https://infomax.mk/манијакот-кој-сексуално-напаѓаше-жен/ Овој е манијакот? Не кријте го! Нека си одговара!
лелел ѓубрееееее дај опиши го жити се следно јас ќе го сликам и ќе ти пратам овде да видиш без заби како личи јзк пријави стварно одма во полиција кажи дека вчера си била у шок. И опиши го најдетално шо моеш рацете да му се исушат да дае Господ. Не дај Боже, ако има следен пат, вришти само, ќе дојде некој да ти помогне
@mode-kristina жалам што ти се случило вакво нешто. Сред бел ден, зарем немало луѓе наоколу за да повикнеш по помош иако од шок можеби не ти ни текнало. Го пишав ова зошто веројатно ќе има и сведоци. Ја разбирам недовербата која ја имаш. Кога ќе си спремна, оди во станица и пријави. Ако се случило во Центар тогаш одговорна е станицата кај Беко, таму пријави. Не е ништо страшно, ќе те прашаат само да опишеш што се случило. Никој нема да знае. Можеби сега ќе биде подобро за тебе бидејќи веднаш ќе искажеш што ти се случило, на еден начин ќе ја извадиш траумата од тебе и тоа ќе те направи посилна, а можеби ќе помогнеш во фаќање на сторителот и ќе помогнеш и други да не го доживеат тоа. Можеби од околните места ќе имаат и камери (малку американски звучи ама сепак можно е). Ако почекаш подолго, може само потешко да ти биде и ќе ти се претвори во нешто што нема да сакаш да го повториш некому, а не е баш добро да го задржиш во себе зошто не е нешто што е до тебе. Сето ова е само препорака. Не дозволувај ова да те погоди зошто штом се имаш одлучено да пишеш за случката, веќе знаеш и сама дека ова нема да те обесхрабри За некој за разговор, разгледај ја темата за психолог и психијатар.
Собрав храброст, ќе одам да пријавам во полиција. Фала ви на сите за одговорите, ќе ви пишам што се случило кога ќе завршам. Држете ми среќа да заврши сѐ најдобро. Само да прашам, не сакам после да се соочам со него, дали е можно тоа? Прв (а се надевам последен пат) пријавувам вакво нешто, па затоа прашувам.
Прво многу ми е жал. Пиши ми кога сакаш за разговор. За психолошка помош и поддршка можам да ти ја препорачам драгана цветковска
за храброста. Навистина не е ништо страшно во станица, само додека да стигнеш до таму сме овде од форум за да те поддржиме дека го правиш најдобриот чекор. За натамошните постапки треба време, ако воопшто дојде до нив. Не знам најпрецизно како е натаму процедурата, најверојатно ќе бидеш потребна како сведок ако воопшто дојде до тој дел. Можеш да ги прашаш службениците. Никој не може да натера да направиш нешто што не сакаш, па така и соочување. Само ако се соочиш може да ти биде мирна совеста дека со твојата храброст си заштитила некој друг од такво искуство.
А ние во каква држава сме, и човекот бидејќи е странец а можеби и заминат, нема да мрднат со прст надлежните. Ај да се надеваме дека нема да се повтори
Друштво, бев во полиција и ми рекоа дека НЕ БИЛО обид за силување! Зошто? Зашто не му успеа да ме соблече! И допирањето беше против моја волја! Со главниот зборував…
Да и' се плукнам на државава, кога мора нешто да се случи за да реагираат. Проклетници, ќе не' уништат сите еден ден. Очигледно на овие тупаци никогаш нема да им текне да не' заштитат. Јзк од нив више. Ова е за нешто повеќе и заслужува внимание, како анонимен член објави по повеќе групи на фејзбук, во сите каде што има активни членови, за да се заштити кој може. Се надевам дека подобро ќе ти е после разговор со психолог. Одмори и смири се, не размислувај во моментот на тоа.
Гомна смрдени, аир да не видат, а на тој главниот така на ќерка му и жена му нека ги допираат сред бел ден против нивна желба
Нема он што да одлучува што било, а што не било. Има закон, по закон тоа е сексуално вознемирување, и силување во обид. Ако не му чини, нека најде докази дека не било така. Иди таму, кажи дека сакаш да пријавиш и не мрдај додека не направат записник. Најди и адвокат. Ви се посерам у тоа шовинистичките гомна, ја коа викам жена треба со пиштол од дома да искача, ми се чудат. Рокни го на лице место, ќе го одлежиш 5 години, ќе идеш на викенд дома, после си раат. Ма да треба и овие другиве на позиции да ги зачистиме ко шо глеам.
Убаво напиша една членка горе, консултација со адвокат обавезно. Низ центар има минимум 4,5 камери од секој објект, посебно ако се случило во близина на булевар/прометна улица, цел град Скопје се води според проектот Безбеден град и за 5 мин можат да ја видат случката и типот. Не губи надеж и оди до крај.
@mode-kristina не можам да едитирам, ќе пишам вака, сега ми текна Види во темата за правни совети или некоја слична на таа Имаше една адвокатка ја фалеа дека се бори за женски права, против насилство врз жени и слично Ако на некој му текнува за која зборам, нека напише под мене, па членката да исконтактира одма
За мене беше, поради семејно насилство од страна на партнер и демнење. Предложената адвокатка беше катерина котеска стисниовска