Најди ми постари мислења од декември на тема корона ќе видиш дека и пред да прележам (а уште не е 100% потврдено кај мене) дека исти ми се ставовите. Искрено баш ми беше гајле дали ќе се заразам или не. Не се замарав. Башка не прележав чума. А ти си богами пристрасна. Јас зборев општо на претходниот пост а ти повторно со прстот накај Алиса! Ако ти имаш свој личен проблем со понашање што ти смета во реалниот живот, решавај си го, тука на форум на луѓе што не го познавате ги ставивте да горат на клада. Но на форум продавање басни е најлесно. Асимптоматски е асимптоматски како што си кажува зборот. Без ни еден симптом. За такви зборував. Јас со растечен и затнат нос одма прекинав контакти и 10 дена не излегов. Маж ми беше без никакви симптоми и си бркаше обврски надвор (едино олеснително што работи од дома). Жал ми е за татко ти што поминал лошо, но бидете свесни дека неможеме да се допазиме од нешто што е невидливо. Стварно одвратно да ги покажуваме со прст луѓето како во среден век да сме. Не викам да не бидеме одговорни, ама пак вие "најодговарните" се сомневам дека во реален живот сте за орден.
Ќе почнам со крајот,фино што ти смета покажување со прст,а ти сама покажуваш со прст на нас "најодговорните". Да, инаку за орден сме,бидејќи бевме одговорни сите овие месеци. Јас морав да влезам во оган и да се заразам. Ти ако си била болна,твојот сопруг требало да биде дома 14 дена,како контакт. Но немаш тест ,нели? А такви асимптоматски без ниту еден симптом,возрасни, е прашање и колку постојат ,обично сите имаат некој симптом кој не му обрнале внимание или го кријат. Односно "Асимптоматски"сега се кажуваат сите со блага температура која ја решаваат со парацетамол, носот им е настинка,а во меѓувреме шетаат и заразуваат. Не е одвратно да покажуваш со прст на оној што ја шири болеста,свесно . Одвратно е да знаеш дека си болен и да не седиш дома.
Епа да де, ве покажав со прст за да го уочите осудувањето. А дали сте за орден многу е субјективно. Штом си се чувате чувајте си се за вас и вашите, јас ќе си се чувам за мене и моите. Да, немам тест и уште на почеток на пандемија си реков ако некогаш се заразам нема да се тестирам. Но си седев дома. Како што кажав и претходно, за секоја настинка неам пари да се тестирам. Немав симптоми за да добијам бесплатен тест. И да, маж ми немаше ниту еден симптом, ете тој е асимптоматичен или со други зборови не го фатил вирусот. Дека асимптоматични луѓе шират зараза се прикаски за мали деца. Ама оние што не резонираат со здрав разум туку со страв, веруваат и во тие прикаски. А кога сме кај тестот, мајка ми имаше позитивен тест и решение, а татко ми воопшто не доби решение за тие 14 дена. И одеше пазареше. Ајде сеа почнете со каменувањето. Заразувањето не е задолжително, не значи ако живееш со болен дека 100% ќе се заразиш. И пак ќе кажам, асимптоматски не е човек со температура и растечен нос. Извини ама не си во право, неможеме за секој растечен нос да се изолираме 14 дена, едноставно не е можно! Можеби само оние што живеат сами и плус работат од дома. Затоа е злобно да гледате во туѓ двор. Глејте си го својот.
Упорно сте се фатиле за тие брзите тестови. Знаејќи дека некој со скршеница или што му треба операција ќе го е*аваат наваму натаму дур добие негативен пцр, мене срам ќе ми биде јас со затнат нос да му заземам место со брз тест.
@Kitten како бе не се шири асимптоматски? Па и тие што покасно појавуваат симптоми се најзаразни во периодот на инкубација, ко ќе нема симптоми. На колега синот ракометар, излезе позитивен на контролните тестови, тој до крај ништо немаше, тие после неговиот тест дома сите појавија симптоми по неколку дена, таткото со пневмонија. И пак ќе кажам, не се работи овде за како сакам јас да се однесувам или ти, во пандемија има закон и кривично се одговара за ширење на зараза.
Да,после овој твој пост многу е појасно. Како немаше симптоми,кога имаше, контакт со заболен,со изгубен вкус и мирис ? Ќе добиеше тест. Ама проблемот е што ти не сакаш да се тестираш. За асимптоматски те молам не ми кажувај. Го гледаме својот но и туѓиот затоа што не живееме сами во планина ! Не се работи за страв,јас воопшто не се плашев,ниту паники ме фатија. Моите деца тинејџери седеа дома две недели во изолација,без никакви симптоми. И да, така треба ,се друго се празни оправдувања. Од нашето однесување зависи туѓо здравје. Контакт со заболен значи седење дома 14 дена. Без разлика на решението дали стигнало или не. Си има правила ,а не секој да донесува заклучоци како треба. Неодговорност кон туѓо здравје е да имаш партнер дома болен и да излегуваш и да бидеш во контакт со други луѓе.
Џабе има закон. Сѐ додека тој закон не ми покрива бесплатно тестирање и лечење, и јас можам да си се понашам како сакам односно да не се тестирам. Како што и во суштина најголем дел од народов прават ама изгледа само тука на форум морализирате како на секоја настинка се тестирате. Искрено за овој случај што го знаеш, луѓево можеле од било каде да фатат. А за ПЦР тестот веќе милион пати е кажувано и прераскажувано колку не е сигурација за ништо. Пресензитивен е, од премала количина вируси во носот (кои не се ни реплицирале) може да дадат позитивен тест. Имам зборувано и со доктор од инфективна дека асимптоматски тешко богами дека шири зараза. Треба да има доволна количина (намножени) вируси во себе за да ги шири. @Cosmi не, не даваат бесплатни тестови за изгубен мирис, само за температура и кашлица. Мирисот патем го изгубив дури седмиот ден, а заразни сме 10 дена. Немаше логика да закажувам тест. И да, не сакав. Не гледам зошто кога и така при секоја настинка откако е почната пандемијава седиме дома без контакти во наредните 10 дена. Не бил во контакт со други луѓе. Беше здрав, со маска, и искачаше само да пазари. А правилата за самоизолација се одредени "за секој случај". Никој не се заразува во разминување, поготово не со маска. Божем не знаете како се пренесуваат вируси? Некогаш се прашувам дали правам муабет со возрасни особи или со деца. Стравот фино ви го покосил разумот.
Чисто да кажам и мене ме водеа асимптоматаски, а јас имав благи симптоми. Среќа во несреќа не заразив никого, ама сите бевме изолирани. И детето со мене. И пред тест исто. Сега ем добивме резултати дека дете има бактерија и пак еве втора недела се маж и дете дома. Мора малку поодговорно да се однесуваме. Точно, не може за секој затнат нос тест, ама неколку дена освен на работа, дома треба седење. Или доколку имате позитивни во семејство, колеги, седете дома. Што повеќе сме одговорни толку побрзо ќе заврши епидемијата. Инаку јас избегнувам лица со растечен нос или затнат. Бегам од нив оти знам дека покрај тоа може да имаат и друг симптом, а да лажат. А возрасен тешко да има скроз без ниеден симптом. Деца да, ама возрасни тешко.
@Cosmi а ако асимптоматските шират зараза и не смеат да изкегуваат дури ни со маска, за која што се тврди дека штити од зараза, која е тогаш улогата на маската? Нели маска носиш за да не заразиш ти? Како асимптоматски случај би заразил ако е со маска излезен да пазари? Зошто тогаш носиме маски, ако маската не штити од зараза и сепак можеме да пренесеме на друг, па и асимптоматски ако сме? И уште едно прашање. И јас и маж ми работиме со луѓе. Од тоа ни зависи егзистенцијата. Најчесто со странци. Значи, во денот имаме минимум два состанока, на затворено, со маски. Некогаш мораш и на деловен ручек да ги однесеш и вадиш маска за да јадеш. И еве, тој е заразен и е асимптоматски. Или е заразен и нема да каже дека е. И јас префаќам од него и сум асимптоматски случај и бидејќи немам појма за тоа, си продолжувам нормално со животот. Значи ли тоа дека после секој состанок треба да се изолирам 14 дена? И тогаш, која е логиката на мерките како носење маска, ако и преку маска можеш да се заразиш? Нели не можеше?
Зборуваме за ситуација кога имаш близок позитивен и шансите да си и ти, се поголеми. Не гледајте со недоверба кон маските, јас носев цело време и не заразив никого ради нив.
Не гледам со недоверба, него ми е чудно само како од една страна штитат и мора сите да ги носиме, а од друга страна заразени со маска не смеат да излегуваат за да не заразат луѓе. Како ќе ме зарази заразен во пиљара што има маска на него и си дише во неа, од уши му излегува вирусот?
Никој не ви вика да се тестирате. Не се тестирајте аман. Ама седете дома ако сте 'настинати' и ако мора да излезете не доведувајте друг во ризик. Вашата 'настинка' некого убива. И да, ако ви се влоши зошто нема гаранција дали и на когп ќе се влоши никој нема да ве прими на лечење без тест.
@Kitten не знам како инфектолог кажал дека асимптоматски не пренесуваат, кога е научно докажано. Нас епидемиолог ни е близок пријател и спротивно кажува. Ако е така тогаш нема цели семејства да се заразуваат од деца кои немаат симптоми, а префатиле во градинка. Многу премногу случаи има такви. Тестот преку матичен е бесплатен инаку. И ние чекавме многу, ама не е изговор за да се шета. И јас немав 20 дена пред да излезе позитивен мажот ми решение, па изолирани бевме сите. После решението никој не ме побара, па пак не излегував да пазарам. И комшиите се понудија и нашите се што треба ни носеа. Има начин за тоа.
Ако не може да зарази ради маската ко што тврдиш, зошто да не излезе и да испазари со истата? Финтата беше да не шеташ надвор, за да не заразиш. Која е поентата да не смееш да излезеш со маска заразен, ако со истата не можеш да заразиш никој?
Маската не е 100% заштита. Особено зошто повеќето носат памучни маски. Мажот ми се зарази со таква, и тој и колегата со такви беа. Ако беше толкава висока заштита од една маска, немаше да се заразуваат медицински лица на толкава опрема. Затоа треба изолација после контакт со заразен.
Епа ако не е, зошто е задолжителна? Нели кога тврдев дека не е заштита, тука ми праќаа слики дека двајца ако носат маска нема шанси да се заразат. А дека асимптоматски, па и со маска да те зарази, некако дури и смешно звучи.
Со маска и дистанца нема шанси, а без дистанца со маска не е 100% при контакт со заразен. Ама намалуваат ризик многу, има разни испитувања, видеа, тестови на интернет, не ги носиме без потреба секако. Ете мажот ми се зарази, другите колеги не, значи беше ефективна за некои, со мажот ми имаше најблизок неизбежен контакт во кола и при работењето.