Луѓе значи стварно ме боли!! Што се однесувате сите вака?? Значи прашувам нешто и сакам одговор на тоа. Ако имаш нешто да кажеш за мојов случај кажи ако не шо коментираш глупости!? Си наоѓаш симптоми ,си наоѓаш симптоми само тоа знаете, однесувајте се како луѓе...ама тоа е таква нација сме си...
Ти поставуваш глупи прашања, земи малку прочитај кога се појавуваат симптоми. Имаш уште недела дена до добивање. И ти одговорив дека сиптомите се слични скоро исти И за бременост и за пред добивање. Ако не сакаш вакви одговори, не поставувај прашања. И плус имаш гинеколог појди консултирај се. Форум е ова секој има право да коментира. Ајде релакс малку
Мене ме болеше половината и градите во ептен рана бременост, пред да требаше да ми дојде, јајник ме е болело кога сум била во овулација. Некоја друга па други симптоми е имала. Во секој случај симптомите пред добивање и оние на бременост се слични. Затоа и други феминки те советуваа да почекаш барем еден ден да ти касне, вака многу се оптеретуваш со симптоми кои и не мора да значат бременост.
Тoa е нејзинo мислење.. Oвде дaвaме мислењa ние не сме дoктoри. Инaку штo се oднесувa дo бременoстa исти се симптoмите зa дoбивaње и инaче немa врскa сo рaнa бременoст кoј јaјник пoјќе бoли гaрaнтирaнo. Прoбaј дa се смириш нaпиј се Б6 и aкo бoлкaтa прoдoлжи пoдoбрo е дa oдиш нa дoктoр.
Околу 10 членки ти одговорија да почекаш да ти доцни, а ти секој ден само прашуваш за симптоми. И плус ти одговорија мајки и веќе бремени жени кои поминале низ тоа. Штом си решила деца да правиш земи малку едуцирај се не се срами вака
Извини, ама ти за секој симптом сакаш некој да ти каже дека си трудна, а уште недела имаш до добивање. Да ти доцнеше ден, два сигурно ќе имаше коментари кои ќе ти влеат надеж. Ние овде на гледаме на гравче за да со сигурност знаеме дали си трудна. Имаше коментари и погоре, почекај да ти доцне барем еден ден, па тогаш ќе знаеш дали си трудна, а овие симптоми кои ги имаш не мора да значат бременост секогаш, не сакам да те разочарам ама така е.
Убаво ти кажаа сите дека нема ниту еден симптом за бременост кој не може да биде и за циклус. Само позитивен тест е сигурен показател. Болката во јајници може да е овулација, но може да е и циста. Почкај си да ти доцни и направи тест. Ако е негативен ќе си одиш на доктор.
@LolitasLola мене јајници знаат да ме болат пред добивање и во овулација нели. Овој месец имав толку изразени болки и ПМС што да бевме во обиди ќе си направев цел филм. Освен да чекаш ден за тест не ти останува ништо друго. Со среќа. Уште колку имаш до НЕдобивање?
Леле бре женички мои...тоа е од што многу сакаме бебче,затоа цело време си досаѓам тука по форумов...што да правам...Се извинувам за мојата нервоза и недолично однесување, се напнав овие денови...сега мака ми е...а толку ми е убаво со вас и ве сакам и затоа се и сешто си споделувам со вас...извинете ме уште еднаш сите, нема да се повтори...ова беше најискрено од душа... @duffi уште 4 дена...си чекам...ако нема овај пат,здравје нареден ехее па што
Ти благодарам мила, дајбоже... Еве за ситеВе љубам!! И сите што сакате да си забремените, со цело срце ви посакувам да си се израдувате со две цртки...Добра ви ноќ сега убави ми се јаде ...
Овде на форумот има многу жени како тебе. Верувај дека не ти збореме за твое лошо. Немој да мислеш на симптомите и чекај да ти дојде датата, се надевам дека ќе ги видеш тие две цртички.
Ајде уште некој ден е, не е 100 години...и јас па шо изигравам незнам...Ти благодарам на поддршката мила...
Нема правило дека треба јајник да те боли па уште и одреден. Ако не можеш да чекаш зошто не испиташ бета? Ти посакувам да добиеш за 10месеци
Имам и по други теми пишано. Болките се исти како и за добивање. По ништо не се разликуват и нема ни да очекуваш дека ќе видиш две цртки, па ќе бидеш во позитивен шок, јас не можев 2 месеци да поверувам. Исто може и никакви симптоми да немаш. Нај голем фактор е психата, кај мене тaка се покажа. Сама си правев проблем. Верувај, колку и да е тешко кога ќе речеш кревам раце од броење плодни денови, овака секс, онака нозе држи само ќе си дојде. Не си прави стресови, болно е знам, желбата е голема... Е да видиш тек во бременост колку ќе мислиш и прашуваш. Ајде, дај боже да си видиш две цртки па да ни се пофалиш.
Не знам дали си ја приметила, па само да ти предложам уште една тема од сличен карактер https://forum.femina.mk/threads/Поддршка-за-сите-оние-што-сакаат-да-забременат.3956/page-1692