Па затоа викам,во каква не функционална држава живееме,систем испукан по сите шавови.Манијакот го пушташ по 1година затвор а жртвата ја оставаш не заштитена,кај што и оставил лузни за цел живот,па уште и да се плаши да не и се освети,да не повторно ја повреди.Воопшто не само во ваков случај,повеќето граѓани во државава сме оставени сами на себе,без чувство дека нешто ќе се промени.Затоа сме рекордери во мозочни удари.
Сега го изгледав видеото со Никса што сте го постирале и сѐ сте кажале погоре, нема да се повторувам. Само ќе кажам дека да не го видев видеово постирано тука немаше да знам кој е човеков и мислам дека треба да се сподели насекаде, сите да го знаат, некоја случајно да не излезе со него без да знае какви гадотии кажал на тв и да стане потенцијална жртва на сексуално насилство. Му бев на Инстаграм гледам дека премногу следачи има, дури и некои мои пријатели, сите од машки род и си помислив сите да ги отследам! Не знам како може некој воопшто во сурат веќе да го гледа а камо ли да го следи на Инстаграм. И не може да не знаат бидејќи постирал дел од емисијава и пишал "некои феминистки тука ме пријавиле" со цинизам, да ти се приповрати. Бтв, на овој сигурно мувата му е на капата, 99% ! (Дај боже да не сум у право, ама сам кажа во видеото знаел што збори, имал искуство) Плус, водителката му објаснува дека и да му е девојка,жена, не значи не! А он на тоа одговара "Нема не!" Абеее
Девојки итно ми треба добар психијатар кој има искуство со жртви на силување ,да работи со плави картони.
Мислев дека никогаш нема да го доживеам тоа да бида допрена од друг после она како мома. Вчера бев сама дома и дојдоа мајстори за тв дур едниот смени дел од колата да земе друг дел...другиов мајстор побара кафе а јас најкултурно дека ги познавам сограѓани ми се им сварив. Дур јас варев кафе а мајсторот надвор овој шо беше внатре дојде кон мене наводно раце да измие.. Ме фати за газ веднаш се спротиставив потоа се пушти да ме бакне го турнав што правиш му велам вели па добро де се знаеме кој сме што сме.. Набрзина излегов надвор преплашена ама не кажав ништо заминаа а јас веднаш побарав маж ми мајка ми да им кажам што се случи. Нормално тој негира вели ќе те тужам за клевета а јас доказ немам.. Моја вина било што не кажав никому дур беше овде.. Да моја вина бидејќи сум од село несакав угледот на семејството да го уништам на моето дете да му се смеат... Незнам што да правам татко ми и маж ми му се заканија.. Има ли начин да докажам да го тужам?
Океј девојки. Имам нешто да ви кажам. Пред 10 години бев силувана . Дури и сега кога го пишувам зборот силување, се прашувам дали ТОА беше силување. Ама ако не беше силување,зошто тогаш плачев и молев да престане? После тоа следеа месеци на агонија. Закани од негова страна и постојано следење каде и да одам. Како и 70% од жртвите никогаш не зборев за тоа и се преправав дека не постои. 10 години од тогаш па наваму патам од анксиозност и панични напади. 10 години пијам антидепресиви . Последниве два месеци ненормално ми се враќаат флешбекови и решив да побарам помош о да зборам. Ама штом почнав да зборам никој не ми помага. Се осеќам сама и осамено. Луѓето ги охрабруваат жртвите да зборат и после никаде ги нема за помош. Незнам кому да се обратам. Се плашам дека нема да ми веруваат. Приказнава е долга. Кога би пишела овде сигурно би ми требале три страни. Ве молам за помош
Жал ми е што си го доживеала тоа ужасно нешто .. И да , штом си плачела и си молела да престане , силување е ! Секој акт ( допирање , бакнување , сексуален однос ) кој е извршен без твое одобрување , Е СИЛУВАЊЕ ! Без разлика дали си од машки или женски пол . Без разлика на верската определба и возраста . Без разлика на бојата на кожа . Посети психолог , ќе си олесниш на душата .. тој нема да те осудува , ќе те сослуша и ќе ти помогне да го надминеш тоа што си го доживеала .. Или , ако сакаш , пиши ми приватна порака , можам да те сослушам , бидејќи јас доживеав обид за силување , и да не успеев да го оттурнам од себе , кој знае што ќе се случеше .. До некаде те разбирам , бидејќи иако не се случи тоа што напаѓачот го очекуваше ( сексуален однос ) , јас сепак бев и сеуште сум со трауми . Сеуште се вртам зад себе , сеуште имам проблем со довербата во луѓето , особено од машки пол . Се плашам да останам сама , дури и со човек што го знам долги години и знам дека не би сторил такво ужасно нешто .
И јас сум била силувана. Далечната 1997ма. во ноември... памтам многу добро. Флешбековите ти се ПТСД. И јас ги имав доолго после случката. После прекинаа, за еднаш, пред 2 години да ми се случи повторно. Не си сама. Лошо е што кај нас нема групи за поддршка. Може треба да организираме нешто такво.
Жалам што ти се случило тоа , верувам дека е лошо и страшно но мислам дека најдобро би ти помогнал разговор со стручно лице односно психолог или психијатар.
Абе така е тоа Вајлд. Јас за напад пријавив одма дојдоа изјава дадов, одма казни па за ова. Секогаш кога се дава изјава, ти следува и разговор со психолог има начини да се дознае дали си или не си. Додуша тебе те прогонува што не пријави тогаш,а она тука кажува прикаски никој немало да и верува. Еден клучен податок го води до затвор него. Она го има во раце ама не го пријавува-зошто? Затоа што лаже, малоумна е. Крај на приказната.
Не е важно тоа, немам намера да откривам детали од моето минато. Само ќе кажам дека дел беше моја вина, дел негова. Машките треба да знаат дека НЕ значи НЕ а не ДА. Но тоа многумина не сакаат да го прифатат. А каде прочита такво нешто? Треба да пријавуваат,а не да седат на форум и да ја исфрлаат тежината.
Пред мене да ме силува, дознав дека силувал друга девојка. И натепана била и го тужеше и изгуби на суд. А јас... шо доказ имав? Дека 'имавме секс'? Никој не виде што се случи, не викав, не се борев. Лежев, плачев и чекав да помини. Реков 'Не', реков 'Неќам', милион пати... ама како ќе докажам? Плус најбитното: Му влегов в кола. Сигурно си го барав. * До скоро, во Македонија законот велеше: ако не се степаш, не е силување.
Не е вистина ова. Како судот мисли и што пишува не е исто. Одсекогаш барем откако јас учам од пред 19 години, дефиницијата за силување е иста. И да ти е дечко цел месец и да се триете на заедно седиште, ако речеш не, силување е.
Викам јас педофилски закони имаме... НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции и жртвите имаат огромен проблем да поднесат кривична пријава и да го докажат делото.
Вајлд те молам не ми цитирај што мислела некоја платеничка во невладина. Тие се само перални на пари. Читај закон. Силување Член 186 (1) Тој којшто друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од една до десет години. (2) Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години. (3) Тој којшто друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дека за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (4) Тој којшто во случаите од ставовите 1, 2 и 3 ќе изврши само друго полово дејство, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од шест месеци до пет години, за делото од став 2 со затвор од една до десет години, а за делото од став 3 со затвор од три месеци до три години. (5) Ако делото од ставовите 1, 3 и 4 е сторено спрема лице со кое сторителот живее во брачна или трајна вонбрачна заедница, гонењето се презема по приватна тужба.