Добро дали го читаш одговорот? Што не е јасно? Каде гледаш плашење? Ај ако не ќе ја лажам, за еден ден се помина. Мааа не нема ни корона се е измислено
Точно е дека сум баш преплашена, затоа избегнувам да читам по темите за вирусов и се здобивам само со секојдневните информации за заболените. Тоа што цело време нови симптоми излегуваат баш и не ми помага. Се сеќавам на почетокот на вирусот толку се преплашив што од паника качив температура 2 пати и хипервентилирав. Во последно време намалив на 0 со опсесивно следење и проверување на секоја информација, дали точна или неточна. Пред месец дена добивав стегање во градите и грлото на секоја помисла дека сум позитивна и дека ќе ги заболам најблиските. И да се убедувам дека се алергии и паника, потсвесно сепак помислувам на вирусов. Анксиозност 300. Сум страдала од алергии и прекумерно кивање и порано но отежнатото дишење преку нос беше тоа што ме исплаши овој пат. Повторно фала ви на одговорите и на разбирањето. Се надевам дека ќе заврши најдобро.
Јас те разбирам дека си преплашена, и јас сум, иако ништо немам. А можам да имам за 5мин. ако си го стимулирам мозокот на тоа . Ама, тоа не е нешто што треба да те плаши. И да си позитивина подолго време, а си со лесни или без симптоми, нема потреба од страв. Симптомите во главно се појавуваат до 10ти ден по заразата, после тоа ништо. Еве моја препорака ако си во можност, тестирај си се приватно ако не ти даваат државно, барем ќе си бидеш мирна. Може да ти е помешана алергија со анксиозност, ништо чудно. Најбитно е да не паничиш, се ќе биде добро.
Не читај искрено. Но, следи си ја состојбата. Ако ти се влоши јави се на матичната. Доколку цел ден си дома и вршиш често дезинфекција и носиш маска кога ќе излезеш, тогаш, нема причина за паника. И најдобронамерен совет: не се групирај и не се мешај многу во гужви.
Има луге викаат позитивен сум а немам никакви симптоми,ништо не ми е. Се чудам некогаш дали стварно постои вирусов, само бројки кажуваат.У болница пред да се појави вирусот вриеше народ кој како го заболеше прстот одеше. Сега нема ич луѓе, одат директ во аптека
Не ги примаат и не ги лечат. Сега повеќе луѓе умираат пд ненавремено лекување и нормално ги пишуваат дека умреле од корона. Вирусот постои, ама според мене нема толкава стапка на смртност, и за млади и здрави лица не е страшен како шо се прикажува, најчесто асимтоматски се тиа случаи.
Имам и јас симптоми иако не можам да тврдам дека е ковид но има огромна шанса, додека јас се пазев премногу друг член од семејството мораше да оди на сите журки и свирки и да се меша со толку многу народ по кафиќи.
Сопругот синоќа имал јака болка во стомакот, сабајлево кога стана мнпгу јака главоболка и нагон на повраќање. Не сме имале контакт со никој заболен, можно е да има корона?
Искрено јас немав никакви симптоми па не би знаела точно да ти кажам. Но би требало да има покачена температура, да кашла и да изгуби осет за мирис и вкус. Нема некакво правилно, најдобро да се консултирате со матичен.
Не измери, до душа немаме ни апарат Сега се чувствува подобро, јадеше, нема температура, само има главоболка. Леле се надевам не корона, најмногу за детево ми е
Можеби моментално му се покачил притисокот ако му се повтори измерете го. Доста луѓе се жалат на притисок деновиве, а има и стомачен вирус. За детето не се плаши, малите се најбезбедни.
i jas imav i uste imam nekoi simptomi (da bev zarazena dosega ke trebase da pominat, moze mesec dena ) zatoa mislam deka nemav/nemam zapisen nos i uste mi e zapsen, cuvstvoto za miris go izgubiv i uste go nemam, no ne i za vkus dali e temperatura nz no verojatno ne e zosto sekoe leto se potam ko svinja, posebno koga spijam , ne ni meram, nemam toplomer i so usite imav problemi ko pritisok nekoj nz kako da opisam, i odvreme navreme pak mi se pojavuva nekolku pati taman da zaspijam i izripam ko da prestanam da disam ama mislam toa od strav mi e i stom ke pomislam na virusot pred spienje obavezno ke mi se sluci ili stom mislam kako disam ke vdisam i zadrzuvam zdivot , neznam zosto taka pravam i izbegnuvam da mislam na disenjeto i dijarea imav 2-3 pati ama mislam od nekoe jadenje e kaslam i ne misilam deka sum zarazena zosto trae podolgo vreme, da bese virusot ke me sredese do sega