1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување

Дискусија во 'Психологија' започната од blond, 27 септември 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Значи ако се работе за тебе ќе пријавиш,а ако се работе за друг,тогаш тие измислуваат и преувеличуваат.
    Јас да имам размислување како тебе, ќе се срамев самата од себе, ќе бидев срам за женскиот пол.
     
    На Kenny, JoxyTheFreak, kleopatra11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Мене не ми пречи вака да полемизираме напротив, но се плашам дека премногу ке го приватизираме просторов и ке им стане на останатите да читаат само едни те исти особи, да оставиме малку простор па барем преку 2-3 мислења да изреплицираме бидејки некако ми е премногу вака ке им бид пренапорно на другите.
     
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Жртвите на силување освен бројните психички трауми, оптоварени се и со силно чувство на вина
    -Дали јас со нешто го предизвикав?, Дали јас нешто згрешив? Дали ако пријавам ке ми поверуваат или ке ме осудуваат.
    Бројни прашања и дилеми ги измачуваат. Имајте на ум кога дискутирате (мислам пред се на Сања), дека голем дел од нив можеби го следат форумов било како гости или како членови, и преку овој форум бараат одговори на многу прашања и излез од мачниот круг во кој се наоѓаат.
    Дали со ваква дискусија ќе им се помогне или ќе им се наметне уште поголемо чувство на вина.

    Никој, ама баш никој не заслужува вакво грозоморно нешто, и битно е да се знае дека жртвата мора да пријави или да поразговара со некој од доверба.
    За силувањето не треба да се молчи, а тие што молчат најчесто се плашат од осуда и од предрасудите и малограѓанштината што владее наоколу.
    Да им помогнеме, да им дадеме поддршка како жени, девојки, идни или сегашни мајки, затоа што никогаш не знаеш што носи животот...
     
    На AnaKlarc, De-lovely, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Искрено, последен пат ти реплицирам. Прво, мислам дека зборот легалистка(?)не ни постои. Значи и да била силувана, ти не можеш никако, па дури и да си легалистка(?) да докажеш дали она сама си го барала или не. Значи, толку од дискусијава со тебе, ќе се согласам со Трендафилка на една друга тема за тебе и твоите постови.
    Пријатно.
     
    На DAngel и teddybear им се допаѓа ова.
  5. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Јас мислам бев јасна за силување без размислување се пријавува во полиција небитно што ке речат комшиите или роднините, тука нема дилеми она што ве буни вас во моето кажување е мојот став дека нетреба на никој начин ние да придонесеме, т.е да ги поттикнеме на тој грозоморен чин а секако ако дојде до тоа тогаш без размислување не само да се пријави туку и да се истера постапката до крај.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Но како ние можеме да придонесеме до тоа да бидеме силувани,ДО БОГА? Зар не знаеш какви се’ манијаци и нелуѓе постојат надвор?
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас читам цело време, воопшто не ми е досадно. Читам и не можам да поверувам. Ништо не го оправдува ова и жената не треба да биде присилена на нешто што не сака да направи без разлика на возраст, облека, изглед, раса и вера.

    Во природата на жената е да сака да биде секси. Да носеме само алишта што го покриваат цело тело ако е така... На +40 степени да излеземе со бунда ако не. Или само главата да ни се гледа, или пак уште подобро да ставиме од оние нинџине како што носат па само очите да ни се гледаат.

    Нема оправдување за ова, ова ни животните не го прават, само кај човекот постои. И баш најмногу заради тоа се иритирам што кога ќе слушнам дека некоја е силувана слушам и пропратни коментари од типот на сама си го барала. Затоа девојките седат дома и ќутат и го поминуваат тој период едно 1343 пати потешко. Наместо да се брка тој и да се пикне во затвор полесно ни е само да пратиме некој поган коментар.
    Бравос.
     
    На Strumfeta93, Hipster и Peppermint им се допаѓа ова.
  8. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Да точно дека на секој ќош демнеат манијаци, и кретени но прочитај ги темите каде одредени особи велат дека биле силувани или имало обид од другари и други блиски особи со кои биле секојдневно.
    За таквите случаеви велам да не оставиме простор да испратиме погрешна порака што вербално, што со говорот на телото и да се доведеме во непријатна ситуација. инаку за манијаци кои демнат по улици јас имам посуров начин со справување со нив но сепак ова е јавно место и некои работи треба да се прмолчат.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    На оваа тема имам зборувано со адвокат и во законот јасно стои дека кога жената ќе каже НЕ, значи НЕ, и секој понатамошен акт кој доведува до нејзина психо-физичка злоупотреба, и покрај нејзиното опирање, се смета за силување.
    Значи дали девојката е пијана, или провокативно облечена, или провоцира, флертува или не знам ти што прави, и гола да шета по улицата, ако каже НЕ, значи не и значи дека е силување.
    Законот си е јасен и кој го познава ќе се согласи со мене.

    А коментарите како - па си го бараше, види ја каква е, ако и е, така и требаше се толку ниски, безобразни, прости, малодушни, а кога доаѓаат од женски род се убедливо и најболни.

    Како може воопшто да изговарате ваков склоп на реченици за вакво трауматично искуство кое ќе ја следи девојката цел живот? Си го срамите буквално сопствениот род.

    Замислете недај Боже, ваша блиска пријателка, другарка, роднина или вашето дете да биде силувано, додека носело кратка сукњичка, високи потпетици и била нашминкана.
    Што ќе направите?
    "Ако ти е кога се перчиш така дотерана, си го бараш ма, живеј сега со вината!"

    :^)
    Што нема да слушнеш денеска... :|
     
    На anna.tesoro, Schizophrenia1, sugarlips и 20 други им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Една меѓу нив е силувањето?

    Обид за силување од страна на другар. Ти кога си со другар се чувствуваш опуштено,знаеш дека ти е
    вистински другар. Но,кој е крив за неговите психопатски идеи? Од каде знаеш дека токму твој другар
    ќе те силува?
    Стварно не си ми јасна. Како да го оправдуваш овој чин.
     
  11. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Во право си за законот токму така стои, мојата забелешка беше да пробаме ако можеме да го спречиме тоа додека е време, и за да не се изложуваме на такви трауми. Инаку јасно ми е дека можеме секого да го навлечеме и потоа да го пријавиме, но јас зборувам ако се може да не се доведуваме до такви ситуации.
     
  12. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Епа starbucks и мене не ми е јасно но врати се наназад има такви случаеви кои не сум ги напишала јас туку некој друг со такво искуство, така да постави го таму како мозе тоа ДА СЕ СЛУЧИ.
    Денес со никого нетреба да бидеш скроз опуштена сепак треба да постојат граници и дистанца, дури и другарка ако и дозволиш да ти се доближи премногу од каде знаеш декане е настрана и дека нема да те напаствува. Нели и тоа ако е против твоја воља е силување?
     
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    E што убаво би било да можеме и ние како цајканот од Heroes серијата да читаме мисли и да знаеме што секој мисли, тогаш животот би ни бил за 180 степени поинаков.

    Нажалост можноста за читање на туѓи мисли и намери постои само во научно фантастичните филмови и ти никогаш не можеш да знаеш што некој мисли кога разговара со тебе. Слушаш ли вести, колку пати ќе слушнеш некое психопатско убиство па соседите ќе речат дека не го мислеле за такво момче, дека бил мирен и тивок и повлечен и не знам каков. За тебе знаат ли сите што мислиш?

    Така ако се водиме не треба да погледнуваме ниту едно машко, само главата наведната надоле, завиткни целосно и така да живееме. Јеа, рајт.
    А што е најтрагично, Сања, ниту ти така не живееш.

    Силувањето ти е на исто рамниште со убиствата, киднапирањето, трговијата со луѓе...НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ! Затоа не пробувај да го најдеш, затоа што за се може да се дискутира кој е крив кој е прав, освен тука! Крај.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Како да пробаме да го спречиме?
    Кои се тие параметри што може да спречат силување од некој манијак (освен ако немаш црн појас карате или не му забиеш една меѓу ја*ца)? :^)
    Може девојката да си е мирна, тивка, повлечена, скромно облечена, ненашминкана и може да и се случи истото.
    Значи нема облека, однесување, зборови што ќе те оддалечат од силување ако ти се заканува ваков грозоморен чин.
    Поентата е, пак ќе се повторам ако недај Боже се случи некому, веднаш да се пријави во полиција, без страв и срам што ќе речат рајко, петко и комшијата од петти.
    Да се побара стручна психијатриска помош, и да и се укаже помош, поддршка и разбирање на девојката за да полесно ја преброди оваа траума.

    А не да се крие, да се трауматизира дополнително и да остане damaged до крајот на животот, неспособна за комуникација, љубов, интимност и дружба.
     
    На Strumfeta93, zhap4e, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мислам дека треба да и кажеш на мајка ти, и дека грешка е што не си кажала и порано. Така ќе знае што е причината што така реагираш кога ќе се спомне тој, но и ќе го оддалечи вашето семејство.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Абе Сања, според тебе треба ние жените да се завиеме во велови и шамии, од дома да не излегуваме, да не одиме на журки, да не пиеме, а кога веќе ќе излеземе - обавезно со наведната глава. :!: Машки што е можно повеќе да избегнуваме, на никого да не веруваме итн. Шминка, штикла и фустан, ма никако! Постојат толку многу случаи кога девојка е силувана а била облечена во најобични тренерки, дури и со мрсна коса.. тргнала накај другарка. Е ајде ти, Сања, кажи ми ја причината зашто силувачот ја силувал баш оваа девојка? Зашто се однесувала недолично, го провоцирала на некаков начин?! Не. Си одела по својот пат, а зашто некој манијак неможел да си го контролира својот болен памет и налетал на некоја девојка, решил да си ги задоволи своите потреби. Значи, тоа се болни луѓе.

    Според тебе, ние женските треба да сме мирни овчички и ништо да не правиме, да не си го живееме животот за да некој не не' силува.. Е сега, имам еден пример и баш на моја братучетка што навистина незнае што прави. Значи девојчево е сега за осмо, опнува штикла 12ка да не речам, излегува по дискотеки а таму да не ви кажувам што прави. Не бев присутна таму, ама ми кажуваше една другарка. Испопила таму коњаци, водки, коктели.. што ти ја знам и си ја дигнала маичката на сред дискотека и мешала со гол стомак. И нормално, почнале некои машки одма да и се пуштаат, еј маче сакаш да се муваме ова она. Она одма дрско им одвратила, па фатила да се кара со нив, да ги пцуе и слично. И сега одма ќе ми возвратите, епа да, братучетка ти стварно недолично се однесувала ама па тоа не е причина некој нејзе нешто да и направи. Да, и јас се согласувам со тоа, не е причина ама на тие болни и извртени умови којзнае што може во моментот да им дојде во глава. Можеби, велам можеби некоја мирна девојка нема да ги привлече во моментот а некоја таква 'дива' да, нели зашто она е секси и они одма се попалуваат па тоа им е причина плус (за нив) да и направат нешто.

    А Трендафилка, да, добро е која било девојка да знае да се одбрани ама искрено како што Иксмен ми има спомнато неколку пати (да не мешам сега тоа, друга тема е) ако мажот што напаѓа со било каква цел е посилен од девојката а тоа е така во поголем дел од случаевите а уште полошо и истрениран, мислам дека девојката има мали шанси со него иако е истренирана. Е сега, ако мажот е послаб и плус неистрениран, мислам дека дечкото ќе си го извлече подебелиот крај. Ама, сепак техники за самоодбрана не се никогаш во одмет, колку-толку ќе го удриш по муцката или долу и ќе успееш да избегаш. Ама, има некои девојки што тренираат ама сепак не се така храбри и кога ќе дојде денот да треба да направат нешто, да се одбранат, се скаменуваат се разбира од страв и џабе што они знаат да се одбранат.. Еве, јас ќе бидам искрена и јас тренирам па неможам да се одбранам од повеќето машки, океј, и јас сум почетник можеби понатаму како што ќе растам и ќе се развивам ќе станам посилна и поистренирана, би можела.

    Туку, да кажам една моја случка, т.е две. Секако, не стигнаа толку далеку ама пак се чувствував непријатно. Првава се случи пред некој ден. Значи беше некаде осум часот и мајка ми ме прати до блискиот маркет да и купам цигари. И на враќање од продавницата веќе беше полустемнето а на улица немаше никој, освен неколку мали деца албанчиња што ги има многу во мојата населба. Забележав двајца дечки и онака си викам во себе, леле сега да не ме закачаат нешто, да не се оние од школо.. Зашто, кога бев основно значи постојано по мене и другарка ми, ма и кога ќе излезевме надвор (не ме сваќајте погрешно, не е ова само по мене и другарка ми) овие ќе свиреа по нас, ќе се закачаа, ќе не викаа.. И сега, како што едниов ми се приближи ми стана познат ама уште не ми текнуваше кој е. Наеднаш ме фати за половината и ме сврте кај него, ме гледаше и проба да ме бакне. А јас па незнам што ми беше во моментот, онаква му седам мртва ладна и го гледам и таман да ми се приближи да ме бакне се тргнав и овој ме пушти и се смееше.

    Втора случка, оваа богами многу понепријатна. Имам една другарка, всушност познајничка која е турчинка. И уште од порано, забележував дека нејзиниот татко нешто многу ме сака, цело време ми прави муабет и ми се смешка. Тогаш додуше уште бев мала, не ни го сваќав тоа сериозно. И некаде кога завршив седмо на распустот а и сега во текот на овој распуст, кога одев некаде да се шетам или пак кога ќе се враќав во темници, никој нема а овој на точакот (секогаш е на точак човеков |() наеднаш ќе почне да ми свирка, с'ска од позади, да ме повикува и други негови неартикулирани звуци. |( 'Па кај си ти, од кај се враќаш? - Од шетање. А каде беше? - Таму и таму. А со кого беше? Ајде дојди утре ќе се возиме на точаци на кеј со Ебру* или па, утре сум сам дома :o , жена ми е во Турска, само Ебру и јас сме дома, па дојди на кафе, зашто ти не се дружиш со Ебру? И јас нормално се се обидував да го одбегнувам, како не не можам, на слава сум, на роденден итн. И еднаш, одев накај продавница и овој ми вика 'Еј, кај одиш ај на враќање намини. И јас онаква, неможам на слава сум од 5. На тоа ми враќа, аха, епа ако, ама помини од тука во 15 за 5 зашто многу ми е мерак да те гледам, многу те сакам.' Не ме држете за збор, ама вака нешто беше. Па за мојата другарка, која е исто турчинка и се дружи со горенаведенава Ебру нешто збореше, абе остај ја таа мајмунка е. :^) А ми текнува дека еднаш баш оваа другарка ми кажуваше дека и неа вака ја 'задевал' и дека многу ја нервирал, па затоа се гледаше да не ја види и го игнорираше. Па, после некое време откако човеков свати дека не му паѓам на финтиве :D , ми вика аа ама утре да дојдеш кај мене, ќе дојде и другарка ти, па ќе седите сите заедно со Ебру. Аман, откажи се бре!! И неколку пати му се има случено, најчесто кога се враќам од шетање да ме запре и да ми рече ама само дојди тука, јас тебе многу те сакам |( да те бацам во образ! И онака, и те како ме баци, ме излигави поточно. Бљак! :puke: Се тоа гледа да го прави малку подалеку од мојата куќа и штом ќе се приближиме до мене одма ќе се тргне и фаќа шпринт на тоа точакот. Ее, знае дека ако го види татко ми или мајка ми ќе си има проблеми, зашто на клоци ќе го исчукаат. Манијак. За ова глупаво ми беше да им спомнувам на моите, си реков ќе помине или ако помине на нешто посериозно ќе им кажам. Ама затоа и кажав на Ебру, ќерка му. Она зборела со него и ми се правдаше како, нема шанси татко ми да има такви намери, бла бла. Дури и со него зборела и овој и рекол не, нема врска тоа, јас нејзе ја почитувам како комшика и такви ствари. Е сега, дали она стварно зборела со татко и, тоа незнам. Во последно време не сум го видела, само еднаш ама кога бев со другарка а морам да напоменам кога сум со мајка ми не ме приметува, тоа нормално нели.. Морам да кажам дека премногу ме замара и неможам веќе да го трпам, се нешто му се извлекувам, таму идам - ваму идам, брзам ова она. Ама кој е он за да јас него му полагам сметки? Никој. Брат ми еднаш ми има кажано демек овој не е баш при памет, не е здрав ама не го фатив за збор. Е сега, може да ми кажете што да превземам околу ова, зашто неможам веќе да го трпам а на моите глупаво ми е да им кажам. Ви благодарам. :) П.С. Знам дека малку излегов од темава, не станува збор за силување ама незнаев каде да го сместам конкретно прашањево.
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Е ај мене објасни ми со што сум се довела во ситуација една група на пијани кретени да ме малтретираат?
    Тоа што сум излегла надвор пред зграда да си фрлам ѓубрето?
    Што сум морала за да стигнам да кантата да поминам покрај нивната кола?
    Тоа што бев облечена во тренерка, маичка и апостолки?
    Или можеби им се видело секси тоа што сум бремена?

    Кој од горе напишаните параметри беа причина за едниот да ме фати за рацете а другиот да ме испостиска за градите, со што ги испровоцирав, како самата си го барав?
     
  18. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Да те слушаме тебе сите,ќе ни цветаат рози во животот,на сите теми те има и за се имаш решение,алал да ти е госпоѓо СОВРШЕНА.Секој има право да се облекува како сака и да се однесува како сака и тоа не значи дека треба да биде сексуално вознемируван.
     
    На De-lovely и Meggy им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Нема да коментирам на глупавите и со цела храброст ГЛУПАВИТЕ мислења на некои, само ќе кажам браво за сите оние девојки кои имале грозни искуства бидете храбри, обидете се да заборавите. Знам сигурно не е лесно, сигурно ви било пекол. би сакала на сите да можам да би помогнам некако, бидејќи од секогаш се плашам од тоа и премногу пазам во подоцните часови.
    За сите кои се двоумеле некогаш, а не го направиле тоа, ПРИЈАВЕ ТЕ ГИ ИДИОТИТЕ! ТИЕ СЕ БОЛНИ; ПЕРвЕРЗНИ УМОВИ и не заслужуваат правда ни втора шанса. Е ЗАТОА ВИКАМ ДЕКА правниот систем е премногу благ. КАКО МАЛА викав за таквите личности треба електрична столица. Баш така.
    Подршка до сите оние кои се нашле во таква ситуација.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Jас лично знам пример каде што девојката била силувана, и притоа одбраната на ненормалниот беше
    па разголена беше ме провоцираше, и дали ви се верува дека типот е осободен, девојчето го набедија, дека се шетала непристојно облечена, таа си е крива што е силувана!
    Oва е чиста вистина!
    да не му се верува на човек до каде отиде светов :x :x