Ако не си имала тест, може не си имала корона. Ако ди немала корона, немаш антитела. Ако немаш антитела, може сега да имаш ковид. .Не знам како очекувате некој да ви каже дали имате ковид по 2 пат, кога и за првиот пат не сте 100% сигурни дека сте имале ковид.
Џабе ќе ти е број од епидемиологот. Јас денес се јавив, од таму ми рекоа дека одма пратиле податоци во ДСЗИ и дека треба да чекам да ми го пратат решението. Од ДСЗИ пред три дена ме побараа и рекоа дека наредниот ден ќе го добијам решението, ама еве уште чекам. Во ДСЗИ вртам цел ден на бројот и на мобилниот од каде што ме побараа, никој не се јавува. А решение ми треба, на работа ми го бараат. Хаос невиден.
Дечки, од вчера имам темп. Од 37 до 37.3 варира. Сама се качува сама се спушта. Друго ништо не ми е ,освен дремка . Ме фаќа страв одма.....
Мене денес ми го пратија решението и до денес ми важи . Се јавив на епидемиолог што лично го познавам ми направи анкета и никој веќе не ме побара, мислев треба да се јават кога гледам денес ги пратиле и моето и на сопругот решението кај мене на вибер
Каша попара е со решенијата, добро е што воопшто стигнало Моето стигна на вибер пред некој ден а за маж ми праќавме мејлови во ДСЗИ и Центар за јавно здравје па се јавија денес и се вадеа дека за него немале податоци, а уствари по име и презиме одма го најдоа па конечно денес пратија и за него решение, а уште неколку дена му важи
Се тестирав на 6-ти ден од некои симптоми.Температура немам,само малаксаност и болки во мускули и коски,главоболка,затнат нос. Тестот е негативен,се тестирав зашто бев во близок контакт со позитивен. Можно ли е да е тестот лажно негативен ?Зашто се уште сум за никаде или е ова некој друг вид вирус настинка. Матичната ми дава совети за билдање имунитет ,евентуално Парацетамол за болки во мускули. Јас ни на небо ни на земја не сум.
Се е можно, и да е грешен и да е друг вирус. Ако е брз тест повтори го, направи ПЦР. Одмарај, пиј витамини, течности многу и следи симптоми, ќе помине лесно што и да е.
Брис ти земаа од нос/грло? Крв? За колку време доби резултати Ако е брз тест да си добила резултати за 2 3 саати и бил само преку нос тогаш може да е лажно негативрн
Гледај да се тестираш утре или задутре зошто после е тешко да се детектира вирусот, ако си во можност оди и приватно.
Денеска кога станав се чуствував омалаксано тешко дишење кашлав зарипната носот ми течеше мерев темература 36,8 се напив бруфен витамини парацетамол дишењето течењето на носот кашлањето ми помина после еден час 37,3 и. Цел ден сум со таа температура. Дали мислите дека треба да се прави тедт. Почесто кашлам оваа недела на сабајле од цигарите ама не дум била затната и зарипната.. Малце се плашам мајками пред еден месец го помина тешко вирусов..
Пред неколку дена прашував и јас, први симптоми ми беа сува кашлица и над 38тт. Уште сум во кревет за жал.. денес се тестирав но знам дека сум позитивна. Истестирај се сепак