаш не бил во затвор. Денес тој живее нормален живот со семејството, а девојката е одамна исселена и се надевам среќна таму каде што е.