Со лесно и брзо да поминува. Што ве советуваше педијатарот за бебето? Моето е 16м, рече витамин ц, виранто сируп и стандард молерс и д3 што му давам. Рече нема потреба да се тестира,ако качи тт или почне повеќе да кашла(зошто беше болен од претходно) да ја известиме.
Што е бејбивит? Општата матична кога ми кажа позитивен тест одма ми рече да земам сумамед, иако немав никакви симптоми. Педијатарот рече ако немам тт,кашлица нема потреба од антибиотик. И решив да не пијам
@Sofi.ja @anitka-fifa со лесно и на двете и на вашите бебушки....моето е 4 недели, јас имав позитивен тест од пред две недели, јас поминав прилично лесно, два дена темп омалаксаност изгубив мирис и вкус кои полека ми се враќаат..бебушот мој фала му на господа помина без ниту еден симптом
Здраво на сите, сакам да прашам како оди пријавувањето за тестирање на COVID-19, дали треба преку матичниот или има и друг начин?
Која е веројатноста некој да пројави симптоми после 6 дена од контакт со заразен? Треба да се видам со личност што имала контакт пред 5-6 дена со заразен и ми е малце нелагодно иако знам дека шансите не се големи тек допрва да има симптоми, ама сепак...
А метален мирис постои ко симптом? И како може само еден од цела фамилија (меѓу кои и постара особа) да немаат ништо? И кои пост-анализи би било ОК да се направат? Извини на ремет.
Не е никаков проблем. Имаат многу непријатен мирис како симптом, веројатно е таков. Тоа е можно поради т.н. вкрстен имунитет, односно, доколку некоја личност била во контакт со други коронавируси (тие се поделени во 4 групи мислам, но сите имаат нешто слично меѓусебе), има имунитет кон тој одреден коронавирус, но поради некоја слична карактеристика доаѓа до вкрстен имунитет што донекаде штити од инфекција. Другата опција е да другите лица имале претходна изложеност директно кон Ковид- 19 (примиле мала количина или биле на отворено при контактот, така што се активирал клеточниот имунитет кој ги штити), понатака генетиката игра улога, сојот на Ковид кој го имаат, можно е да се асимптоматски итн.. Од пост- ковид анализи, крвна слика и Д- димери обавезно, а и целосен преглед исто така. Другото зависи од симптомите кои ги има, но ова некаде е "задолжително". Ќе ја тагнам @Cosmi , таа тука мислам дека може повеќе да помогне
Конкретно за една личност што е повозрасна а беше со нас, нема шанси да била во контакт затоа што е преплашена и од март е во "изолација". Ама истата кога и да сме биле болни и порано, не се разболувала. Можеби си има некаков имунитет. Сепак, ако излезе дека е вирусот ќе терам да си направи анализи, да си биде мирна. Мене ме нејќат вируси исто, тоа е факт. Фала ти уште еднаш на одговорот.