Маж ми 3 дена е со затнат нос, му тече полн со секрет, синуси го болат, кива и очите го печат, и црвени му се кко при алергија. Други болки нема, темп нема, малаксаност нема, апетит има, осет за мирис и вкус има. Ама место да го попушта секој ден како се повеќе е затнат, ме загрижува више,има ли потреба да се тестира, ова личи на алергија или настинка ама што знам, што мислите
Мислам дека е алергиски Маж ми е исти, ама он има алергија од мал, овој период му почнува . Нека се напие антихистаминик да види дали ќе го пушти малку
Имал некој искуство со бебе една година позитивно на корона како поминало? Какви симптоми има кај бебињата, развиваат тешка форма на ковид?
Не. Децата минуваат најлесно. Може да помине само со дијареја. Може со блага температура, а може и ништо.
Помалите најлесно минуваат. Малиот мој, 5 години, се измачи малку повеќе, како посилен стомачен вирус и висока тт неколку дена. Внук ми, една година, имаше само благо покачена тт еден ден. Бебињата на блиска другарка, 4 месечни, само затнато носе и тт до 37.5. Со помин да е.
Фала @duffi @kristina.k . Не знам дали е Ковид, во понеделник ќе се тестираме. Се’ почна од големиот, му помина многу брзо и лесно, што и да беше. Мислев да го носам на тестирање ако се влоши, ама немаше потреба. Од денес мене ме боли грлото, овие двете качија температура..... ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Фала ви
Денес сум дпбро никакви симптоми немам.. Ке се пазам да не сум во луѓе нодам ѓаска редовмо ке се изолирам колку што можам.. Ако се појавит пак ке правам тест
Мене ми тече носот 3 дена, кивам многу често, очите ме печат, грлото по малку ме подболува и ми е малку црвено, насабалје имам шлајм, температура немам дали е настинка илк ковид?
Да се пријавам во позитивните. Први симптоми од понеделник вечерта болка во грло.во вторникот беше поизразена болката имав чувство дека имам топка во грлото,исто и поткашлувам, два три пати дневно. Знаев дека ќе сум бидејќи маже пред два дена доби позитивен тест.се тестирам во среда и вчера добив позитивен наод. Од четврток изгубив мирис и вкус (делумно 80 %). Веќе 6 ден од симптоми, се надевам нема да добијам тек сега некој позразени, или температура да качувам? Или сум од тие со полесна клиничка слика. Ќе пишам за некој ден.
Почна грлово да ме боли чудно, како да ме пецка а на 5 ноември имав корона ( немав вкус и мирис, не се тестирав ама сигурно беше тоа) и сега ме боли пак, а знам дека антитела има 3-4 месеци. Дали е можно пак да сум фатила корона? Се плашам сега за моите.
Не би требало. Уште 2-3 дена и треба да ти исчезнат симптомите. Има мали шанси.Кај некои луѓе по прележана корона има мал број антитела и може да фатат пак за брзо.Дали минатиот пат кога ги имаше симптомите беше изолирана?
Јас сум позитивна од петокот а симптоми од средата, ќерками е 1 година и качи тт до 39.5 во петокот, денес има 37. Со помин нека е.
Нормално. Седев дома скоро15 дена. А една другарка исто вака и правеше тест за антитела имаше 8. Ваљда и ја сум имала во декември.И вака ме пецка грлото само кога ќе ми е ладно, а инаку не.
Искрено, мое бебе не помина лесно. 11 месеци беше, температура качуваше до 39.5 3-4 дена и парацетамол не реагираше, ја спушташе до 38.7/8 и толку. Намален апетит доста време, многу ослабе, едвај течности дававме. Ама секое различно, на другарка позитивно сега брзо беше, апсолутно ништо немаше, ни апетит намален, ништо.
Почнав да осеќам замор,кога зборувам или работам брзо се заморувам,ваљда е нормално? Имам чуство дека ми стои нешто на градите, или пак од паника ме фаќа тоа чувство, мислев ќе бидам јака ама еве сега потсвесно имам огромен страв. Денес точно 7 ден,а и од вчера болка во нозите,и половината. Пијам превентивно аспирин 100,кога се зема навечер,наутро?
Само витамини д,ц многу цедени сокови, супи. матичната рече немало потреба од зрачење,оти сум со лесна клиничка слика, оти без температура немало потреба од антибиотик, искрено ми е на психичка база,кога се замислам осеќам,а инаку не. Ајде уште некој ден да помине полесно ќе е