Ама било шо да се сомневаш во жртвата, ќе ја направи да се чувствува несигурно, дека не и' веруваат... Во 'напредниот свет' специјални единици има во полицијата, кои се занимаваат исклучиво со насилство, вклучувајќи сексуално насилство. Оти посебен однос треба да имаш кон жртвите кои претрпеле траума. Кај нас, знаете како изгледа пријавување сексуално насилство во Секторот за крвни и сексуални деликти? Е вака, ко на темава. Ќе те напрат да се осеќаш ко ти да си крив. Башка, не знаат ни соодветни зборови да користат. Инспектор прашува: “И после те фати за газот?“ Веќе си violated, не ти треба дополнителна виктимизација.
Незнам дали сакаш да се расправаш или не читаш. Убаво пишав дека јас во себе не верувам дека ништо не се случило. На сила можеш некого да натераш да каже нешто ?
Само се надевам дека нема таа да прочита и да се препознае. Не знаеме како ќе го доживее тоа што го кажа.
Nixa Zizu синдром на размислување. Еден Бака прасе што го сметам за кретен па остро го осуди тоа што го кажа Nixa Zizu а кога ќе чујам од жена да осудува жртва немам коментар.
И јас бев во шок за момент , ама не знам што ме натера да се борам .. некоја виша сила би рекла . Се спротиставив .. секако дека и таа случка ми остави трауми до денес , но благодарна сум на Бога што поминав само со траума ..
Исто како за педофилија и за силување треба да постојат драконски казни или смртна казна , тоа силувано дете , жена ке има последици , психички трауми за цел живот.
Со смртна казна ќе го спасиш бе. Да го измачуваат цел живот би рекла. Како што жртвите цел живот ќе имаат траума и последици. Така и насилникот силувач да трпи измачувања од најсуров тип.
За силување и педофилија задолжителна кастрација и доживотен затвор!! Јас да водам држава прв закон што би го донела е тој!!
Во понапредните земји, знам дека има опционална хемиска кастрација, за сексуални престапници. Ако сакаат, можат да примаат хормони. Тоа може да влијае на времетраењето на изречената казна. Иначе за педофили, ми иди лично да ги убијам... Ама то шо ми иди, не мислам дека е правилно. Противник сум на смртната казна.
Mnogu me nervira koga se osuduva zenata vo vakvi situacii, posebno od maska strana. I ja sum protiv smrtna kazna no za hemiska kastracija sum.
Силувањето е многу голем психолошки и физички проблем. Кажувам од лично искуство, потребно е многу голема психичка стабилност и многу јак карактер за да “на некој начин“ се избориш против тоа и да го преминеш во реалност, а всушност никогаш нема да го преболиш, ке ти остане белег кој ке те потцетува доживотно дека дел од луѓево надвор се многу способни да му наштетат на било кој, на било кој начин, и во било кое време....Ке те запечатат доживотно на начин на кој што ни сам нема да можеш да си го објасниш. Самиот чин на силувањето е тешка состојба со која што секој тешко се справува... Единствена позитивна линија што можеш да ја извадиш е дека “и после тој - не знам како да го наречам немил чин спрема женското тело - е дека си премногу јака личност да се избориш против тоа, да го надминеш до некој степен (никогаш целосно) и да продолжиш со мисла дека е пример како сето тоа ти јако го одмина и продолжи со животот. Како и колку време ке ти треба никој нема да може да ти каже... тоа е работа на психа самиот со себе ... и со стручна помош... Женскиот род е многу ранлив, а воедно и многу јак кога станува збор за слични теми... Го доживеав на своја кожа, не го надминав, ама се изборив психички преку тоа сама (бквално сама) ама не и целосно, ден денеска ке ми текне и ке ме заболе во душа... не го посакувам на никој, ама само можам да ве посоветувам да битете јаки иако е реално многу тешко..... немам што повеќе да кажам ... Самата јака психичка состојба е голема работа врз самиот себеси ... дали со стручна помош или тежок пат самиот со себе е твој личен избор ... Битно да се најде начин како да дојдеш до некој степен на преболување кај што нема да биде целосно постигнат како факт.... Плус не сте сами никогаш.... Вакви случаеви се многу чести ....
Ау луѓе се запрепастив какви коментари прочитав на темата што ја потресе јавноста за силувањето во Струмица, сама си го барала сите до еден коментар и по 100 лајкови на нив.. Во кој век живееме, полеолит..
Е зато не пријавуваме повеќето. Народот ќе те обвинува, полицијата ќе си спие на ушите. Очигледно сакаат да остане нормализирано силувањето.