@kukla21 може, се може. Веќе не се ни знае кој од каде е заболен. Ама се чувате. Доволно е. Повеќе не можеш да направиш. Кај короната велат ретко има растечен нос. Сув нос е таму. И онака не збрлавеа. Сите реагираме исто на едно кивкање.
Не сме ни ние поарни, нигде не мрдаме освен до викендица, јас уште чекам пред маркет или аптека во 8 да отворат за да сум прва, две маски на мене кн95 и хируршка и трчам низ маркетот буквално се друго што можам нарачувам онлајн.. Ама такви муабети не знам од кај фатив преку глава ми се. А, секој ден на фб слики од салони нокти прават, трепки, масажи де за брчки де за целулит , полни салони за убавина, кафани, ама пазеле они, ај да не зборам се нервирам, јас на забар од страв не одам пломба ми падна не па да извадам маска негде за масажа на лице
Се почесто гледам со 2 маски. Ќе почнам на затворено и јас така. И јас што можам земам онлајн. Гледам и рамстор почнале. Вреди да се проба. Денес овошје и зеленчук така зедов. Тоа е. Повеќе не може да направам.
Мојте првични симптоми кога бев позитивна беа кивање и течење нос и главоболка, затоа и матичната помисли дека имам воспаление на синуси, и со симптомиве веќе никој не е на чисто кој се, сите различно.
Не знам зошто олкава паника дигате, носење две маски и слично. Колку повеќе се пазите поголема е шансата да се заразите. Поточно колку повеќе паничите. Не верувајте се што читате и гледате по медиумиве не полудеја. Од допир дека така лесно се прнесувало јас гарантирам дека не е точно!!!! Работам на такво работно место секојдневно поминуваат многу луѓе многу производи пари кои кружат од човек на човек, а и тоа со две маски дека ќе се заштитите нема правило. Од страв организмот доживува стрес со тоа се намалува имунитетот. А и да напоменам тие што не ја симнуваа маската од себе и што постојано се дезинфицираја се пазеја не излегуваја никаде од дома први фатија корона. Затоа помалку страв и паника нормално ставете маска мијте раце ама пробајте да го живите животот посмирено знам дека во оваа пандемија тоа не е можно ама обидете се. Паниката ништо добро нема да ви донесе. Секое добро.
А како фатија ако не мрднале од дома , сам не доаѓа вирусот на врата, погоре го правев муабетот , јас не верувам веќе на тие таквите, сите што ги знам заразени се шеткаа со памучни маски , дома не се свртеа или дремес по кафичи. Фала на Бога сите што пазиме сме ок. Еве мајка ми иде и на работа и има контскти и со многу луѓе ама носи две маски и ги менува многу често пази повеќе и од мене. Пишував пред два месеца на другата тема дека кај неа се заразија баш оние што не носеа маски, никој друг не беше заразен од колегите .Моментот со две маски не е од нас измислен, доктори, новинарки, вработени во аптеки се повеќе гледам со две маски, некои носат и по две кн95.
Епа јас баш ќе те демантирам за ова. Не го зборувам на памет или го измислувам. И не разбирам кога некој сака да ме убеди во нешто кога јас зборувам од искуство. Кај мене во фирма баш таквите се заразија со две маски и што нон стоп се дезинфицираја.(пак да напоменам дека и јас работам на такво работно место со многу котакти).Немам потреба што да лажам. И јас носам памучна маска па според вашиве мислења што требаше ние цела фирма да бидеме заразени. Не се пренесува така лесно како што мислите.
И јас зборувам од искуство. Не знам зашто пробуваш да ме разубедиш во нешто бесмислено. Според тебе треба маски од материјал за гаќи да носиме на овие бројки Ако носеле по две маски на работа не значи дека не пиеле кафе со соседката да кажеме, или дека не се виделе со блиски пријатели. Не е возможно она, ама нигде не идев, со никој не се гледав, а заразени, како? Сам им дошол вирусот дома?
Daj boze da ne se prenesuva lesno ama brojkite govorat drugo, baska neoficijalnite brojki se mnoooogu pogolemi onie neregistrirani bar taka vikaat strucnite lica, a ne deka site se guskaat i bacuvaat bas naprotiv begaat lugevi eden od drug
Кога сметаш дека таков начин на живеење ти е во ред продолжи. Со две маски на себе кн95 и постојан страв да не се заразиш. Јас користам памучна маска и фала богу до сега не се заразив а секој ден сум во контакт со стотина луѓе. И да те потсетам многу примери има маж и жена па едниот е заразен а другиот не .
Не сум во тек извини позитивна си? Ние сите прележавме дома, среќа добри сме, еве ние сме во таа категорија што нигде не излегуваме со никого не се дружиме, ама свекрва ми фати од некаде незнае од каде пошто релација има работа - дома на работа немаше позитивни колеги, а ние дома сите од нејзе префативме.
Маркет на пример. Има луѓе што позитивни одат во маркет без нараквици и со обични маски под нос. Не дека такс лесно се закачува, но сега секој е суспектен. Има и асимптоматски случаи што може дс пренесат. Ќе знаеш дали некој е или не е?
@Reja Прави што сакаш и како сакаш. Само не ги пропагирај овие работи тука. Знам интересно е да мислиш дека си дознал нешто многу јако. Ама реалноста е друга.
Имав пишано некаде, кога се породив во септември, педијатарот беше само со платнена маска. Истиот сега носи хируршка, па н95. Кога бев на контрола кај Митко носеше н95 и визир, а цело време претходно беше со платнена. Не е битно само на работа како се однесуваш, туку и приватно. Може и тогаш никаде да не одиш или да одиш по кафиња и средби по дома со "блиски". Не, не сум. Ама дека читав за течење нос и ме испаничија. Свекрва ти сепак на работа одела. Само јас дома бев мрсулава 3 дена и така остана. Нит мм, нит деца нешто им е. Значи сепак настинка било. Да потраеше уште малку читајќи тука ќе инсистирав да се тестирам.
Најбитно нешто дали ќе фатам или не е имунитетот. Тон парови знам кај што еден е позитивен другиот не, а тие јаделе, пиеле и спиеле заедно па не фатиле. Секако стравот е тука па си носам маска сегде, ама не е пресудна, а инаку нос ми тече од кога залади и кашлам од цигари константно ако се тресам цело време кај ќе ми е крајот...
Црп 35. Температура два дена. Сега нема. Зинат антибиотик. Ама многу шлајмови. Снимка на плуќа - чиста. И ај сега? Сам ќе се избориш, ама за друг почнува играта на трпение...
@Reja многу е голема веројатноста дека тие за кои што зборуваш се заразиле надвор од работа, на пример од некој дома.
Кој ден е? за 2-3 дена повторно крвна слика нека направи. Освен Црп и Лдх нека се пратат вредностите.