Фала ви девојки на сите за советите, сега малку се потсмирив, супер совети ми дадовте. Сега ќе се обидам да не мислам на тоа, па после со ладна глава ќе размислам што понатаму. А на господата од Беко нека им служи на чест. Бесна сум нефункционалноста на системот. Бесна сум на незаинтересираноста и на обвинувањето на жртвата од страна на општеството. Бесна сум на сѐ. Уште еднаш фала ви многу. Не можам на сите поединечно да ви одговорам, па затоа вака. Инаку @dea.18 и @sj *O* мислам дека имам некаде прочитано за таа адвокатка , ќе ја исконтактирам бездруго.
Леле многу ми е жал што си претрпела такво нешто.А за оваа наша полиција абре све да ви ебам јас на вас аххх бе аир да не видат дај боже.Како може такво нешто бре алоооо па ако не да си постоела уште малку па да те соблекол човекот боже господе.Па имаат ли овие памет брее ненормални говеда не било обид.Одма да си најдеш адвокат и сите камери од околу да ги прегледаат не се секирај нема да те соочат со него може само фоторобот да ти бараат да го опишеш или па преку стакло само да го познаеш.Ама ако го фатат тогаш ќе мораш на суд да се соочиш за жал
Пиши анонимно по женски групи, пиши дека е од Турција, возраст, може е тука низ државата уште. Пиши, ќе стане вирално. Ако дошол како турист има да почитува наши правила на однесување. Македонец да пипка Турчинка во Истанбул така ќе си помине? Јас гледав видеа на јутјуберки странкињи, Турците по улица манијачат жени. Дофрлаат на жени во капали чаршија, се качи странкињи на брод да се вози, дошол маж да и предлага брак, трет на тезга си продава ситнурии и врти образ жената да го бакнела. Абе како не ти текнало да му опалиш некоја. Јас да сум, јас ќе го опалам, па тој нека вика полиција.
Ма јас незнам како не си ја искршила цела станица.Жими се јас немало ништо да им оставам па после нека ме затворат што сакаат нека прават ама барем знам дека сум им ја демолирала цела станица.Ама не те кривам тебе не ме сваќај погрешно знам дека си во шок
Не бе, за таквите, да му треснеш еден јак шамар, па ташната два трипати од глава, да има црвенило на образи и џумки по глава, па нека си оди за Турција и да памти кога се шетал овде.
Сфаќам и знам дека не ме обвинуваш, ама со полуписмени со едвај осмо завршено нема да се разбереш, ако сакаш на платно насликај им. И јас се расправав, изгубив нерви. На семејно насилство се смејат, еј!
@mode-kristina се изнервирав што прочитав дека ова си го искусила... не сакам да верувам дури дека така постапиле! Каде си истрауматизирана па уште и овие вака да постапат! Ја имаш поддршката од форумот. Како што пиша, отспиј, па утре смирена повторно размисли што ќе направиш, зошто ова не смее да биде случај и мора да се пријавува затоа што и други жени зависат од тоа. Ти си се охрабрила и за тебе и за да спречиш на некој друг да му се случи нешто такво и овие вака.... Не смее! Не смее ни да се чека да стигне до најлошото за да се реагира! „З А К О Н ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“ пребарај го ова, мене нешто не ми дозволува да го ископирам како линк. Овде си пишува што е што и тоа што си го искусила спаѓа под ова. Ако одиш, мора да направат записник. Има адвокати, има организации. Ако ти треба помош можеш да се консултираш и со нив. Исто така можеш да прашаш и во друга станица.
lice psihicko bolno i alkoholicar e vleceno po zemja i e navodno sobleceno i siluvano od lice drogiras videno od maloletni deca koi povikale policija i brza pomos.policijata zemala izjava od decata i siluvacot a siluvaniot e vo bezsoznanie koe utredenta ne znae sto se slucilo i dava izjava...brza pomos vika nema znaci na siluvanje.koga dava izjava osteteniot policijata kazuva deka nema da ima krivicna prijava bidejki nema svedoci i dokazi...licno bev vo policijata posle nekolku denovi i mi kazuvat deka nema takva prijava za slucka vnesena elektronski i ako treba da se izvade potvrda od lekar i togas da se prijavi nastanot ..ve molam za sovet
Не може да се стори многу. Се работи за две лица во изменета состојба на свесност во посредство на малолетни сведоци. Според кривичниот законик ако нема евидентирано аудио материјални докази мала е веројатноста дека случајот ќе биде расветлен во полза на оштетениот. Но, не се откажувајте, обидете се уште еднаш да дадете изјава и разговарате со надредените во полициска станица.
Da SE nadovrzam policijata I brzata pomos bile na lice mesto na nastanat I osteteniot bil vo nesoznanie gol samo na gaki a oblekata mu bila celata so zemja bil vlecen so sila I siluvacot na Dve maloletni deca I'm kazal da cuvat straza nikoj da ne vide neli e toa krivicno delo I sprema decata
Не го знам правниот систем толку за да сум компететна да коментирам само ми е жал за оштетениот и се згрозив
Ќе кажам само едно нешто на темата а тоа е силување е чин на насилство кон друга личност ,не на сексуален објект со помалку облека на себе или повеќе,не е фактор на провокација со сексуален мотив (неконтролиран сексуален нагон,желба за секс или невоздржаност дека другата страна дала повод ) ,ниту вина на жртвата (често жртвите се само обвинуваат ,ако не верував на тој и тој човек,ако не направев тоа или тоа,ако не бев на тоа место во тоа време не ќе ми се случеше ова).Треба да превземеме мерки за заштита како општество да се подигне општата свест кај граѓаните,тоа е решението .
Просто сум згрозена и револтирана од случајот во прилепско татко си ги силувал ќерките?!!! Какво е ова општество бе? Психопатско ?Ретардирано ?? Секој втор ден има по ваков или сличен гнасен чин во државата Ова не верувам дека би го имало ни пред времето на "цивилизација", има ли бе институции што работаат ??Психолозите во училиште што прават ? Социјалните работници ?полицијата? Или државните институции се дувло за промискуитет!! Зошто народот не излезе на протести и не бара смртна казна за педофилија и силување?