Од ова глејте со своја работа јас се заразив и сега треба месец дена да дремам дома во изолација и маж да си чука глава како ќе се оправда на работа Од тоа секој на своја одговорност и секој за себе до тука стигнавме. Срамота, само тоа ќе кажам. И после цела мачна година ништо не научивме. Жалосно!
@ivi1987 како си? Се тестираше пак? Со помин да е, претпоставувам на крај си со симптоми, само одмарај уште и пази се. Долго време требаше за мм да се врати во нормала, сила немаше повеќе од месец после корона.
Се тестирав 9 ден од прв симптом, испаднав позитивна. За никаде, уште немам сила, немам вкус и мирис. Денес 11 ден, се надевам страшното помина. Таман дур трае изолацијава се надевам ќе застанам на нозе, зашто од 6 како ме фати, трае и не поминува. Фала ти
Фала ти. 11 ден, верувам до 14 ден и толку да биде. После ќе си доседам во изолација и ќе здивнам се надевам.
Како бе не даваат бесплатен тест за изгубен мирис? Абе што убаво вака си се лажете сами некои, а и другите ги лажете а не сте ни побарале, гарантирам. Јас на температурата што ја имав одма добив бесплатен брз тест кој испадна негативен. 7 ден изгубив мирис и вкус и да, добив бесплатен пцр тест кој испадна позитивен. Не си ја сокривајтр неодговорноста со глупави изговори. Маж ми без симптоми остана во изолација со мене. Не се рашетуваше со изговор дека нема ништо, зашто да, иако нема симптоми е постојано во контакт со мене и одговорно остана дома за да не го шири вирусот.
Доста различни информации прочитав на темата, од она што кај нас во фирма го кажаа е дека боледувањето се исплаќа како и секое друго боледување. 70% за боледување до 14 дена и 90% за воледување над 14 дена. Исклучок се медицинските лица на кои им се исплаќа 100% затоа што се смета за професионално заболување. Можеш да ми посочиш од каде ти е тебе информацијата?
Убаво ти кажале во фирма. Најчесто даваат боледување 20 дена, затоа пишав 90%. Инаку кај мене на работа е така.
Има ли некој број каде се јавувате за решение за изолација како контакт на заболен? Имам детенце со позитивен тест од 09.01 а сеуште не ни се јавиле за контакти. Со сопругот не одиме на работа ама како ке го оправдаме тоа без решение, само за детето имаме решение
Женски вчера качив температура 39 со 4,и многу ми беше ладно се тресев, и болки во телото, како коски да ме болеа. Денес не ми е ништо освен што сум како изнемоштена. Дали може еден ден да имаш симптоми и нареден ден да не ти е ништо?
Може, но не мора да значи дека е корона, а и да е можеби се манифестирала само со еден ден температура и потоа поблаги симптоми. Тестирај се и најдобро ќе знаеш, брзо опорување и се надевам негативен тест
Здраво на сите би сакала да ве прашам , бидејќи пред два месеци имав болки во грлото потоа после неколку дена немав вкус ноту мирис не се трситирав останав во домашна изолација, е сега имам повторно болки во грлото дали може повторно да бидам заразена? Фала ви