Ова е индивидуална работа, зависи од типот и јачина на инфекција. Доктор те прати да испитуваш д димери? Тој што вели?
Моиве родители имаа корона ( позитивен ттест на 14.12). Денес испитуваа крвна слика+,димери. Кај татко ми биле 700 а кај мајка ми 2200. Им дале терапија, на мајка ми и рекле требало да паднат под 1700.
Здраво, да прашам нешто (имсме закажано тест) мајками е многу лосшо, кашла крева температура и многу е болат коските.. Вечерва е многу лошо дали е можно да е корона ? (Што да превземам) ?? (И давам витамини чаеви.. Слабо јаде за кратко и врви и пак исто)
Здраво, денес ми е 20ти ден од изолација што значи од утре веќе можам да излегувам од дома. Дали некој знае дали треба да се јавам во полиција да ме тргнат од системот или нема потреба?
Сто пати е прашано, после колку време од контакт со заболен може да добиеш симптоми? Моите имаат симптоми, во саботата се имаме видено. Мајка ми понеделникот разви синтоми, татко ми од вчера.
Дали кога ке изгубиш мирис се губи и вкусот,или може да се изгубе мирисот а вкусот да си остане и можеби малку е глупо прашањево дали при губење на мирисот носот ви е чист мислам без да е затнат или полузатнат со секрет,бидејки ако е со секрет мислам дека е нормално да се намале осетот џа мирис.
На моиве изолацијата му е до утре (во решението стоело 20 денс по тестот) и од понеделник треба да почнат на работа. Дали некаде треба нешто да се пријават бидејќи ништо не им кажале?
Да , нека се јават кај матична или можеби и таа ќе ги побара . Треба системoт да ги исфрле дека му е завршено решението , е тоа знае малце да биде зезнато и да касне , некои одма ги исфрла некои чекале денови , нека звонат кај матична . По правило не треба да почнат на работа од понеделник ако не се исфрлени од систем дома да седат и да чекаат да се слободни ама ако закасне решението звоните бидете упорни и во дсзи секаде оти не се многу ажурни па и со празнициве хаос е .. Мм два дена чекаше да го исфрле систем , јас една ден , а кај мене па за мојот тест уопште не ми ни стигна решение после нез колку дена од коа ми заврши првичното решение од маж , пратив маил за да видам до кога е моето да знам како да функционирам и ми вратиа дури за некоа ден ..
Дали некому му се јавило црвенило на образите, пропратено со пецкање, како симптом на Корона? Ви благодарам!
и јас да прашам, дали некој со корона имал не многу симптоми ама долго време температура околу 37.5? веќе една недела со симптоми на ептен блага настинка (малку синусите, еден ден грлото и насабајле шлајм), ме болеше едно време малку желудник, а температурава веќе 5. ден стои (дали и претходно имав не знам..). друго се во ред вкус/мирис, крвна слика, мокрача правев се во ред, црп 6.. имал ли некој вакво нешто?
На другарка детенцето, јако црвенило , го третираа со афлодерм, после крена температура и го тестираа
Немам искуство, ама од тоа што кажуваат кај корона или целосно се губел мирисот или воопшто не се губел, немало измеѓу (да се намали). А за тоа дали е затнат носот, различно кај секои, во зависност од типот на инфекцијата. Може и затнат да е и да се изгуби мирис, а има и луѓе асимптоматски, без никаков друг симптом, само не чувствуваат мирис. А иначе, може и едното без другото, да се изгуби само мирис или само вкус.
Женски моите минатиот понеделник добија симтоми. Мајка ми само омалаксаност, болки во мускули, гозница, а татко ми два дена температура 37,4 и мала кашлица. Матичниот им кажа дека нема потреба да се тестираат и не се тестираа. Е сега што мислите и да беше тоа корона дали уште би биле заразни? До кога да не се гледаме со нив?