Да, позитивни сме. И син ми исто, еден ден само со температура и толку. Јас и мм сме добри, тој малку подобар е од мене, јас мирис и вкус изгубив денес. И свекор ми и свекрва ми (живеат под нас) се тестираа, кај нив скоро поминат е, позитивни се, а без симптоми. Кај сите со лесно да поминува, очигледно мора да го прележиме сите.
Луѓе татко ми го примија во филип втори болницата.Му пративме алишта се ама таму му вратија се дури ни телефон нема со него му го вратиле.....Рекле ке не известува докторот во текот на денот..Ама Многу сме воЗнемирани зошто и телефон да му го земат Има ли некој такво искуство??
Дали можеби одбивање храна значи дека детето нема вкус, година и пол има, не знае да каже.. Неколку дена одбива секаква храна, со молење малку да касне, колку да не е без ич. Други симптоми нема, а и ние немаме со мм. Некој дали имал такво искуство?
Ме интересира дали мора со високо ЦРП , тестот да испаднал позитивен? Или може да е високо ЦРП, а сепак да испаднеш негативен ? Прочитав некаде информации, па дојдов до забуна и си реков да ве прашам.. Однапред благодарам.
Секоја комбинација е можна. Не е правило дека високо црп ќе имаш па мора да е корона. Или негативно црп па сигурно немаш. Нема правило.
Дали некој бил или познава некого што бил позитивен само со затнат нос како симптом? Дали заразиле некого? Познавам повеќе вакви случаеви и сите не заразија никого изгледа не се преносители. Сега не знам кај овие случаи дали било случајност, затоа некој што има искуство или познава други нека каже.
Познавам таков, освен затнат нос ништо друго бутур не му е. Позитивен е само тој, другите дома се негативни.
Неколку души што знаев беа само со затнат нос Искрено чудно ми е , дали не кажуваат или само тоа им е симптом они си знаат
Сега ме испаничивте. Ние со никој не се гледаме. Освен во маркет што одиме. Од дома работи мм. Крвна слика беше супер. Докторот ми кажа настинка. Никој дома нема ништо. Минаа 7 дена веќе.
Од кај ќе фатиш кога со никој не се гледаш? Не паничи Инаку чудно ми е мене , сметам дека неможе само со затнат нос да минеш.
Значи не им се точни тестовите. Познавам 5,6 такви случаи со сигурност само тоа им е симптом бидејќи се работи за мои пријатели, роднини. И не ми е јасно како може затнат нос да биде корона, плус фактот дека никого не заразија.
Е ајде де. Дека читам тука има такви што пазеле, не се гледале и пак фатиле. Докторот ми кажа нема шанси. Мене носот ко чешма ми течеше.
Затнат нос не значи автоматски корона. Кај човеков се појавил кластер на работа, сите се тестирале, и тој испаднал позитивен. Сега веќе ни носот не му е затнат, ама мора да си ја одлежи цела изолација. А вели ништо друго апсолутно немал од симптоми. Неговите дома тестирани - негативни. Е сега дали е можно лажно позитивен да му бил тестот, можно е и тоа. Ни прв ни последен.
Абе, сите пазеле многу, не оделе нигде ама се заразиле една на фб упорно ме убедуваше дека фатила од маркет Јас веќе отрпнав на тоа, а од почеток се преплашував, секој втор истото го збори и не верувам веќе.
Истиов муабет го имав во Систина до една докторка дур чекав преглед за бебе. Истото ми го кажа. Вика ние и прегледуваме болни деца, п не се разболевме. Дури и да ти се искашла некој дискутабилно е дали одма ќе фатиш. Сите мука немаат, а јас око не склопив од секирација. Полудевме веќе дома. Детево ни надвор не сака дека се само со нас, ништо не и се дешава. Ни нашево не е арно @duffi ама и настинки се вирусни нели? Си викам, чим тоа успеав да го фатам, веројатно и корона може. Маска само дома не носиме. Ние дома ставаме маска и излегуваме. И дунде носи кн95 цело време.