Ноќеска бебе температура 38.5/6 го држеше, од сабајлево нормална му е, 36/36.5. И јас и мм имавме температура до 37.9, сега тој нема ништо, а јас имам до 37 ми оди и кашлам, ама не сува кашлица туку со секрет. Маж ми мисли дека може да е зошто пред некој ден работеше надвор недоволно облечен. Утре закажавме термин за брзи тестови за секој случај. Дали овие тестови се точни и веродостојни? Они двајца немаат мака, јас имам.
Ви благодарам на одговорите. Имам уште едно прашање -колку време имавте тт (или ако знаете и за некој друг познат кој бил позитивен)??
Точни се брзите тестови до 5 дена од прв симптом. Јас правев на 3 ден и излезе позитивен. Сите симптоми си ги имав. Прво тт околу 37,5 и малаксаност, утредента ништо не ми беше, третиот ден ми се затна нос и изгубив мирис. Поминав со лесни симптоми и само витамини и многу течности. Ќерка ми, 18 месеци, имаше само еден ден тт и течна столица. Маж ми не се разболе, или помина асимптоматски не знам. За 3 дена. Инаку за тт нема правила, јас имав два дена само, максимум 38.5. Мајка ми имаше цела недела, разви и бронхопневмонија. Татко ми воопшто не качи температура. Инаку од лично искуство еден совет, никако антибиотици се додека нема потреба од нив. Мајка ми и баба ми пиеја од први симптоми, демек превентивно и поминаа многу лошо. Татко ми и јас не пиевме и поминавме со лесни симптоми.
Да прашам после колку време од помината изолација ви го донесоа решението зошто нели се седи дома додека не го донесат?
Извини не те разбрав на шести ден од изолацијата или после 6 дена од изолацијата и како на вибер јас звонев на епидемиолого зошто денес ми е десети ден и ми завршува изолацијата но ми рече неможам да пуштам решение додека компјутерот сам не те исфрли затоа мислам дека уште неколку дена ке бидам дома додека не го донесе полицијата
Ако збориме за решение за изолација (10 или 20 дена што е), на 6ти ден од позитивен тест ми се јавија од Државен санитарен и здравствен инспекторат ме прашаа за точна адреса и ми рече дека на вибер ке ми стигне решението,и таму ми го испратија. А знам и случаи каде што стигна во сандаче.
Исто и мене ма Вибер ми го испратија 4 дена од позитивен тест, 10 дена е без симптоми 20 дена со симптоми, за тоа одлучува матичен.
Ќе ти пратам во лп маил, испрати им име презиме, ембг, адреса и контакт телефон. И ќе ти се јават за да потврдат информации и че ти пратат
Јас еднаш го поминав, меѓутоа нз дали имам уште антитела. Денес бев кај баба и дедо, носев маска, се поздравив со нив со стисната тупаница. Вчера се тестирале меѓутоа не знаев, денес позитивни, мислам дека им поминал периодот на заразеноста, асимптоматски се. Има шанси да закачам нешто пак?
Да прашам ако може нешто, или ако има некој искуство со повишен крвен притисок за време на ковид. Еве веќе 8 ми ден, од симптоми немање вкус и мирис , апетит ич, дијареа два дена ама денеска притисок 150 со 100. Никогаш толкав не сум имала.
Моментално имам кашлица, не често, главобилка веќе 2 дена, но и носот ми тече. Колку што јас знам не сум била во контакт со заболено лице. Сега што треба прво, кај матичен да се хавам?