1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Силување
    Член 186
    (1) Тој којшто друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз
    неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили
    на обљуба, ќе се казни со затвор од една до десет години.
    (2) Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други
    тешки последици
    или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или
    понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.
    (3) Тој којшто друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дека за него или за нему
    блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе
    предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
    (4) Тој којшто во случаите од ставовите 1, 2 и 3 ќе изврши само друго полово дејство,
    ќе се казни за делото од став 1 со затвор од шест месеци до пет години, за делото од став
    2 со затвор од една до десет години, а за делото од став 3 со затвор од три месеци до три
    години.
    (5) Ако делото од ставовите 1, 3 и 4 е сторено спрема лице со кое сторителот живее во
    брачна или трајна вонбрачна заедница, гонењето се презема по приватна тужба.
     
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    @WildMk извини ама не ми се допаѓа твоето советување на оваа тема. Некако како да ги бодриш жртвите да не кажуваат. Со тоа што си била на нивно место тие се истоветуваат со тебе. А ти наместо да ги бодриш да бидат похрабри ти ги советуваш дека полицијата не прави ништо и да молчат. Во ред, немаме закони, бавно дејствуваат ама мораме да пријавуваме. За да се смени нешто мора да постојат пријави. Кога твојот силувач би имал уште една пријава од тебе сигурно во полиција нема да го гледат исто. Со тоа што молчат и го потиснуваат во себе, си наштетуваат самите на себе.
     
    На Vinyl, Bubce38, Guns N` Roses и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од оваа тема, а уште повеќе од размислувањето на некои. Некако во последно време е се позачестено и секојпат кога ќе прочитам ваква вест на фб или форум небитно јас се вознемирувам и си ставам страв во мене, поради ова се плашам да се возам во такси навечер, да шетам по темни улички и сл. А пак кога ќе прочитам како некои не ги пријавуваат овие монструми ми е полошо, само претпоставувам уште колку случаеви има кои не се познати во јавноста со цел да се заштити жртвата од муабетите на малограѓанството. Како бе жртва треба да се озборува и да се напаѓа? Па нели во случајот со јавна соба сите скокавте како тоа е кривично дело и сторителите треба да се казнат, а обид за силување треба да се скрие и да се живее со таа траума? Како прво веднаш треба пријава, кој што сака нека зборува одиш и пријавуваш, потоа јавно да се објави на фб и сите медиуми со слика, име презиме, нека го јади срам, потоа жртвата веднаш да започне со психолошки третмани, за сфати дека не го заслужи тоа во никој случај.
    И не верувајте на никого, ни пријатели на татковци, ни соседи, ни другари и.т.н... За такви теми зборувај со друштво или партнер, а не со рандом луѓе од било која возраст. Психопатите тоа го сфаќаат како да си го "бараш" , внимавајте не бидете тооолку наивни. Во случај да се случи нешто вака страшно веднаш кажувајте на родители или други познаници кои ги сметате на блиски, ако и тие како во случајот што се спомна погоре ви кажат дека и да го пријавите нема казна за таквите, не ги слушајте, веднаш пријавете па макар и да мислите дека нема казнам, барем помислете како сите ќе го плукаат и покажуваат со прст. А вие нема за што да се срамите :):)
     
    На hermosa, Martka, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Напротив.
    Објаснувам зошто некои жртви одлучиле да не пријават.
    За да не се силат сите и да ја осудуваат жртвата, ами да се запрашаат зошто повеќето така одлучуваат и што можеме да подобриме, за да се смени таа пракса?
     
    На Ocean Waves му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Да но твоето разбирање е еден вид охрабрување дека постапиле правилно. А не е така. Она што ти се случило тогаш, да се случи денес, со овој памет сигурно ќе пријавеше во полиција и ќе посетеше уште веднаш психолог. Тоа мора да им се напомене на жртвите. Зошто времето многу бавно ги лечи тие трауми. Ти, наместо да го потенцираш ова, ти им велиш те разбирам.Те разбирам но биди попаметна од мене, е сосема поразлично од те разбирам, и јас направив така.
     
    На buba4e89, Ruzica00 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  6. Ocean Waves

    Ocean Waves Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    На секоја жртва пред се и треба разбирање за да се охрабри и да пријави или појде на психолог.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А реков да не се пријавува?
    Како заклучи дека е 'охрабрување'?

    Не беше наменето да прочитаат жртвите што не пријавиле.
    Си знаат тие.
    Им се обраќав на оние кои не разбираат зошто некоја не би пријавила и на оние што мислат дека, чим не пријавиле, значи лажеле.
    Точно.
    И ако гледаат дека на некоја не и' веруваат, ќе мислат дека и нив не би им верувале.
     
    На Ocean Waves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    А и рече да пријави?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    На кој?
    Ти реков дека им се обраќав на тие што осудуваа.
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.789
    Допаѓања:
    131.272
    И усмена закана е закана. Очигледно не си читала судски одлуки.
     
    На fana и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Еве мене не ми се закани.
    Ни усмено, ни писмено.
    Бар не со збор.
    Со однесување ми се закани.

    Како ќе го објаснам тоа на суд?

    Затоа Не - треба де е доволно
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.789
    Допаѓања:
    131.272
    Да ама тоа што шлапа таа од невладината нема врска со законот. Нема врска со кажаното не, туку со физички контакт.
    Кога ќе научите дека невалидни те манипулираат за пари да зимаат и се што кажуваат е превртување на вистината? За проектот се ќе кажат.
     
    На fana и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Моја другарка еднаш одамна кога имавме по 15 години ја силуваа.
    Бевме сите заедно излезени во дискотека, таа флертуваше со некој дечко, ама она оддалеку.
    Овој и пријде и излегоа заедно.
    Ние до тука знаеме.
    Е понатака, се качиле во кола и ја однел на некое место надвор од град и ја терал да имаат секс.
    Со препирки и тегење, решил да немаат секс зашто наводно била невина и ја принудил на орално задоволување.
    Дискотеката се затвори, ние останавме да ја чекаме, дури и се раздени надвор.Немаше тогаш мобилни телефони па родителите ни беа избезумени.
    Се врати таа пред дикотека, ја исфрли човеков од кола како мивка.Беше целата расплакана, измачкана со шминка и некако целата со изместена облека.
    Почна да ни вика на цел глас како не сме се заинтересирале каде е до сега, како дечково ја напатствувал.Во моментот таа не кажа се, на кратко само дека ја терал да прават нешто а таа не сакала и ништо не се случило.Не замоли да не кажеме на никого.
    Отпосле (излгеда и беше многу тешко) почна полека да кажува детали од целиот настан.Тој кога ја одвел надвор од градот , околу нив имало многу коли со кои тој си блендирал , па нејзе и прикажал дека ако немаат секс сите тие ќе дојдат да ја силуваат.
    ...
    До денес не разбравме точно што се случило.
    Таа не раскажа се, инсистираше да молчиме.
    Јас лично не верувам дека се останало само на орално задоволување, но никогаш не се осудив да ја прашам.

    Не пријави таа, не пријавивме ние.
    Денес кога ке се сетам на ова си размислувам - и да сме пријавеле ние, таа можела да рече ,,не е точно тоа,,
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Е се опиша и на крај кажа дека не и' веруваш?
    И како да пријавуваат после, кога ни другарките не им веруваат?
     
    На elimkd и Ocean Waves им се допаѓа ова.
  15. Ocean Waves

    Ocean Waves Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Со вакви коментари се дава зелено светло на силувачи они си велат секако никој нема да им верува и многу од нив играат на таа карта дека жртвата нема ни да се осуди да пријави.
     
    На elimkd и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Нема чувство за заедница, нема емпатија, не се размислува за можни последици.
    Како општество носиме вина, за се' што ни се случува.
     
    На SnowWhite8 и Ocean Waves им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Самата сакаше да прикрие СЕ што се случило, ама бидејќи ја чекавме пред дискотека до утрото, неможеше да скрие, видовме како ја исфрли од кола, па мораше да каже нешто.
    Мислам дека не кажа се, ама тоа си нејзино право.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Имав другарка што ја силува првиот 'дечко', кога имаше 16 години.
    Имав другарка која ја силувале на 15.
    Имам другарка што ја силувале на 17.
    Имам другарка што ја киднапираше еден и 3 дена ја тепаше и силуваше на 24 години (ама не во Мк)

    Страшно е колку луѓе имаат вакви приказни.!
    И не... Ни една од нив нема пријавено.
     
    На Snowflake92, Summerbaby, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Не си ја разбрала.
    Рефка не верува дека само ја присилил на орално задоволување, туку дека имале и присилен секс, но сака да каже дека другарката тоа не сакала да го каже.
     
    На hermosa, Осе, Anomys и 4 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Секој си има причина поради која не пријавил.
    Некои од срам од домашните, некои од срам од средината, некои живеат во малуи места и ке бидат обележани, некои бидејќи се плашат дека нема да им веруваат...

    Можеш ти да пријавиш ако жртвата не сака да пријави ?
    НЕ.

    Речи дека трул е системот за труд и социјала, труло е МВР, нема да се осетиш заштитена ако пријавиш, напротив ќе те исфрли заедницата.

    @cresa-jagoda Да.Таа прикриваше и се правеше дека ништо не се случило во што нормално, не и верував, ама....нејзино си е дали ке каже или не.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.