Се согласувам со тебе дека пресуден е имунитетот. Маж и жена едниот позитивен другиот не. Па јас треба да се плашам дека ќе фатам во маркет или аптека со 10 минута контакт плус со маска на себе? Може да се фати од луѓе со кои живееме заедно, и од колегите на работа бидејќи секој ден поминуваме доста време со нив еве на пауза заедно кога јадеме без маски на нас и слично, ама и тука нема правило дека мора да фатиш се зависи од имунитетот. И да , таа во фирма кај нас што постојано се тресеше да не се зарази постојано се дезинфицираше и од нас, таа прва закачи а дома сите кај неа и беа негативни. Значи нема правило ниту маската е пресудна, ако треба да биде ќе биде колку и да се пазиш како некој манијак. Толкав стрес не ми треба.
Моите родители а и баба ми се позитивни ,ама многу антибиотици испијаа Два сумамед+ еден трицеф (татко ми), а мајка ми зинат+два сумамеди и денес плус и препишале и трицеф бидејќи треба да се сними на гради, како постаро бронхитче имала. Уф.....многу се плашам. Татко ми веќе нема тт, мајка ми еден период немаше а сега пак си поткрева 37.3/4 ама со парацетамол спаѓа. Баба ми почна подоцна со терапија, неа последна ја фати вирусов, сега таа е со тт која се движи до 38 и со парацетамол спаѓа некое време. Значи, ужас.....
Јас пред да се заразам бев со коалмацин и сумамед, како го завршив се заразив и пак спуштив на гради па пиев панцеф, после пак две дози сумамед. Веројатно има опција за лечење не се плаши, нека си примат терапија и витамини и ќе бидат добро.
Што тоа пропагирам јас и сметам дека сум дознала нешто јако? Мои соседи позитивни одеа во маркет, затоа што немаа решение за изолација бидејќи матичен им кажа дека е корона во прашање, термин за тест немаше и не се тестираа! Моја другарка одеше само на работа, маркет и теретана. На работа сите негативни таа позитивна. Затоа не мисли дека си нешто многу упатена во сета ситуација. Со вирусов нема правила. Зачлени се во ковид групата на фб и читај за различни искуства на луѓе. И да на моја колешка сопруг има антитела а никогаш немаше никаков симптом за корона. Тестиран сосем случајно. Остани поздравена
Како не сум кога сметам дека доста сум и знам од лично искуство како е да имаш Корона. Твоите комшии мислиш имаат совест? Не. А, за колешката ти знаеш дека има луѓе што се асимптоматски, нели? Некој ако сака ќе носи не две туку пет маски. А, тоа дека од невнимание лесно ќе поминеш или нема да фатиш се лажеш. Многу од тие што се во болница се неверници во Корона. Остани ми поздравена и ти.
Девојче ти се читаш ли што пишуваш и дали ме читаш и мене? Убаво имам наведено дека има асимптоматски случаи и дека можеш да закачиш било каде затоа што секој е суспектен. Имав ситуација на своја кожа со сите можни симптоми и сите ме убедуваа дека не е корона затоа што имав негативен тест и немам антитела, а последици од корона и те какви. Провери си дали реплицираш на точен коментар и членка. Пропагирам дека може да се закачи било каде. И да воопшто не сметам дека моите соседи биле совесни. Тоа е тоа што ме иритира.
Прво прочитај ги добро мислењата пред да напишеш нешто важи? Јас не сум неверник, никаде не спомнав дека нема корона. Само не се пренесува толку брзо како што пропагираа медиумите, не полудеја веќе. Што добро ќе ви донесе ако постојано живеете во страв да не се заразите? Да по медиумите и порталите кажуваат други работи ама пријатели роднини околината кажуваат други факти. И не си имала само ти искуство со корона да знаеш не зборам на памет. Сепак ако сакаш таков начин на живот тоа си е твое право терај си така слободно па после сами си ја уништувате психата. Јас никаде никого не навредив, кажав со добро дека нема потреба толкав стрес да си земате при срце а ти арогантно ме нападна дека пропагирам нешто. Поточно по грешка @Reja ја нападна. Преиспитај си го однесувањето и биди поздравена драга
Фала што ме просветли непогрешна богињо. Не можам да сум безгрешна тоа е. Читам мислења, не обрнувам внимание на никови. Сакав да те нападнам тебе што да правиме. Ако толку лесно не се пренесува зошто зборат постојано да се дезинфицираме? Не си ја уништувам психата, no worries. Само поозбилно си ја сфаќам работата за разлика од тебе. Поздрав бек
Абе тие по порталите пишуваат се и сешто. Мислиш дека се тоа е вистина? Јас во март кога почна короната бев ваква, ми беше страв да идам на работа бегав од сите цело време во страв дали ќе се заразам. Е како се развиваја работите кога дојде короната и во кругот на моите познаници, пријатели, роднини се увиде дека работите и не се баш така како што кажуваа медиумите да беше така до сега сите ќе бевме позитивни. Тогаш како маж и жена еднипт е позитивен другиот не? Дома имав позитивен случај па никој не се зарази. На работа со колешка што излезе позитивна ја постојано со неа па јас пак бев негативна. Нели толку брзо се пренесува? Мислам дека многумина ќе се согласат со мене од нивно искуство. Инаку не сум неверник носам маска се дезинфицирам само не се опседниувам толку многу со тоа. Мило ми е што на крај сепак се разбравме ❤
Јас два пати Првиот пат кога бев заболена негде на 7ми ден, а вториот пат откако излегов од изолација
Ve molam za sovet kolku pati treba da se proverat dimeri? Napraveno ednas na 10 den od test se bese vo red. Dali treba povtorno da pravime sega odkako e zavrsena izolacijata?